|
DIY-Природни средства против инсекти |
Внеси реплика |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 08.Јуни.2015 во 08:24 |
Направете сами: Декоративна свеќа која ги брка комарцитеДоколку и вие ги мразите комарците, тие уништувачи на вечерните летни забави кои претстојуваат, време е да научите како да се ослободите од истите, без да ги убиете. Тоа ќе го направите со помош на свеќа која сами ќе ја изработите, а истата освен што ќе ги избрка комарците, исто така ќе претставува убав украс во вашата соба, двор или балкон за ова лето. Сè што ви е потребно за да ја направите е етерично масло од цитрон кое може да го најдете во аптека, обична свеќа без мирис, украсна чаша, фитил, етерично масло од еукалиптус и чепкалки за заби. Едниот крај на фитилот го прицврстувате за дното на украсната чаша со лепило, а потоа на горниот крај го прицврстувате со чепкалки и лепило како на следната фотографија. Во мало тенџерче ставете малку вода, а потоа ставете ја обичната свеќа и мешајте на средна температура сè додека не се стопи. Откако ќе се стопи додајте 10-13 капки масло од цитрон и 5-8 капки еукалиптус, а потоа убаво измешајте и ставете ја смесата во украсната чаша. Чашата оставете ја во ладилникот да се олади и вашата две во едно, декоративна свеќа против комарци е готова. Нејзината тајна е во маслото од цитрон кое содржи цитрус кој не само што брка комарци туку и муви и пајаци исто така, а вас ви влијае пријатно врз расположението со својот слаткаст мирис. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направете сами: Природно средство за заштита од комарциНаправете си средство на природна база кое ова лето ќе ве заштити од здодевните комарци и останатите инсекти кои се појавуваат во топлите денови. Состојките сигурно ги имате дома, затоа уште денес направете си го ова природно средство:
(Доколку ги немате овие наведени видови на билки, искористете ги оние со кои располагате, важно е да бидат 10 полни лажици) Ароматичните билки ставете ги во оцетот и оставете ги да постојат 2-3 недели. За тоа време, секој ден тресете го шишенцето. Откако ќе поминат 2-3 недели, исцедете го шишенцето во стаклена тегла или сад, па чувајте го на темно и ладно место. Спрејот употребувајте го разреден со вода во размер 1:1. Најдобро е да го ставате во шишенце со распрскувач и да го употребувате како спреј. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Природно, евтино и делотворно: Направете сами спреј против комарциЛетото покрај прекрасното време ни носи и непријатни каснатини од комарци. За да го избегнете чешањето и црвените пликови, не се залажувајте со скапи хемикалии, туку одлучете се за поприродна, домашна варијанта. Многу билки имаат есенцијални масла кои ја имаат способноста да ги блокираат центрите за дишење кај комарците, па се многу делотворни. Помеѓу нив спаѓаат нането, лавандата, ајдучката трева и камилицата. За почеток, потребна ви е шолја вода, медицински алкохол, ментол и лаванда. Шолјата вода оставете ја да зоврие, па во неа додајте 3-4 лажици од наведените сушени билки. Поклопете го садот и оставете да остојат додека водата не се олади. На крај, во добиениот раствор, додадете медицински алкохол и преточете ја течноста во шише со распрскувач. За најмладите, подгответе Потребен ви е 1 литар јаболков оцет, 10 лажици сушени билки по избор (жалфија, рузмарин, лаванда, темјан или ментол.) Билките ставете ги во тегла со херметички капак, прелијте ги со оцет и оставете ја мешавината да отстои 2-3 седмици на собна температура. Пред употреба, ароматичниот оцет промешајте го со вода, во размер 1:1, претурете во шишенце и прскајте како спреј. Ако знаете, и вие споделете некој нов, испробан и делотворен рецепт. Секоја заштита е добредојдена! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |