Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Тема: Компир на 101 начин Испратена: 08.Јуни.2020 во 12:22 |
Компири на чудесен начин – Рендате, мешате, печете и потоа бескрајно уживате во неодолив богат вкус
Замислете си само: Печени компири со нежно растопен кашкавал, малку вцрвенета шунка и богата арома на чудесни зачини! Само помислата на вакво вкусно јадење може да ве натера за момент да заборавите на диетите!
Компири на чудесен начинЗамислете си само: Печени компири со нежно растопен кашкавал, малку вцрвенета шунка и богата арома на чудесни зачини! Само помислата на вакво вкусно јадење може да ве натера за момент да заборавите на диетите! Оброк: Главно јадење Кујна: Американска Клучни зборови: кашкавал, печени компири, компири Порции: 4 Состојки- 600-700 гр компири
- 2 јајца
- 200 гр сирење
- 150 гр шунка
- 150 гр кашкавал
- 50 гр путер
- По вкус чубрика и мелен црн пипер
Начин на подготовкаИзмијте и сварете ги компирите, заедно со нивната лушпа. Штом ќе се изладат, излупете и изрендајте ги во еден сад. Во истиот додадете ги путерот, мелениот црн пипер и чубриката. Потоа во садот додадете ги и јајцата, изренданото сирењеи шунката, претходно исечена на мали коцки. Добро измешајте ги сите состојки заедно, а потоа добиената смеса исипете ја во соодветен сад, претходно премачкан со масло за готвење. Поставете го вкусното јадење да се пече 30 минути на 200°C, а потоа одозгора додадете го и изренданиот кашкавал и вратете го во рерната уште малку, до добивање на златна кора одозгора.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Април.2020 во 21:49 |
Највкусна вечера целото семејство: Полнети компири со чедар и сланина Овој деликатес ќе ги разбуди сите ваши сетила. Подгответе го рецептот во продолжение и уживајте во него со целото ваше семејство. Потребни состојки (за 4 лица):
- 4 големи компири - маслиново масло - 200 гр. чедар кашкавал - 2 страка млад лук, ситно исецкан - 100 гр. ситно исецкана сланина - половина шолја кисела павлака - една супена лажичка путер - ¼ шолја млеко - сол и бибер Начин на подготовка: 1. Компирите со лушпа добро измијте ги и исушете ги, а потоа ставете ги во тава за печење и избоцкајте ги со вилушка на неколку места. 2. Прелијте ги со маслиново масло, посолете и ставете да се печат на 180 Целзиусови степени околу еден час. 3. По еден час извадете го компирот од рерна, пресечете го по должината и со лажичка (но, внимавајте лушпата да остане цела) извадете ја внатрешноста. 4. Содржината на компирите ставете ја во стаклена чинија и додадете го чедарот, младиот лук, сланината, млекото, путерот, павлаката, солта и биберот и сè добро промешајте. 5. Со смесата наполнете ги компирите до врвот, а на врвот ставете уште една лажичка павлака и наросете со ситно исецканиот лук.
Изменето од Valerija - 05.Април.2020 во 21:50
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Ноември.2019 во 09:05 |
Полнети печени компириПотребни состојки2 супени лажици маслиново масло 150 g сецкана сланина 4 чешниња сецкан лук ½ лажиче мелен црн пипер ½ шолја бело вино 4 жолчки и четири јајца 1 шолја рендано пекорино сирење 1 шолја рендан пармезан 4 големи печени компири 3-4 лажици сецкан магдонос 3 лажици стопен путер Загрејте го маслото на средно висока температура, додајте ја сланината и пржете 2-3 минути. Потоа, додајте ги лукот и црниот пипер и мешајте уште 1 минута. Ставете го виното и гответе се додека не останат 2-3 лажици течност во тавата, а потоа тргнете ја од огнот. Сварете ги жолчките на пареа. Пресечете ја горната третина од печените компири, отстранете ја внатрешноста и ставете ја во подлабока чинија. Во неа додајте ги жолчките, сланината, половина од сирењето и магдоносот. Наполнете ги компирите со смесата и премачкајте ги со малку стопен путер. Одозгора ставете го остатокот од сирењето. Наредете ги полнетите компири во тава и печете ги додека не добијат црвеникава боја. Извадете ги и врз секој компир ставете по едно јајце. Вратете ја тавата во рерната и испечете ги јајцата. Може да се сервира со топка павлака врз секој компир.
Изменето од Valerija - 23.Ноември.2019 во 09:05
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Февруари.2019 во 09:46 |
Рецептите со компир на „нетрадиционален“ начин им се омилени на сите, посебно кога од нив тече растопен кашкавал. Кој би одолеал на полнета компир торта која се подготвува многу лесно, а се полни со кашкавал, пармезан и суво месо? Сè што треба да направите е да изгмечите сварен компир, да измешате со пармезанот, нишесте и јајце, да истурите половина од смесата во калап, одозгора да наредите парчиња кашкавал и сувомеснато, да покриете со останатата смеса од компири и да посипете со пармезан. Набавете ги потребните состојки, изгледајте го видеото на кое нема да одолеете и подгответе го најсочниот викенд ручек. Потребни состојки:- 600 g компири
- 200 g нишесте
- 80 g рендан пармезан
- 1 јајце
- 250 g мек кашкавал
- 10 парчиња суво месо
- Маслиново масло
- Магдонос
- Сол и бибер
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Октомври.2018 во 21:26 |
Dave’s Kitchen: Компир приготвен на малку поинаков начин
Од сите рецепти со компири, следниот дефинитивно ќе ви стане омилен. Потребни состојки: - 4 долги компири
- 4 лажици сенф
- 100 мл. масло за јадење
- Сол и мелен црн пипер
- 100 гр. кулен
- 50 гр. кашкавал
- Свежа мајчина душичка или оригано
Начин на подготовка: Исечкајте ги компирите како што гледате на фотографијата. Помеѓу секој засечен дел премачкајте сенф, сол и мелен црн пипер. Додадете и оригано или мајчина душичка. Во секоја празнина додадете кулен. Целиот компир вака подготвен превиткајте го во алуминиумска фолија со масло за јадење и печете го во загреана рерна на 180 степени околу 35-40 минути. Кога ќе биде готов додека е се уште топол изрендајте кашкавал. Добар апетит и забавно готвење!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Ноември.2017 во 12:09 |
КОМПИР САЛАТА СО ЈОГУРТСостојки: лажичка сол 1 kg компир 130 g јогурт 130 g мајонез 2 лажички шеќер 3 главици кромид со средна големина 3 лажици сок од лимон лажичка сецкан магдонос Подготовка: 1. Сварете го компирот во лушпа, излупете го и исечете го на коцки. Во голема чинија измешајте мајонез, јогурт, лимонов сок, шеќер и сол. Додадете ги компирот и кромидот исецкан на престени. Протресете ја чинијата, за да ги соедините состојките. 2. Поклопената чинија држете ја на ладно најмалку четири часа пред да послужите.
Изменето од Valerija - 23.Ноември.2019 во 09:06
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Јули.2017 во 11:13 |
Рецепт за крцкав и кремаст компирАко ви е досаден обичниот печен компир, направете малку поразличен кој веднаш ќе засакате да го готвите постојано.
Потребни состојки: - 1кг компир
- 5 лажици путер
- 1 кромид
- 3 чешчиња лук
- 1 лажица сенф во зрна
- 400мл хопла за готвење
- 75гр изрендано сирење
- ½ лажичка морско оревче
- сол и бибер по желба
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 190°С, а тавата во која планирате да го печите компирот намачкајте ја со една лажичка путер.
Во еден сад растопете го путерот на умерена температура. Додајте го кромидот и пржете додека не стане проѕирен. Потоа додадете го исчистениот лук и пржете уште една минута. Додадете го сенфот и хоплата и гответе додека не зоврие смесата.
Претходно исечканите компири на тенки кругови препржете ги во друг сад 4 до 5 минути. Зачинете со сол, бибер и оревчиња.
Во садот за печење истурете ги компирите и залијте со смесата со хопла, а на крај додадете го изренданото сирење. Печете од 25 до 30 минути, додека сирењето не зарумени.
Ако имате желба, во компирите може да додадете и некој зеленчук или парчиња сланина.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Март.2017 во 22:00 |
Ако до сега ги испробавте сите рецепти за печени компири во рерна со разни додатоци, ова е еден сосема поинаков рецепт кој морате да го пробате. Покрај тоа што е неверојатно вкусен, тој е исто така одлична идеја која можете да ја послужите како предјадење или додаток на главното јадење кога ќе сакате да ги импресионирате вашите гости. Состојки:- 4 големи компири
- 2 лажици масло
- 1 голема главица кромид
- 1/4 лажичка шеќер
- 1 чешне лук
- 450 g печурки
- 230 ml црвено вино
- 90 ml оцетот балсамико
- 3/4 лажичка пченкарно брашно
- 2 лажички свеж магдонос, сечкан
- Сол и бибер по вкус
- горгонзола сирење, за декорација
- власец, за декорација
Начин на подготовка:Во сад измешајте го оцетот и пченкарното брашно. Во тава на оган ставете една лажица масло и додадете ги исечканиот кромид. Пржете на средна температура околу 10 минути. Попрскајте го кромидот со шеќер и продолжете да мешате. Намалете ја температурата и пржете уште 20 минути, промешувајќи на секои 3-5 минути. Додадете го преостанатото масло и додадете ги лукот и печурките. Потоа зголемете ја температурата на умерена и пржете додека печурките добијат златна боја, околу 5-7 минути. Додадете го црвеното вино и убаво измешајте. Потоа додадете го оцетот. Зголемете ја температурата и оставете смесата да зоврие. Откако ќе зоврие повторно намалете на средна температура и оставете да врие додека не добиете густ сируп. Додадете го магдоносот и сол и бибер. Добиената смеса послужете ја врз претходно испечени компири. Декорирајте со горгонзола и власец.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Март.2017 во 10:59 |
Крцкави компири со лук и рузмарин
Печените компири се одличен прилог за месните
јадења или оние од риба, а со лесна салата може да се претворат и во
главно јадење на кое никој нема да може да одолее!
Ова е традиционален шпански рецепт за двослојна термичка обработка
на компирот. За неговата подготовка, најдобро е да користите компир кој
е богат со скроб, како што е стариот компир, бидејќи истиот нуди
најбогат вкус.
Потребни состојки (за 4 до 6 лица):
● 1,5 кг. компири
● 50 гр. свеж рузмарин
● 2 поголеми главици лук
● 70 мл. маслиново масло
● 2 лажички путер
● 1 помал лимон
● сол и црн бибер
Подготовка:
Исчистете и излупете ги компирите. Потоа, исецкајте ги на коцки со еднаква големина и ставете ги во голем лонец со студена вода.
Добро посолете и поставете го лонецот на висока температура. Варете ги околу 20 до 25 минути, додека компирите не омекнат.
Во мал сад, измешајте ги исецканиот лук и рузмарин.
Исцедете ја водата од варениот компир и исушете ги.
Земете тава за печење во која ќе додатете маслиново масло. Додајте ги компирите и печете околу пет минути додека кората не стане златна и крцкава.
Потоа, извадете ја тавата од рерна, додајте ја комбинацијата од лук и рузмарин, добро промешајте, а потоа додајте го и путерот и посолете по желба.
Печете сè додека не заруменат.
Кога компирите ќе се запечат, изрендајте кора од лимон врз нив и послужете ги топли. Добар апетит!
Изменето од Valerija - 25.Март.2017 во 22:00
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Јануари.2017 во 09:30 |
Компирот можете да го подготвувате на безброј начини, да го комбинирате со различни состојки и секогаш да имате вкусен ручек.
Можете само да го пресечете на пола, да додадете зачини и да го
испечете или да го сварите и да направите со него вкусно пире кое ќе
биде совршен прилог за ручекот со месо.
Но, ако сакате вкусни, меки и кремасти компири, тогаш овој рецепт за
печени компири со крем супа и суво месо е вистинскиот избор за вас.
Состојки:
- 700 g компири
- 50 g маргарин или 2-3 лажици масло
- 100 до 150 g сувомеснато по желба
- 1 кромид
- 1 кесичка супа од печурки
- 8 dcl вода
- 2 dcl млеко
- сол
Начин на подготовка:
Измијте ги компирите и исечете ги на парчиња. Премачкајте го плехот
во кој ќе ги печете, наредете ги компирите и ставете неколку парченца
маргарин или малку масло врз нив.
Ставете го плехот во рерна и печете околу половина час на 200 °C додека не омекне, повремено мешајќи.
Додека компирите се печат, подгответе ја супата според упатството на кесичката.
Исечкајте ги кромидот и сувото месо посебно. Штом компирите омекнат, додадете го кромидот и половина од сувото месо.
Прелијте ги компирите со готовата супа и додадете го преостанатото месо.
Вратете ги во рерна и печете додека компирот сосема не омекне.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Ноември.2016 во 20:47 |
Компирите спремени на овој начин ми се највкусни и најбрзи.Се лупат компирите, се сечат на кругови, се ставаат во длабок сад и се додава масло, презла, оригано, мешан сув зачин и се се меша со раце.Во тавче обложено со мрсна хартија се ставаат компирите и над нив се наросува уште презла. Се печат на 250 степени околу 15мин (проверете дали се омекнати) Ќе добиете прекрасни крцкави компири со мека внатрешност.
Компирите излупете ги и рендајте ги на ренде во вода за да не поцрнат.Потоа убаво исцедете ги да нема вода,тоа е многу важно.Зачинете ги и додадете ги јајцата,брашното ,гризот,ситно сечканите шунка и кашкавал,дробеното сирење,убаво соединете со лажица.На загреано масло во тавче со супена лажица ставајте од смесата и убаво расплескајте ја само немојте многу тенко.Пржете од двете страни додека да заруменат.Ставајте ги на кујнска салафетка да се исцеди вишокот масло.Послужете ги по желба. Компирите се лупат и се варат. Кога ќе се сварат се цедат и се пасираат.Во друг сад се става брашното, се додава солта, квасецот и се промешува. Се додаваат жолчките, маслото, пасираните компири и заедно со млакото млеко се замесува хомогено тестото и се обликува во топка. Се покрива со крпа и се остава на топло место 45 мин.да стасува.На набрашнета работна маса се става тестото и се премесува. Се расукува кора со големина од 8 мм. и се сечат правоаголници 12 х 8 см. Се филува секој правоаголник и се витка во ролат по должина. Страните од пирошката треба добро да се затворат за филот да не излезе за време на пржењето. Во подлабок сад се става масло и се пржат пирошките рамномерно со постојано превртување. Се служат топли со јогурт или кисело млеко. )
Се варат компирите, а потоа се лупат и пасираат. Во помал сад се става малку брашно, шеќер, квасец и се меша со вода. Се остава да стаса на топло. Во сад за мешање се става пченкарното брашно, ‘ржаното или обичното брашно, се мешаат и се додава сол. Потоа се додаваат испасираните компири и квасецот и сè се меша заедно. Тестото се меси со постепено додавање вода додека не се направи компактна маса и се остава да стаса. Откако ќе стаса се додаваат сецкани маслинки, ким, кориандер, босилек, копар или други зачини по избор и се остава уште еднаш да стаса. Потоа може да го поделите на два дела кој се обликуваат, се посипуваат со малку брашно и се ставаат во набрашнето тавче да се пече на 250 степени четириесетина минути додека не се вцрвени. Треба да се има предвид дека од компирот тестото е полепливо, а има можност да биде и поретко па ќе треба дополнително да се додаде брашно. Лебот е потежок и повлажен од обичниот, но е сосема посен и секако повкусен.
Кромидот се сецка на ситни коцкички и малку се пропржува, колку да омекне. Компирите убаво се пасираат и се додава ренданиот кашкавал, 1 јајце, кромидот и сето тоа добро се меша со рака. Потоа кон оваа смеса се додава околу 50 гр презла, ќе видите како ќе ви биде смесата, ако ви лепи слободно можете да додавате уште презла. Од добиената смеса се прават мали плескавици, се валкаат во јајца и презла и се пржат на врело масло додека да заруменат од двете страни.
1. Најпрво во тава со загреано масло се пржи кромидот и потоа се додава ренданиот компир.2. Откога заедно ќе се пропржат се додава солта и биберот.3. Кога ќе се олади малку филот земаме две кори и двете ги мачкаме со четка со претходно припременото масло вода и маргарин.4. На втората кора ставаме дел од филот и ги виткаме корите како палачинка.5. Ги премачкуваме повторно филуваните кори и ги редиме во намастена округла тава од центарот према надвор како на сликата.Така правиме со сите преостанати кори.6. Ја печеме питата во загреана рерна на 220ст. од 25-30мин. или додека убаво не се испече од двете страни.7. Кога ќе ја извадиме од рерна ја попрскуваме со малку вода.
Компири со пуслици
Сварете ги компирите и потоа убаво испасирајте ги. Оставете 5-10 минути да подоладат, па додадете ги жолчките, омекнатиот путер, солта и зачините. Спрема вкусот, проверете за сол и јачина на зачините.Ставете ја смесата во шприц за шлаг и со спирални кружни движења правете „пуслици“ на намастен плех.Премачкајте ги со смесата од жолчка и павлака и печете го во рерна 20на мин., односно додека рабовите не добПотребно е:- 8 компири, излупени и исечени како за помфрит
- 2 белки
- 1 1/2 лажиче чили во прав
- 1 1/4 лажиче мелен црвен пипер
- 1 лажиче лук во прав
- 1 лажиче оригано
- 1 лажиче мајчина душичка
- 1 1/2 лажиче сол
- 1/2 лажиче бибер
- масло за јадење
Подготовка: Компирите исечете ги на парчиња по должина, па потоа на помали парчиња како за помфрит.Белките изматете ги малку со миксер. Во мал сад измешајте си сите зачини.Белките претурете ги врз компирите и измешајте.Ставете ги зачините и убаво измешајте за да се обложи секое парче компир. Во тавче за печење ставете масло и претурете ги компирите. Врз нив уште малку ставете масло.Печете во рерна загреана на 220 целзиусови степени, околу 40 минути, односно додека да бидат меки и печени.
Комбинацијата на лукче со компир е одлична, па еве еден рецепт прилагоден на постот.1. Лукчето се ренда на ситната страна од рендете, додавате ситно сецкан свеж магдонос, лажица сенф и зачините и убаво промешувате да се добие компактна смеса.2. Компирите се лупат и со нож се прават 3-4 засеци (во зависност од големината) малку повеќе од половина компир. Потоа со помош на ножето внимателно (и трпеливо) наполнете ги засеците со смесата од лукчето. (Во зависност за колку луѓе приготвувате ќе си ги прилагодите количините на состојките).3. Потоа секој компир посебно се завиткува во алуминиумска фолија. Додадов и по 1 лажица вода пред да ги завиткам компирите. Ги ставате во тава со малку вода и ставате во добро загреана рерна да се печат.Доколку користите масло не е потребно да се виткаат во фолија, туку убаво ги намрсувате ги ставате во пекач (или тава со капак) и ставате во рерна.4. Времето на печење зависи од рерната и големината на компирите. Доколку водата од тавата испари ќе дотурите уште малку. Пред крај се одвиткуваат од фолиите и се ставаат во тавата за да се запечат и да фатат боја.Послужете како прилог или со свежа салата.
Компири со црвен пипер
1. Во поголем сад за пржење ставете зејтин да се загрее, а потоа ставете го ситно исецканиот кромид да се пржи. Кога ќе омекне малку додадете го и протиснатото лукче. Пиперките исечете ги на парчиња и додадете ги и нив.2. Компирите излупете ги и исечете ги на кругови со дебелина 4-5мм (како за мусака) па додадете ги и нив во садот. Зачинете по вкус и додадете го црвениот пипер. Промешајте убаво да се изедначи па целата содржина префрлете ја во тава за печење. Во садот додадете ја водата, промешајте за да се “измие“ тенџерето и оставете да зоврие. Ставете ја водата во тавата и ставете да се пече во претходно загреана рерна. Првите 15тина мин. печете со капак/алу фолија, а потоа без за да добијат убава боја.Оставете да се изладат, па послужете. Одлични се и како прилог и како ручек.
Изменето од Valerija - 09.Ноември.2016 во 20:48
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Октомври.2016 во 18:17 |
Печен компир во бело виноОвој рецепт за печен компир во рерна пристигнува од португалската кујна, а се надеваме дека ќе ви се допадне. Состојки: - 1 килограм компири (најдобро би било доколку се млади)
- 2 големи главици црвен кромид
- 500 грама домати
- 6 – 7 лаворови листови
- 150 милилитри бело вино
- 100 грама путер
- Маслиново масло
- Сол и бибер
Подготовка: Земете доволно длабок плех во кој ќе можете да го наредите компирот на два слоја. Измачкајте го со путер (никако со маргарин). Исечете го компирот на еднакви парчиња и кромидот на кругови. Во плехот наредете еден слој компир, па слој кромид и ставете го лаворовите листови. Полијте ги првиот слој со маслиново масло и додадете коцки путер. Потоа прелијте со бело вино и повеќе бибер како и морска сол. Убаво протресете и додадете уште еден слој компир и кромид и зачинете. Затворете го плехот со алуминиумска фолија и печете околу еден час на 190 степени. Исецкајте ги доматите на дебели кришки и наредете ги врз компирите, затворете со фолија ставете ја рерната на 220 степени и печете околу 15 минути. На крај симнете ја фолијата и печете уште 15 минути додека површината на доматите да се карамелизира. Послужете директно од плехот во кој го печевте компирот. Имајте добар апетит!
Изменето од Valerija - 25.Март.2017 во 22:02
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Септември.2016 во 16:01 |
КОМПИР КОЈ СЕ ТОПИ ВО УСТА - ГОТОВ ЗА ПОЛОВИНА ЧАС!Дека компирот е намирница која може да се комбинира и подготвува на бројни начини веќе е добро познато. Овој пат ви пренесуваме едноставен рецепт – потпечен компир со кисела павлака. Состојки - 1/2 кг компир
- 50 гр пармезан
- 500 мл павлака за готвење
- 3 чешниња лук
- сол
- пипер
- зачин по желба
Начин на подготовка: Излупете ги компирите и кратко варете ги, па исечете ги на парчиња. Додајте ги сите останати состојки и сè заедно ставете во сад за печење. Печете во однапред загреана рерна на 180 степени половина час. Кога компирот ќе зажари, извадете го од рерна и истурете го вишокот од течноста во посебен сад. Вратете ги компирите во печка уште пет минути и вашето јадење е готово!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Август.2016 во 21:45 |
Пробајте малку поразличен печен компир со јогурт
Постојано подготвуваме компири само со зачини, но зошто да не пробаме за денешниот семеен ручек да направиме малку поразличен компир во кој ќе додадеме и јогурт? Верувајте дека потоа, постојано ќе сакате да го приготвувате на овој начин. Потребни состојки:- 4-5 големи компири
- 2 лажички масло
- 2 лажици јогурт
- 1 лажичка сол
- ¼ лажичка бибер или лута пиперка
- ½ лажичка суво нане
- ½ лажичка мајчина душица
Начин на подготовка:
Излупете го компирот и исечете го на кругчиња. Наредете го во тава за печење, прелијте го со јогуртот и со сите зачини. Печете на 200° околу 40 минути.
Може да го комбинирате со пилешко месо и печурки.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|