Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Тема: Најубавите пештери Испратена: 14.Август.2019 во 08:28 |
Моќта на природата: Мермерните пештери во Чиле низ фотографии
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Март.2018 во 08:15 |
Mendenhall, Канада
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:15
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Ноември.2017 во 16:07 |
ПЕШТЕРАТА СО ТРИ МОСТА ВО ЛИБАН КОЈА СЕ ПРЕТВОРА ВО МАГИЧЕН ВОДОПАД
Водопадот Батара Џорџ е еден од најубавите во светот.Пештерата со три моста, вистинско чудо на природата е волшебно место, а кога ќе настапи топењето на снегот, се појавува магичен водопад, кој од оваа пештера прави нешто несекојдневно.Кога Планината Либан ќе започне со топење, мразот се претвара во вода и тече по овие карпи, резбајќи го варовникот и го формира овој водопадот. Овој варовник е стар повеќе од 160 милиони години, што значи постоел кога земјата била дом на диносаурусите.Овој водопад е висок 250 метри и е лоциран блиску селото Бала, а најдобар период за да се види водопадот е помеѓу Март и Април.Голозите велат дека горниот мост има најстара формација, а долните два моста се формирани со текот на времето, веројатно од паѓањето на камењата и рушењето на варовникот.Иако луѓето знаеле дека постои долго време, јавно е обелоденето дека постои во 1952 година кога биологистот Henri Coiffaitго открил и станал многу заинтересиран за оваа природна убавина.
Оттогаш се спроведени многу истражувања за пештерата, нејзината старост и што се крие внатре во пештерата. Необичноста и убавината на местото привлекува многу туристи, но сите се предупредени од знаците кои се секаде, за опасноста од карпи и камења. Сепак, доколку сте во можност ова е едно од местата кои мора да ги видите.
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:14
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Февруари.2017 во 09:26 |
Пештерите со мраз на глечерот Менденхол, Џуно, Алјаска
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Февруари.2017 во 09:25 |
Светлечките пештери, Ваитомо, Нов Зеланд
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Февруари.2017 во 09:24 |
Мермерните пештери, Езерото Генерал Карера, Чиле
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Јануари.2017 во 16:39 |
Слики од кои застанува здивот: Најголемата пештера во светот е апсолутно спектакуларна
Фармерот Хо Кан во 1991 година шетал по
виетнамскиот национален парк кога земјата под неговите нозе почнала да
се одделува и да се распаѓа. Сосема случајно, ја открил најголемата
пештера во светот.
Иако постојат одредени делови кои се` уште не се истражени, се
верува дека оваа пештера е долга најмалку 8 километри, широка 500 метри,
а сводовите досегаат до 600 метри височина.
Како што можете да забележите од фотографиите, оваа пештера воопшто не
наликува на било која досега откриена. Влезот во оваа природна убавина е
најден во 1991 година, а тогаш бил премногу стрмен за да може нормално
да се влезе во пештерата. Палеонтолозите дури во 2009 година се осмелиле
да влезат во неа.
Глетката била магична. Пештерата ја нарекле Ханг Сон Донг, а имала и сопствена прашума, река, па дури и микроклима.
Поради целосно изучување на ова прекрасно место, истражувачите се
искачиле на ѕидовите високи и до 200 метри. Тоа бил стресен и опасен
потфат, но погледот кој тогаш се протегнал пред нив бил апсолутно вреден
за напорот.
Богатството на флора и фауна во ова магично место допрва чека да биде откриено.
Во пештерата се сместило езеро кое создава фасцинантна рефлекција, при
што не треба да ги измами очите самата глетка кон површината бидејќи
водата достигнува до длабочина од најмалку 300 метри.
Пештерата е позната и по најголемата колекција на пештерски бисери.
Сферичните формации на калциумови соли се прекрасни, а по својата
убавина се издвојуваат од сите слични прекрасни феномени на Земјата.
Истражувањата не се воопшто едноставни. Потребно е да патувате низ
џунгла цел еден ден за да стигнете до нејзиното предворје. Потоа
следуваат напорни физички предизвици кои го чекаат секој авантурист.
Патувањето низ оваа магична пештера чини 3000 долари. Годишно ја
посетуваат околу 500 туристи, а турите се работа на престиж бидејќи
Виетнам има сериозен пристап во зачувувањето на своето природно
национално богатство.
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:13
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Октомври.2016 во 22:04 |
Пештерата Мелисани, Грција
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Март.2016 во 17:41 |
20 преубави пештери кои го одземаат здивотЗа да се спуштите во огромна природна пештера стара милиони години, потребно е да имате вистински авантуристички дух. Додека ја истражувате нивната внатрешност, очекувате да најдете бледи, слепи суштества, огромни сталактити и сталагмити и темнина. Но овие неверојатни пештери имаат да понудат нешто уште поспецијално на секој кој ќе се осмели да ги истражи нивните длабочини. 1. Пештерата на кристалите (Мексико) Откриена во 2000 година, Пештерата на кристалите е блескав спектакл со кристали стари околу 600 000 години. 2. Пештерата на светулките, Ваитомо, Нов ЗеландФормирана пред повеќе од 30 милиони години, оваа пештера е осветлена од биосветлината на илјадници светулки кои висат на ѕидовите на пештерата. 3. Грото Азура, ИталијаАко патот некогаш ве донесе во Капри, Италија, морате да ја посетите оваа пештера. Некогаш се верувало дека ја населуваат сирени и ѓаволи. Пештерата е позната по својата блескаво сина вода која, штом ќе изгрее сонцето, ја филтрира црвената светлина оставајќи ја само сината што резултира со неверојатен феномен за кој не ви е потребен фотошоп за да се истакне таа убавина. 4. Пештерата на глечерот ВатнајекидлБидејќи се целосно формирани од лед, најдобро време за посета на глечерните пештери се есента и зимата, кога има помала веројатност да ви се урнат врз главата, а и кога глечерите не се движат толку брзо. 5. Пештерата Фраја Након, ТајландВо националниот парк Као Сам Рои Јот е неверојатната пештера Фраја Након со многу интересна историја. Сончевата светлина се пробива низ срушениот таван на структурата, осветлувајќи го павилјонот Куха Карухас, изграден во 1890 за кралот Чулалонгорн. По изградбата била посетувана и од други кралеви кои се потпишувале на нејзините ѕидови. 6. Мермерните пештери, ЧилеАко го посетите езерото Карера во Патагонија, ве очекува прекрасна глетка. Кристално чистата вода обоена во сино од смрзната тиња го акцентира интригантниот природен дизајн на најневеројатната мрежа од пештери во светот. 7. Пештерата кај вулканот Мутновски, РусијаОБликувана од топлите извори и осветлена од таванот, во оваа пештера се прелеваат зелени, виолетови и сини нијанси, правејќи да се чувствувате како да сте влегле во некоја стара руска бајка. 8. Пештерата Донгжонг, КинаСтара илјадници години, оваа инаку вообичаена пештера, служи како училница за 186 ученици и осум учители. Природната структура ја има оваа функција од 1984 и веројатно е едно од најинтересните места во кое секое дете би сакало да ги минува училишните часови. 9. Фингаловата пештера, ШкотскаИако оваа пештера на островот Стафа изгледа како да е внимателно изделката од некој опседнат со шестоаголници, оваа неверојатна геометриска структура е целосно дело на природата. 10. Пештерата на трските, Кина Иако осветлувањето во оваа пештера е вештачко, сепак оваа пештера е популарна туристичка дестинација уште од 792 година, за што сведочат безбројните потписи по нејзините ѕидови.Своето име го добила по трските кои растат пред нејзиниот влез. 11. Елисоновата пештера, САДСе наоѓа во североисточна Џорџија и е на длабочина од 180 метри. Се вели дека ако пуштите камен од нејзиниот влез, потребни му се осум секунди за да стигне до дното. 12. Кјаут Сае, МјанмарСпоред легендите, оваа пештера се користела како засолниште на локалните жители кога бегале од нападите на Монголите во 13. век. Сега пештерата служи како место за медитација на будистите од храмот кој е изграден веднаш до неа. 13. Пештерата Сон Дунг, ВиетнамНајголемата пештера во светот се наоѓа во провинцијата Кванг Бин. За првпат откриена во 1991, пештерата е широка 213 метри, висока 150 метри и е долга речиси 10 километри. 14. Ледената пештера Ајсризенвелт, АвстријаНајголемите ледени пештери во светот биле откриени во доцниот 19 век. Целиот лавиринт се протега 40 километри, и како и секоја ледена пештера, целата внатрешност и надворешност постојано се менува поради топењето на ледот и повторното заледување. 15. Ординскаја, РусијаОрдинскаја се наоѓа во Уралскиот регион. Се состои од подводни простории кои се протегаат преку 4 километри. 16. Пештерите Карисбад, САДЛоцирани во Ново Мексико,овие пештери биле формирани во периодот пред 4-6 милиони години. 17. Пештерата Бартон Крик, БелизеНа прв поглед оваа пештера не изгледа како којзнае што особено. Сѐ додека не ги здогледате черепите. Пештерата била употребувана од Маите како место за погреби и верски обреди. 18. Јеита Грото, ЛибанНа влезот на пештерата ќе ве заглуши силниот звук на водата, кој одекнува во пештерата, по што пештерата го добила и своето име. Како што навлегувате, бучавата е заменета од длабока тишина и неверојатна убавина. 19. Пештерите Канго, Јужна АфрикаОва е серија од пештери со драматични фигури од варовник. Артефактите покажуваат дека во Каменото доба пештерите служеле како дом за луѓето кои тогаш го населувале овој регион. 20. Авен Арманд, ФранцијаАко се осмелувате да навлезете 100 метри под земја, стравот ќе ви се исплати, бидејќи во пештерата се наоѓаат 400 уникатни видови на сталагмити, вклучувајќи го и најголемиот сталагмит во светот, висок 30 метри.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Март.2016 во 17:30 |
Пештерата Ваитомо, Нов Зеланд
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Март.2016 во 17:25 |
Пештерата Сон Дунг, Виетнам
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Март.2016 во 17:22 |
Влезете во најголемата и најмистериозната пештера во светотВо Мамутската Пештера човечка прв пат стапнала човечка нога пред 4000 години. Тоа биле километри црна темнина и неистражени премини, целата прошарана со сталактити и сталагмити. Мамутската ПештераМамутската Пештера своето име го добила според нејзината големина, бидејќи не постои поголем пештерски систем во светот. Истражени се над 650 километри од овој пештерски систем. Бескрајна пештераНикој не знае која е точната големина на оваа пештера, бидејќи сѐ уште се истражува. Секој ден се откриваат нови делови. Поголемиот дел од пештерата е формиран од варовник, вид камен кој го има насекаде низ американската држава Кентаки. Првите посетителиАмериканските Индијанци коишто први ја посетиле оваа пештера оставиле сведоштво за нивната посета. Стари факели, школки, црпки и делови од облека датирани во периодот пред 4000-2000 години сѐ уште се зачувани во Мамутската Пештера. Раните водичиПештерата останала невознемирувана со векови, сѐ додека европските доселеници не дознале за оваа огромна подземна мрежа. Еден од првите кои се обиделе да ја мапираат бил Стивен Бишоп, роб и еден од првите пештерски водичи. Тој самиот мапирал извесни делови од оваа пештера, осветлувајќи си го патот со газиена лампа. Неговиот гроб се наоѓа на Гробиштата на Стариот Водич, во близина на влезот на пештерата. Овој цртеж на пештерата бил објавен во 1881 година. Тури низ Мамутската ПештераОколу 16 километри од пештерата се отворени за туристички тури. Теренот не секогаш е лесен. Природните стрмнини го отежнуваат патешествието. Овој цртеж прикажува тура со чамец во 1850 година. Турите со чамци биле забранети во деведесеттите. Под земјатаБил вложен голем напор да се одржи пештерата во нејзината природна состојба и покрај тоа што секоја година неа ја посетуваат 390.000 посетители. Нежните светла ги осветлуваат патеките, но тие не светат цело време. Во еден дел од турата, водичот ги собира сите посетители заедно и потоа светлата се гасат. Тоа е најцрната темнина која би можеле да ја доживеете. Се наоѓате на 91 метар под површината на земјата и нема никакво осветлување околу вас. Потоа водичот ќе запали чкорче за да ве потсети дека не сте сами. Но за неколку мигови ќе се почувствувате како тие први истражувачи кои не можеле да се потпрат на ништо друго освен на треперливите несигурни факели со кои си го осветлувале патот. Одењето внатреПештерата е отворена во текот на целата година бидејќи температурата внатре е секогаш иста. Просечната температура на Мамутската Пештера изнесува помеѓу 12 и 18 степени Целзиусови и во зима и во лето. Легендарна историјаПоради тоа што Мамутската Пештера е огромна, темна и целосно сѐ уште неистражена, за ова место кружат многу легенди. Некогаш таа била користена како живеалиште, како погребно место, па дури и како рудник во кој се ископувала шалитра. За време на прохибицијата, шверцерите на алкохол ги користеле овие пештери за да ги чуваат шишињата на ладовина додека да се испорачаат. Опседнатост со духовиВо 1839 година, пештерата била претворена во еден вид болница за болните од туберкулоза. Чудно е тоа што и покрај ова, туристичките тури во тоа време не биле запрени. Некои посетители налетувале на мртви тела за време на нивните истражувања. Луѓето раскажувале за паранормални активности во и околу пештерата. Слушале фантомски гласови, чудни светла, слушале чекори и доживувале други ужаси. УжасДури и Х.П. Ловкрафт бил инспириран од овие мистериозни пештери, по што ја напишал „Ѕверот во пештерата“. Но, не сите се плашеле од пештерата. На сликата се гледа венчавањето на брачен пар во 1908 година на Невестинскиот Олтар, некогаш многу популарно место за венчавки низ деветнаесеттиот век. Традицијата била запрена во 1941 година. Пештерски војниМамутската Пештера е позната и по Пештерските војни во Кентаки. Со години делови од оваа пештера биле во приватна сопственост. Сопствениците воделе независни тури низ нивниот дел од пештерата и ова создало голема конК*ренција. Еден од нив се обидел да отвори премин со кој ќе се стекнал со предност пред неговиот соперник. Но, завршил така што се заглавил и по неуспешните обиди да го ослободат, тој умрел внатре. Неговото тело не било извадено со години и долго време било изложено за посетителите. Кога Мамутската Пештера била претворена во национален парк во 1941 година, на пештерските војни им дошол крај.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Јануари.2016 во 14:08 |
Честопати најубавите работи се сокриени некаде длабоко и само малкумина ја имаат привилегијата да ги видат. Земјата ги создала најубавите пештери токму во својата внатрешност за истите да претставуваат тајна која ќе можат да ја видат само најхрабрите и најупорните. Сепак, за наша среќа голем број од овие храбри истражувачи се и професионални фотографи па може да ни ги доловат убавините сокриени во длабочините. Голем дел од овие пештери се формирале под дејство на водата која тече низ варовнички карпи на тој начин создавајќи пукнатини кои со текот на времето се прошируваат во пошироки ходници и прекрасни пештери. Ова се најубавите пештери: 1. Son Doong Cave, Виетнам 2. Пештера со мраз во близина на вулканот Мутновски, Русија
3. Naica, Мексико
4. Vatnajokull, Исланд
5. Batu пештерите, Малезија
6. Mendenhall, Канада
7. Пештера во Алгарве, Португалија
8. Glowworms, Нов Зеланд 9. Tham Lod, Тајланд
10. Kyaut Sae, Мјанмар
11. Marble пештерите, Патагонија
12. Phraya Nakhon, Тајланд
13. Пештерата Ellison, САД
14. Reed Flute, Кина
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Декември.2015 во 15:53 |
ПЕШТЕРА ВО КОЈА Е СКРИЕН ЦЕЛ ЕДЕН СВЕТЛуѓето со векови ги истражуваат пештерите во азиските планини, а најголемата пештера скриена во длабоките шуми на Фонг На Ке Банг националниот парк во Виетнам ја пронашле дури во 1991 година.
Приказната за пештерата гласи „локалниот фармер Хо Кан одеше по бујната шума во срцето на Фонг На Ке Банг”. Тоа е регион кој што му бил познат, но не обраќал посебно внимание на опкружувањето се додека џунглата под него не се отворила. Согледал дека се појавила врата која повикувала во темнината. Овој човек го открил влезот кој бил сокриен милиони години откривајќи ја најголемата пештера во светот. Пештерата Сон Донг нема статуи, нема праисториски слики – таа самата по себе е уметничко дело на природата. Во 2009 година група научници се впуштиле да ја истражуваат оваа голема пештера. Пет пати поголема од претходно најголемата забележана пештера во Виетнам, Сон Донг го добила името по виетнамскиот збор за „планинска река” затоа што во самата пештера се наоѓа огромна и брза река. Оваа пештера има и своја пештера која истражувачите ја нарекле „Градината на Адам” како и највисоките сталагмити во светот високи и до 70 метри. Потребна била цела година за истражувачите Ховард и Деб Лимберт да го достигнат крајот на пештерата заобиколувајќи го 60 метри долгиот ѕид од калцит кој бил наречен „Големиот ѕид на Виетнам”. На другата страна од ѕидот, тие пронашле големи пештерски бисери со големина на безбол топка. Тие се формирале со концентрација на калциумови соли и вода. Се верува дека оваа пештера е формирана пред повеќе од 2 милиони години, а тоа време е сосема доволно пештерата да формира своја клима. Присутноста на калциум карбонат потврдува дека пештерата произведува свои облаци кои носат дожд. Во 2013 година, првата група авантуристи ја истражувале пештерата со водич, а цело тоа истражување ги чинело 3.000 долари по човек.
Изменето од Valerija - 19.Декември.2015 во 15:54
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|