|
Се од тиквички |
Внеси реплика | страница 123 5> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 17.Јуни.2020 во 20:41 |
Мекици од тиквички со растопен кашкавал – Супер брз и вкусен рецепт без конК*ренција!Овие сочни, нежни и вкусни мекици од тиквички и растопен кашкавал се совршениот рецепт со кој ќе ги освоите вашите најблиски, како и самите гости. Идеални за секое време, а нивниот вкус никогаш не здосадува! Состојки
Начин на подготовка
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тиквички со крцкава кора од кашкавал и кревка средина – Без грам путер или маслоАко класичните пржени тиквички ви здосадиле, тогаш ви предлагаме да ги пробате следните тиквички со крцкава кора од кашкавал и кревка средина одвнатре. Најдоброто од сè е што истите се диетални! 1 ч Состојки
Начин на подготовка
Изменето од Valerija - 12.Јуни.2020 во 22:12 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тиквички на уникатен начин – Со 3 јајца, малку кашкавал и сирење, резултатот се топи во уста!Дури и оние кои не ги сакаат тиквичките, после ова јадење сигурни сме дека ќе го променат нивното мислење! Најдобро од сè вкусното јадење содржи малку јаглехидрати, а е готово за 30 минути! Тиквички на уникатен начинДури и оние кои не ги сакаат тиквичките, после ова јадење сигурни сме дека ќе го променат нивното мислење! Најдобро од сè вкусното јадење содржи малку јаглехидрати, а е готово за 30 минути! Вкупно време40 мин Оброк: Главно јадење Кујна: Медитеранска Клучни зборови: кашкавал, тиквички Порции: 4 Состојки
Начин на подготовка
Изменето од Valerija - 25.Мај.2020 во 20:55 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Постојат илјада начини на приготвување на тиквички, но за мене ова се највкусните- летни ражничи кои се топат во уста!“Постојат илјада и еден начин за подготовка на тиквичките- омиленот зеленчук на сите, особено во топлиот летен период, бидејќи лесно се комбинира со сè, а неговиот вкус е секогаш ароматичен и богат. Може навистина да го комбинирате со буквално сè: Со други зеленчуци, зачини, со месо и секој пат, специјалитетот ќе биде различен, нов и оригинален. За денес ви подготвивме токму рецепт за еден таков деликатес, со кој ќе ги воодушевите вашите најблиски и вашите гости. Летни ражничи од месо и тиквичкиПотребни состојки
Начин на подготовкаПотопете ги стапчињата за ражничите во вода. Измешајте го месото со исечениот лук, а потоа додадете ја солта, црниот мелен пипер и зачините. Неприготвените компири изрендајте ги и додадете ги во месото. Измешајте ги добро состојките и оставете ја смесата да отстои. Тиквичките се сечат на кругови со дебелина од 1 центиметар. Од смесата со компирот и месото направете топчиња и измешајте ги во брашното. Подгответе ги ражничите така што прво на стапчето додадете тиквичка, па месо и така сè додека не ги потрошите состојките. Премачкајте ги ражничите со маслото за готвење и поставете ги во садот за печење. Одозгора нанесете ја киселата павлка и посипете од наренданиот кашкавал. Покријте го садот со фолија и печете 35 минути, на 200°C. По изминатиот половина час, отстранете ја фолијата од садот и печете дополнителни 10 минути. Фактот што овој специјалитет се приготвува во рерна, ви дава одлична можност за манипулација со состојките: Може да ги насечете тиквичките на кругови и да ги замрзнете, а потоа во текот на целата година, кога ќе посакате, може да си го направите овој деликатес. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1. Запечени тиквички со кашкавалПотребни состојки
Начин на подготовка
2. Ролат од тиквички и шампињониПотребни состојки
Начин на подготовкаИзмијте ги тиквичките. Изрендајте ги истите. Истото направете го и со лукот. Одделете ги белките и жолчките од јајцата. И додадете ги само жолчките со лукот и тиквичките и добро измешајте. Додадете сол и црн пипер по ваша желба. Подготовка на тестото
3. Тиквички во пикантно тестоПотребни состојки
Начин на подготовка
4. Торта од тиквичкиПотребни состојки
Начин на подготовка
5. Пица од тиквичкиПотребни состојки
Начин на подготовка
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вкусен ручек за целото семејство: Подгответе го овој лесен и брз оброк- 3,4 мали округли или 2-3 обични долги тиквички; Тиквичките преполовете ги по должината ако се долги, а ако се округли, отсечете им го врвот како капа. Издлабете внимателно со помош на мал нож или лажица и оставете ги малку на тивок оган во поголема количина солена вода (5мин.). Бланшираните тиквички исцедете ги во огноотпорна тава, премачкана со масло или путер. Пред да ги наполните со ориз, динстајте на малку масло ситно исецкан кромид, а после неколку минути додадете го остатокот од состојките. Промешајте, додадете три шолји вода, зачинете и повремено мешајте додека оризот не ја впие речиси целата течност. Тогаш додадете ја киселата павлака, а за да го усовршите вкусот додадете го и кашкавалот. Промешајте додека кашкавалот не се стопи, па со оваа мешавина наполнете ги тиквиците. Изменето од Valerija - 09.Јули.2019 во 13:44 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пита со тиквички – богата со сусам, залачиња кои се топатСОСТОЈКИ:
ПОДГОТОВКА:
Добар апетит! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Печени тиквички на грчки начин Лесно, нискокалорично летно јадење на кое никој не може да му одолее. Подгответе го на грчки начин. Количините за овој рецепт се однесуваат на четири порции. Време на подготовка – 1 час и 20 минути. Кромидот и лукот ситно се сечкаат, се мешаат со меленото месо, бадемчињата и сувото грозје. Се додаваат зачините, сол, црн пипер, црвен пипер, ким и цимет. Потоа се мијат тиквичките, се сечат на половина, се длабат со помош на лажица. „Месниот“, издлабениот дел од тиквичката се става во посебен сад. Во меѓувреме оризот се вари, и кога изгледа омекнат, на самиот крај се додавава „месниот“ дел од тиквичките за малку да омекне (1 минута). Оризот и мекиот дел од тиквичките се додаваат на садот со месо, кромид, лук и зачини. Ги сечкаме доматите на ситни парченца и ги додаваме во смесата. Се добро се меша, а потоа со смесата ги полниме издлабените тиквички. Наполнетите тиквички ги редиме во сад за печење. Ги полеваме со маслиново масло и ги ставаме во загреана рерна. Печеме на 200 степени 35 минути. Во меѓувреме го рендаме кашкавалот. Малку пред да бидат готови печените полнети тиквички, ги наросуваме со кашкавал и печеме уште малку додека кашкавалот не се стопи. Ги сервираме топли и ги украсуваме со сечкан магдонос. Изменето од Valerija - 30.Јуни.2018 во 20:44 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Палачинки од тиквички Претпоставуваме дека ја искористивте сезоната на тиквички и од овој нискокалоричен и здрав зеленчук веќе приготвивте и дегустиравте најразлични јадења. Но, ние имаме нова, супер идеја која вреди да се проба. Станува збор за палачинки од тиквички. Намирници – 2 чаши изрендани тиквички, 1 чаша изрендан компир, 1 јајце, 1 лажица исечкан магдонос, 1 лажица изрендана кора од лимон, малку лебни трошки (или половина кришка изрендан тврд леб), 1 лажица путер, 2 лажици кисела павлака, сол и црн пипер. Подготовка – Изренданите тиквички и компир оставете ги половина час за да ја испуштат водата, добро исцедете ги и посолете ги. Изматете го јајцето, додадете го магдоносот и лимоновата кора. Зачинете со сол и црн пипер според вкус. Измешајте ги тиквичките со компирот и додадете малку од лебните трошки. Потоа, додадете го изматеното јајце, па се добро измешајте. На загреано тавче додадете го путерот. Ставете лажица од смесата со тиквички и компир на жешкиот растопен путер и со помош на вилушка сплескајте ја смесата со шпатула. Печете ги палачинките додека да добијат боја, потоа превртете ги и печете ги од другата страна.Сервирајте ги топли со кисела павлака или сос по желба. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Потпечени тиквички во бешамел сос Сезоната на тиквички е пред нас, а од оваа намирница се подготвуваат најразлични вкусни јадења. Ние ви предложуваме да го дегустирате специјалитетот од тиквички во бешамел сос. Почнете од бешамел сосот. На средно загреано масло и путер пропржете го исечканиот лук. Штом почне да добива боја, додадете го брашното и млекото, мешајќи постојано и водејќи сметка да не стане премногу густо. Посолете и додадете го мускатното оревче. Од бешамел сосот одвојте 3 лажици за подоцна подготовка. Тиквичките измијте ги и исечете ги на кругови. Посолете ги и оставете ги да отстојат половина час. Намрсете ја тепсијата за печење, па почнете да ги редите тиквичките. Врз секој ред тикички додавајте бешамел сос, малку оригано и изрендан кашкавал (или тенко исечкана моцарела). Завршете со ред тиквички, и одозгора наросете ги со малку сол. Печете во загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути. После дваесетина минути печење, тиквичките прелијте ги со смеса од изматен бешамел сос со павлака, јајца, сол и црн пипер. Вратете ги во рерната и оставете да се потпечат уште 10 минути. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тиквички од моцарела и гауда Тиквичките со два вида на сирење се подготвуваат брзо и лесно, а репете веднаш ќе посакате! Загрејте ја рерната на 200 степени, прмачкајте ја тавата за печење со масло, тиквичките исечкајте ги на кругови (1 см), потоа посолете ги и оставете ги да ја испуштат течноста. Избришете ги со салветка. Во сад измешајте лебни тирошки и ситно изрендана Гауда заедно со малку сол и црн пипер. Протркалајте ја секоја тиквичка во оваа смеса, па наредете ги во тавата за печење во еден слој. Печете ги додека станат златни и крцкави. Извадете ги од тавата, а на дното на тавата ставете сос од домати претходно зачинет со сол, црн пипер и босилек. Врз сосот ставете дел од тиквичките, попрскајте ги со изрендана моцарела и повторно со изрендана Гауда. Повторувајте ја постапката додека не останете без материјал, но завршете така кашкавалот да е на врвот. Печете околу 10-15 минути додека целиот кашкавал не се стопи. Малку оладете ги и послужете. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Армоника тиквички Ова летно јадење подгответе го за ручек или за вечера и уживајте во неповторливиот вкус. Од намирници потребно е – 2 тиквички со средна големина, 100 грама шунка или сланина, 150 грама крем сирење, 50 грама моцарела или некое друго сирење кое лесно се топи, 1 чили пиперка, неколку листа босилек и сол и црн пипер. Исечкајте ги тиквичките по ширина, внимавајќи да не ги пресечете сосема, за да добиете форма на армоника. Шунката исечкајте ја на лентички. Ставете по една до две лентички помеѓу секој рез на тиквичките и притиснете ги лентичките подоле во тиквичката. Таквите тиквички префрлете ги во сад за печење кој претходно сте го намастиле малку. Печете на 200 степени околу 10-на до 15минути, во зависност дали сакате тиквичките да бидат малку крцкави или не. Додека тиквичките се печат, подгответе го полнењето – крем сирењето, изренданата моцарела, ситно исечканата чили пиперка и босилекот, помешајте ги во глатка смеса. Наросете сол и црн пипер по вкус. На крајот, наполнете ги тиквичките со смесата, изрендајте врз нив уште малку кашкавал и печете уште 10-минути, додека кашкавалот и сирењето се стопат. Послужете го јадењето топло. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тиквички со павлака Тиквички во павлака, ова е рецептот: СОСТОЈКИ:
ПОДГОТОВКА:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тиквички полнети со мелено месо - тече бешамел и кашкавал СОСТОЈКИ:
БЕШАМЕЛ:
ПОДГОТОВКА
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница 123 5> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |