|
Турска кујна и рецепти од турската кујна |
Внеси реплика | страница 123 7> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 29.Март.2021 во 10:41 |
Турска кујна: Рецепт за јајла чорба со јогуртТурската јајла чорба е една од најпознатите чорби на класичната турска кујна. Во турската култура, јогуртот има многу посебно место и го користат во комбинација со безброј јадења како ќебапи, мезе, како и главни јадења. Потребни состојки:
Начин на подготовка:
Изменето од Valerija - 29.Март.2021 во 10:41 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Турски појадок: Рецепт за јајца во јогуртЈајца послужени со јогурт и лук е турски специјалитет достоен за султанот. Според некои извори, уште во 15-от век овој појадок секо утро бил послужуван на масата на отоманските владетели. Во овој појадок се додава чили Алепо кое е именувано по сирискиот град каде претежно се одгледува. Познат е и како халабинска паприка, халеб бибер и пул бибер. Ако немате Алепо ќе ви послужи и лут, мелен пипер. Готвачите ширум светот се вљубуваат во овој турски појадок, така што можат да се забележат многу варијации од рецепт до рецепт. Некои готвачи го загреваат јогуртот пред да го послужат за да го направат кремаст, додека други го послужуваат ладен. Најтешкиот дел е подготовката на јајцата, но со малку вежбање е лесно да се добијат добри резултати. За да ги направите јајцата како што треба изберете свежи јајца, бидејќи ако отстојат стануваат водени, па додека се готват нема да се обликуваат добро. Исто така, јајцата треба да бидат ладни, затоа што така остануваат подолго притиснати и нема да „танцуваат” во тавата. Така полесно и ќе знаете кога се готови, бидејќи жолчката ќе биде течна, а белката тврда. Овој појадок е наречен „чилбир”, па внимавајте да не го смешате со „чимбур” што претставува јадење со мелено месо и јајца кое се подготвува низ целиот Балкан. Потребни состојки:
Начин на подготовка:
Изменето од Valerija - 08.Декември.2020 во 20:23 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Меки турски лепчиња во тава – Величествено вкусни и лесни за правење како детска играНеверојатно меки и со величествен вкус, овие турски лепчиња се сон на секој човек што ужива во добрата и вкусна храна. Совршени за ужина, а еве како сосема лесно да ги приготвите уште денес. Меки турски лепчиња во таваНеверојатно меки и со величествен вкус, овие турски лепчиња се сон на секој човек што ужива во добрата и вкусна храна. Совршени за ужина, а еве како сосема лесно да ги приготвите уште денес. Вкупно време30 мин Оброк: закуска Кујна: Турска Клучни зборови: печени лепчиња Порции: 4 Состојки
Начин на подготовка
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Турска манџа на мрзелив начин, готова за 30 минути: Брзо, вкусно и идеална идеја после напорна работаМожеби досега не сте слушнале за „менемен“, но неговиот вкус дефинитивно нема да го заборавите, токму поради неговиот чудесен состав. Станува збор за лесен турски специјалитет, а еве како да го приготвите. Турска манџа на мрзелив начинМожеби досега не сте слушнале за „менемен“, но неговиот вкус дефинитивно нема да го заборавите, токму поради неговиот чудесен состав. Станува збор за лесен турски специјалитет, а еве како да го приготвите. Вкупно време30 мин Кујна: Турска Клучни зборови: манџа Порции: 4 Состојки
Начин на подготовка
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки 1 јајце 1 чаша млеко 3 чаши брашно 1 лажичка пециво 200 гр сирење Рецепт кој се спрема брзо без да се чека да стаса тестото. Во сад се замесуваат горе наведените состојки. Тестото ако ви е лепливо додадете уште малку брашно. Кога ќе биде убаво за работа,меко а не лепливо тогаш разделете го на 12 топчиња. Од секое топче развлечете коричка и извадете со чаша по три кругови. Во секој круг ставете сирење па преклопете ги како месечинки и затворете ги со вилушка. Веднаш пржете ги во загреано масло. Вадете ги врз кујнска хартија за да се впие мрснотијата. Да напоменам дека оргиналниот рецепт е да се работат тие 12 топки и да добиеме 12 пишии. Но нас ни се многу големи, па јас ги направив помалечки и мислам дека големината е доволна. На здравје појадокот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки 1кг шекер 500гр брашно 250гр маргарин 180мл зејтин 200мл млеко 100гр какао 200гр лешници 2кесички ванилин шеќерМлекото, зејтинот, маргаринот и шеќерот се ставаат на оган да се стопат. Кон оваа смеса се додава какаото и убаво се меша да се изедначи. Брашното се меша со ванилата и се додава кон целата топла смеса и се пржи-вари околу 10 минути. На крај се додаваат пржените лешници, убаво се изедначува смесата и се истура во калап. Се остава да се олади, а потоа се сече по желба. Алвата е убава и ако место лешници се додадат печени несолени кикирики или бадеми. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки 2 домати 1 пиперка 1 кромид 1 млад кромид 50 гр сечкани ореви 1/2 китка магдонос листови од две гранчиња свежо нане феферонка по вкус маслиново масло сируп од калинка или балсамико оцет лимонов сок сол и мелен кумин по вкусНа југот на Турција има планина по која оваа вкусна салата го добила името. Одлично оди со ќебапи и ќофтиња, ама и во време на пост со тазе печено лебче.Подтотовка Исечкајте го зеленчукот на ситни парчиња. Во еден сад измешајте ги маслиновото масло, лимоновиот сок, сирупот од калинка и солта. Прелијте го сечканиот зеленчук и оставете 15 минути да ги впие соковите. Додадете ги оревите и послужете. Забелешка Доколку немате сируп од калинка ставете една лажица оцет балсамико, не дека е многу соодветна замена, ама и така е вкусна салатата. Може и лук да се насечка во салатата, а може и свежа краставичка, но ова е оригиналниот рецепт, кој може да го комбинирате по вкус и желба. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки 1кг брашно 1 квасец,сол,топла вода и малку шеќер 200-300гр мелено месо 200 мл доматен сос,домати,марула,кромид(по потреба)Тестото го месиме за пица. Додека стаса го запржуваме месото зедно со доматниот сос. Кога тестото ќе биде готово правиме мали пици и ги пржиме (како пишии). Врз нив ставаме од меленото месо. Доматот го сецкаме ситно на коцки,марулата исто и кромидот.Ставаме од салатата врз месото. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки Лиснато тесто 250мл. вода 100мл. зејтин 1 лажица оцет (јаболков или вински) 1 лажичка сол 600-650гр. брашно маргарин за премачкување Фил 500гр. месо 2 средни главици кромид 2 чешниња лук 1 домат 2 пиперки (црвена и зелена) 1 лажица доматно пире 1 лажичка сенф 1 лажица црвен пипер 1 лажичка мешан зачин по 1/2 лажичка ким, кари, мајчина душичка, бибер, чили по вкус сол 1 јајце за премачкувањеЛахмаџун или уште турска/арапска пица. Верувам на сите познато, а имаме и рецепт тука. Се решив за една малку поинаква варијанта, плус и рецепт за универзално лиснато тесто кое може да го комбинирате со секаков фил. Многу лесно за подготовка, без да има диплење по неколку пати и одмарање во фрижидер па да отиде цел ден =))) 1. Од сите состојки за тесто замесете средно меко тесто кое не лепи. Поделете го на 6 еднакви дела и од секој дел развлечете коричка со дебелина 6-7мм. Убаво премачкајте со слој маргарин и потоа исечете ја на еднакви ленти (6 или 7). Виткајте ги една по една да формирате полжавче. Убаво набрашнете и ставете ги на чинија. Од сликите ќе видите поубаво. Кога ќе ги направите сите 6 топчиња ставете ги во замрзнувач 1 час. 2. Едно по едно развлечете ги во нешто поголема коричка од тацна за кафе (дебелина 7-8мм, подебела кора од претходно). Исечете на четвртинки, ставете фил во средина и преклопете како плико, средишниот шпиц дел да биде од горе. Само внимавајте да не ги преклопувате сите страни една врз друга, треба да бидат преклопени само со краевите. Така средени сите пликчиња повторно ги враќате во замрзнувач убаво да замрзнат (најдобро преку ноќ). Замрзнати се редат на плех, се премачкуваат со изматено јајце и се ставаат да се печат во убаво загреана рерна на 220-250С. 3. За филот во тава на оган ставете го ситно сецканиот кромид да се пржи. По кратко додадете го и протиснатото лукче. Кога ќе омекнат додадете ги ситно сецканите пиперки да се запржат, а потоа и месото. Кога месото ќе добие убава боја додадете го сенфот, зачините, ситно сецканиот домат и доматното пире. Пржете додека не испари течноста. Оставете филот малку да се излади пред да ги правите пликчињата. Добар апетит =) *Јас правев 1ипол доза, односно 36 парчиња па состојките за филот се точно за толку. *Првиот пат кога ги правев по грешка малку повеќе ги развлеков коричките па не ми се толку пуфкасти, но имате во прилог и друга слика од наредното правење (со сирење) па убаво се гледа колку се лиснати. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки Тесто 1 чаша (200 мл) топла вода 1 пакетче сув квасец 1/2 лажиче шеќер 3 лажици масло половина лажиче сол околу 400 г брашно Фил по желба мешавина од спанаќ, сирење, кашкавал и малку кромидЃозлеме е традиционален Турски специјалитет. Да одиш во Турција и да не пробаш ѓозлеме е грев. Пред да го пробам го мешав името со нашето ѓомлезе, потоа видов дека се работи за нешто сосема друго. Ѓозлемето е некој вид затворена тенка пита со зајре. Мене највкусно ми е со мелено месо или со спанаќ и сирење. Овој ми беше прв обид да си го направам дома откако пред 2 години последен пат го јадев во Турција и навистина беше превкусно и погодено таман, како што би рекле турците. Прво се става квасецот во топла вода со малку шеќер и се чека да запени. Потоа во него се додава постепено брашно по потреба, се додава и сол и масло и се замесува меко тесто. Тестото се остава да стаса 1 час. Потоа се дели на 8 дела и секој дел на набрашнета површина се трансформира во топче. Секое топче се развлекува во тенка правоаголнеста кора со помош на сукало, на едната страна се става од зајрето и се преклопува со другиот крај на кората. Вака подготвеното ѓозлеме се става во намрсено тавче на рингла да се запечи неколку минути од едната страна, па потоа пред да се преврти од другата страна, се мачка со масло од горе и се превртува да се запечи и на другата страна. Се оставаат на страна сите едно на друго, потоа се сечат на половина и се консумираат додека се топли. На здравје |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Турски десерт Kıbrıs Tatlısı TarifiСостојки Шербет 2 чаши вода 1/2 чаша шеќер Пандишпан 3 јајца 1/2 чаша шеќер 1/2 чаша зејтин 1 чаша презла 1 чаша јаткасти плодови 1 чаша кокос 1 паковка ванила 1 паковка пециво Крем 1 литар млеко 1 чаша нишесте 1/2 чаша шеќер 1 паковка ванила 200мл слатка павлакаПрво се приготвува шербетот. Водата и шеќерот се ставаат во сад на оган. Нека провријат 5 минути и се трга да се олади. Тавчето во кое ќе се пече е со големина 28 на 28 см. Се премачкува со масло. Во сад ги матиме добро јајцата со шеќерот и кога ќе ја добијат својата густина ги додаваме останатите состојки. Промешуваме убаво. Ќе добиеме малку густа смеса. Со шпатула ја префрламе во садот во кој ќе печеме, израмнуваме и ставаме во загреана рерна на 180. Печеме на тивко. Проверуваме кога е готово со чепкалка и вадиме од рерната. Ја прелеваме тортата оставаме да впие. Вариме крем. Млекото го промешуваме со шеќерот и ванилата. Одземаме мал дел од млекото за да го промешаме густинот. Кога млекото е врело, го додаваме густинот и мешаме да ја добиеме потребната густина. Го тргаме садот од оган. Оставаме да одмори 5 минути и ја истураме слатката павлака и мешаме со миксер. Кремот е готов. Нанесете го врз тортата кога двете ќе бидат млаки. Попрскајте со кокос. Оставете да се излади добро (јас оставив преку ноќ) Пресечете ги внимателно коцки и служете. Забелешка Според мој вкус, ова е многу шеќер во шербетот. Мислам дека треба да се намали количината. Чашата е од 200мл. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки Состојки за чоколадниот бисквит 5 јајца 1 шоља шеќер 1 ванила 1 шоља масло 1 шоља топло млеко 2 шољи брашно 1 пециво 3 лажици убаво полни какао или јас ставив чоколадо во прав Состојки за чоколадниот прелив 1 шоља шеќер 1/2 шоља масло 3,5 шољи млеко 6 лажици убаво полни чоколадно какаоВкусен колач за кој рецептов го најдов на јутуб. За бисквитот се матат пенасто јајцата со шеќерот и ванилата, се додава маслото, млекото, на крај брашното, пецивото и какаото заедно помешани и просеани. Се истура во намрсено правоаголно плехче со димензии 20 на 30 см., кое претходно е намрсено и обложено со хартија за печење. Се печи во загреана рерна на 180 степени 35 мин., до сува чепкалка. Се вади од плехчето, се отстранува хартијата и пак се враќа во плехчето. Се остава да излади, да биди топло кон млако и се сечи на коцки со сакана големина. Додека се печи колачот се подготвува преливот. Во тенџере со дупло дно се соединува шеќерот, какаото (го просеав низ сито) и маслото, мешајќи со лажица и кога ќе се добие густа смеса се додава постепено млекото. Потоа се става на рингла и штом зоврие се готви на умерен оган со постојано мешање околу 10 мин. Се остава да излади, да биди топло. Пред да се залие колачот со преливот се боцка со вилушка по површината. Нека убаво излади и сервирајте. На здравје! *Шољата е од 250 мл.. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Бев на гости кај една пријателка во Истанбул и таа ми подготови толку вкусно јадење, за кое постојано мислам, а еве го и рецептот“Рецептот е можеби еден од најлесните што ќе го сретнете од турската кујна, притоа потребните состојки не се толку скапи и скоро секој може да си ги дозволи. Првпат ова извонредно јадење го пробав кога бев на гости кај едни пријатели во Истанбул, а бидејќи јадењето беше толку вкусно, ги замолив да ми го дадат рецептот, кој сега го споделувам со вас Најубавото и најлесно турско пидеПотребни состојки
Начин на подготовкаВо млекото додадете и измешајте го квасецот и путерот, а потоа додадете го и брашното и солта. Замесете го тестото и оставете го да отстои. За половина час тоа би требало да биде готово. Во тестото додадете малку масло и кашкавал, исецкан на парчиња и потоа, оформете топка од тестото. Во средината од истото, направете мала вдлабнатина. По 20-тина минути испечете го пидето. Тоа ќе биде готово, кога ќе се вцрвени како и при подготовката на пица. Турското пиде со кашкавал е највкусно кога ќе се консумира веднаш по неговото печење, односно топло. По ваша желба, може да го сервирате со малку павлака. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки 1 тиква (долга, медена, мушкатна) 500 гр шеќер 1/2 лажичка цимет 200 гр кајмак (несолен) За декорација бадеми, лешници, фстаци, ореви... Овој прекрасен турски специјалитет за прв пат го пробав во Истанбул и од тогаш (пред 8 години) никако да го извадам од глава, а пак и никако да се решам да го направам. Еве сега му дојде редот, едноставен е, а многу вкусен. Значи страшно добра комбинација со кајмакот се создава, мора да го пробате. Мене кога ми го предложија тогаш за десерт си помислив, а бе слатко од тиква, па и со кајмак, што ли ќе излезе од ова, ама навистина интересно, особено вкусно, да не можеш да престанеш да се сладиш. Подготовка 1. Тиквата ја сечеме на кругови и ја лупиме. 2. Ја редиме во тенџере и ја посипуваме со шеќер и цимет. Го затвораме со капак. 3. Ја уклучуваме ринглата на тивко, ја вариме и внимаваме да не ни загори. 4. Доволни се околу 15-20 минути да се свари односно се вари додека да омекне. 5. Потоа малку оставете ја во шербетот, внимавајте да не ја преварите, затоа што таа се доварува и во шербетот, ама не е ништо страшно, пак е вкусна (од искуство). 6. Сервирајте ја со лажица кајмак и сечкано или дробено јаткасто овошје. Пробајте можеби ќе посакате и две лажици кајмак, ама знам дека еднаш кога ќе пробате пак ќе сакате да се навратите на овој специјалитет. Лесна е за правење, тиквата ја има преку цела зима, може кога сакате да ја направите. Забелешка Самата тиква пушта сок, малку колку што е потребно за да не загори. Затоа не се додава ништо освен шеќерот во варењето. Ако ви остане од шербетот искористете го во колачи и торти. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница 123 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |