|
Каде за викенд? |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 12.Јуни.2015 во 07:58 |
Викенд предлог: Мокрински извориМокринските извори се наоѓаат во подножјето на планината Беласица на надморска височина од 330 метри во близина на селото Мокрино. До ден денешен се пренесува легендата дека селото Мокрино името го добило по своето мокро поле и мочурливите места во својот атар, па така кога другите жители се преселиле на тоа место започнале селото да го викаат Мокрино. На изворите секоја година на 2- август се собираат жителите на Мокрино и сите околни села. Доаѓаат луѓе од цела Македонија. Се дава К*рбан, во чест на водата. Обичајот на давање К*рбан е многу стар. Не се знае од кога. Адетот никогаш не бил прекинат освен еднаш. Најверојатно се намало пари. Само неколку денови потоа водата прастанала да извира. Следната година на истиот ден Илинден мештаните пак се собрале и го направиле обичајот. На 4-ти, како божјата рака да ја одврнала славината, вода од изворот повторно потекла. Оттогаш наваму ниту една година не е пресконат датумот. Мошне е интересен нивниот спој со дрвјата - столетните стебла на чинарите (јавори) од чии корења извира вода. Од корењата на трите јавори, истекуваат 40 литри вода во секунда. Температурата на водата е секогаш иста, без оглед каква е надвор температурата. Потокот што потекува од изворот никогаш не замрзнал. Ова се должи веројатно на големата длабочина на изворот и силината на водата. Се мисли дури дека тој е поврзан со Дојранското езеро. Но, никој никогаш тоа не ги испитал. Ова е само дел од убавината која ќе ја најдете ако се упатите кон изворите: |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колешино До Колешино се стигнува преку Струмица. Ова село се наоѓа на падините, односно подножјето на живописната планина Беласица, на надморска височина од 630 м. Има околу 400 домаќинства со 1.300 жители, познати како вредни земјоделци и производители на бостан и кикиритки. Она што е посебно атрактивно се водопадите над селото. Реката Баба токму на овој дел прави неколку интересни слапови кои се вистинска атракција за сите посетители. Водата од водопадот паѓа од висина од 19 метри. Зеленило и преубава природа ќе ве пречекаат на патот кон водопадите. Околината е средена, постои можност и за излет, правење скара, има дрвени клупи и маси – вистинска можност за еднодневен излет. Ако сакате да преспиете може да се одлучите за некој од попатните мотелчиња. Изменето од evangeline - 31.Мај.2015 во 00:43 |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тиквешко езеро Тиквешкото Езеро се наоѓа на неколку километри од Кавадарци. Најголемо вештачко езеро во Македонија со 28.5km, а просечната широчина е 500m. Температурата на Тиквешкото езеро е 24 степени Целзиусови што го прави погодно во летниот период за различни видови на спортови,и за капење. Но, тоа не е единственото нешто кое може да го правите во овој крај. Тиквешкото езеро изобилува со флора и фауна, со најразлични видови на слатководни риби и птици. Најзастапени риби се: крап, сом, клен, костреш па затоа е честа дестинација на љубителите на риболовот. За европската јавност примамливи се и крупните грабливи птици кои вооедно спаѓаат во светски и европски реткости. На крабрежјето на Тиквешкото езеро се наоѓаат повеќе од 1.500 викенд куќи, а специфичнии и посебно атрактивни се оние до кои се патува со чамче. Па ако се размислувате да поминете викенд на Тиквешкото езеро, наполнете ги торбите со храна и воопшто не се двоумите, затоа што има многу што да се види и прави. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Викендов одиме во Банско повторно.
Од мало, живописно гратче Банско прерасна во главен зимски ски- центар на Балканот. Накитен со прекрасни стари дрвени куќички, со тесни калдрмени улици, мали плоштади и мноштво кафулиња, ликсузни хотели и ресторани градот во соседна Бугарија, кој е под заштита на УНЕСКО во зима дневно освојува преку 5000 туристи. Банско е град распослан на Пирин планина со цели 75 километри професионално подготвени патеки на располагање на љубителите на зимските спортови, а 25 те километри модерни лифтови удобно и брзо ги транспортираат гостите. Зимата во Банско е загарантирана, ако не падне снег, тогаш тука се 250 топови кои ќе ги покријат стазите со вештачки снег. Најбројни се гостите од Грција, Романија, Русија и Англија но последниве години поради пристапните цени расте бројот на туристи од Македонија. Близината, голф терените, спа центрите и пристапните цени се дел од причиниte што Mакедонците се повеќе зимуваат па дури и летуваат во Банско. Елитните хотели на “Бугарија Холидејс” - “Катерино спа”,” Пирин голф спа”, “Разлог” и “Бугарија” на гостите им нудат иделани услови за незаборавен одмор и рекреација. Туристите после скијање и зимски спортови, може да одмараат во луксузните спа центри со финска, турска, ирска, планинска и инфрацрвена сауна, затворени и отворени базени со термална вода, хидротерапевтна лежалка, жежок камен, ледена фонтана, топли лежалки, лакониум, ароматична парна бања, чудни тушеви,фитнес центри и уште многу други анимации. - Прекрасно е во оваа природа, чист воздух и спорт. Особено е прекрасна топлината од хотелите со базените со минерална вода и сауните, велат гостите. Последнава деценија Банско доживеа инвестициона експанзија. Најголемите инвеститори се од Русија и Англија. Никна мега ресорт центарот Пирин голф спа, кој чини 100 милиони евра. Покрај луксузните хотели, апартмани, бутици, фризерски салони и ресторани тука има три вештачки езера и најголемиот голф терен на Балканот. - Пирин голф е цел град , екстра луксузен комплекс надвор од градот. Тое е место каде што се изградени најголемите голф терени и најголемиот спа центар со минерална вода на Балканот. Со врвната услуга и вкусна храна може да го задоволи вкусот на сите гости, вели Петар Зајков менаџер на Пирин голф спа. Банско брои 9000 жители а, годишно го посетуваат преку половина милион туристи. Џез, фолклорни и театарски фестивали, пливање, јавање коњи, голф, тенис и уште многу анимации се причината што зимскиот центар има посетители преку целата година. Малото гратче на Пирин планина, кое пред две години се закити со титулата топ ски-дестинација на Балканот е познат и по добро зачуваната традиција, оригиналната култура и врвните кулинарски специјалитети. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кој сака во недела нека повели на ШАРПЛАНИНСКА КОСТЕНИЈАДА, Беловиште.
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
accipiter82
Нов член Регистриран: 29.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 23 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најголемата планина во централна Србија, со својот долг планински срт се протега 83 километри, од планинскиот регион на Митровица, кон северо-запад преку серија врвови повисоки од 1600 метри, до највисокиот дел од масивот наречен Равни Копаоник со врвовите: Gobelja (1934 m), Karman Vucak (1936 m), Suvo Rudiste (1976 m) и Pancicev Vrh (2017 m). Рекламата на агенцијата ти е избришана, следен пат прескокни го тој дел. Идивиди има ценовник за рекламирање. Поздрав, Евангелина Изменето од evangeline - 23.Октомври.2014 во 17:51 |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Викенд предлог: Дивата убавина на селото ПлетварПлетвар е прилепско планинско село на надморска височина од 990 метри, кое се наоѓа веднаш над превојот Плетвар. Тој ги разделува планините Дрен и Бабуна, а ги поврзува Пелагонија и градот Прилеп со Раец и Тиквеш. Познато е уште многу одамна како попатна станица и скривница во Првата светска војна, но денес важи за пријатна викенд дестинација, особено на прилепчани. Свежиот воздух и дивата природа се првите асоцијации кога ќе се спомне ова место. Заобиколено е со многу помали и поголеми планини и ридови каде селаните најчесто го пасат добитокот. Сепак, на некои од овие планини има и варовнички карпи за кои постои легенда дека се како сплетени, поради што и селото го добило името како „сплетен вар“ – Плетвар. Она што особено ги воодушевува туристите кои случајно или намерно поминуваат се 3-те вештачки езера кои се наоѓаат во неговата непосредна околина. Најчесто се користат за риболов и наводнување на селските ниви, но одвреме-навреме во нив може да видите и авантуристички капачи. На врвот од прилепската планина Козјак која се наоѓа зад неколку поблиски планини на Плетвар, постои традиција за искачување на празникот Дуовден. Тогаш се собираат селаните и оние кои слушнале за традицијата само за да стигнат до пештерата која се наоѓа на врвот од планината и во која се влегува на екстремно опасен начин, но со многу внимание, тоа успешно се изведува со години. Во пештерата се наоѓа камено корито со т.н. Дуова вода која има -10 степени, но за која не се гледа изворот. Сите полнат и пијат од таа вода, но нејзиното ниво никогаш не се намалува ниту зголемува. Токму затоа се смета за божја вода или Дуова вода. Најхрабрите и преспиваат во пештерата за како што е верувањето да ги избркаат лошите духови. Претходно тоа е долга и забавна вечер со многу приказни, шеги и мезе околу оган, додека не му се предадете на заморот од искачувањето и не заспиете. Она што ќе ве воодушеви, доколку тргнете на оваа авантура е утринскиот поглед на изгрејсонцето и небото кое се гледа од отворот на пештерата, а кој се чини како да лебди во облаците. Во селото нема многу куќи во кои има постојани жители, но затоа има многу викендици кои си ги изградиле сите оние кои сакаат да избегаат од градската гужва. Во Плетвар ќе забележите речиси секаков зеленчук и овошје по нивите, но и многу диви капини и сливи по патеките или покрај селските чешми. Плетвар има посебна убавина и шарм во секое годишно доба, но најубаво може да го доживеете на почеток на пролетта и кон крајот на летото. Магијата на боите кои се прелеваат, вкусовите и мирисите кои ви ги исполнуваат сите сетила ќе направат да сакате секој момент да потрае малку повеќе. Пред да фати студот и зимата, додека сè уште може да ги уловите последните сончеви зраци, тргнете овој викенд до Плетвар и уверете се во неговата дива убавина. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
BIBI_G_3
Модератор СТАРОСЕДЕЛЕЦ Регистриран: 21.Август.2013 Статус: Офлајн Поени: 2372 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вевчани
Сместено е на падините на планината Јабланица на надморска височина од 800 метри. Атарот на Вевчани се наоѓа северозападно од Охридското Езеро. Се протега во насока исток - запад, од подножјето, преку ридестиот терен, сe до сртот на планината Јабланица. Се граничи со општина Струга, а во потесен дел ја допира државната гранична линија со Албанија. До Вевчани води асфалтиран пат кој од Струга минува низ селата Враништа и Велешта. Вевчанските извори, куќата на Михајло Пупин, прекрасната околина се само дел од сето она што ви го нуди Вевчани ...појдете и уверете се сами,нема да погрешите |
|
НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Убавините на Пелистер-„Пелистерски очи“Заштитен знак на Пелистер се моликата како реликт на терциерната флора и двете леднички езера, познати како „Пелистерски Очи“! Планината Баба, со врвот Пелистер се наоѓа на јужниот дел од Република Македонија и е со алпски карактеристики. Пелистер е поставен меѓу долините на Пелагонија и Преспа. Стар е околу 465 милиони години. Пелистер е највисокиот врв на Баба Планина, а со своите 2601 метри надморска височина, претставува трет највисок планински врв во Македонија. Името на врвот Пелистер, се користи и како име за самата Баба Планина, но и како синоним за градот Битола. Постојат две легенди прврзани со името Пелистер. Едни велат дека името потекнува од грчкиот збор „peristeri” што значи гулаб, заради белосивиот камењар, кој кога го гледате од далечина заликува на гулаб. Други пак веруваат дека тоа е од петоигличниот бор – петлистер, па од таму – „Пелистер“. Пелистер стана Национален парк на 30-ти ноември 1948 година, кога е прогласен за прво заштитено природно богатство во Р.Македонија. Овој Национален парк го опфаќа врвот Пелистер и се протега на падините на Баба Планина, а од градот Битола е оддалечен 15km. Неговата површина изнесува 12.500 хектари, со надморска височина од 700 до 2.600 метри. Националниот парк Пелистер се карактеризира со поголем број врвови и повеќе возвишенија повисоки од 2000 метри, кои меѓу себе се раздвоени со длабоки долини. Од релјефните облици највпечатливи се т.н. „камени реки“.Тоа се всушност наклони на релјефот исполнети со дробински материјал, составен од блокови на гранити, долерити, габрови и кварцни шкрилци, натрупани едни врз други, без ориентација. Тие се создадени во времето кога во највисоките делови на планината имало снежна клима, со лизгање на блоковскиот материјал по подлогата, поради нејзиното наизменично замрзнување и одмрзнување. Камените реки се најизразени на северната страна на возвишението Црвена Стена и над месноста „Копанки“. На одделни места на Пелистер, камените реки сочинуваат низа долга и до 3км. Исто така, непомалку интересна појава на Пелистер се и т.н. „камени мориња“. Овие маркантни периглацијални релјефни форми настануваат со мразно раздробување на карпестата подлога, која што обично е со благ наклон, така што разорениот карпест материјал останува на самото место на создавањето. Класична појава на едно вакво море од камења може да се види на североисточната страна од врвот Пелистер, во правец на врвот Стив. Национален парк Пелистер изобилува со уникатни природни богатства и претставува дом на ретки животински и растителни видови. За флората и фауната и за моликата, како синоним за Пелистер, прочитајте ја статијата. Исто така, пелистерскиот масив е испресечен со поголем број на живописни планински реки низ кои течат бистри и ладни води. Сите тие ја сочинуваат нивната исконска дивина во декорот на планинскиот пејсаж. Тие се украс на планината и го облагородуваат пејсажот низ кого протечуваат. Пелистер има развиена хидрографска мрежа која што изобилува со бистри изворски води, водопади и планински езера. На Пелистер посебна природна привлечност имаат двете глацијални езера т.н. „Пелистерски Очи“ или познати и како „Горски Очи“. „Пелистерски Очи“ -Големото и Малото Езеро се леднички езера. Големото Езеро се наоѓа на надморска височина од 2.218 метри, долго е 233 метри, широко 162 метри, а длабоко 14.5 метри. Се протег во правец север-југ. Малото Езеро се наоѓа на надморска височина од 2.180 метри, долго е 79 метри, широко 162 метри, а длабоко 2.6 метри. Оддалечено е околу 2км од Големото Езеро, во северозападен правец. Се наоѓа во изворишната челенка на Црвена Река. Веднаш покрај Големото Езеро има и планинарски дом „Копанки“ со капацитет од 50-100 легла и прекрасни и пространи терени погодни за планинарење, алпинизам, планински велосипедизам и спортување. До езерата може да се стигне од две страни, по две одлично обележани планинарски патеки. Едната патека води од село Нижеполе од месноста Лак Поток (бараки) или ски-лифтот преку пределот Дебел Рид, а другата по која може да се движат и џипови и теренски возила започнува од хотелот „Молика“ и преку месноста Јоргов Камен, минувајќи го Малото Езеро завршува кај планинарскиот дом „Копанки“, до самото Големо Езеро. Во Големото Езеро живее малуброен ендемски вид на риби. Во летниот период во студените води на двете езера често се капат многу посетители и планинари. За љубителите на планинарење тука е „патеката по камењарот“, која започнува од хотелот „Молика“, a завршува кај Големото Езеро, така што, целата должина на стазата изнесува околу 14 км. „Патеката по камењарот“ е едукативно показна стаза, која што посетителите на Националниот парк Пелистер ги води низ еден мошне атрактивен простор исполнет со разновидни природни убавини. Оваа патека како маркантна релјефна форма се состои од огромен број на камени блокови со различен облик и големина хаотично растурени и испревртени по целата должина на овој доминантен планински гребен на Пелистер( тоа се т.н. „камени мориња“кои претходно ги спомнавме). Првата делница од „патеката на камењарот“, којашто води према планинарскиот дом „Копанки“ е стрмна и потешка за совладување, за потоа да продолжи низ рамен терен се до изворниот дел на Магарешка Река. Оттука, патеката повторно води низ стрмни предели се до месноста Горна Ливада, којашто претставува мала зарамнета тревеста површина опкружена со шума од молика. Од овде патеката постепено се искачува према врвот Пелистер (2601 м) минувајќи низ каменестите предели на возвишенијата Стив и Илинден. Од врвот Пелистер, патеката се протега низ тревни површини коишто претставуваат високопланински пасишта, при што, минувајќи покрај Малото Езеро завршува кај Големото Езеро на Пелистер, на надморска височина 2225 м, што е крајна точка на патеката. „Патеката по камењарот“ е означена е со патокази, има поставено информативни табли, а изграден е и еден видиковец и една настрешница. По неа ќе ве води водичката служба на Националниот Парк Пелистер. Со цел да се заштити Националниот Парк Пелистер како природна реткост во Македонија и за да можат овие, но и идните генерации на посетители да уживаат во неговите убавини овде постојат неколку правила и прописи. Еве неколку од нив: Секоја повреда на овие павила, согласно член 183-а од „Закон за заштита на природата“ , се санкционира со прекршочни санкции, односно со глоби во износ од 50—70 евра во денарска противвредност. Националниот парк Пелистер е отворен 24 часа, седум дена неделно,освен при непогодни временски услови. Паркот има свој Инфо Ценатар, кој работи секој ден од 9:00 – 15:00 часот, а има постојана изложбена поставка, сала за семинари и работилници, библиотека и сувенирница. Повеќе за Националниот парк Пелистер и за неговите убавини можете да прочитате овде. Затоа, за да ги видите и доживеете сите убавини на планината Баба и Пелистер, дојдете во Национален парк Пелистер! Велат, кој еднаш бил на Пелистер, сигурно ке дојде пак! Изменето од evangeline - 22.Август.2014 во 16:29 |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Интересно место -
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Викендов (односно утре и понеделник ми е викенд на мене), ќе одиме до Галичник.
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ovoj vikednd
Berovo
|
|
accipiter82
Нов член Регистриран: 29.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 23 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каде за викенд, предлог Виена:) Има се може се роѓаци
|
|
zverka_
Сениор Регистриран: 11.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6604 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
do komshii ...na troshok na firmata sekako
|
|
Јас сум 99% сигурна дека луѓето ме озборуваат,но 100% сум сигурна дека баш "ме заболи" за тоа!!!
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |