|
Уредување на помали станбени површини |
Внеси реплика | страница 123 8> |
Автор | |||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 26.Декември.2020 во 23:17 |
||||
Станче во Париз во кое оптимално се искористени неговите 16 м2И порано сме виделе станови со мала квадратура кои се уредени паметно и со вкус. Но овој стан од само 16 м2 навистина воодушевува, особено што целиот тој простор е всушност поранешна бања од еден поголем простор за живеење. За уредувањето заслужни се архитектите Марк Бајаржо и Џули Нобусет. Во станот се употребени некои несекојдневни дизајнерски решенија кои се креативни и инспиративни. На пример платформата која ги дели дневниот престој и кујната има неочекувана примена – го крие креветот или софата, во зависност од моменталните потреби на неговите станари. Скалите кои водат до кујната пак, умешно го кријат просторот за складирање, што е многу практично за брзо средување на собата. |
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Совршено уреден стан од 22 метри квадратниИако многу луѓе својот дом од соништата го замислуваат како голема и пространа резиденција, во која има голем број соби и дизајниран мебел, има и онакви кои преферираат скромна, многу помала и едноставна верзија од овој сон. Тим Сегермен од Бруклин, го уредил ова мало станче во Менхетен изработувајќи го целиот мебел рачно. Во овој стан од 22 квадрата можете да видите многу генијални и специфични решенија. При изработката Тим употребувал полно дрво и успеал и покрај малата квадратура да не го задуши просторот, а домот делува топло и удобно. Изменето од Valerija - 26.Декември.2020 во 22:10 |
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Овој стан од 30 квадратни метри е доказ дека и малите простори можат да бидат удобни и функционалниИако таквата мисија на моменти може да изгледа невозможно, малите станови можат многу интересно да се уредат. Но, за секој центиметар да добие своја цел и да заблеска во полн сјај, потребни се трпение, снаодливост, креативност и, барем понекогаш, спремност на компромиси. Ако наскоро ве чека уредување на мал стан, не е лошо да побарате инспирација кај оние кои веќе успешно ја извршиле оваа мисија. Помеѓу нив е и Финкинката која стои зад Инстаграм профилот @31_m2. Точно 31 квадратен метар има малиот стан во која таа живее со сопругот и детето, а кој е доказ дека со желба, волја и доза на креативност, секое катче од еден таков простор може да воодушеви со својот изглед. Финката го посветила Инстаграм профилот токму на нејзиниот дом и редовно се труди да пронајде некој нов агол од кој би ги фотографирала своите, во целост искористени квадрати. Фотографиите се доказ дека и во малите простори има место за цела низа декорации, детали и билки. Изменето од Valerija - 18.Ноември.2020 во 22:17 |
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Станче од само 23m² во скандинавски стил - совршено уредено и комфорноМоже да се рече дека е мало станбено чудо од Шведска. Овој стан во Стокхолм има само 23m2 . Но, кога просторот е уреден функционално, живеењето и во олку мало станче е вистински комфорно . Спалната соба е на полукат, а под неа е сместен walk-in плакар. Уреден е со многу стил – комбинација од бела и сива боја. Сивата е одбрана за ѕидните површини, додека мебелот кој е со едноставни линии и модерен дизајн дава посебна елеганција на просторот. Скандинавски, едноставно, слатко, пријатно.
|
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
|
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
|
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
|
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
|
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
За млада и тренди дама: Фенси стан од 35 метри квадратни (фото)Добредојдовте во малото женско кралство, кадешто царуваат добриот вкус и стил, а спакувани се во простор со скромна површина. Младата клиентка сакала максимално функционален ентериер, а со оглед на тоа дека поседува само 35 метри квадратни, главната цел била да се намени секој сантиметар од домот, користејќи ги сите расположливи средства. Мноштво методи кои се применети при уредувањето на станот, веќе се добро познати и секогаш функционираат. Кога сите ѕидови и таванот се бојадисани во една нијанса, амбиентот е повоздушест, а се создава и ефект на повисок плафон. Во конкретниот случај, преку употреба на светлите тонови, не само за ѕидовите, туку и за мебелот, сите граници во просторот се визуелно стопени, така што станот не изгледа згужвано и задушено, наспроти малата површина. Потенцијалот на белата боја е искористен до максимум. Целиот дизајн, пак, стилизиран е со пастелни моменти на бела позадина. Големите парчиња мебел, како што се кујнските елементи и гарнитурата во дневниот престој, суптилно се слеваат со ѕидовите, па стануваат речиси невидливи. Посебно внимание е посветено и на решенијата за складирање, бидејќи станарката е тренди дама со многу гардероба. Не се изоставени ниту декоративните детали, а откако на нејзе ѝ била оставена можност за самоизразување на ѕидот позади софата, тој сега наликува на мини уметничка галерија. |
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Креативни идеи за уредување на мини апартманиОд преуредени гаражи, до студија каде што креветот е вграден во ѕид, малите апартмани стануваат хит во светот.
Доколку немате доволно буџет за да го уредите малиот апартман, во продолжение погледнете неколку тактики кои се корисни за да го извлечете максимумот од малиот простор. Работите кои не ги користите секојдневно кренете ги во соодветни кутии за складирање и чувајте ги на места како што е просторот под креветот или плакарите. Паметно е да инвестирате во новиот тип на масички кои се вградуваат во ѕидот и се расклопуваат според потребата. Со тоа ќе заштедите голем простор, а ќе добиете естетика во домот.
Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 08:51 |
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Еден од проблемите со живеењето во мали домови
и гарсоњери е чувството на едноличност на просторот. Се е во еден мал
простор, нема промена од соба во соба која често им е потребна на оние
кои живеат во мали еднособни простори. Архитектите од „Mode:lina“
успеале да овозможат „бегство“ од тоа чувство на постојана затвореност
во еден ист простор во гарсоњера од 38м2 во полскиот град Познан.
Сопственикот сакал просторот да биде уреден современо, едноставно и
истовремено да изгледа удобно и неформално за домување, но од друга да
изгледа и доволно формално и професионално за да биде и делумно работен
простор и место каде би можеле да го посетуваат неговите клиенти за
работа. Уште еден елемент на кој требало да се внимава е и желбата во
домот да има едно мало тајно катче за игра за шестгодишниот син на
сопственикот.Земајќи ги сите овие барања и големината на просторот во предвид, архитектите се обиделе внимателно да го искористат максимално секое парче простор. Едниот агол на станот има голема коцка од ОСБ панели во која се вклопени неколку соби: кујната, мала канцеларија со работна маса, спална соба и мало скриено детско катче безбедно за игра. Спалната соба односно креветот е поставен на врвот на конструкцијата и до него сопственикот се искачува преку едноставни дрвени скали. Позади бирото, штом се тргне мобилната библиотека има мал простор предвиден за детска игра, кој лесно може да се скрие од очите на клиентите повторно со библиотеката. Просторот е уреден минималистички, со една софа во ретромодерен стил, биро и неколку декоративни постери на ѕидот. Со цел да се искористи подобро просторот, велосипедот на сопственикот е закачен на ѕидот, имајќи истовремено и практична и декоративна улога. Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 08:50 |
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 08:50 |
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Топли еднособни станчиња кои се поубави од многу луксузни палатиАко живеете во еднособно станче, престанете да се жалите и да посакувате раскошна палата. Гледајте на посветлата страна - се што ви треба ви е на дофат на рака, имате можност да си поигрувате со моќта на шанкот и полиците, а мултифункционалниот мебел како излезен од иднината е вашата слаба точка. Изменето од Valerija - 18.Септември.2016 во 10:25 |
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Внеси реплика | страница 123 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |