Испечати | Затвори го прозорот

DIY-Природни средства против инсекти

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Направи сам
Опис на форумот: Се што ви треба на едно место. Направете сами и поттикнете ја вашата креативност.
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27193
Датум на принтање: 02.Март.2025 во 16:19
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: DIY-Природни средства против инсекти
Постирано од: Valerija
Наслов: DIY-Природни средства против инсекти
Датум на внесување: 27.Мај.2014 во 16:52

http://www.crnobelo.com/zdravje/23579-prirodno-evtino-i-delotvorno-napravete-sami-sprej-protiv-komarci" rel="nofollow -

Летото покрај прекрасното време ни носи и непријатни каснатини од комарци. За да го избегнете чешањето и црвените пликови, не се залажувајте со скапи хемикалии, туку одлучете се за поприродна, домашна варијанта.

prirodno-evtino-i-delotvorno-napravete-sami-svoj-sprej-protiv-komarci-01

Многу билки имаат есенцијални масла кои ја имаат способноста да ги блокираат центрите за дишење кај комарците, па се многу делотворни. Помеѓу нив спаѓаат нането, лавандата, ајдучката трева и камилицата.

За почеток, потребна ви е шолја вода, медицински алкохол, ментол и лаванда.

Шолјата вода оставете ја да зоврие, па во неа додајте 3-4 лажици од наведените сушени билки. Поклопете го садот и оставете да остојат додека водата не се олади.

На крај, во добиениот раствор, додадете медицински алкохол и преточете ја течноста во шише со распрскувач.

За најмладите, подгответе спреј без алкохол по следниот рецепт.

Потребен ви е 1 литар јаболков оцет, 10 лажици сушени билки по избор (жалфија, рузмарин, лаванда, темјан или ментол.)

Билките ставете ги во тегла со херметички капак, прелијте ги со оцет и оставете ја мешавината да отстои 2-3 седмици на собна температура.

Пред употреба, ароматичниот оцет промешајте го со вода, во размер 1:1, претурете во шишенце и прскајте како спреј.

Ако знаете, и вие споделете некој нов, испробан и делотворен рецепт. Секоја заштита е добредојдена!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!




Коментари:
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Мај.2015 во 10:53

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/31737-napravete-sami-prirodno-sredstvo-za-zastita-od-komarci" rel="nofollow -

Направете си средство на природна база кое ова лето ќе ве заштити од здодевните комарци и останатите инсекти кои се појавуваат во топлите денови.

napravete-sami-prirodno-sredstvo-za-zastita-od-komarci-1

Состојките сигурно ги имате дома, затоа уште денес направете си го ова природно средство:

Потребни состојки:

  • 1l јаболков оцет
  • 2 супени лажици сушен рузмарин, лаванда, мајчина душица и нане

(Доколку ги немате овие наведени видови на билки, искористете ги оние со кои располагате, важно е да бидат 10 полни лажици)

Начин на подготовка:

Ароматичните билки ставете ги во оцетот и оставете ги да постојат 2-3 недели. За тоа време, секој ден тресете го шишенцето. Откако ќе поминат 2-3 недели, исцедете го шишенцето во стаклена тегла или сад, па чувајте го на темно и ладно место.

Спрејот употребувајте го разреден со вода во размер 1:1.

Најдобро е да го ставате во шишенце со распрскувач и да го употребувате како спреј. 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Јуни.2015 во 08:24

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/31800-napravete-sami-dekorativna-sveka-koja-gi-brka-komarcite" rel="nofollow -

Доколку и вие ги мразите комарците, тие уништувачи на вечерните летни забави кои претстојуваат, време е да научите како да се ослободите од истите, без да ги убиете.

napravete-sami-dekorativna-sveka-koja-gi-brka-komarcite-1

 Тоа ќе го направите со помош на свеќа која сами ќе ја изработите, а истата освен што ќе ги избрка комарците, исто така ќе претставува убав украс во вашата соба, двор или балкон за ова лето.

Сè што ви е потребно за да ја направите е етерично масло од цитрон кое може да го најдете во аптека, обична свеќа без мирис, украсна чаша, фитил, етерично масло од еукалиптус и чепкалки за заби.

Постапката е следна:

Едниот крај на фитилот го прицврстувате за дното на украсната чаша со лепило, а потоа на горниот крај го прицврстувате со чепкалки и лепило како на следната фотографија.

napravete-sami-dekorativna-sveka-koja-gi-brka-komarcite-2

Во мало тенџерче ставете малку вода, а потоа ставете ја обичната свеќа и мешајте на средна температура сè додека не се стопи.

Откако ќе се стопи додајте 10-13 капки масло од цитрон и 5-8 капки еукалиптус, а потоа убаво измешајте и ставете ја смесата во украсната чаша.

Чашата оставете ја во ладилникот да се олади и вашата две во едно, декоративна свеќа против комарци е готова.

Нејзината тајна е во маслото од цитрон кое содржи цитрус кој не само што брка комарци туку и муви и пајаци исто така, а вас ви влијае пријатно врз расположението со својот слаткаст мирис.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk