|
Зоон Поетикон |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
outlook123
Сениор Maya Регистриран: 16.Октомври.2014 Статус: Офлајн Поени: 1633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 20.Април.2016 во 16:00 |
знаеш ли нешто погрдо од непрекинато додирнување на битието? -
во кое не можеме да влеземе! се сакаме како да сме поврзани едни со други, со испружени раце а не успеваме да се споиме имаме желба да се вплетеме, но нашиот занос е судир еден со друг го препознавате? ма не битно кој е авторот и каков е преводот Изменето од outlook123 - 20.Април.2016 во 16:02 |
|
едно е - не се две
|
|
outlook123
Сениор Maya Регистриран: 16.Октомври.2014 Статус: Офлајн Поени: 1633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
·
Молчи, ако на чоека немаш нешто убо да му кажиш Ако на чоека немаш нешто убо да му кажиш Ако на чоека немаш нешто убо да му кажиш Молчи си пиле и не си ја погани устата Оти чоек сам знај за шо арен не е И не му треба твојот отров за да го дотепа Кажи му ја убајната во него Погали му ја со збор душата Јазикот да ти биди ко да си го гушнал Со милост во очите кажи му збор-два Ама убај да се Да бидат миризливи ко на доенче здивот И чисти ко детска игра Нека бидат невини ко млада невеста И мудри ко стар чоек Гали го чоек Кажи му го убото во него Оти некогаш оќоруваме Некогаш, ете така низ животот ослепуваме Та сами себе не можиме да се видиме И троа лоши стануваме Троа полни нетрпение и нервоза Пиле На таквите луѓа нешто убо да им кажиш Оти подзаборајле Та потсети ги на чоештината Покажи им ја љубовта Во твоите очи себе да се видат како во огледало За да можат да се засакаат За да можат глата да ја кренат Над сите јадови да се исправат И чекорот посигурен да им е Да знаат оти сами не се Оти уште некој љубов во срцето за нив има И ќе видиш Ех пиле, ќе видиш како ликот им се менви Како ќе засветат Како од милост и боја во образите ќе им се врати И грбот како кроце им се исправа Та смеата ѕвонлива им станува Како од болест да оздравеле А несреќата и тагата болест се Зато Ете зато треба чоек со чоек да се чува И со убост да се гоштева Со збор и рака подадена Ама не за да турни и навреди Туку да го избавиш чоек некогаш од сам себе Како што некој некогаш и тебе од себе ќе те спаси Гали ги луѓето Гали и сакај ги Оти векот тука на сите ни е краток А часот дур да дојди, чоек биди И памти ми ги зборојте Молчи пиле, молчи и врви си по патот само молчи и устата не погани ја ако на чоек немаш ништо убо да му кажиш Ана Бунтеска |
|
едно е - не се две
|
|
outlook123
Сениор Maya Регистриран: 16.Октомври.2014 Статус: Офлајн Поени: 1633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За чоек треба пилето да ти пее
душата да ти е ширум отворена без ќепенци и капии без синџири и катанци срцето да ти љуби незатруено и чисто без да става на кантар без да фаќа кусур ама чоек чоек да имаш пред себе треба оти само тогаш вреди да се дава без резерва без задршка и мерење за чоек пилето во гради да ти запее оти инаку ко во кафез е та лажи го задевај го ќе молчи и ќе се прпелка ама глас не ќе пушти оти ништо нема да го прелаже “да најдеш...чоек за себе да најдеш” покојната ми баба велеше “ќе го видиш ама не со очи ќе го чуеш ама не со уши ќе го сетиш со срцето со душата ќе знаеш кога внатре ќе ми ти запее пилето ќе ми ти се разбуди ете тогаш ќе знаеш и не биди будалче да го сочуваш горделива да не си биди умна мудра биди оти се’ друго е лага освен песната на пилето во срцето што ти е” за чоек само за чоек вреди чоек да пати да прегори од љубов да се стопи пепел да се стори и од пепел пак да никне заедно со пилето она во срцето што го носиме она што пее само кога чоек со чоек ќе се најде ana Изменето од outlook123 - 01.Февруари.2016 во 11:40 |
|
едно е - не се две
|
|
outlook123
Сениор Maya Регистриран: 16.Октомври.2014 Статус: Офлајн Поени: 1633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Насмеана си душо моја Насмеана си душо моја и во толпата одлично се снаоѓаш весело разговараш на сите теми вртејќи ги зборовите вешто како жонглер кому топчињата никогаш од раце не му паднале освен, освен можеби делови од животот кој го составуваш по неколку пати во денот и секој пат ко ќе го натокмиш излегува дека имаш вишок делови знаеш, како секој поправен апарат и се прашуваш дали еден ден ќе успееш да се составиш од едно големо НИШТО еве си душо моја насмеана во усните и тага во очите со тој црвен кармин чија нијанса одлично ти стои го топиш во црно вино за да може срцето да ти се обои и со кралско движење на раката косата си ја местиш небаре даваш некому благослов и пееш, ах пееш како никогаш досега ѕвониш и гласот ти е мирен како мајчина рака ама душата, ете таа ти знае таа ти трепери како по жица да одиш а удолу амбис кој право во очи ти гледа и колку погласно пееш, толку подлабоко нуркаш и само едно лесно движење те дели од онаму, долу па заќутуваш и трепнуваш неколкупати отпочнуваш неврзан муабет без никакво значење ја земаш ташната која наликува на куфер во која освен шминките и паричникот си ги чуваш и спомените за сопствениот мир и еве си, чепркаш по несесерот со навезени пилиња несвесно со прстот ги галиш како да ќе оживеат ги мамиш да ги отворат клуновите ете барем тие да го кажат она што го има премолчено твоето пиле она што ти седи замолкнато во градите, во срцето и еве си, повторно насмеана со чашата во рака наздравуваш проклетство, ќе пиеме за животот а за нас по смртта ќе пијат и знаеш дека силна си и ова да го истуркаш дека плеќите ќе ти го искрепат и овој товар и дека што и да е, добро ќе е ма по ѓаволите се’ да оди, добро ќе си и ќе пееш повторно но овојпат навезените пилиња во ташната ќе ти спијат а ќе пееш заедно со она што во срцето од раѓање го носиш со отворени дланки и душа распослана ќе седиш спокојна во силата која во секое ковче ја носиш душо, душо моја Aна Бунтеска |
|
едно е - не се две
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Политички коректна песна Си ја продавам асистентката на продажба одбивам да носам градник месо боја, најдобро ми прилега сопствената кожа дури и одрана. Елена Пренџова |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Milicu Stojan voleo Stojan plati haljinu Bogat nece Stojana Majka zakuka, uze haljinu Bog ih sastavi |
|
outlook123
Сениор Maya Регистриран: 16.Октомври.2014 Статус: Офлајн Поени: 1633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mi se aresa temava ..
Ženiš se pre tridesete, jer tako treba. Normalan si. Imaš dvoje dece. Diplomu. Posao. Račune za struju. Račune za telefon. Letovanje od deset dana. Možda 15. Escape weekend u Beč. Plus zdravstveno osiguranje. Plus životno osiguranje. Penzijsko osiguranje. Račune za grejanje. Žuriš kući iz kancelarije. Danas je nedelja. Vodiš ljubav svake druge nedelje. Sa ugašenim svetlom. Mirno. Misionarski. Nekada i četvrtkom kada ti otkaže psihijatar. Budi normalan. Petak je dan kada ti tvoja jednostavna žena kuva boraniju. Odustao si od sna da gajiš pčele. I od toga da se često smeješ. Ideš u teretanu, jer tako treba. Voziš se u koloni. Nikada ne pretičeš. Nešto ne umeš više da voliš. Želeo bi. Kasnije i to nestaje. Lažeš da si dobro. Lažeš da se smeješ. Lažeš. Ne smeta ti prašina na omiljenoj ploči. Na celom gramofonu. Pušiš krišom. Psuješ vozače. Psuješ pešake. Psuješ bicikliste. Psuješ komšije. Psuješ ženu. Psuješ decu. Psuješ Boga. Psuješ život. Računi, računi, računi. Imaš previše bora. Imaš par godina u inostranstvu. Neka bežanja od sebe stvarnog. Opiješ se nekada Nikad sam. Sa društvom. Jer tako treba. Pevaš, jer kažu da su takvi ljudi radosni. U avgustu otplaćuješ kredit. Imaš 20 godina više. Čekaš lift. Jezivo si miran kad se pokvari. Čekaš u redu. Čekaš u banci. Čekaš da ti žena ponovo kaže "volim te". Čekaš da je opet zavoliš.Čekaš leto. Čekaš da odškoluješ decu. Čekaš da udaš ćerku. Čekaš da oženiš sina. Čekaš da se penzionišeš. Čekaš sledeću godinu. Čekaš sledeću godinu. Čekaš sledeću godinu. Čekaš sledeću godinu. Čekaš sledeću godinu. Čekaš svetla vremena. Čekaš bolje sutra Da budeš srećan. Izuj se. Hodaj bos. Tada smeš da hodaš i po travi. Kupaj se dok sviće. Pričaj o stvarima koje voliš. Nikada ne obrći palačinke nožem ili rukom, samo bacanjem u vazduh. Odlepićeš je sa plafona, ne brini. Nauči da razbijaš jaje jednom rukom.Igraj se u supermarketu uslužnom kasom, to je blagodet. Ljuljaj se u tri ujutru. Naruči 5 kugli sladoleda. Nasmej se upozorenju ‚‚samo za decu ‚"Prođi ispod prskalica u parku! Stani ispred vrata sa senzorom, pljesni, pa se pravi da su se otvorila na tvoju komandu. Baci kap, dve vode na vrelu ringlu i zamisli da si čarobnjak koji baca čini (ako nemaš ‚‚senzor vrata" blizu kuće) Šetaj pored reke. Gurni prst u reku, nećeš ostati bez njega. Vodi ljubav. Ujutru. U podne. U sumrak. Uveče. U dva. U tri ne možeš, tada ideš da se ljuljaš. Vodi ljubav stalno. Svuda. I ne sa svakim. Nikako ne sa svakim. Ako imaš priliku da vodiš ljubav na nekom krovu zgrade, po slikarskom platnu uvaljan u boje, umočene kose u temperu URADI to. Ako nemaš tu mogućnost, prvo kupi platno, stvori je. Slikaj - sa njom. Ili njim. Okačite sliku iznad kamina. Neka vas svi gosti uvek pitaju čija je slika. Zagonetno se smešite. Držite se za ruke ispod stola. Pomazi je po stomaku gde je remek delo vaše slikarske tehnike. Ljubi. Grli. Golicaj. Pleši. Praštaj. Maštaj. Putuj. Ne propusti pravljenje figurica od plastelina - kako kaže divna Dženita iz Tuzle - bez prijatelja da ga upotpune ovaj spisak i ne vredi mnogo, još je bolje kada su prijatelji ovako maštoviti Ne propusti prvi jorgovan. Ni poslednje lubenice. I to da se umažeš jogurtom. Ili da pričuvaš nečijeg mezimca. Smej se. Mnogo se smej. I ne pokrivaj usta rukama, jer imaš jedan krivi zub, samo neka je zdrav. Više bole krivi putevi u životu. Pravi musaku. Pravi porodični turnir u kartama. Čitaj ceo vikend. Pokisni. Slušaj muziku rizičnih decibela. Okreči sobu u žuto. Pevaj, ako tako osećaš. Plači, ako tako osećaš. Kupi šator. Najveći u radnji.I opremu za kampovanje. Slaži sl*galice. Zovi redovno roditelje, jer tako želiš. Javi se iako je prekasno. Posoli ako nije slano (osim ako imaš visok pritisak, onda samo prazan slanik tresi iznad jela, videćeš da će postati slano samo od sebe)Mmm... ipak nemoj cipelama na kauč NE zaboravljaj prijatelje. Ne zaboravljaj stvari po ‚‚džepovima", tu su neke važne sitnice. Stavi malo više pene u kupku. Uuu, i pravi balončiće. Pričaj "po starinski". Nemoj baš UVEK kakiti o tome da zapravo, kada vidimo dve duge postoji samo jedna duga, a da je druga njena refleksija i da je to obmana našeg oka i uma. Nekada se samo obmani ( Uh, kako bi mi ovde, umesto samo legla neka psovka, iako ne treba psovati ) Zato ispravka – Nekada se samo jebeno obmani i uživaj u dve duge! Pričaj o stvarima koje voliš. Pričaj o ljudima koje voliš. Nije teško naći ljude prema kojima nisi ravnodušan. Nije teško voleti. Pričaj i o stvarima koje te muče. Pričaj.I slušaj. Budi brižan i samilostan. Pomoli se onda kada iskreno osećaš. Neguj ljubav. Govori MI, umesto Ja. NE beži od sebe.Ne plaši se. Lep si i nasmejan i namršten. Pa šta ako znaš samo dva akorda na gitari. Izgradi u sebi, ne oko sebe. Zasadi hektar kalemljenih trešanja. I praske, ako tako želiš. Donesi joj seme za nanu i origano sa službenog puta. Čekaj, pa ti nemaš službeni put. Postao si ono što želiš. Onda se odvezi biciklom do pijace i kupi. Budi kreativan, NIŠTA NIJE GLUPO ako je namera prava. Oboji svoj svet. Изменето од outlook123 - 16.Мај.2015 во 17:41 |
|
едно е - не се две
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПЛЕМЕ ОД ДВАЈЦА Не е само тој мирис што ме распаметува: Игор Исаковски |
|
outlook123
Сениор Maya Регистриран: 16.Октомври.2014 Статус: Офлајн Поени: 1633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако сакаш да ти бидам пријател, тоа веќе сум! Ако мислиш дека сум ти непријател, зарем веќе не сум? И во двата случаи е до мене - дали ќе го поделиме искуството на спротивности а на тебе дали ќе се сложиш со мене Eдно без друго, не e. Марина.Ј Изменето од outlook123 - 17.Декември.2014 во 19:35 |
|
едно е - не се две
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Таа соба Тоа е таа соба во која научи како да се справуваш со студ и празнина, со чад, секогаш премногу чад околу тебе, и звуци кои само од тебе доаѓаат: тоа е таа соба во која разговаравте, во која безумно се љубевте, и мирисавте еден на друг, и заедно сонувавте. Таа соба е вашето засолниште од светот, тоа е нешто кое ќе мораш да го понесеш со себе каде и да тргнеш. А како се носи една соба, за две души, насекаде низ животот? Како да се понесе таа соба во која си ги завршувавте речениците, небаре слапови во поток од глечери? Додека некаде напред светка, заедно го наоѓате патот. Звуците, како што треба, доаѓаат од вас, двајцата. Одеднаш, како од едно, така доаѓаат звуците... Игор Исаковски |
|
outlook123
Сениор Maya Регистриран: 16.Октомври.2014 Статус: Офлајн Поени: 1633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Tе пуштив во моја близина
На блискоста на љубовта не и требаат причини, не и требаат услови, не и е потребна проверка, не и треба ниту голема импресија - сето тоа може да биде храна, на гулабите на сопствениот балкон. Те пуштив во своја близина - дури тогаш, кога можеше да засакаш од мене-себе. Од тој час ништо друго и не правеше, туку проверуваше дали ти ја исполнувам желбата. Од тој час, постојано ти докажував дека сум. И чекав, да се откажеш од проверка и да со доказите, ги нахраниш гулабите на својот балкон. "Бела кула" , книга 28. Изменето од outlook123 - 17.Декември.2014 во 19:36 |
|
едно е - не се две
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЖИВОТ
Точка ...и ...Вселена. Тоа е животот... Пространство волшебно, од многу Светови... Вртлози и бури, сончевина и сјајност. Умор и одмор, нектар и пелин. Амброзија Боговна, в срце засадена... Чекорот во него времето го засекува, расфрла светулки по патот мрачен... Марија Конеска |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пак Блаже Конески, меланхолично-есенска... Починка Есенва е мирна, просветлена сета. Човек сака негде далеку да шета. Убавино, ти ме заморуваш веќе. Сè ќе минам кое со возбуда мами. Има такви места каде што сме сами. Убавино, ти ме заморуваш веќе. Смирноста е мудра, страсноста е глупа. Ќе седнам во паркот на некоја клупа. Убавино, ти ме заморуваш веќе. И долго ќе седам, со цигара во рака. Вечерта што иде ќе ја чекам така. Убавино, ти ме заморуваш веќе. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Струмиче Еве ќе развијат в бавча струмичињата. (Така, по наше, ги викаме хризантемите). Набабрува споро жолтиот напон на нивниот цут, уште е тој како стиснато детско раче. Мое струмиче, ти го пречека со треперлива мисла овој човек што зачекорил кон староста. Јас сум тој што ја откри убавината на твоето чело, мекиот повев на влакненца по двете слепоочници; но ти се исправаш со самосвеста става, со меки жолти реси во чудна чистота. Се оцртува твојот лик во проарачниот воздух на есента — и немам јас право, не можам ни да ја допрам чистата душа што ме надраснала. Минаа така убавите денови на оваа есен. Многу те засакав, а сум беспомошен да задржам макар привид на среќа. Залудно вети да ги снема моите тажни песни — шумоли есента, вене, сета во моите жили. Блаже Конески |
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |