|
Прилепски настани |
Внеси реплика | страница 123 7> |
Автор | |
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 10.Јануари.2017 во 11:54 |
о Прилеп денеска по 11-ти пат, по повод празникот на Христовото раѓање, во хотелот „Кристал Палас“, се одржа традиционалниот Божикен ручек, на кој учество зедоа околу 500 деца од цела Македонија. За жал поради лошите временски услови дел од поканетите не успеаа да присуствуваат на оваа манифестација. Настанот е во организација на „Детската амбасада - За сите деца во светот“. Мотото на овој настан е „Едно небо за сите деца“. „На оваа заедничката трпеза денеска седнаа децата без родители, децата на загинатите бранители, децата со посебни потреби, деца од семејства од социјален ризик како и деца членови на Детската амбасада. Оваа година „Детската амбасада За сите деца во светот“ одлучи да додели „Орден за носител на мирот“ на „А.Д. Електрани на Македонија – ЕЛЕМ“, а плакета за пријател децата оваа година добија Христијан Тодороски, „А.Д. Алкалоид“ и хотел „Инекс Горица““, изјави Александра Северкоска Стојаноска, извршен директор на „Детската амбасада - За сите деца во светот“. Како и секоја година така и оваа Божикниот ручек беше поддржан од локалната самоуправа на Прилеп и градоначалникот Марјан Ристески. „Секоја година ние како локална самоуправа го поддржуваме овој настан и јас лично присуствувам на него. Тука заедно се дружиме со повеќе од 500 дечиња и во оваа прилика сакам да ја упатам пораката дека Божик треба да го поминеме со најблиските, а во овој миг нашите најблиски се децата од цела Македонија и порачувам тие да имаат радост, успех, здравје, среќа, безгрижно детство и што е можно повеќе да се сеќаваме и дружиме со нив, а не само на овие празници. Локалната самоуправа на Прилеп секогаш ги поддржува овие хуманитарни активности кои ги имаме многу преку целата година, а овој настан е прва ваква хуманитарна активност за оваа година. Го честитам Божик со христијанскиот празник „Христос се роди, Навистина се роди“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп. Ручекот традиционално го благослови Владиката Петар, Митрополит Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски. „Празникот Божик е раѓање на синот Божји кој од преголема љубов кон човечкиот род излезе од прегратките на Отецот и доброволно прифати да прими човечко тело. Така денес малиот Бог е всушност оној кој го славиме и Тој не радост за сите деца. Овој празник може да се нарече и празник на децата. Ние се радуваме како црква што се поправилно почнуваме да ги празнуваме празниците, а осообено овој празник. Ние во Битола еве повеќе од 5 години го празнуваме празникот со коледарчињата кои до пред извесен период пееја непристојни песни за овој ден, а сега се пејат пригодни песни како онаа за раѓањето на Христос и одат со една импровизирана пештера на која е претставено раѓањето на Христос. „Христос се роди, Навистина се роди““, истакна Г. Петар, Митрополит Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски. Освен од православна вероисповед на настанот приствуваа и деца од другите религии. „Мојата желба за Божик е сите да сме среќни, да има слога, мир и љубов. Се чувствувам прекрасно, повеќе години сум дел од овој Божикен ручек во организација на „Детската амбасада - За сите деца во светот“ и ова е убаво искуство за мене“, рече Александра Кузманоска, дете учесник на Божикниот ручек. „Мојата желба за Божик е да биде среќна мојата фамилија, да има радост и љубов за сите во светот, јас по втор пат учествувам на овој ручек, се дружиме со децата тука и атмосферата е многу убава“, кажа Леонардо Талески, дете учесник на Божикниот ручек. Владиката Петар, на отворањето на овој настан, рече дека радоста за нашата црква била голема денеска, затоа тие секоја година биле присутни тука, бидејќи иднината на нашата црква и иднината на Македонија била токму во идните генерации што доаѓаат. |
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Работниците од „Гентерм“ на протест26.12.2015 | 20:13 Прочитано: 4819 Пред општинската зграда во Прилеп, денеска протестираа дел од преку 200 вработени во американската компанија Гентерм, кои вчера добиле отказни решенија, зашто фабриката не е изградена. Работниците кои тврдат во мизерни услови во Украина, поминале 3 месечна обука, сега се наоѓаат во безизлез. А, менаџерите на Гентерм во Прилеп, им советувале да бараат ново вработување, зашто фабриката за автоделови не е изградена. „Дури не се изгради фабриката до март месец, при што можеме да се бараме работа во меѓувреме, ама за Божик никаде нема да најдеме работа, а имаме фамилии сите овде, откажаа од работа пред тоа, за да гледаме фамилија дома“, вели Габриела Богоеска од Прилеп. Овие луѓе бараат од Гентерм и од општина Прилеп, да бидат вратени на работа, како што им било ветено. „Уште пред да заминеме Украина ќе се работи интензивно, ќе се стаса фабриката и ние кога ќе се вратиме тука, имаме загарантирана работа, дека сме заштитени со тоа. Поради тоа да не речат 100 %, ама 90 отсто откажаа од работа, каде што имаа редовен работен однос“, вели Јованка Стаменова. На втори декември, во трговско индустриската развојна зона кај Алинци во Прилеп, многу владини претставници и премиерот Никола Груевски, на големи ѕвона го најавија почетокот на изградбата на оваа фабрика. Според Груевски, до крајот на изграбата на фабриката во јуни, Гентерм во Прилеп ќе вработи околу 2000 работници. Од Гентерм Македонија дооел соопштуваат дека овие луѓе ќе бидат вратени на работа, тогш кога ќе биде изграден производствениот капацитет. |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свечено отпочнати активностите околу активирање на фабриката на Гентерм во ПрилепВо присуство на стотици граѓани, претставници од сите институции на системот, Претседателот на Владата Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески, пратениците во Собранието на Р. Македонија, Димитар Стевананџија и Ана Лашкоска, како и генералниот директор на гигантот Гентерм, денеска во Прилеп во тежнолошко- индустриската зона Алинци, отпочнаја активностите околу активирање на фабриката и нејзина доизградба. Фабриката на Гентерм се простира на територија од 38 000 м2 и претставува огромна инвестиција од 20милиони евра која ќе отвори 2000 директни и стотици индиректни вработувања. Од огромен бенефит за Прилеп и регионот, фабриката ќе значи опстанок и подобар живот за целото население, како и повик за нови инвеститори во иднина. Премиерот Никола Груевски најави дека веќе е доведен и вториот инвеститор во зоната , германската фирма Акопласт, исто така од автомобилскиот сектор, која веќе регистрирала фирма во Македонија и е во завршна фаза за отпочнување на градба |
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прилеп доби нова спортска салаДржавното средно училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во Прилеп денеска доби нова сала, инвестиција на Владата вредна 24 милиони денари, во рамки на проектот за изградба на 145 училишни спортски сали, во кое настава посетуваат 500 ученици. Објектот го предаде во употреба премиерот Никола Груевски кој подвлече дека образованието и спортот во изминатите години се меѓу најголемите приоритети на Владата. – Поттикнувањето и негувањето на спортскиот дух кај младите сметаме дека е исклучително важен чекор во воспитувањето на нашите деца. Преку спортот се чува здравјето, се развива чувството за тимска работа, за почитување на противникот, за истрајност и упорност да се достигне посакуваното. Сепак, за да ја негуваме спортската традиција нужно е да имаме спортски сали, игралишта и терени на кои нашите млади ќе може да се запознаат со спортот. За таа цел Владата изминативе неколку години започна со реализација на повеќе капитални инвестиции чија цел е да се надополни сето она што не било направено од сите претходни влади, односно да изградиме спортски игралишта и сали во секое место во Македонија каде недостигале и има услови да се изградат, рече премиерот Груевски. Тој подвлече дека во рамки на големиот спортски проект за изградба на 145 училишни спортски сали ова е третата сала која ја пуштаат во употреба во Прилеп. Четврта сала е во фаза на градба за потребите на ОУ „Добре Јованоски“, а во наредните години во план за градба се уште три други сали. Меѓу инвестициите во спортот во Прилеп тој потсети дека се изградени две фудбалски игралишта, едно тениско игралиште, како и повеќенаменско спортско игралиште, а се планира изградба на уште едно тениско игралиште во училиштето „Мирче Ацев“ и уште едно повеќенаменско спортско игралиште во Канатларци. – Сето ова јасно говори дека инвестициите на Владата за спортската инфраструктура во Прилеп се навистина богати. Покрај спортските терени, постојано инвестираме и во поголем број училишта на територијата на Прилеп. Така, само во изминатите години на територијата на оваа општина во сите основни и средни училишта преку разни санации и реконструкции се инвестирани над 10 милиони евра. Најголем дел од овие средства се од Владата и од локалната самоуправа, подвлече премиерот Груевски. Меѓу позначајните проекти тој ги издвои изградбата на монтажните училишта во Чепигово, во Галичани, во Беровци, како и реконструкциите и санациите во уште четири општински училишта. Посебно го издвои проектот за поставување систем за греење во ОУ „Кире Гаврилоски Јане“, кој се реализираше оваа година со што ова училиште првпат доби ваков тип греење. Пуштено во употреба новото училиште во село Беровце Инаку, премиерот Груевски денеска и официјално го предаде во употреба училиштето во село Беровце „Круме Волнароски“ за чија изградба Владата издвои 2,6 милиони денари, а во кое настава посетуваат над 30 ученици. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека новата современа спортска сала во СОУ „Кузман Јосифовски Питу“ ќе ја користат учениците, но и жителите од овој дел на општина Прилеп во кој недостигаше ваков спортски објект, а кој се остварува согласно изборните ветувања. – Ова е 49-та спортска училишна сала што ја предаваме во употреба во рамки на проектот за изградба на 145 училишни спортски сали и е уште еден пример за успешните инфраструктурни инвестиции во образованието, подвлече Ристовски. Градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески нагласи дека оваа спортска сала која денеска се пушта во употреба ќе овозможи развој на спортот и спортските активности и ќе придонесе за подобрување на условите за изведување на наставата на учениците од ова училиште. Спортската сала се протега на површина од 650 метри квадратни. Целосно е опремена со спортски реквизити и ќе овозможи тренирање кошарка, ракомет, мал фудбал, одбојка и гимнастика. Располага со туш кабини и засебен простор за наставниците. Претходно премиерот Груевски во рамки на денешната посета на општина Прилеп присуствуваше на пуштање во употреба на нов фудбалски терен направен во соработка со Општина Прилеп и Фудбалската федерација на Македонија, вредна 300.000 евра. Фудбалското игралиште располага со нов терен со вештачка трева и нова пропратна опрема и е наменета за потребите на Спортската академија. |
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во Прилеп по третпат се оддржа „Motocross Prilep Open – 2015“На патеката кај прилепското село Лагово се оддржа меѓународната мото-трка „Motocross Prilep Open – 2015“.На трката учествуваа околу 40-тина мотокрос возачи од земјава и од странство кои се натпреваруваа во пет категории. Според Ѓорѓи Манчески од клубот „Скај рајдер“ , мотокрос арената во Лагово ги исполнува сите предвидени услови за оддржување на вакви трки. -И оваа година, ја организираме оваа Меѓународна мото-крос трка. Над 30 мотокрос возачи од земјава и странство земаа учество на првенството. Во иднина сакаме да организираме европска мото-крос трка, а Прилеп да стане лидер во мотокрос трките на Балканот, посочи Манчески. Според градоначалникот Марјан Ристески, Прилеп станува центар на екстремните спортови:
„Motocross Prilep Open – 2015“ внесе неверојатна доза на адреналин како кај присутните така и кај натпреварувачите. |
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Потпишан меморандум за соработка и разбирање помеѓу Прилеп, Рокдејл и ЛиверпулПод мотото „Invest in Macedonia“, амбасадорот Трпевски ги претстави гостите од Република Македонија и го отвори форумот. Македонската делегација предводена од Градоначалникот Марјан Ристески, Сашо Самарџиоски -директор на Прилепска Пивара, Љупчо Велески директор за извоз на Витаминка, Валентин Ристески директор за извоз на Витаминка за Австралија. На форумот градоначалникот Ристески ги претстави проектите на градот Прилеп, досегашните инвестиции во истиот, а потоа ги претстави и новите инвестициски зони: „Прилеп 1“ и „Прилеп 2“, како и новата урбана населба „Градина“. Од страна на инвестициони можности градоначалникот ги посочи инвестициите во приватното здравство, детски градинки и други гранки во индустријата. Овој бизнис форум го обележа крајот на успешниот престој на бизнис делегацијата од Прилеп во Сиднеј, во кој период беа остварени огромен број Б2Б средби и иницирани голем број на конкретни економски проекти. Дополнително беше потпишан меморандум за соработка и разбирање помеѓу Прилеп, Рокдејл и Ливерпул. |
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
тоа ти беше бил Марко Крале... прилепски бренд ли беше...
|
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А што е она на плочникот? Во моментов се прави фундамент со ненормални димензии За што? П.С Извини ама се додека ти ја водиш темава и се додека една тема за Прилеп и фалбите за него ти е малку па отвори и втора за абер немам што,јас ќе те прозивам тебе оти очигледно се што мене ме интересира ти знаеш...така да...сакам да сум информирана за работиве кои ете мене ми изгледаат поинаку шо се вели,да најдиме мунасип за муабетиве
Изменето од Andjelina - 05.Октомври.2015 во 23:11 |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е сега сакам да те прашам конкретно за ова црвеново!!!! Ако се е така совршено и сите сме така богати и државава така супер функционира,зошто ви се бизнисмени да донираат? Кај е министерство за здравство? Кои се бе нивните обврски? Знаеш зошто нема лекари? Избркани се партиски неподобните Другата половина отидоа да работат во европски цивилизираните земји,каде што добиваат плата а не милостиња и имаат со што да работат Знаеш зошто нема персонал? Не примаат партиски неподобен персонал И знаеш што уште Здраве? И покрај совршенството ние си плаќаме со фискални по приватни болници,за лекови на приватно,приватни стоматолози,приватни гинеколози....а твојот совршен здравствен фонд секој месец од мојата плата одзема сума на пари со која јас треба да се лекувам БЕСПЛАТНО П.С пред два-три дена во болницата почнале да служат храна во некаква картонска амбалажа...случајно Кога еден ден партиски ќе се испоубијат меѓу себе едните и другите можеби и ќе живееме пристојно...еден ден
Изменето од Andjelina - 05.Октомври.2015 во 23:05 |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Политиката е погоре... во друг подворум... погор....ееее
овде, културни настани, фестивали, џез...
|
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако вие од власта во се што ви одговара препознавате политика,тогаш тоа е ваш пршблем,ова е од криминалниот живот на марјан и не засега сите од зприлеп,а богами и оние кој ја сакаат парвдата.
За ДРН-кањето види си ги постовите,па дрн дрн- кај до миле воље. |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Знаеш... политики, дрн дрн... и др. дрн дрн. на теми кои се за тоа. Или отвориси тема прилепски мајмунлаци и пишувајси...
Ова не се теми за политики... Прочитај на почеток.
|
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Повторно Пријава до великиот градоначалник мајран,пардон марјан ,како што милува да го нарекува еден прилепски новинар
http://revolucionermk.com/vtora-prijava-protiv-prilepskiot-gradonachalnik-marjan-risteski/ Значи веќе се собира материјал,за безгрешниот,за некое идно време кога ќе владее правото и законот во оваа земја. |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи ако администратор или модератор реално посочува кога некој член застранил од темата че го пофалам... нели тоа и е дел од работата. Админот не работи за мене или за некој друг. Се труди да ги балансира работите... и стварно можеш да отвориш тема прилепски мајмунлаци таму никој нема да ти противречи
|
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
Внеси реплика | страница 123 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |