|
Cosa Nostra |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 07.Ноември.2015 во 17:01 |
|
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Аааа не, темава е Cosa Nostra.
Нема и оваа да ја расипеме со реалноста
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
18,5 милиони еврааа.... абе земете предузимач од нашава влада и ќе го направат за 58,5 милиони евра... се разбира...без анексите на договорите... а Коце може и базен да стави внатре...со галии де... Министерот Дарио Франческини најави дека Италија ќе инвестира 18.500.000 евра за реконструкција на површината на подот и го најави почетокот на реконструкцијата на најголемиот сочуван амфитеатар. Првобитно изграден пред речиси 2.000 години според идејата на царот Веспазијан, стариот стадион сигурно видел и подобри денови. Министерот Франческини планира да се модернизираат подовите на масивниот амфитеатар на кој долго време се одржувале гладијаторските борби и разни културни настани.
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ФОТО: Оваа палма се самоуби фрлајќи се во контејнер кога дозна дека чини 500 евраКоза ностра ексклузивно ви ја пренесува потресната сторија која доаѓа од Прилеп, и која ги распара срцата на вработените во Македонски шуми, посебно на тие новите 1.600 кои беа извлечени во владината лотарија. Имено, според нашите информации, приказната зад фотографијата која кружи на социјалните мрежи, а на која една палма во Прилеп се наоѓа во контејнер, не е воопшто наивна и комична, туку потресна и трагична. Од извори блиски до контејнерот, дознаваме дека палмата била посадена во близина на истиот пред неколку денови, и веќе почнала да се привикнува на околината и среќно да си живее, кога вчера случајно слушнала муабет на двајца граѓани кои поминувале покрај неа, и кои зборувале дека за проектот со 1.100 палми низ цела држава се дадени вкупно 522.000 евра односно околу 500 евра по стебло. – Палмата остана шокирана и не можеше да поверува во тоа што го слушна. Не можеше да сфати каква неодговорна власт има во Македонија, која троши толку многу пари на палми, додека огромен дел од населението живее во сиромаштија а многу луѓе буричкаат по контејнерите. Не можејќи да живее со таква грижа на совест, палмата изврши самоубиство фрлајќи се во контејнер – вели нашиот извор, кој бил очевидец на несреќата. Фото – Твитер |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се зачитав јас на Коза Ностра. Горде и Зоки формираа Министерски пленум Министрите за внатрешни работи и за финансии Горде и Зоки денеска формираа Министерски пленум. По примерот на студентите, средношколците, професорите, новинарите… и министрите се одлучија на ваков чекор со образложение дека „само тоа проаѓа кај премиерот“. Првиот чекор на Министерскиот пленум ќе биде отворено писмо до Никола Груевски со работен наслов „Не сакаме да одиме во затвор“. – Ние како министри сме правеле разни работи овие изминати години. Иако повеќето биле според Уставот и законите, и за доброто на народот, можно е да има и работи кои не се такви. Зошто сега да се правиме наудрени дека не е така, а утре да си ја чукаме главата со камен од близу, кога може елегантно да се реши се со една амнестија и со мирна глава да продолжиме да остваруваме – велат од Министерскиот пленум. Засега членови се Горде, Зоки и Миле, но се очекува да се приклучат и други. Сакале да го поканат и потпретседателот Владимир Пешевски, но синоќа тој со својот оркестар бил пред зградата на Горде и под прозор и ја испеал песната од Миле Кузмановски „Не кани ме“. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Протести - контрапротести, бомби - контрабомби, пленуми - контра пленуми... Редно беше и на КозаНостра да и опнат една БозаНостра |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Обвинителството му понуди на Заев полн пансион за да не мора секој ден да доаѓаЈавното обвинителство му понуди на лидерот на СДСМ Зоран Заев сместување на база на полн пансион за да не мора секој ден да доаѓа и да се враќа. Како што објаснуваат од секторот за туризам на Обвинителството, тие му понудиле одличен апартман со поглед на Вардар, под многу поволни услови. – Сметаме дека навистина нема смисла човекот да го мачиме секој ден со по три-четири часа испитувања плус доаѓање и враќање, човекот нема време да ги преслушува материјалите и да ги подготвува бомбите. За таа цел, му нудиме апартмански престој, со три оброци. Тоа нам ќе ни овозможи и да ги прошириме испитувањата на осум часа и така да си го пополниме работното време – вели јавниот обвинител Марко Зврлевски. Како што дознава „Коза ностра“ адвокатот Мики Вујиќ веќе го резервирал соседниот апартман на тој што му е понуден на Заев бидејќи не сакал да ја испушти приликата да биде најблизу до него во случај да му притреба негова помош. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Влада на РМ: Дрвjата ги сечеме за да не станеме влада во сенкаБоровите крај Владата ги сечеме затоа што многу пораснаа, прават голема сенка, а ние не би сакале некој да помисли дека полека стануваме влада во сенка, ја објасни портпаролот Александар Ѓеоргиев сечата на дрвја во дворот на Владата. Тој додава дека кај дел од министрите се појавил и сомнеж за квалитетот на дрвата зашто не се садени со акцијата „Ден на дрвото“. Сепак, дознаваме дека на последната владина седница, министерската за внатрешни работи Гордана Јанкуловска реферирала и за безбедносни импликации од постоење на дрвја и грмушки во близина на зградата на Владата. – Од пријателска служба ја добивме следнава порака. „Иза сваког грма непријатељ вреба…“. Тоа е јасен сигнал да се исече од корен секоја појава на непријател, односно опозиција. Особено сега, ко шо си збориме со Зоки, кога царот е гол, глупо е да не е голо се околу царот – рекла Горде. Премиерот Никола Груевски од министрите побарал да му направат список на сите парцели кои се џабалк, а се обраснати со дрва и наредил да се исече се. На забелешката од министерот за животна средина дека така ќе останеме без шуми, тој остро пресекол дека Македонија има шуми, и тоа „Македонски шуми“ каде што се вработени илјадници дрва. |
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми кочи интернетот, уште сум на третата бомба
Претседателот Ѓорге Иванов изјави за „К*рир“ дека со внимание ги следи објавите на опозицијата за криминал и слоупотреби во Владата. Сепак, тој се пожали дека му кочи интернетот во вилата на Водно, поради што СДСМ му избегала за шест бомби. – Малку поспоро ми иде, но сметам дека токму затоа и мандатот на претседателот е пет години, да може до крајот на своето претседателствување да стаса се да излуша и потоа добро и целосно информиран да почне да ги пишува своите мемоари. Не се само бомбите, имам и други обврски, вчера баш поправав едно транзисторче во Петата управа што им се расипало – вели популарниот Хорхе. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://www.kozanostra.net/severina-vo-odbrana-na-gruevski-ne-gi-pushta-sam-i-mene-mi-gi-ukradoa-domashnite-videa/Изменето од zagor - 04.Февруари.2015 во 00:22 |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мислев оваа едноставно ќе ја снемаше после аферата со становите,
ама најверојатно сум се излажал. А не се изненадив... Греота какви синови родила,кога секој пат мора дома да се враќа еден ден да ја викнеа да преспие кај нив. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не дека ја боли уво неа, ама си го заслужи мајтапот. За сите пари. За сите 23.000 евра. Та не се само тие (патните трошоци), та не се саде тука (кај Силванчето)... Т’га за 23.000 евраИзговор некаков как да си метнех Изменето од Анастеа - 29.Јануари.2015 во 12:10 |
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За три изработени пасоши даваат еден гратис....??
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |