|
Нападнато Куманово |
Внеси реплика | страница 123 13> |
Автор | |
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 22.Ноември.2015 во 00:01 |
Малку излеговме од темата на домашните настани но и ова за кое разговараме има импакт фактор на нас.
До пред некое време и јас лично сметав дека Американците се број еден но пред повеке од 2 месеци имаше една случка кога настана експлозија во Америчка база во Јапонија и по кратко време се јавија и аналитичарите Скејс,Дејвид Екс..со што потенцираа на повратен одговор за експлозиите во Кина ,а најинтересни се овие 2 недели. Русите го прават истото она што во 99 го правеше нато на балканот,а тоа е тотално разорување на цела инфраструктура и логистика на терористичките келии и тоа со тактика и опрема која е далеку од логиката за борба против некој пустински глувци. Работите се менуваат само ние тоа не го чувствуваме бидејки како и да е ,државата уште долго време ке биде последна дупка без разлика дали тоа ке си го признаеме или не. Пред се немаме стратегија. Месинџер стално потенцираа дека секаде има криминал и непотизам за кое сум тотално сложен со него, но кај нас имаме проблем од типот што мафијата ја узурпира државата и работејки за свои цели целосно ја разори и национално и економски. Дијаспората нема единство и е под партиско влијание,а требаше да биде фактор од кој ке се тресат партиите доколку скршнат од националните интереси и сето вака кратко сумирано ја дава состојбата на нашата ни безимена држава која под налетот на асимилација и исселување можно е да згасни со постоење. Ние мора да сватиме дека немаме проблем со комшиите туку имаме проблем со самите себе бидејки сме крајно искварен народ,без борбен дух но со деструктивна сила за самоуништување.Затоа сме биле вековно поробени и во моментите кога ни е дадена слобода ни е гледаме да ја изгубиме за разлика од другите народи кои таа слобода ја извојувале и настојуваат така и да остани. |
|
Оптимист
Нов член Регистриран: 13.Ноември.2015 Статус: Офлајн Поени: 13 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За разлика од македонскиот сон за “Обединета Македонија“, албанскиот сон за “Голема Албанија“ има многу поголема издржаност и веројатност да се оствари. Колку Македонци денес живеат во Егејска или Пиринска Македонија? Би рекол многу малку, а и тие веќе се асимилираат. Од друга страна спореди колку Албанци живеат во Албанија, Косово и Западна Македонија, а уште колку ли ќе живеат во наредните декади со оглед на нивниот наталитет споредено со нашиот. Тие имаат популација да го остварат својот сон за разлика од нас коишто немаме капацитет да ја задржиме ниту оваа сегашна Македонија. Тоа е точно дека се тече и се менува, но додека ние го чекаме тоа менување отиде возот. Америка и ден денес е број еден играч на светската мапа. Сите други се неколку нијанси испод неа. Ако некој сеуште живее во сон дека Русија и Кина, а уште и Индија, ќе ја надминат американската моќ е малку нон-сенс и science fiction на теоритичарите од типот на Миленко Неделковски и Јанко Јади Бурек. Освен што имаат голема популација и голем пазар тие не можат на Америка да и конК*рираат во ништо. Изменето од Оптимист - 21.Ноември.2015 во 18:53 |
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сонот на Албанскиот естаблишмент им служи како средство за собирање на поени,а за народот е дрога која го оттргнува од вистинските проблеми.
Патем и ние исто така имаме сон за голема Македонија,како што имаат и многу земји во ЕУ,Унгарија,Полска,Романија,Бугарија... но откако се јавија проблеми со сепаратизмот,а како рефлексија од Косово,посебно во Европа нема поддршка таквото размислување и затоа кај нас ја намалија реториката лидерите од Албанскиот блок бидејки многу добро им е потенцирано тоа. А реално и времето повеке не соодејствува со она од 1999,бидејки тогаш Америка го имаше максимумот во воена и политичка моќ за разлика од денес кога има повеке играчи. |
|
Оптимист
Нов член Регистриран: 13.Ноември.2015 Статус: Офлајн Поени: 13 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Митот за Голема Албанија никогаш не е завршен, а ниту ќе заврши се дур не го исполнат својот сон. На добар пат се да го остварат тоа, а ние тоа дополнително им го олеснуваме. Свесен сум дека позади многу настани се крие многу нечесна политика и местенки, а вистината многу тешко да се дознае, но многу е залудна идејата на СДСМ да ги претстави Албанците како “жртви“ на сесловенските народи со цел да ги придобие кон своето гласачко конто. Но, ниеден Албанец нема никогаш да гласа за македонска партија. Можеби би гласале во вториот круг, но само ако македонските партии ветуваат нешто што ним им одговара под капата на националната кауза. Во која смисла населението во Албанија е поделено? |
|
Оптимист
Нов член Регистриран: 13.Ноември.2015 Статус: Офлајн Поени: 13 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зошто терористите од ОВК беа дочекани како херои во Косово со сите почести? Зошто “невиното“ албанско население дозволи 50 терористи да се сместат, живеат и творат во Куманово, а притоа никој да не крене глас? Не зборувам за поединци, туку масовно да излезат на улица и да речат дека помеѓу нив делуваат терористи? Што добија ВМРО-ДПМНЕ со овие настани? Дали ги спречија бомбите? Го спречија “големиот“ митинг на СДСМ? Се извлекоа од кризата моментално којашто ја предизвикуваат “бомбите“? Ако СДСМ знае кој ги организирал овие настани и со каква цел, зошто не излезе пред јавноста гласно и јасно да каже кои се тие организатори, а против нив да поднесе постапка на суд? Никогаш СДСМ во последните 10 години не бил во подобра можност да уценува, а плус сега имаат свој министер во МВР. Секој Албанец не е член на ОВК/ОНА, но ОВК е дел од срцето на секој просечен Албанец. Нивните идеали за Голема Албанија никогаш нема да умрат, а допрва ќе стануваат посилни, затоа што македонската страна никогаш не била послаба. |
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://www.mkd.mk/kolumni/shto-ni-se-sluchi-vo-kumanovo-na-9-maj-2
Каква вест ни пласираа и сега сум длабоко убеден дека античките македончина биле нападнати од ИСИС а не од бандата која беше добро платена од страна на политичката мафија во безимената држава... Марионетите од Куманово беа добро платени од наши структури да направат неред со однапред утврдена цел за разлика од Вахабистите и Салафистите кој се борат во Сирија,Ирак,Јемен,Либија,Нигерија,Афганистан. До сега сеуште не сум видел на интернет и на воените форуми терорист,а да биди пресно ибричен ,намирисан,видно нахранет и со скапа гардероба како тие кој упаднаа во Куманово ,а пак доколку беа пак терористи од некоја позната терористичка келија сигурно дека немаше срдечно да се предаваат... За разлика пак од нашето шоу приредено во Куманово од страна на политичката мафијашка елита во земјава ,тие кој се борат во ИСИС за Вахабо-Салафистичката идеологија се глават и се спротивно на се она што го видовме во Куманово и подобро бидејки полициската акција која беше водена од некои мочковци сега ке беше влезена во светската историја како најголемиот дебакл на полициските структури во антитерористичка акција. |
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хе хе хе...ете и јас истото си го думам. А и тој полицаецот најден на погрешно место (а веројатно и страна) ...ете ни кажува дека стално бил во телефонски контакт со командирот и му „помагал„ со информации од лице место...!?. На времето .....ова и слични , сега ги гледаме како сериозни пропусти на македонската држава (ни) беше објаснето како водење на „мудра„ политика од најмудриот „мудрец„ и голем фиромољубец. |
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На крај пак ќе дојде на моето за неажурноста и неподготвеноста на нашите "сили"
Меѓувремено .. Истрагата за Диво Насеље е завршена и сите писмени докази се испратени до одбраната, потврдија за Телма од обвинителството. Листата на осомничени е скратена откако вчера е ослободен полицаецот Африм Сулејмани. Сигурна сум дека е невин, како млада невеста
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Можно е дека е така… имам читано и слушано од други луѓе дека опозицијата има таква навика.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А кој е тоа ? Имаш некои сознанија или .... Оти јас како што читам се работи за соработници на терористите кои полицијата ги знае веќе пет месеци а чекала погоден момент да ги приведе иако тоа можела да го направи кога било во изминативе 150 дена...за тоа време ги следела, снимала, документирала а зошто го одбрале денешниот ден кога цело внимание свртено кон обвинителката беше потребно да се сврти кон нешто друго, е тоа ни мене не ми е јасно ама страшно ме потсетува на омилениот гамбит на премиерот во заминување...Секогаш кога неговата криминална банда прави глупости, полицијата во нејзин манир почнува да апси, да креира кризи, да измислува закани, да пукаат гранати, бомби и слично...
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изгледа некој се обидува да креира криза за да не се одржат изборите, а некој тоа се обидува да го спречи.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Според МВР уапсените биле јатаци или соработници на напаѓачите: Во „Молња“ приведени седум соработници на групите од Дива населба и Гошинце |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Додека ние спиевме,дпмне работи.
Ќе успеат ли само после се да одиграат на последната карта,креирање криза... |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Идентитетите на припадницина безбедносни сили и на специјални единици секогаш треба да бидат тајна....за тоа постојат милион оправдани причини.
Човекот во дописот сака да каже дека парични награди земаа луѓе ( пропалитети, измеќари на власта ) кои воопшто не учествуваа во акцијата , а има изоставено луѓе кои учествувале индиректно ( логистика, транспорт на повредени и терористи) ....затоа и списокот на наградени е таен, заради дополнителниот револт кој ќе настане. А тоа со брифинг и ребрифинг...не сум баш сигурен дека секогаш е така, тоа и не е баш вистина |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
Внеси реплика | страница 123 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |