|
Јадења низ светот што мора да се пробаат |
Внеси реплика | страница 123 7> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 29.Март.2021 во 10:38 |
„Атом“: Популарно мезе во турската кујнаОва мезе е наречено „Атом“ затоа што се прави со најлутите пиперки од турската кујна. Како што можеби знаете, консумирањето лути пиперки има ефект на зајакнување на апетитот и поради оваа причина повеќето од рестораните нудат „Атом“ мезе во своето мени. Потребни состојки:
Начин на подготовка:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мека и миризлива: Мека пита со сирење која Финците ја обожаваатФинска пита со сирење – рахакапииракка се подготвува од традиционалното рака сирење, кое го обожаваат северните жители. Тоа е лесно како кварк, сличен на грчкиот јогурт само со карактеристичен кисел вкус и малку зрнеста текстура како рикота. Сирење рикота можете да го користите за замена на мекото сирење. Потребни состојки:За питата:
За полнежот:
Начин на подготовка:1. Загрејте ја рерната на 200°С. Оставете го путерот на собна температура да омекне. Изматете го јајцето. Измешајте ги сите состојки за тестото во сад и мешајте додека не се изедначи. Ставете го во набрашнет плех за пита. 2. Измешајте ги млекото, сирењето, шеќерот, јајцето и ванилата и мешајте додека не се изедначи. Истурете ја оваа мешавина врз тестото. 3. Печете 30 минути или додека питата не стане цврста. Тестото не треба да биде течно. Извадете го од рерна и оставете да се излади. Послужете ладно. Изменето од Valerija - 29.Март.2021 во 10:30 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кохуке: Вкусен десерт од естонската кујна
Начин на подготовка:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НАЈДОБРИОТ СЕНДВИЧ НА СВЕТОТ: Мора да го пробате овој специјалитет од Португалија!„Најдобриот сендвич на светот“, како што го нарекуваат португалеците Франчесињи, потекнува од Порто. Често доаѓа на маса со помфрит и пржено јајце одозгора. Постојат и варијации со печурки, пилешко и разни зеленчуци. Франчесиња не се јаде од нозе, но е сериозен оброк со кој ќе бидете сити долго време. Познатиот француски крок-монсиер сендвич, во кој уживале многу португалски мигранти, наводно служел како инспирација за подготовката. 2 парчиња леб 1 лажичка маслиново масло
Изменето од Valerija - 29.Март.2021 во 10:24 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Француска пита: Најлесен рецепт за чоколадна фантазија што се топи во устатаФранцуската пита нема никаква врска со Франција, туку тоа е американски изум од 1950-тите кој настанал за време на еден натпревар. Во оригиналниот рецепт, филот на питата се состои од пудинг од чоколадо, но постепено беше заменет со раскошен мус крем. Бидејќи ова е десерт што мора да се стави во фрижидер пред да се сервира, основата на питата се состои од бисквити со путер кои не ја губат структурата по ладењето. Потребни состојки:За основата:
За филот:
За украсување:
Начин на подготовка:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Традиционален полски колач „Бабка“ – совршен за студени зимски утра со кафе или чајСовршено меко колаче кое одлично оди со кафе или чај, а децата ќе го обожаваат како слатка ужина. Овој колач е особено популарен во Полска и Украина, а доаѓа во повеќе варијации – со цимет, јаболка, суво грозје, мармалад, чоколаден крем итн. Потребни состојки:
Начин на подготовка:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како изгледаат популарните зимски специјалитети во различни земји ширум светотСе вели дека Германија ја започнала традицијата да го слави Божиќ со елка. Најпопуларна храна биле чорбите од зеленчук и деликатесите од риба или месо. Додека некои земји сè уште следат слични традиции, други создадоа свои посебни начини за славење на овој празник. На пример, некои земји Божиќ го поврзуваат со пурпурни оризови колачи, а други не можат да замислат без прокељ. Денес ве водиме на гастрономско патување низ целиот свет за да ги откриете најпопуларните зимски специјалитети на 15 различни земји ширум светот: 1. Јапонија – Тошикоши соба2. Данска – Рисаламанде3. Гренланд – Матак4. Шведска – Искушението на Јансон5. Франција – Полжави6. Холандија – Олиеболен7. Полска – Голабки8. Кина – Осмото оризово богатство9. Мексико – Тамалес10. Бенгал – Кари Чингри Малај11. Ирска – Мелени пити12. Јужна Кореја – Кимчи дамплингс13. Јамајка – Печенка шунка со глазура14. Јужна Италија – Празник на седумте риби15. Етиопија – Доро Ват |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Десерт на денот: Мексикански колачиња од пет состојкиЗа подготовка на овој вкусен рецепт, потребни ви се само пет состојки. Состојки:
Начин на подготовка:
Изменето од Valerija - 01.Мај.2020 во 11:34 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
PoutineОва јадење е всушност помфрит со сос и парчиња кашкавал. Компирчињата се крцкави однадвор и меки однатре, а сосот е многу мрсен и солен. Кашкавалот, пак, му дава совршена текстура. BouillabaisseОва е еден вид супа од морска храна, која содржи неколку видови риба, школки, октопод, ракчиња и јастог. Супата има и зеленчуци, како компири, праз и домати, а е зачинета со шафран. PhirniPhirni е сладок пудинг што ќе го најдете на речиси секој индиски карневал. Направен е од ориз, брашно, млеко и сушено овошје. Шафранот и кардамонот му даваат посебна арома на десертот, а понекогаш се додаваат и манго, цреши, бадеми и ф’стаци. Pho BoГлавната состојка на ова јадење е супата од месо, во која се додаваат нудли од ориз и парчиња месо. Чорбата се служи со свежи зачини и голема порција лимонов сок. „Супа“ од вишни (Meggyleves)Ова е еден вид слатка супа, или компот, направена од вишни, слатка павлака, бело вино и цимет. Pizza ebraicaИако во името стои зборот пица, ebraica e всушност десерт. Наликува на гранола и е направен со слатко тесто, сушено грозје, кандирано овошје, бадеми, сушена кајсија и сушена брусница. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Специјалитети што треба да ги пробате додека шетате во земјите низ светотЗнаевте ли дека со возраста, се менува и нашето сетило за вкус? Имено, јапонските научници докажале дека токму поради промената во сетилото за вкус, се менува и нашата омилена храна. Па така, во детството сладоледот ни е омилен „оброк“, додека многу зеленчуци ни имаат горчлив вкус.реклама Можеби оваа промена е добра, бидејќи подоцна во животот ќе нè натера да пробаме нови вкусови. Шкотски јајцаОвој специјалитет е еден вид ќофте од мелено месо и презла, со мало изненадување во средината – варено јајце. Pastel de nataОвој десерт е „кошничка“ од лиснато тесто, исполнета со крем од лимон и цимет. CevicheОва јадење е направено од сурова риба маринирана во сок од лимон или лимета. Јадењето е зачинето со многу чили, коријандер и кромид. Погачи со школкиШколките се пржат во тесто направено од брашно, млеко, „сок“ од школки и јајца. Јагула во зелен сос (Paling in ’T Groen)Супата е направена од јагула и густ зелен сос. Сосот содржи разни зачини, како нане, оригано, босилек, магдонос, ѓумбир, а понекогаш и спанаќ. Thüringer RostbratwurstРецептот за овие колбаси потекнува од Германија од 15-тиот век. Направени се од мелено свинско, телешко или говедско месо. Колбасите се приготвуваат на скара, со свинска маст, а се служат со мало лепче и сенф. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пинса- италијански специјалитет кој би можел да ја надмине пицатаДали ја знаете разликата помеѓу пинсата и пицата? Во 2020 година многумина ќе ја дознаат, велат експертите за гастрономија, предвидувајќи дека во новата година пинсата ќе стане попопуларна од пицата. Но, во што е разликата помеѓу овие два италијански специјалитети? Покрај својата овална форма, пинсата се разликува од пицата во Тестото се прави од Ова се постигнува со употреба на ладна вода и ладно брашно, како и бавно надигнување на тестото, од 20 до 120 часа, но најчесто 48 часа. Покрај тоа, тестото треба да се меси полека, за да не се загрее премногу. Исто како и пицата, пинсите ги правеле сиромашните рурални работници. За подготовка на ова јадење користеле вода и мешани житарки: јачмен, овес, просо и ориз. Откако го преточиле тестото во изедначена овална форма, додавале едноставни состојки како ароматични билки и сол. Тогаш пинсата била подготвена за печење во врел јаглен. Дури и Вергилиј во Енеидата запишал дека селаните во римските села мелеле житарки за да направат овален колач во жежок јаглен. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зимски десерти: Виенска слатка кнедла со афион и џем од сливиОвој сладок десерт е специјалитет на виенската кујна, а е еден од најомилените зимски рецепти во Баварија. Традиционално, кнедлата се прелева со стопен путер и се посипува со мешавина од мелен афион и шеќер во прав, а секогаш се сервира топло. Обидете се самите да го направите овој зимски сладок десерт, вашето непце ќе ви биде благодарно. Што ви е потребно?
1. Во мал подлабок сад помешајте го квасецот, лажичка шеќер, млако млеко и оставете го на топло да се подигне. Изменето од Valerija - 06.Мај.2019 во 10:07 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Семла - шведски колач Состојки 40гр растопен путер 125мл млако млеко 1 пакетче сув квасец 1 јајце 1 лажица шекер прстофат сол 1 лажичка кардамон по потреба брашно за премачкување 1 јајце плус по потреба марципан неколку лажички млеко 200мл слатка павлакаСемла е класичен шведски колач кој што традиционално се јаде на/ дебел вторник/тоа е последниот вторник пред да почнат велигденските пости. Оваа година тој вторник е на 5 март, традиционално се јаде, пие бидејки од наредниот ден почнуваат постите. Во денешно време ретко кој пости, но традицијата за овие вкусни и меки печива останала. Се меси мазно тесто и се остава да одмори. Откако убаво ќе нарасне се дели на 8 дела и од секој дел се формира топче. Се редат во намрсено тавче. Се оставаат околу 30мин да нараснат убаво. Пред печење се премачкуваат со изматено јајце и се печат во загреана рерна на 200степени додека не добијат убава боја. Испечените лепчиња се сечат се вдлабнуваат и издлабеното тесто се меша со паста од бадеми и неколку лажици млеко. Со оваа се полнат лепчињата се става слатката павлака па се поклопуваат. Се наросуваат со шеќер во прав. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уште еден интересен податок – традицијата на изработка на слатките декоративни куќички со вкус на ѓумбир започнале токму во Германија. Италија: Biscotti, Amaretti, Panforte, Strufolli |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница 123 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |