|
Извадоци,исечоци,цитати |
Внеси реплика | страница 123 46> |
Автор | |
zverka_
Сениор Регистриран: 11.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6604 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 27.Септември.2017 во 18:36 |
-Дали ја сакаш самотијата?
-Не,не ја сакам. Едноставно ги избегнувам новите запознавања за да не се разочарувам во луѓето... Авторот е непознат |
|
Јас сум 99% сигурна дека луѓето ме озборуваат,но 100% сум сигурна дека баш "ме заболи" за тоа!!!
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Писмо
Најмил мој, Во Итака се живее исто како и пред да заминеш. Моќните владеат, бедните работат. Во палатите тече мед и млеко, по улиците крв и кал. Во твојот дворец секој ден се пие, јаде и лумпува. Ми велат батали го него, белосветски патник, пустиник, осаменик, неблагодарник. Со вештерка спие, се арџи, се пусти, те заборавил сосема. Избери друг да ти биде топла постелата, да не ти изјалови утробата. Ноќе од срцето си парам конци дење пак ги зашивам. Те оплакувам по старски од мерак боледувам и којзнае зошто очекувам од овој љубовен копнеж еден ден да свенам. А сепак слепиот ми отпеа дека еден ден ќе се вратиш. Извадок од Житие на нашата љубов од Елизабета Баковска. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Кога на човека тагата му седнува во скутот и кога се уверува дека го промашил животот, посакува да заврши со своите маки. Потоа, се разбира, ја прифаќа судбината како сопатник и не умира туку со искра надеж оди во непознатото."
"Да ги разбереш човечките карактери ќе ти требаат два животи. Како се формира човек со силна омраза, врела желба за катастрофа, што ја глода туѓата среќа, свесно што го разурнува делото на градителите? Апсурден облик на смртта, прерано дојдена зима, мрачна иднина." "Природата уште еднаш докажа дека не постои глупа и проста душа, туку само слепило на разумот кое во човека го разбудува ѕверот. Затоа светот не пропаѓа ами бескрајно пати." Извадоци од романот Дува од Божин Павловски |
|
zverka_
Сениор Регистриран: 11.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6604 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"...Колку е убаво да седиш дома,кога на двор врне дожд и кога знаеш дека во твојот дом нема тешки и здодевни луѓе..."
А.П.Чехов
|
|
Јас сум 99% сигурна дека луѓето ме озборуваат,но 100% сум сигурна дека баш "ме заболи" за тоа!!!
|
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...Секое ново утро почнуваше и завршуваше со моите мисли за него.Го дишев воздухот што тој го издишуваше,ги впивав неговите усни како пустиник кој се напојува со изворска вода,ги бакнував неговите раце како непроценливо богатство.Го сакав повеќе од животот,повеќе од бога,повеќе од се што е земско...............Го губев разумот во тие ноти,како што го губев разумот кога секогаш ќе ме погледнеше .Неговите допири повторно ме раѓаа,неговата мажественост беше толку силна,сурова,речиси животинска.А во исто време,неговите прсти беа нежнии меки како свила,не ни сонував дека постои таква страст............
Изменето од SVOJA - 31.Март.2015 во 12:22 |
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Збогум!
“Те мислам, проклет да си” “Од ум не ми излегуваш…проклета една” “Телото, телото по тебе ме боли” “Каде што си ме допрела како модринки да носам” “Те сонувам, потем како болна сум цел ден” ”Некогаш не сакам да се разбудам Ана” ”Кога замижувам здивот ти го сеќавам на кожа” ”Косиштето врз лицево уште ми спие” ”Се вртам по луѓе на улица, сите на тебе личат” ”Многу црвенокоси низ градов се накотија” ”Ми недостасуваш, знаеш? ” ”Ништо повеќе не е исто, знаеш? ” ”Имам ужасни главоболки, железни ми се мисливе” ”Ме стегаат градите, срцево стапнато ми е” ”Каде згрешивме? ” ”Каде згрешивме? ” ”Можно е премногу да се сакавме? ” ”Можеби еден по друг прегоревме” ”Времето ми е застанато, напукнат е денот” ”Ноќите ме дробат како испукан ѕид” ”Ме болиш чоек…ме болиш” ”Не сум веќе ист, не сум” ”Ти го избришав бројот од секаде, освен од умот” ”Дур возам ти го повторувам телефонот за да не го заборавам бројот” ”Ма и од ова ѓубрево тука те блокирав” ”Знаеш како велат-не е љубов ако не сте се блокирале” ”И сега што? ” ”И сега како понатаму Ана? ” ”Те сакам” ”Те сакам” ”Збогум” ”збогум” |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
outlook123
Сениор Maya Регистриран: 16.Октомври.2014 Статус: Офлајн Поени: 1633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Tu je mesto gde se rađaju reči tišine,
Mesto gde se šapat srcu nastanjuje. Tu je mesto gde glasovi pevaju svoju lepotu, Mesto gde svaki dah urezuje sliku u mojoj duši .. RUMI Изменето од outlook123 - 30.Декември.2014 во 21:52 |
|
едно е - не се две
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Книгите се бездни: кога чита, секој чита на онаа длабочина или височина на која се кренал духот.“ Венко, од Папокот на светот |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Некогаш треба да се извалкаме себеси, за да се исчистиме од тежината. Некогаш треба да го допреме дното, за да сфатиме дека подолу не можеме да одиме. Некогаш треба правиме глупости, за да сфатиме дека имаме право на тоа. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мислејќи дека нешто решава си плетеше метални синџири и си изгради ѕидини. Се бранеше од љубовта. Се одалечуваше од луѓето и ја исуши таа нејзина лековерност.
Јаневска Марија |
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...„На моменти беше ангел, а на моменти погледот и гниеше од надмена омраза. Имаше две лица кои и натежнуваа како демони на двете рамења. Две лица ја распаруваа во борба со самата себе одвнатре. Едно кое моли за љубов и друго кое ветува дека никогаш повеќе нема да се заљуби.“
Јаневска Марија |
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одеше сосема отсутна, замислена, по единствената права улица во градот.
Во него првпат престојуваше. Сосем непознат. Беше допатувала службено пред малку со автобус. Наближуваше пладне. Сонцето силно припекуваше. Пријатно сонце во рана пролет. Првиот впечаток за гратчето не и беше добар... Несредено ... Нечисто..... ...Одмазда.... Д. Најческа
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Пишувањето поезија е како пополнување на празните места во Менделеевиот периоден систем со нови елементи, кои всушност отсекогаш постоеле.“ Никола Маџиров |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Зборовите,без оглед на тоа дали се изговорени или останале неизговорени во форма на мисли,имаат моќ да хипнотизираат.Во нив лесно се загубувате,станувате хипнотизирани и почнувате да верувате дека кога на нешто ќе му препишете име,тогаш знаете што е тоа.Факт е дека не знаете.Само сте ја прекриле мистеријата со име.Ни птицата,ни дрвото,дури ни обичниот камен не може да се познаат во целост,а камоли човечкото суштество.Тоа е затоа што имаат недоловлива длабочина".
"Нова земја" од Екарт Тол |
|
Внеси реплика | страница 123 46> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |