ЦитирајОдговорТема: Мерилин Монро Испратена: 06.Декември.2020 во 11:13
„Бев грешка. Мајка ми не сакала дури ниту да ме роди“: Зад насмевката на славната Мерилин Монро се криела тажна животна приказна
Таа беше олицетворение на гламурот и сексапилот и речиси немаше многу личности кои што не сакала да ѝ се приближат.
Американската филмска актерка Мерилин Монро, почина во 1962-та година. Нејзиното тело било пронајдено во стан во Лос Анџелес, а како причина за смртта била наведена преголема доза лекови кои што наводно актерката ги испила.
„Бев грешка. Мајка ми не сакала да ме роди. Мислам дека никогаш не ме ни сакала“, изјавила актерката во некое интервју.
1. Фустанот кој што го носела додека на својствен начин му го честитала 45-от роденден на американскиот претседател Џон Кенеди пеејќи му ја песната „Happy Birthday Mr. President“, чинел дури 1.267.500 долари. Ниту еден друг фустан дотогаш не бил купен за толку пари.
2. Иако била модна икона, најубаво се чувствувала кога на себе немала ниту едно парче облека. Обожувала да биде гола и константно пред шминкерите шетала без облека.
3. Многу сакала да готви, а луѓето кои што ја познавале зборувале дека е одлична во тоа.
4. Иако влегла во историјата поради реченицата „Дијамантите на жените им се најдобри пријатели“, самата таа не поседувала многу скапоцен накит.
5. Во брак со легендарниот бејзбол играч Џон Димаци била само осум месеци. Капката која што ја прелила чашата и која што наводно ставила точка на нивниот брак била сцената од филмот „Седум години верност“ во која што актерката во бел фустан стои над отворот во подземната железница.
6. Мерилин Монро очајнички сакала да стане мајка, но за жал не ја остварила таа улога во својот живот. Таа во текот на животот имала дури три спонтани абортуси.
Изменето од Valerija - 06.Декември.2020 во 11:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Поминаа 94 години од раѓањето на една од најголемите филмски ѕвезди на сите времиња, Мерилин Монро, а за нејзиниот живот сè уште продолжува да ја интересира јавноста.
Најпознатата русокоса во историјата на шоу-бизнисот е родена на 1 јуни 1926 година, под името Норма Џин Мортенсон во Лос Анџелес.
Таа почина на само 36 години, а нејзината ненадејна смрт и краток живот се пројави големо интересирање и до ден-денес се предмет на истрага.
Има многу детали и интересни информации што јавноста не ги знае за оваа актерка.
Малкумина знаат дека Мерилин во минатото работела во воена фабрика каде се произведувале воени авиони. Тоа е во 1944 година, кога никој сè уште не знаеше која е Норма Мортенсон, а од тој период има дури и фотографија од актерката која е креирана со цел да влијае на пропаганда на Роналд Реган. Како дете, Мерилин немала можност да биде формално образована, па во подоцнежниот животот станала голем љубител на книги. Во нејзината домашна библиотека имало повеќе од 400 книги, а меѓу нив имало сè: од фикција до научни книги. Во некои интервјуа, легендарната русокоса ги издвои Хемингвеј и Флеберт како омилени писатели. Во една прилика, еден режисер откри како таа чита книга зад камерите „Писма до еден млад поет“ и на нејзе ѝ постави прашање како се одлучила за таа книга.
– Во ноќите кога немам што да правам, одам во библиотека и случајно ги отворам книгите сè додека не наидам на страница или параграф што ми се допаѓа и потоа ја купувам таа книга. Дали е тоа погрешно? – праша таа.
Мерилин никогаш не била задоволна од типот на улоги што ги добила на филмското платно, па редовно одела на часови за глума. Легендарниот актер и режисер Ли Стразберг еднаш рече дека таа и Марлон Брандо биле негови најдобри студенти затоа што тие биле единствените кои можеле целосно да влезат во длабочините на ликовите.
Малку е познато дека Мерилин честопати ја потенцираше важноста на борбата за еднаквост.
– Она што навистина сакам да го кажам е дека на светот навистина му треба вистинско чувство за единство. Сите, sвездите, работниците, црнците, Евреите, Арапите. Сите сме браќа. Ве молам, не ми се смејте. Завршете го интервјуто со она во што верувам – рече таа во едно интервју.
Многу биографи се согласуваат дека сликата со која Мерилин го освои светот беше најлоша за неа затоа што таа стана негов заложник.
Најголемиот мит е дека таа била глупава. Вториот е дека таа била кревка. Третиот е дека таа не знаеше како да се однесува. Таа е далеку од глупава, иако е без формално образование. Мерелин беше многу паметна и многу силна личност. Едноставно, мораше да биде и едното и другото со цел да се победи системот што управуваше со холивудските студија во 1950-тите.
– Таа беше многу духовита. Глупавата русокоса и беше само улога, таа беше прекрасна актерка, „Забога!“. Толку добра актерка што денес никој не верува дека таа била ништо друго освен како што е прикажано на екранот – напиша нејзината биографка Сара Черчвел.
Некои ја опишуваат реченицата од филмот „Мажите претпочитаат русокоси“ во кој таа ја играше улогата на Лорели Ли.
„Може да бидам паметена кога сакам, но на повеќето мажи не им се допаѓа тоа“, рече Мерилин Монро во филмот.
Изменето од Valerija - 21.Јуни.2020 во 22:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Мерилин Монро е родена на 1-ви јуни 1926-та година - датумот на која е родена една од најголемите ѕвезди во историјата на Холивуд, но и жената која стана икона за целиот свет.
Обожувана од публиката, фотографиите, филмските режисери... Целиот свет.
Да се потсетиме на неколку нејзини цитати и совети:
1. „Ако можете да натерате една жена да се смее, можете да ја натерате на сè.“
2. „Не ми пречи машкиот свет, сè додека можам да бидам жена во него.“
3. „Најмногу сакам да спијам, тогаш можам да сонувам.“
4. „Да ги почитував сите правила, никогаш нема да стигнам далеку.“
5. „Многу често, доволно е само да бидете покрај некого. Не се потребни допири. Ниту разговори. Доволно е само чувството кое поминува помеѓу вас двајца.“
6. „Холивуд е место каде ќе ви платат $1000 долари за бакнеж и 50 центи за душата.“
7. „Кариерата е прекрасна, но со неа навечер не можете да се прегрнете.“
8. „Кариерата се гради во јавноста, талентот во тајност.“
9. „Јас сум убава, но не и божествена. Грешам, но не сум злобна. Добра сум, но не сум ангел.“
10. „Мудрата девојка бакнува, но не сака, слуша, но не верува и напушта пред да биде напуштена.“
11. „Кучиња никогаш не ме каснале, само луѓе.“
12. „Жена сум и уживам во тоа.“
13. „Подобро да ве мразат поради тоа што сте, отколку да ве сакате заради тоа што не сте.“
14. „Верувам дека сè се случува со причина. Луѓето се менуваат, за да научите да ги пуштите. Работите не одат како што треба, за да научите да ги цените кога ќе бидат како што би требало. Верувате во лаги, за на крајот да научите да не верувате на никого освен на себе. Понекогаш, добрите работи пропаѓаат, за да се случат уште подобри.“
15. „Пред бракот девојката води љубов со мажот за да го задржи. Во бракот, треба да го задржи за да може да води љубов со него.“
Н. Г. | Црнобело
Изменето од Valerija - 15.Април.2019 во 13:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Не
само режисерите, актерите и луѓето, туку и фотографите ја обожаваат
Мерлин Монро. Многумина од нив се обидуваа да направат фотографии од
нејзината убавина и фигура, но изгледа дека само друга жена може да ја
покаже вистинската убавина на една жена.
Токму затоа фотографиите на Ив Арнолд, која работела со Мерлин повеќе
од 10 години, се многу поразлични од останатите фотографии од Мерлинка.
На овие фотографии, таа не изгледа како пластична кукла, туку како живо
битие кое ужива во убавините на животот.
Изменето од Valerija - 24.Јануари.2017 во 09:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
На 1 Јуни 1926 Гладис Прл Монро родила девојче на кое му го дала името Норма Џин. Монро, не спремна да се грижи за нејзината ќерка, ја дала за посвојување непосредно по раѓањето.
Години поминале, а Норма Џин претрпела безбројни трауми во дом за деца без родители и со нејзините законски старатели пред да се отпише од училиште за да стапи во брак кој најверојатно бил договорен.
Наскоро по тоа, Норма Џин почнала да глуми во филмови и станала еден од најголемите светски секс симболи: Мерилин Монро.
Во текот на нејзините кратки 36 години живот, Мерилин Монро ја посакувал целиот свет, вклучувајќи и мажи како Артур Милер и Џо Димаџио. Но, под фотогеничната насмевка и платинаста руса коса се криела Норма Џин, која се борела со зависност од дрога, депресија и лошо физичко здравје.
Иако на крај, во 1962, темнина го обви животот на русата секс бомба, нејзината слика, зборови и хумор остануваат. Овие неверојатни цитати на Мерилин Монро се доказот за тоа.
„Најстрашното нешто што им се случува на луѓето кога ќе се дотераат и ќе излезат на забава е тоа што го оставаат вистинското себе дома. Тие се како луѓе на сцена што глумат некој друг. Глумат дека се важни и сакаат да ја запознаете нивната важност, не нив самите.“
„Никој никогаш не ми кажал дека сум убава додека бев мала. На сите мали девојчиња треба да им се каже дека се убави, дури и да не се.“
„Правиот љубовник е маж кој може да ве возбуди само со допирање на вашата глава или да ви се насмевне во очи – или само со поглед во празниот простор.“
„Убавината и женственоста се безвременски и тие неможе да се создадат со вештина, а гламурот, иако ова нема да им се допадне на производителите, неможе да се произведе. Вистинскиот гламур се базира на женственост.“
„Порано, како што гледав на ноќта во Холивуд си мислев ‘мора да постојат илјадници девојки кои седат сами како мене и сонуваат да станат филмски ѕвезди’. Но, нема да се грижам за нив. Јас сонувам најсилно.“
„Славата ќе помине и збогум, те имав, славо. Ако поминува, отсекогаш сум знаела дека таа е непостојана. Па така, таа е барем нешто што го искусувам, но не е местото каде живеам.“
„Сите ние треба да почнеме да живееме пред да остареме многу.“
„Не ми пречи да живеам во машки свет сé додека можам да бидам жена во него.“
„Дајте и ги на жената правите чевли и таа може да го освои светот.“
„Сонувањето да се биде актерка е повозбудливо отколку да се биде тоа.“
„Несовршеноста е убавина, лудоста е генијалност и подобро е да се биде апсолутно смешен отколку апсолутно досаден.“
„Да се биде секс симбол е тежок товар за носење, посебно кога човек е уморен, повреден и излуден.“
„Јас сум себична, нестрплива и малку несигурна во себе. Јас правам грешки, изглегувам надвор од контрола и на моменти сум тешка за справување. Но, ако неможете да ме издржите на моето најлошо, тогаш сигурно не ме заслужувате на моето најдобро.“
„Холивуд е место каде ќе ви платат илјада долари за бакнеж и педесет центи за вашата душа.“
„Што добро ми прави тоа што сум Мерилин Монро? Зошто неможам да бидам само обична жена?“
Изменето од Valerija - 15.Април.2019 во 13:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
ТОЈ ЈА ФОТОГРАФИРАЛ МЕРИЛИН МОНРО И СЕ ШОКИРАЛ: "НЕ МОЖЕВ ДА ПОВЕРУВАМ КАКО ЖИВЕЕ ТАА!"
Кон средината на 40-те години на минатиот век, кога Мерилин зачекорила на сцената, ѕвездите не се раѓале, туку ги креирале самите агенти.
Дива или тивка, елегантна или сензуална – добриот имиџ водел и до добра кариера, а само еден лош потег бил доволен за да ги уништи.
Повеќе од 50 години минале откако тогаш 36-годишната Мерилин Монро почина како последица од предозирање во својот дом во Лос Анџелес. Бројни теоретичари на заговори и понатаму се забавуваат со можните причини за нејзината смрт, почнувајќи од аферата со претседателот Џон Кенеди, која требало да се прикрие, но Мерилин и денес има подеднакво моќно влијание на поп културата – нејзината способност да ги маѓепса мажите, но и жените, а сето тоа е последица на вниманието коешто таа му го посветувала на својот изглед и имиџ.
Кон средината на 1940-те, кога Мерилин станала актуелна на сцената, ѕвездите не се раѓале, туку ги креирале самите агенти, а нивно најмоќно оружје бил фотографскиот апарат, а токму тогаш само еден погрешен чекор бил доволен за буквално сè да падне во вода.
Во текот на својот живот, Мерилин позирала за илјадници фотографии, коишто со текот на времето станаа попознати и од нејзините филмски улоги – но оваа дама сепак, била актерка, а не фотомодел. Сесил Битон, Елиот Ервит, Даглас Киркленд, Милтон Грин – ова се имињата на најславните фотографи во историјата коишто подеднакво се бореле да добијат можност да ја овековечат Мерилин, којашто била секогаш подеднакво посакувана.
Минатата недела делата на двајца од овие славни фотографи, Милтон Грин и Даглас Киркленд, беа претставени во лондонската Little Black Gallery, во рамките на изложбата Gentlemen Prefer Blondes, а заедничка тема била токму платинестата убавица. И двајцата ја запознале кога биле во своите 20-ти години, а таа била во врвот од својот статус секс-симбол, и ѝ двајцата како што признаваат, ги одбележила нивните животи. Милтон Грин којшто починал во 1985-та година, за прв пат ја снимил Мерилин во 1953-та година.
"Веднаш се согласија сосема добро", тврди неговиот син Џошуа. "Тој ја обожуваше нејзината автентичност". Низ долгогодишната соработка Милтон и Мерилин прераснале во добри пријатели, а после раскинувањето на врската со безбол легендата Џо ДиМаџио, токму кај семејството Грин таа пронашла свое засолниште. Следните неколку години живеела делумно и во нивната семејна куќа во Конектикат, а одреден период и во нивниот стан во Њујорк.
"Мојот татко ја увери дека мора да се одвои од западниот брег и ѝ претстави еден сосема нов начин на живот", се присетува Џошуа. "Тие се дружеа со Марлон Брандо и Френк Синатра, и одеа заедно во џез клубови."
Нивното пријателство постојувало сè додека Мерилин не го запознала Артур Милер и започнала врска со него – наводно често му приговарала дека ја одвоил од Милтон, единствениот маж на којшто можела да му верува.
Даглас Киркленд ја запознал Мерилин во 1961-та година, кога добил задача да ја фотографира за насловната страница на магазинот "Look".
"Таа беше една од најголемите ѕвезди од тоа време, но кога ја посетив во нејзиниот дом во Холивуд, не можев да поверувам колку скромно живее таа, се присетува денес 81-годишниот фотограф. Киркленд од почетокот знаел дека сака провокативни фотографии, но се срамел да признае пред колегите, но за среќа Мерилин размислувала слично како него.
"Ќе ни треба кревет, плочи од Френк Синатра, Dom Pérignon и бел свилен чаршаф", наредила таа. Иако на договореното снимање доцнела два часа, а притоа и се побунила околу квалитетот на чаршавот, потоа следело едно од легендарните дела на Киркленд.
"Мислам дека доцнеше бидејќи дојде како сосема поинаква личност – Мерилин за којашто сите ние сонувавме. Говореше со поинаков глас, имаше силна сексуална енергија и таа беше свесна за сето тоа. А додека ја фотографирав, сфатив дека за целото време флертува со мене", се присетува фотографот, којшто сепак ѝ останал верен на својата жена, иако Мерилин им наредила на сите присутни да ја напуштат просторијата.
"Ме повика во креветот, но одбив, така што целата сексуална енергија на крајот беше преточена во фотографиите, се колне Киркленд. И иако во кариерата имал можност да фотографира многу импресивни жени – Брижит Бардо, Катрин Денев, Кетрин Хепберн, па дури и Коко Шанел, со којашто бил кога дознал за смртта на Мерилин, Киркленд вели дека ниту една не била ниту приближно до она што била Мерилин.
Изменето од Valerija - 03.Февруари.2016 во 21:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Норма Џин Мортенсен или Мерилин Монро дефинитивно е најпознатата русокоса на сите времиња и холивудска ѕвезда која со децении е возвишувана поради сензуалниот изглед.
Колекција од стотици ретки и досега необјавени фотографии од Мерилин ја исполнуваат новата книга „Marilyn: In the Flash“ и сведочат за уникатната „љубовна“ афера на филмската икона со медиумите.
„Иако холивудската божица Мерилин Монро беше омажена три пати, нејзината трајна врска беше со новинарите – фотографите, репортерите и агентите кои го следеа секој нејзин чекор речиси две децении и ја направија најголема икона во холивудската историја“ – се вели во описот на книгата зад која стои Дејвид Вилс.
Изменето од Valerija - 26.Ноември.2015 во 08:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Мерилин Монро, родена под име Норма Џин Мортенсон, а растена и воспитувана како Норма Џин Бејкер, најмногу ја памeтиме по нејзината актерска кариера, честите романси и дрогата.
Многумина ги знаат и интимните детали од нејзиниот трагичен живот, но сè уште постојат неколку скриени тајни за неа за кои сигурно не сте знаеле:
Мајка ѝ сакала да ја убие
Во текот на нејзиниот живот, Мерилин изјавила дека нејзината прва меморија била поврзана со мајка ѝ. Таа се сеќавала на нејзиното креветче и на мајка ѝ која стоела над неа и се обидувала да ја задуши со перница.
Не е јасно што ја предизвикало да запре или дали меморијата на Мерилин е реална. Сепак, Мерилин подоцна била сместена во згрижувачки систем.
Таа секогаш се плашела дека ќе ја наследи ментална болест на мајка си и дека ќе заврши во ментална институција.
Работела во фабрика
Пред да стане холивудска актерка, Мерилин била едноставна девојка без семејство и без среќа.
Често се селела од дом во дом за сирачиња, се откажала од средно училиште и на 15 години се омажила за Џими Доерти, со надеж за подобар живот.
Мерилин почнала да работи во фабрика за муниција, за поддршка на воените активности. Додека работела во фабриката ја открил еден фотограф кој ја однел во Холивуд.
Поседувала над 400 книги
Како страстен читател, Мерилин била далеку од „глупава русокоса.“ Нејзината лична библиотеката содржела повеќе од 400 книги, фантастична литература до биографии и лични дневници. Мерилин во книгите пронаоѓала утеха и бегство од проблемите.
Имала три спонтани абортуси
Бидејќи самата немала стабилен дом, Мерилин очајно сакала да има деца и да започне семејство. И покрај тоа што била во брак три пати, таа никогаш не била во можност да има свои деца.
Имала проблеми со учење на текстови
Многу актери и колеги коментирале дека Мерилин е посветена и дека работата ја сфаќа сериозно. Со оглед на тоа колку била начитната и паметна се чини изненадувачки дека имала потешкотии со учење и помнење на текстови.
Еднаш дошла на работа гола
Мерилин секогаш доцнела на снимање, поради што продукцијата губела многу пари.
Еднаш решила да здобие публицитет за филм, во кој во една сцена требала да плива во костим во боја на месо. Меѓутоа, таа ги поканила сите новинари на снимање, а потоа отишла да плива гола.
Со ова сакала да му докаже на светот дека способна жена и дека не се плаши да ја покаже својата кожа. Од друга страна, таа го направила ова со намера да и парира на Лиз Тејлор која заработувала десет пати повеќе од неа, а работела за истата продукција.
Изменето од Valerija - 22.Ноември.2015 во 12:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
По директива на тогашниот шеф Џон Едгар Хувер, ФБИ ја шпионирале актерката Мерилин Монро поради сомнеж дека „соработува“ со комунисти.
Минатата година беше покрената иницијатива од страна на медиумите ФБИ конечно да го отвори досието на популарната актерка, до што дојде по неколкумесечениот притисок. Досието откри дека Мерилин почнале да ја следат во 1955 година кога поднела барање за виза за СССР и продолжиле сè до нејзината смрт во 1962 година.
Помеѓу тајните документи се наоѓа и белешка за анонимна дојава од 1956 година според која нејзиниот тогашен сопруг, писателот Артур Милер, всушност е комунист. ФБИ забележале дека „некои луѓе со кои актерката се дружела биле загрижени“ поради нејзината поврзаност со членовите на американската комунистичка група што се криела во Мексико.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Секое утро правела вежби за гради со мали тегови, но нагласила и дека никогаш не се оптоварувала со фитнес.
Фотографот на списанието LIFE, Фелипе Халсман направил серија фотографии од Мерилин Монро и нејзиното утринско рутинско вежбање.
На фотографиите можете да ја видите во несекојдневно издание - во фармерки и бикини топ. Фотографиите се црно-бели и ја прикажуваат Мерилин како крева тегови, прави стомачни вежби, стои на раце...
За време на вежбањето е многу сериозна, меѓутоа за време на паузите може да се види и нејзината насмевка.
"Искрено, никогаш не сум ја сметала својата фигура за посебна. Мојата најголема грижа беше да се најадам доволно, а сега се грижам за тоа да не изедам премногу. Никогаш не сум се оптоварувала со вежбање, се до неодамна", изјавила познатата блондинка.
Секое утро правела вежби за гради со мали тегови, но нагласила дека е не опседната со фитнес.
"Не сакам да бројам. Не би можела да поднесам да вежбам како да сум под режим", изјавила тогаш.
Секс бомбата во 50-тите и 60-тите години од минатиот век користела бизарни диети. За појадок пиела една чаша топло млеко со свежи јајца.
"Се сомневам дека некој лекар би препорачал таков појадок за работна девојка која цело време брза", изјавила Мерилин. Таа го прескокнувала ручекот, а вечерала протеини и свежи моркови.
Меѓутоа, никогаш не се откажала од благото па редовно одела во слаткарница по сладолед.
Според уредувањето на нејзиниот стан, Халсман заклучил дека истиот не бил користен само за секс, туку и делувал како место за интелигентна жена.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Пред повеќе од половина век, поточно на 5 август, 1962 година, филмската легенда Мерилин Монро почина под мистериозни околности во својот дом во Лос Анџелес. Имаше само 36 години. Телото на Мерилин Монро го открил нејзиниот психијатар, а потоа со аутопсија се утврдило дека смртта на актерката била предизвикана од акутно труење со барбитурати.
Децении по ова кобно случување теоретичарите на завери тврдат дека вистинската причина за нејзината смрт е нешто повеќе од „веројатно самоубиство“, а при тоа се споменуваат и Си-Ај-Еј, мафијата, Френк Синатра и претседателот Кенеди. Но правата вистина никогаш нема да се дознае.
Куќата на Мерилин Монро, имот вреден 3,59 милиони долари, е сместена во населбата Брентвуд во Лос Анџелес (во ова соседство живеел О.Џ. Симпсон со сопругата Никол).
Вилата во шпански стил, изградена во 1929 година, Монро ја платила 90.000 долари. Куќата од 244 квадратни метри содржи четири спални соби, три бањи и отворен базен, а сместена е на имот од 9.300 хектари.
Тоа е првиот имот во сопственост на Мерилин Монро, кој во моментот на купување бил ставен под хипотека на 15 години, така што актерката месечно плаќала по 320 долари.
Пред 19 години куќата е продадена за помалку од 1 милион долари, а на пазарот на недвижности повторно се нашла во 2010 година, кога нејзината вредност достигнала речиси 4 милиони долари.
Изменето од Valerija - 27.Март.2014 во 22:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
СКАНДАЛОЗНО: Порното на Мерлин Монро и браќата Кенеди
Порно
филмот кој Мерлин Монро го снимала со поранешниот претседател на
Америка, Џон Кенеди, заедно со неговиот брат Роберт, во вторник ќе биде
понуден на аукција.
Овој порно филм бил чуван во тајност долго време, поради почит кон
поранешниот сопруг на Мерлин, Џон ди Маџио. Цело време порното го чувал
еден холивудски телохранител, Вилијам Кеслбери.
- Филмот е аутентичен. Никогаш за него не сум зборувал во јавност поради ди Маџио, изјави Вилијам.
Порното,
заедно со останатите „ситници“ кои ги поседува бившиот телохранител ќе
се продаде на аукција, и тоа ние веруваме за висока цена!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот