![]() |
|
Кифлички,кроасани ,мекици,крофни и панцероти |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 6> |
Автор | |
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 04.Декември.2020 во 12:12 |
Домашни крем кифли – „Меки како памук со неодолив вкус, децата ги обожаваат“Чудесните меки кифли полнети со неодолив крем се дефинитивно најдобриот начин како да ги воодушевите и вашите најблиски и гостите. Се приготвуваат многу лесно, а еве како може да ги приготвите уште денес! ![]() Домашни крем кифлиЧудесните меки кифли полнети со неодолив крем се дефинитивно најдобриот начин како да ги воодушевите и вашите најблиски и гостите. Се приготвуваат многу лесно, а еве како може да ги приготвите уште денес! Вкупно време2 ч Оброк: Десерт Кујна: Француска Клучни зборови: крем бруле, кифлички, кифли, крем кифли, благи кифли Порции: 4 Состојки
За кремот
Начин на подготовка
За тестото
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Dave’s Kitchen: Принцес крофни со освежителен кремТрадиционалните принцес крофни се подготвуваат со ванила слаткарски крем или пудинг. Dave’s Kitchen ни предлага една полесна и поосвежителна комбинација на вкусови – изматена шлаг пена со прекрасна арома на мед. ![]() Доколку не консумирате мед, може да додадете какао или пак едно растопено, но изладено чоколадо во изматената шлаг пена. Потребни состојки: За тестото:
За филот:
Начин на подготовка: |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Готвиме со Маја: Здрави крофни![]() Кога ќе ја погледнам ќерка ми како да го гледам Могли. Ми личи на него затоа што поостојано сака да биде надвор да истражува да трча да си игра. Таа буквално не знае да седне. Освен понекогаш кога има „Пепа пиг“, но и тоа не е долго. По неколку повторувања на една епизода кај што Пепа јадеше крофни почна да ми бара да и ги направам. Не сакам да јаде крофни потонати во масло, прженици … затоа се обидував да најдам решение. Не ми успеа од прва затоа што не беа мнпгу воздушести и по многу обиди сватив дека нема да добијам здрава воздушеста крофна. Но сепак добив некоја алтернатива на здрави крофни . Потребни состојки: 50мл. топла вода (не врела) 150мл. млеко 1 сув квасец (по можност био) 2 м.лажички кафен шеќер 2 мерилки (cup) брашно од спелта 70гр. путер (маргарин,кокоосово масло) кора од 1 портокал 2 јајца сол *ќе ви треба плус уште некоја лажица брашно Јас тестото го спремам навечер за да кисне во фрижидер. Најпрво во водата ставете ги шеќерот и квасецот за да го активирате. Млекото стоплете го заедно со изренданата кора од портокал за да добиете убава арома и оставете го да се олади да не е врело. Потоа помешајте ги заедно јајцата и млекото. Во садот со квасецот ставете го брашното и промешајте. Додадете го млекото со јајцата и растопениот путер и мешајте со дрвена лажица да добиете хомогена смеса а потоа додадете уште малку брашно доколку тестото е лепливо. Треба да добиете меко тесто. Оставете го во фрижидер и следниот ден пред печење извадете го тестото. Измесете го и со сукало направете круг со дебелина од 1 цм. и вадете форми кружни или како амерички крофни со дупка во средина. Ставете ги на тава со хартија за печење и покријте ги со чиста крпа да нараснат дупло. Вклучете ја рерната на 200 степени и откако убаво ќе се загрее и крофните ќе ннараснат печете ги 15тина мин. Зависно од вашата рерна. Украсете ги по желба. Јас ги потопував во растопено црно чоколадо 85% и додадов кикирики. За Женски Магазин, готви Маја Зивчевиќ Изменето од Valerija - 16.Јули.2019 во 21:30 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Dave’s Kitchen: Африкански крофниСе мислите што вкусно да подготвите и да ги израдувате блиските со нешто благо? ![]() Потребни состојки:
Начин на подготовка: |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Солени крофнички (во апарат за крофни)Состојки 2 јајца 1/2 лажичка сол 100 мл. масло 220 мл. јогурт 10 лажици брашно 1 пециво 1/2 лажичка оригано 1 лажичка шарена сол 30 гр. пилешка салама (многу ситно рендана) околу 1 лажица бело сирење (ситно рендано) Дополнителни состојки на сликата 1 јаболко ореви и лешници (количина по желба)Со миксер пенесто се матат јајцата и солта, се додава маслото и јогуртот. - Се додава брашното кое е просеано и измешано со пецивото, се мати со мала брзина на миксерот. - Потоа се ставаат сите останати состојки и убаво се мешаат да се добие смеса погуста од таа за палачинки. - Апаратот за крофни се пушта да се загрее, а за тоа време од смесата се става во шприц или пак во кеса за замрзнување на која и е отсечен врвот. Дупчињата на апаратот се намрсуваат со малку масло и внимателно се полнат со смесата. - Крофничките се печат 5-6 минути, а потоа се превруваат од другата страна 1 минута. Додека се печат се полни нова смеса. Забелешка Зависно од впивливоста на брашното се додава или одзема малку од него, важно е да се добие смеса погуста од смеса за палачинки. Саламата и сирењето се рендаат на најситна страна на рендето за да може убаво да оди низ шприцот или кесата. Одлични за именден, ужинка, мезе ... |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Слатки крофнички со прелив oд вино (апарат за крофни)Состојки 1 јајце 150 гр свинска маст 200 гр шеќер 250 мл млеко 1 пециво 1 прашок за пудинг од ванила 350 гр брашно За прелив 200 гр шеќер во прав 5 лажици црвено вино Лиле знам дека многу сака тесто, па затоа рецептов и го посветувам нејзе, иако преедноставен за делициите (што би рекла Лиле) кои таа ги подготвува! Поздрав пријателке! Подготовка 1. Го вклучуваме апаратот за крофни да се загрее. 2. Во еден сад ставаме млеко, јајце, свинската маст и шеќерот. Матиме со миксер, кратко, колку да се соединат. 3. Го ставаме прашокот за пудинг, пецивото, брашното и повторно матиме до соединување. 4. Смесата ја ставаме во кеса, правиме отвор на ќошот и ги полниме калапите за крофни. Затвораме додека да се испечат. 5. За преливот го загреваме виното и го ставаме шеќерот во прав, промешуваме и додека е топло секоја крофничка од едната страна само, набрзина ја потопуваме во слаткиот прелив. Оставаме да се исуши преливот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Биг боул крофни Состојки 175мл млеко 40гр путер 400гр брашно 1 пакетче сув квасец (7гр) 50гр шеќер прстофат сол 1 јајце 1 жолчка 1 лажица какао во прав Шеќерен прелив 50гр шеќер во прав 1-2 лажички сок од лимон (или вода) За полнење 1 пудинг од ванила подготвен според упатсвото, или готов пудинг од ванилаМлекото и путерот ставете да се загреат додека путерот се стопи. Оставете да се излади до млако. Во длабок сад ставете го брашното, шеќерот, квасецот, солта, јацето и жолчката, додадете млекото со путерот и изматете ја смесата со миксер со маталките за тесто. Матете некои 4-5 минути па потоа префрлете го тестото на лесно набрашнета површина и со набрашнети раце продолжете со месење уште 5-6 минути. Тестото е лепливо ама такво треба да биде, не доставајте повеќе брашно. Доколку ви лепи на површината на која месите, помогнете си со шпатула за подобро да можете да го измесите. Поделете го тестото на два еднакви дела. Едниот дел, растегнете го малку со раце и во средина ставете го какаото. Преклопете од сите страни и замесете повторно. Ако ви е полесно, вратете го тестото во садот каде матевте и со миксерот изматете го. Двете теста ставете ги во посебни садови, затворете ги со стрч фолија и оставете ги на топло да стасаат (отприлика 1 1/2 час). Премесете ги, вратете повторно во садовите, покријте со стреч фолија и ставете ги во фрижидер да отстојат најмалку 3 часа. Јас тестото го подготвувам од вечер и го оставам преку ноќ во фрижидер. Двете теста извлечете ги на набрашнета површина во кори со дебелина од 1 см. Темната кора ставете ја врз светлата и замотајте ролат. Ролатот развлечете го во кора со дебелина од 1см. Така ќе добите тесто во црно-бели слоеви. Со чаша вадете форми со големина од 8 см. Тестото што ќе ви остане од краевите, замесете го кратко и повторно сечете форми....сега веќе ќе добиете марморна мустра. Сечете повторно форми со чаша. Крофните редете ги на крпа, покријте ги и оставете да стасуваат. Пржете ги на умерена температура (кај мене на 4 од 9) од двете страни. Вадете ги на кујнска хартија да се исцедат од вишокот маснотија и оставете малку да подоладат. Внимателно со нож, отстранете им ја средината одозгора. Пудингот подгответе го според упатството, оставете да се излади. Кога ќе биде млак, изматете со миксер за да добиете мазна смеса и ставете во кеса за замрзнување на која ќе и го исечете врвот. Шеќерот во прав измешајте го со сокот од лимон (или водата) за да добиете хомогена смеса. Ставете во кесичка за замрзнување на која ќе и го отсечете врвот. Крофните напрскајте ги со шеќерниот прелив и полнете ги со пудинг. Одозгора можете по желба и да ги наросите со шеќер во прав. Од оваа количина на состојки мене ми излегоа 10 крофни. Со овој рецепт ги заокружувам двете стотки на споделени рецепти на странава. Па и време беше после четири години, нели? :)))) Некогаш ме имаше почесто, некогаш поретко...но редовно си ја следам странава, редовно ги следам сите споделени рецепти од членките. Со текот на времето, странава си стана и моја онлајн датотека на мои омилени рецепти, за кое сум и многу благодарна за нејзиното постоење. Ве поздравувам сите со надеж за долгогодишна дружба. :) |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Ane.D ![]() Нов член ![]() Регистриран: 29.Јануари.2018 Статус: Офлајн Поени: 1 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
...
Изменето од Ane.D - 29.Јануари.2018 во 22:09 |
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Davе’s Kitchen: Плетени кифлички
Потребни состојки:
За премачкување:
Начин на подготовка: Најпрво замесете тесто од сите сотојки и оставете да стаса околу 90 минути. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еве како да подготвите брзи домашни панцеротиСостојки:
Состојки за фил:
Начин на подготовка: Соединетете ги брашното, јогуртот, солта, прашокот за печиво и шеќерот. Замесете тесто, поделете го на 6-7 делови и направете топчиња. Прекријте ги и оставете ги да отстојат 30 минути. Изрендајте шунка и кашкавал, па измешајте. Секое топче растегнете го и на една половина ставете фил. Преклопете со другата половина и затворете со виљушка. Пржете на врело масло додека не поруменат. Ставете ги на салфети за да се исцеди вишокот масло. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Churro крофни се познат шпански рецепт кој е навистина едноставен и лесен за подготовка. Овојпат тајната состојка е чоколадото кое се наоѓа во средината и кое ќе истече штом го гризнете првото залче. Ако сте љубители на благото, ова е рецепт кој дефинитивно треба да го испробате... Состојки
Начин на подготовка:Во тенџере на средна температура ставете го путерот, кафеавиот шеќер, солта и водата и оставете смесата да зоврие. Штом почне да врие, намалете ја малку температурата и додадете го брашното. Мешајте додека не добиете хомогена смеса без грутчиња. Потоа тргнете го од оган и оставете да се излади најмалку 5 минути. Додадете го екстрактот од ванила и јајцата, но едно по едно, со постојано мешање. Ставете ја смесата во готварски шприц и обликувајте ги крофните. Врз секоја крофна наредете парчиња чоколадо и ставете уште еден слој од смесата. Вака подготвените крофни ставете ги во фрижидер, најмалку 3 часа или преку ноќ. Следниот ден испржете ги во врело масло додека не добијат златно кафеава боја. На крај, извалкајте ги во шеќер и цимет. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Мини крофни за сите оние кои го обожаваат вкусот на Орео колачите и едноставно не можат да го замислат денот без нешто благо. Одличен начин за засладување во ладните зимски вечери, додека уживате и се релаксирате на топло. Еве што сè ви е потребно за нив: Потребни состојки:За крофните:
За глазурате:
Подготовка:Загрејте ја рерната на 170°C. Издробете ги Орео колачите во блендер. Во поголем сад, додадете ги сите состојки за крофните и добро измешајте. Треба да добиете хомогена смеса без грутчиња. Во премачкан калап за печење нанесете ја смесата и печете 15 минути. Измешајте ги состојките за глазурата и секоја крофна потопете ја во глазурата, па наросете одозгора мелени Орео колачи. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Dave’s Kitchen: Вкусни Божиќни кифличкиУште еден супер вкусен рецепт што може да го подготвите за претстојните празници. Потребни состојки: Поделете го тестото на 4 дела и секое завиткајте го во хартија за свежа храна. Оставете во ладилник да се стегнат околу 2 часа. Секое од деловите тесто расукајте го убаво на набрашнета површина во округла кора. Потоа пресечете 12 делови, премачкајте со мармаладот и наросете од исечканите лешници. Свиткајте ги деловите во форма на кифлички и наредете ги во тавче обложено со хартија за печење. Постапката повторете ја со сите делови од тестото. Оставете околу 10-15 минути во замрзнувач убаво да се стегнат и печете ги во загреана рерна на 170 степени околу 18-20 минути. Декорирајте ги со шеќер во прав. Добар апетит и забавно готвење! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Dave’s Kitchen: Вкусни домашни мекициДомашно приготвените мекици секогаш се добра идеја за појадок, но и за вечера. Не мора да имате принова во семејството за да ги засукате ракавите и да ги приготвите бидејќи се мошне едноставни за правење.
Начин на подготовка: Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:18 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |