|
Панкот не е мртов |
Внеси реплика |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 25.Јануари.2012 во 02:36 |
Го гледав преди еден месец филмот.Ви го препорачувам.
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рецензија: „Панкот не е мртов“„Панкот не е мртов“ е еден од најлошите македонски филмови, што ги имам гледано во последните неколку години. Не знам зошто упорно мораме да се давиме во бедотија, стереотипи и безизлезност. Во продолжение ќе пишувам за моето лично доживување на филмот со „спојлери“, па ако не сте го гледале, подобро не читајте понатаму. ПриказнатаБагра од пропаднати панкери, што очајно се борат со животот, има можност да свири во Дебар. Панкерите пола филм се натегаат дали да ја прифатат свирката и се собираат од по Балканот, за да го реоформат бендот. Во останатиот дел од филмот се случува свирката, неколку инциденти и тоа е тоа. Низ целиот филм се испреплетени, би рекол, плитки обиди за доловување на македонското современие, животот на македонските панкери, животот во мултиетничкото општество, насилството кај Албанците и Комитите итн. Стереотипи колку сакаш: Албанците се насилни; панкерите се „џанаци“, вулгарни и сиромашни; Македонците се плашат да се движат низ деловите во Скопје со доминантно албанско население; територијата што е населена од Албанци е небезбедна; Албанците прават матни зделки итн. „Кур“, „п**ка“ и „педерче“ се најчестите зборови во филмот. Ако се земе предвид дека филмот ќе го гледа релативно млада публика, можете само да замислите колку негативно влијание тој ќе има на нивниот речник. Најголем дел од смешките во филмот се излитени, наметливи и веќе чуени. За изведбата на актерската екипа не сакам ни да почнувам да пишувам... Мижи да ти баамИмаше делови во филмот кога ми идеше да си станам и да си заминам. На пример: албански вооружени насилници што оперираат во околината на Дебар, се разнежнуваат на жаба; бендот јаде стравотен ќотек од Комитите, задржувајќи се повеќе од потребното заради истата жаба; погреб на жаба; филмот завршува со дискусија во врска со тоа дали и кој сè уште „си го дрка“. Слободата на камератаНастрана од сите глупости, „Панкот не е мртов“ има ефективна камера, што во некои сцени успешно ја отсликува тензијата, радоста, страста, стравот итн. Но, такви сцени нема премногу. Заклучок„Панкот не е мртов“ појдов да го гледам без никакви очекувања. Не ми се допадна. Патем, оценката од 8,5, на Internet Movie Database (IMDB) (во моментот додека го пишував текстов), нема никаква врска со реалноста. Изменето од mungos80 - 25.Јануари.2012 во 00:11 |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |