Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27171 Датум на принтање: 27.Ноември.2024 во 08:14 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Cosa NostraПостирано од: Анастеа
Наслов: Cosa Nostra
Датум на внесување: 16.Мај.2014 во 00:04
Нека биде темава за политичка сатира, да разбиеме монотонија помеѓу тмурните теми на подфорумов. Koza Nostra (како што се потпишуваат) пишуваат сатирични текстови од секојдневието, кои ги читам со задоволство и често ме засмејуваат. Не знам кој ги пишува , никаде не сум видела потпишан текст, ама добро го прават тоа.
Освен химната Тандер (Тендер) од AC/DC, која ја ставив денеска (и за која svetosparki ми се налути), последно што ме насмеа се гоблените на Бранко:
Планирав да му ја честитам довербата на Заев на конгресот и да
повикам сите да се обединат околу него, ама пустото знаеш како е со
гоблените. Ај да ги завршам прво коњите на поило, па се фатив со
цвеќињава да ги везам и си лета времето. А ко вчера да беше конгресот.
Вака поранешниот претседател Бранко Црвенковски го објаснува
повторното исчезнување од јавноста по конгресот на СДСМ на кој Зоран
Заев доби убедлива поддршка да остане лидер, иако три дена претходно
Бранко во интервју го дисквалификува како решение за лидерското место.
Црвенковски сега вели дека нема да се меша многу во работата на
раководството и до следниот конгрес целосно ќе се посвети на своето хоби
– везење гоблени.
- Гоблените ме смируваат. Тие прават да сум активен, а да не мора да
правам ништо. Најдобро ми оди везењето уз вести на Сител, особено кога
Латас ме фали. Тоа ме враќа во младоста, кога ја стипендирав Ивона, ги
создавав Латас, Мирка и сите поважни новинарски пера на денешнината. Тоа
беа времиња – се присетува Бранко.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Коментари: Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 16.Мај.2014 во 00:11
http://www.kozanostra.net/okolu-sobranie-se-mota-litse-za-koe-se-veruva-deka-e-roza-topozovska/" rel="nofollow">Околу Собрание се мота лице за кое се верува дека е Роза Топузовска
Средовечна жена која според описот одговара на кандидатката за
пратеник од ЛДП Роза Топузовска видена деновиве како кружи околу
парламентот. Според граѓаните кои ја забележале, лицето за кое се верува
дека би можело да е Роза е забележано во паркот до Собранието на РМ со
цвет во раката.
- Поминав веднаш до неа, речиси сум сигурен дека беше таа. Држеше во
раката цвет и ги кинеше ливчињата едно по едно. Ја чув како си зборува
“да влезам, да не влезам, да влезам, да не влезам…” – раскажува
граѓанин.
Тој се јави во нашата редакција откако на интернет прочитал дека ЛДП и
Андреј Жерновски изгубиле секаков контакт со Роза Топузовска. Таа не им
кревала телефон за да им каже дали ќе го прифати ставот на опозицијата и
на сите нејзини 119 колеги од листите да го отфрлат пратеничкиот
мандат.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 16.Мај.2014 во 00:32
Ова не е од Koza Nostra, туку http://okno.mk/node/37396" rel="nofollow - Пара вести кои пишуваат исто сатирични текстови:
Иванов ги промовираше перниците на кои планира да го преспие и вториот мандат
Скопје, 28 април 2014
Веднаш по потврдата на изборните
резултати, претседателот Иванов организираше средба со новинарите на
која ја промовираше својата нова колекција перници.
Иванов информираше дека на оваа
колекција, која е подарок од неговиот пријател претседателот на
Казахстан, планира да го преспие и својот втор мандат.
Тој потврди дека планира да
продолжи со своите принципиелни политики да не се меша во својата
работа, и дека останува посветен на пронаоѓање на античките корени на
македонскиот јазик и разумниот компромис.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 16.Мај.2014 во 00:36
Анастеа напиша:
Иванов ги промовираше перниците на кои планира да го преспие и вториот мандат
Ова им е најдобро
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: novace
Датум на внесување: 16.Мај.2014 во 06:03
Мислам дека баш ова и овде искажано во клипчево , е најинтересното од се.
Кај нас , и секако ..и во околината!?
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 11.Август.2014 во 11:29
Вината за малиот број на домашни туристи во Охрид, градоначалникот
на Охрид Никола Бакрачески ја наоѓа во уроците. На прес конференција што
ја одржа во Скопје, тој рече дека нема ден, а да не се почувствува дека
некој со поглед полн со завист го има погледнато градот.
- Се почна од пред месец-два, кога низ градот се чувствуваше мирис на
темјан. Се знајт во текот на ноќта некој, сигурно имат дојдено од
Скопје, од медиумите или од некоја секта, и се имат шетано по Варошон и
имат фрлано уроци. Ак не е така, з’ш толку бајачки идет к’j мене во
канцеларија да ми кажвет дека Охрид е урочен. За да се спасит што можит
да се спасит од сезонава, Општината ќе распишит тендер за избор на
бајачка за истерување на уроците од Охрид – вели Никола Бакрачески.
Тој ги демантира и прилозите на медиумите дека со уроците дошло и до
зголемена појава на водни змии, како и тие дека некој фрлил клетва Охрид
да има диви депонии, тврдејќи дека Охрид никогаш не бил почист.
Градоначалникот тврди и дека цените на сместувањето и пијалоците се високи поради тоа што некој им има баено на ценовниците.
- Не станва збор за тоа дека некој сака да се збогатит за три месеци,
цените не се толку високи колку што пишит по медиумите, но ценовниците
најверојатно ги имат погледнато некој со сини очи и ги имат урочено.
Можит и од завист да е целава работа – открива таткото на Охрид.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 30.Септември.2014 во 23:34
Претседателе, си го бараш сеирот со такви http://okno.mk/node/41096" rel="nofollow - изјави...
Иванов: Младите остануваат во Македонија за да ги слушаат моите мудрости
Македонската младина останува во
родната земја само за да може одблизу да ги проследува неговите мудри
изјави, објасни претседателот Ѓорге Иванов на предавањето „Надреални
политички збиднувања на Западниот Балкан“ одржано пред студентите од
ЈЕИЛ во САД.
„Свесен сум дека во време кога
светот е едно глобално село, моите бисери на мудроста може да се следат
преку интернет, но разликата во временските зони го отежнува тоа, па
младината останува во родната земја поради мене“, објасни Иванов.
Студентите на предавањето не
можеа да добијат прецизни податоци за бројноста на младината која живее
во Македонија, од технички причини - неспроведувањето на попис повеќе
од 10 години.
Во однос на тврдењата дека Ѓорге
Иванов има фанови и меѓу младата македонска дијаспора, претседателот
изјави дека нивниот број е повеќе од занемарлив, бидејќи, јасно, речиси
никој од младите не ја напушта земјата.
Пред присутните Иванов уште еднаш
ги повтори мудростите на кои македонските младинци не можат да им
одолеат: разумен компромис си е разумен компромис, под уставното име нè
призна кралството Сирија, од Анска Река повторно ќе се вади златото кое
го ваделе нашите предци, и многу други хит изјави.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 30.Октомври.2014 во 10:57
Ќе си остане ова “Бранко е крив“, за век и векови...
Порталот К*рир попладнево ексклузивно објави дека постојат информации
и сомнежи за тоа кој стои зад инцидентот во кој два проектили доцна
синоќа завршиле во фасадата на Владата.
Како што дознава порталот од извори во истрагата, непосредно откако
се слушнале детонациите, во непосредна близина на владата, покрај кејот
на реката Вардар, било забележано извесно лице со иницијали Б.Ц.
„Постојат сериозни индикации дека токму ова лице на некаков начин
било инволвирано во овој терористички акт, со цел дестабилизација на
државата и поширокиот регион. Најверојатно Б.Ц. е крив“, заклучува
К*рир.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 28.Ноември.2014 во 15:16
http://www.kozanostra.net/golema-pobaruvachka-za-pasosh*te-od-rachna-izrabotka-mvr-ke-ostane-bez-rabota/" rel="nofollow">Голема побарувачка за пасошите од рачна изработка, МВР ќе остане без работа!
Откако Фокус ја откри http://fokus.mk/tajna-fabrikka-za-rachna-izrabotka-na-pasoshi/" rel="nofollow - тајната фабрика за изработка на пасоши , сите сакаат да бидат дел од трендот и да поседуваат пасош од рачна изработка.
Екипата на „Коза ностра“, сакајќи да ги провери наводите од 4 сабајле стоеше позади зградата на МРТ чекајќи да отвори пасошкото одделение на МВР. На почетокот ни пристапија неколку госпоѓици кои ни понудија услуги, а ние се израдувавме бидејќи мислевме дека се работи за лица вработени во тајната фабрика кои ќе можат да ни направат пасоши од лична изработка. Сепак, испадна дека тие нуделе поинаков тип на услуги, па почекавме уште неколку саати додека отвори пасошкото.
Од таму не известија дека денеска имаат намален обем на работа, а многумина кои имале закажано сликање се јавиле да го откажат бидејќи сакале да си набават пасош од рачна изработка.
– Не можев да ги добијам на телефон, цело време беше зафатено, па еве дојдов за лично да им откажам. Не ми треба ваков пасош, ќе си набавам јас од рачно изработените, бидејќи насекаде низ светот најмногу се цени рачната изработка. А слушнав и дека биле многу поевтини отколку овие од МВР. Само да најдам каде се наоѓа тајната фабрика со прекрасниот тепих… да не знаете вие случајно – не запраша еден граѓанин пред пасошкото одделение.
Неофицијално, во тајната фабрика денеска има специјален Black Friday попуст, па пасошите се продаваат со 70% попуст.
Сите кои имаат информации за локацијата на оваа фабрика нека се јават во нашата редакција за да ги известиме граѓаните и сите да добиеме прекрасни пасоши од рачна изработка со кои ќе можеме да се фалиме насекаде низ светот.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: Alekxandar
Датум на внесување: 28.Ноември.2014 во 19:26
За три изработени пасоши даваат еден гратис....??
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 29.Јануари.2015 во 12:09
Не дека ја боли уво неа, ама си го заслужи мајтапот. За сите пари. За сите 23.000 евра.
Та не се само тие (патните трошоци), та не се саде тука (кај Силванчето)...
http://fokus.mk/t-ga-za-23-000-evra/" rel="nofollow - Изговор некаков как да си метнех и в Скопјето златно па да си летнех. Уф моите станови ја да си идам, да видам Скопје, барок да видам. Да видам дали пари и тамо тешко се збират, како и вамо.
Ако как овде пак работа барат, и без труд немож пари да се ќарат,
на п’т далечен ја ќе се стегнам и кон други финти ќе си прибегнам. Дек партијата милно ме галe и дек лидеро нон-стоп ме фалe.
Овде е мрачно, на тешка сум мака оти Зајко е силен, ушт народ го сака,
Струмица средена, не ме држе место, па идам уф Скопјето, секој ден, често. Не бе, не. Ја не можам овде да седам, не можам есдеес на власт да го гледам!
Дајте ми трошоци патни ја да си метнам и од струмички села да си ја летнам. Да видам антика, од радос да бликам, до статуи барокни, ја да се сликам!
Од струмички места ја да си идам, ни чушки неќам, ни френки да видам.
Тамо власта е послатка од чушките и уф џебо сами ти паѓаат „шушките“. Тамо привилегии партијната сила со сета раскош сегде ги растурила.
Седница погледнеш, или емисија сегде е Бонева, си седи уф комисија.
Тамо по наредба закони да кројам Грујо дур владее, ја пари да бројам.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 29.Јануари.2015 во 17:47
Мислев оваа едноставно ќе ја снемаше после аферата со становите, ама најверојатно сум се излажал. А не се изненадив... Греота какви синови родила,кога секој пат мора дома да се враќа еден ден да ја викнеа да преспие кај нив.
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 04.Февруари.2015 во 00:21
Претседателот Ѓорге Иванов изјави за „К*рир“ дека со внимание ги следи објавите на опозицијата за криминал и слоупотреби во Владата. Сепак, тој се пожали дека му кочи интернетот во вилата на Водно, поради што СДСМ му избегала за шест бомби.
– Малку поспоро ми иде, но сметам дека токму затоа и мандатот на претседателот е пет години, да може до крајот на своето претседателствување да стаса се да излуша и потоа добро и целосно информиран да почне да ги пишува своите мемоари. Не се само бомбите, имам и други обврски, вчера баш поправав едно транзисторче во Петата управа што им се расипало – вели популарниот Хорхе.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: laki_bu
Датум на внесување: 01.Април.2015 во 22:25
Влада на РМ: Дрвjата ги сечеме за да не станеме влада во сенка
Боровите крај Владата ги сечеме затоа што многу пораснаа, прават голема сенка, а ние не би сакале некој да помисли дека полека стануваме влада во сенка, ја објасни портпаролот Александар Ѓеоргиев сечата на дрвја во дворот на Владата. Тој додава дека кај дел од министрите се појавил и сомнеж за квалитетот на дрвата зашто не се садени со акцијата „Ден на дрвото“. Сепак, дознаваме дека на последната владина седница, министерската за внатрешни работи Гордана Јанкуловска реферирала и за безбедносни импликации од постоење на дрвја и грмушки во близина на зградата на Владата.
– Од пријателска служба ја добивме следнава порака. „Иза сваког грма непријатељ вреба…“. Тоа е јасен сигнал да се исече од корен секоја појава на непријател, односно опозиција. Особено сега, ко шо си збориме со Зоки, кога царот е гол, глупо е да не е голо се околу царот – рекла Горде.
Премиерот Никола Груевски од министрите побарал да му направат список на сите парцели кои се џабалк, а се обраснати со дрва и наредил да се исече се. На забелешката од министерот за животна средина дека така ќе останеме без шуми, тој остро пресекол дека Македонија има шуми, и тоа „Македонски шуми“ каде што се вработени илјадници дрва.
------------- Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 09.Април.2015 во 21:28
Обвинителството му понуди на Заев полн пансион за да не мора секој ден да доаѓа
Јавното обвинителство му понуди на лидерот на СДСМ Зоран Заев сместување на база на полн пансион за да не мора секој ден да доаѓа и да се враќа. Како што објаснуваат од секторот за туризам на Обвинителството, тие му понудиле одличен апартман со поглед на Вардар, под многу поволни услови.
– Сметаме дека навистина нема смисла човекот да го мачиме секој ден со по три-четири часа испитувања плус доаѓање и враќање, човекот нема време да ги преслушува материјалите и да ги подготвува бомбите. За таа цел, му нудиме апартмански престој, со три оброци. Тоа нам ќе ни овозможи и да ги прошириме испитувањата на осум часа и така да си го пополниме работното време – вели јавниот обвинител Марко Зврлевски.
Како што дознава „Коза ностра“ адвокатот Мики Вујиќ веќе го резервирал соседниот апартман на тој што му е понуден на Заев бидејќи не сакал да ја испушти приликата да биде најблизу до него во случај да му притреба негова помош.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 09.Април.2015 во 22:02
Протести - контрапротести, бомби - контрабомби, пленуми - контра пленуми... Редно беше и на КозаНостра да и опнат една http://bozanostra.net/" rel="nofollow - БозаНостра
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 10.Април.2015 во 00:39
Се зачитав јас на Коза Ностра.
Горде и Зоки формираа Министерски пленум
Министрите за внатрешни работи и за финансии Горде и Зоки денеска
формираа Министерски пленум. По примерот на студентите, средношколците,
професорите, новинарите… и министрите се одлучија на ваков чекор со
образложение дека „само тоа проаѓа кај премиерот“. Првиот чекор на
Министерскиот пленум ќе биде отворено писмо до Никола Груевски со
работен наслов „Не сакаме да одиме во затвор“.
– Ние како министри сме правеле разни работи овие изминати години.
Иако повеќето биле според Уставот и законите, и за доброто на народот,
можно е да има и работи кои не се такви. Зошто сега да се правиме
наудрени дека не е така, а утре да си ја чукаме главата со камен од
близу, кога може елегантно да се реши се со една амнестија и со мирна
глава да продолжиме да остваруваме – велат од Министерскиот пленум.
Засега членови се Горде, Зоки и Миле, но се очекува да се приклучат и
други. Сакале да го поканат и потпретседателот Владимир Пешевски, но
синоќа тој со својот оркестар бил пред зградата на Горде и под прозор и
ја испеал песната од Миле Кузмановски „Не кани ме“.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 11.Август.2015 во 11:43
ФОТО: Оваа палма се самоуби фрлајќи се во контејнер кога дозна дека чини 500 евра
Коза ностра ексклузивно ви ја пренесува потресната сторија која доаѓа од Прилеп, и која ги распара срцата на вработените во Македонски шуми, посебно на тие новите 1.600 кои беа извлечени во владината лотарија.
Имено, според нашите информации, приказната зад фотографијата која кружи на социјалните мрежи, а на која една палма во Прилеп се наоѓа во контејнер, не е воопшто наивна и комична, туку потресна и трагична.
Од извори блиски до контејнерот, дознаваме дека палмата била посадена во близина на истиот пред неколку денови, и веќе почнала да се привикнува на околината и среќно да си живее, кога вчера случајно слушнала муабет на двајца граѓани кои поминувале покрај неа, и кои зборувале дека за проектот со 1.100 палми низ цела држава се дадени вкупно 522.000 евра односно околу 500 евра по стебло.
– Палмата остана шокирана и не можеше да поверува во тоа што го слушна. Не можеше да сфати каква неодговорна власт има во Македонија, која троши толку многу пари на палми, додека огромен дел од населението живее во сиромаштија а многу луѓе буричкаат по контејнерите. Не можејќи да живее со таква грижа на совест, палмата изврши самоубиство фрлајќи се во контејнер – вели нашиот извор, кој бил очевидец на несреќата.
Фото – Твитер
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 15.Август.2015 во 11:11
18,5 милиони еврааа....
абе земете предузимач од нашава влада и ќе го направат за 58,5 милиони евра...
се разбира...без анексите на договорите...
а Коце може и базен да стави внатре...со галии де...
http://majkatiitatkoti.com/objavi/rekonstrukcija-na-rimskiot-koloseum-vredna-18-milioni-evra/" rel="nofollow - Започнува Реконструкција На Римскиот Колосеум Вредна 18,5 Милиони Евра
Министерот Дарио Франческини најави дека Италија ќе инвестира 18.500.000 евра за реконструкција на површината на подот и го најави почетокот на реконструкцијата на најголемиот сочуван амфитеатар. Првобитно изграден пред речиси 2.000 години според идејата на царот Веспазијан, стариот стадион сигурно видел и подобри денови. Министерот Франческини планира да се модернизираат подовите на масивниот амфитеатар на кој долго време се одржувале гладијаторските борби и разни културни настани.
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Постирано од: novace
Датум на внесување: 18.Август.2015 во 15:50
http://vecer.mk/makedonija/shekerinska-plakjala-2000-evra-od-vecher-vo-luksuznata-vila-vo-grcija" rel="nofollow - - Шекеринска плаќала 2.000 евра од вечер во луксузната вила во Грција
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 18.Август.2015 во 16:20
Аааа не, темава е http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27171&title=cosa-nostra" rel="nofollow - Cosa Nostra .
Нема и оваа да ја расипеме со реалноста
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: laki_bu
Датум на внесување: 07.Ноември.2015 во 17:01
------------- Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....