|
Надеж за заминување во странство |
Внеси реплика |
Автор | |
Barichko
Нов член Регистриран: 03.Август.2012 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 06.Август.2012 во 17:11 |
Тоа и сакам,да се запишам на студии таму. Ни пред да идам, сакам малце да го научам тоа што го сакам, Пред се сакам да научам да цртам, пошто сите ми викаат дека потребно е.
|
|
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Млад си - пробај да се запишеш на студии во Канада - тоа ти е наједноставен начин да емигрираш и да стигнеш таму каде си наумил. Имигрантите кои успеваат во своите професии тука се или (светска) класа - постари но многу мотивирани и огромно искуство, или пак мотивирани млади луѓе кои завршиле школо во Канада. За просекот нема место, тие завршуваат со разнесување весници, пици или работејќи друга работа под нивните формални квалификации.
|
|
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...е така и треба ,со ред..додека не види мака нема да си го цени ни својот ни трудот на другите.Кај нас не важи тоа правило и затоа сме на тоа дереџе....не сакам да давам примери. ...иначе јас не одам ни во Канада,таа дојде кај нас.Стварно плати пониски одколку таму,ама затоа и работата помалку..кој ги тркала.Нашле тие со нас тикви да садат. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bratuched mi dojde so diploma na mashinski inzhiner i so podebelo portfolio od proekti i CAD-CAM predavanje vo shkoli... i prvite 4 godini praveshe deliveri na pici, a dve drugi godini raboteshe bilo shto koe barem nekako odgovarashe na negovata diploma dodeka na krajot ne si go najde rabotnoto mesto soodvetno na kvalifikacijata - CadCam proektiranje.
A deka ne e toa taka samo so novodojdeni emigranti mozhe da posluzhi i primerot na Neil Diamond. Chovekov 5 godini prodavashe hot-dogs na ulicite na New York dodeka trchashe od eden do drug producent vo ovoj grad obiduvajkji se da gi zainteresira za negovite pesni... 5 godini prodavashe hot dogs, iako onoa shto go sakashe da go pravi beshe komponiranje i peenje pesni... i toa ne bilo kakvi pesni, tuku svetski hitovi. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу си во право Messenger
За овие работи најубаво се дебатира преку одредени примери,а фала Богу ги има многу
во нашето поднебје.
Нашите желби и брановите низ кои животот не води не секогаш се усогласени.
Убаво е нешто да се сака,а уште поубаво е да истото се исполни.Но за тоа треба
мноугу макотрпност откажувања,и спремност за големи разочарувања.
Или би му дошло сонувај,но држи ги широко отворени очите...
Конкретно од оваа струка мој колега отиде во Канада,со одлично портфолио,
и искуство на дизајнер кому многумина може да му подзавидат.
Но Канада не го пречека со раширени раце.Знам дека две години работеше
нешто сосема трето...Да сега е влезен во системот работејќи сосема
друга дејност,а дизајнот му е стара љубов...
Инаку Barichko,сето тоа не го кажав буквално околу висењето на глава...
За да некој седне и те упати во било што,подифолт оти ти сакаш да научиш...Не оди
Ехеееееееее колку пати кола кршев одејќи по риба,кафанчиња за
да ги примам првите искрени совети(никако со таа намера).Сакам да речам
најважно е искреното приоѓање во коминукација со колегите,а не остварувањето
на личните амбиции
Тргни од најелементарната работа...Она ти се свиѓа,ама ти неа не
И шта сад
За се си треба труд и трпение,а најважно од све човечност...
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ne znam kako odat sega rabotite so apliciranje za studentska viza vo Kanada, pa ne mozham da ti dadam nekakvi upatstva vo vrska so toa. No znam deka kje ti trebaat pari za patuvanje, shkolarina, kirija, ishrana, oblekuvanje... ako voopshto te primat na nekoj fakultet veruvam deka Kanadskite emigracijski sluzhbi kje ti baraat garancii so pari vo banka ili od nekoj tvoj rodnina vo Kanada (dokolku go imash). I ako otidesh tamu... i ako se zapishesh na fakultet... povtorno kje mora da barash volonterska (ili minimalno platena) rabota dodeka studirash i kje bidesh presrekjen ako voopshto ja najdesh vo najshirokiot smisol na zborot od aspekt na onoa shto ti bi sakal da rabotish. Treba da razberesh deka vo zapadnive zemji najbitno e da piknesh nekade noga... bilo kade... oti toa kje ti dade shansa da se zapoznavash so lugje preku koi mozhebi kje ti se ukazhe mozhnost (kje slushnesh informacija za nekoe interno vrabotuvanje, za eventualen konkurs od trteta strana, privremeno vrabotuvanje, vrabotuvanje po potreba - frelens...) da aplicirash onamu kade bi sakal da rabotish. Nemoj da mislish deka vo zapadnite zemji denes e mnogu poinaku od Makedonija. Imaj na um deka i tamu uchat mladi lugje kako tebe, lugje koi se rodeni vo tie zemji, koi perfektno go poznavaat jazikot, koi imaat prijateli i poznati po biznisite, koi imaat diplomi od nivni akreditirani shkoli, koi vekje volontirale ili rabotele kako frilens... Ne sakam da razberesh oti ne bi imal shansi za rabota, tuku sakam da ti svrtam vnimanie da ne ochekuvash neshto mnogu porazlichno od onoa shto go dozhivuvash vo Makedonija. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Извини сега, морам да потенцирам некои работи ... Нема да ти висат ни во позитивна ни во негативна смисла на глава. Ако ме разбираш што сакам да кажам... Никој нема да ти помогне, затоа што никој нема да ти го даде занаетот туку така, никој нема да ти го даде пријателот туку така и никој нема да ти помогне без да има корист. Ете денес овие правила важат. Така да, не очекувај дека некој ќе те седне и целото знаење ќе ти го пренесе туку така. На интернет има многу туторијали, не чекај од некого тоа што можеш да го научиш и сам. Не во Канада, не во Америка, абе кај сакаш оди.. никогаш нема да те научат СЕ што ти треба од струката. Од форуми има чаре, ако си сунгер да впиеш се што ќе ти кажат (ова малку тешко) .. форумот е сепак на нет, има ИТ форуми, имаш специјализирани за дизајн...оди и учи. Мајстор не се станува преку ноќ. Веќе еве и Месинџер ти кажа нешто слично на моето .. Сакаш работно искуство? - Работи за без пари. Многу е едноставно. И тоа определување дека само 3Д сакаш да работиш кога знаеш и други работи ти дава само еден голем минус. Сакаш работа, ќе ти понудат графички дизајн а ќе речеш .. НЕ сакам 3Д. Епа нема и јаре и паре.. нешто ќе жртвуваш. За иселувањето во Канада... Провери дали е дефицитарна професија, дали воопшто примаат апликации со таква работа? Знаеш француски? Мислам дека не е задолжително ама и те како ќе ти помогне понатаму. Спремен си цела година да волонтираш некаде за ич пари? Или за некој минималец? И да плаќаш за курс, сместување и јадење? Имаш само 24 години ... кога би ја завршил постапката може и 26... P.S.... Научи дека Канада се пишува со голема буква, исто како Македонија. Елементарен критериум за апликација ти е тоа ..
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Barichko
Нов член Регистриран: 03.Август.2012 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фала дечки, но знаев дека ќе ме разберете погрешно. Јас во никој случај не сакам да ми висат на глава и да ми кажуваат ова прави тоа прави, но барем некоја помош да дадат е супер. Јас кога бев во фх3х со уште 5 деца, и све што праевме беше тие што бевме на пракса, ниту еден од вработените кога прашував немаше намера да помогне.
Јбг тоа ме интересира, неможам нипто др да праам што не ме интересира. Барем во Канада, ќе идам во едно годишен курс, каде што ќе научам. Од форуми нема чаре, вика барај на нет. И не планирам да се откажам од канада. знам луѓе пто одат а немаат саглам у тоа тикавата, зошто не и јас. Мене само ми треба работно искуство. |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во Канада прво ќе го прашаат дали има канадско работно искуство.
И што ќе им каже ??? Затоа, како што убаво објасни Сантијаго, луѓето уште во текот на студирањето волонтираат во разни бизниси, корпорации и организации, за да можат подоцна, кога ќе завршат со учењето, веќе да имаат некакво работно искуство по струката и да можат да покажат што сториле до тогаш. Патем на тој начин се запознаваат со работата и ги запознаваат луѓето во бизнисот, како што и нив ќе ги запознаат нивните идни потенцијални работодавачи. Па дури и тогаш, пред вработувањето најчесто се оди на волонтирање и хонорарно работење и така се достига некакво одредено работно искуство кое потоа претставува асет за аплицирање на редовно вработување. Оноа "јас завршив школо и сега сакам да се вработам онаму каде што најмногу сакам" одамна не постои во светов. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е другарче лоша струка си одбрал...Онака од искуство.
Дека ти верувам е фактот што многу добро знам како одат работите,
а си ги опишал онака како што се барем во prepress дизајнот.
Не верувај дека каде и да отидеш ќе те седнат на столче и ќе
трчаат околу тебе да те научат.
Имаш еден куп туторијали,ќе треба да вложиш многу време.И
не се плаши да прифаќаш работа,сигурно имаш некој и кој
ќе ти помогне ако некаде заглавиш.Посетувај форуми од таа област и
многу повеќе ќе научиш околу финалната припрема за печатење (марго,цајтни,бушени текстови...итн) Истото важи и за 3D анимациите,каде пак уште потешко е да завлезеш
поради фактот што има само четири пет луѓе во државава што си ја делат работата.
И дека ќе те седнат и да ти го дадат нивниот леб не верувам...За жал.
Неколку месеци наназад и јас ги пратам огласите и тапа е барем според моето искуство
и работата што ја барам.Пред и се оти веќе клиентите во голем број си носат среден prepress.Во своите рекламни тимови си имаат и деца кои чепкаат илустратор,ин дизајн фотошоп.И потешко е да лоцираш такви работни места кои и пред да бидат огласени
всушност се пополнети.
Еве ти еден оглас,на кој и јас се имав јавено пред некој месец но не ми одговараше...По твоите критериуми види си може ќе ти се посреќи...Нека не те плаши што воедно и оператор
на печатар се бара.Оти влегувајќи во дизајнерските води јас си исковав и офсет печат занат.
Кој што сега поради сите случувања со дизајнот и ми е приоритетен всушност.
Е во делот за заминување,некој добронамерен иселеник најубаво да каже.
Оти ако моето искуство ти го кажам како и мене и ти ќе се откажеш од одење во Канада.
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фино лепо земи си потврди/препораки дека си одел на пракса таму, ваму онаму и аплицирај за секое слободно место што ќе излезе на najdirabota.com.mk и на vrabotuvanje.com
Нормално е дека кога вработуваат некого очекуваат да има некакво работно искуство, за тоа постои волонтирањето и праксата. Тоа што сакаш да го работиш тешко дека ќе го работиш во Македонија, а уште потешко надвор. Денес ретко кој работи она што сака, сите работат она за кое има слободно место. Работи како фриленсер, има сајтови преку кои можеш да најдеш работа, всушност девојка ми порано работеше баш така (графички и веб дизајн) , на тој начин ќе можеш да ги покажеш проектите на кои си работел. Во графичкиот, веб дизајнот, 3Д и слично не е толку важно колку години работно искуство имаш, туку што се си изработил. Би требало да го знаеш ова до сега. Направи си портфолио, покрај стандардното CV и со среќа. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Barichko
Нов член Регистриран: 03.Август.2012 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Здраво, имам 24 години, имам завршено курсеви по графички дизајн, 3д анимација и што уште не. Мојот проблем е што неможам да најдам работа или пракса. Се што бараат е да имам 2-3 години работно искуство, без тоа мало морген.
Веќе преку такво ми е, каде и да идам на пракса, да работам како некој што работи за плата, а јас за ништо, уште згора на се, се ебаваат со мене. Нема ни атмосфера, се лопови. Струката што сакам да ја работам е 3Д анимација, но нема кај нас ништо такво, освен фх3х, бев кај нив, си змаинав после 4 месеци, по мизерни луѓе нема. Сакам да успеам во животот и да имам асална кариера. Но тоа значи да си идам од тука, веќе неможам да издржам, знам дек анадвор не е бело, но барем да се обидам, ако биде нешто, не планирам да се враќам. Сакам да идам во канада, да студирам ова што сакам да го работам, но пред да идам сакам да имам барем некое познавање, но како? |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |