IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Модни и козметички вести, совети,сугестии,идеи...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Модни и козметички вести, совети,сугестии,идеи...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Модни и козметички вести, совети,сугестии,идеи...
    Испратена: 10.Март.2016 во 21:57

БРЗИ И ЕФИКАСНИ ТРИКОВИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПОДОЧНИЦИТЕ!

13

Подочниците се создаваат заради умор, задржување на течности во телото, стрес, а кај некои луѓе во прашање е генетиката. За среќа, постојат неколку брзи (и ефтини) трикови кои ќе ви помогнат да се ослободите од нив и да изгледате подобро.

1. Изладете компир во фрижидер, исечете го на парчиња, измијте го добро и ставете преку затворени очи. Држете го 10-15 минути, а потоа измијте се и исчистете го лицето со тоник.

2. Стариот добар трик со краставицата навистина е делотворен. Пресечете 2 парчиња и одморете десетина минути со краставици на очите, а потоа измијте го лицето.

3. Ставете 2 лажици во замрзнувач на пет минути, а потоа нежно наслонете ги на очите на неколку минути.

4. Употребуваните вреќички од чај од камилица или зелен чај, зачувајте ги и изладете ги во фрижидер. Наутро ставете на вреќичките капки и ставете ги на очите за да ја изработат својата работа. После 10 минути измијте го подрачјето и исчистете го лицето.

По овие постапки, нанесете хранлив крем за подрачјето околу очите за третманот да биде целосен.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2016 во 21:50

25 ЕВТИНИ ТРИКОВИ ЗА УБАВИНА

Beauty

Знаеме дека жените се спремни на многу нешта кога станува збор за нивната убавина. За пофалба е фактот кој укажува на тоа дека иако постојат многу хемиски препарати за разубавување, сепак многу жени ги преферираат оние природните , домашно направени продукти.

Погледнете ја оваа листа на кратки и евтини совети за одржување на вашата убавина:

1. Крукчиња краставички за освежување на очите.

2. Два литри вода дневно.

3. Паста за заби на акни.

4. Ладни, влажни кесички чај на уморни очи.

5. Спиење во чорапи откако сте нанеле хидратантна крема за меки стапала.

6. Бричење на нозете со регенератор за коса.

7. Лимонов сок за посветли прамени.

8. Паста за заби врз убод од инсект.

9. Чување на лакот за нокти во фрижидер за да не се згусне.

10. Сода бикарбона за избелување на заби.

11. Завршно миење на косата со малку оцет за сјај.

12. Прскање на четката за коса со парфем.

13. Ладни лажички врз отечени очи.

14. Мед како маска за лице.

15. Супер лепило за скршен нокт.

16. Парење на лице над лонец со врела вода.

17. Загревање на виткачот за трепки пред употреба.

18. Спиење на грб за да не се брчка лицето.

19. Плакнење на косата со пиво.

20. Топли витлери за виткана коса.

21. Лимонов сок за избелување нокти.

22. Жолчка од јајце како маска за коса.

23. Масажа на лице со коцка мраз за смалување на брчки и намалување на умор.

24. Масло од кокос за одржување на бојата на коса.

25. Кафето како пилинг за тело во борба со целулитот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2016 во 21:49

КАКО ДА ГО СПРЕЧИТЕ ПОЈАВУВАЊЕТО НА БРЧКИТЕ

11

Американците ќе се обидат на сите начини, колку што е можно повеќе,  нивната кожа да изгледа како да нема брчки.

Постои лепеза од препарати за лице што се користат, меѓу другите вклучувајќи и уникатни состојки, ласери, пчелен отров, па дури и сопствената крв. Освен овие третмани, постојат и скапи козметички креми, ботокс, па дури шлаканици на лицето.

Но, вие не мора да трошите огромни пари за да го спречите појавувањето на брчките.

Микаеле Промалико, уредничката за убавина во „Yahoo“ објави неколку совети преку кои можеме да дознаеме и да се информираме како да ги спречиме брчките бесплатно. Таа вели дека повеќето брчки се предизвикани од распаѓањето на колагенот и еластинот, додавајќи: „Најголемие виновници се, очигледно, пушењето и сонцето.“

Микеле ги нуди следниве седум лесни совети за спречување на брчките:

1. Избегнувајте пиење преку сламка. „Кога ги движите усните додека пиете преку сламка, само придонесувате да се појават оние мали линии околу усните. А тие не се симпатични,“ вели таа.

2. Ограничете го честото џвакање мастики. Повторувачките движења при џвакањето, обично повеќе на едната страна од устата, може да предизвика брчките да бидат понагласени на таа страна од лицето.

3. Секогаш носете очила за сонце, дури и кога е облачно. „Секогаш зажмирувате кога сте изложени на силна светлина. А тоа ќе предизвика фини линии околу очите“, истакна таа.

4. Обидете се да не ја растегнувате кожата при ставање или отстранување на шминката. „Само обидете се да бидете нежни со вашата кожа“, додаде таа. „Исто така, имаме тенденција да ги кренеме веѓите и да ја отвориме устата и да ги правиме сите тие смешни гримаси. Обидете се да не го правите тоа.“

5. Ограничете го консумирањето на рафиниран шеќер. „Рафинираниот шеќер воопшто не е добар. Придонесува за распаѓање на клетките“, вели таа, додавајќи дека тоа предизвикува воспаление.

6. Бидете свесни за тоа колку многу гледате надолу во вашите мобилни уреди. „Може да користите праќање гласовни пораки, држејќи го телефонот нагоре, без да гледате надолу“, вели таа.

7. Обидете се да не спиете настрана. „Кога спиете настрана, предизвикувате брчки на лицето, но, исто така, предизвикувате и раздвојување на истите“, изјави. Таа советува луѓето да спијат на грб и да користат свилени навлаки за перниците.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2016 во 21:49

СПРЕЧЕТЕ ГО ОПАЃАЊЕТО НА КОСАТА СО КОПРИВА

17

Копривата е една од најдобрите и најделотворните лековити билки. Целото растение е лековито, така што се користи и коренот, и листовите и семето.

Копривата е богата со разни корисни состојки, калциум, фосфор, железо, витамин Ц, А, Б2 и К, каротин, пантотенска киселина и др. Копривата е најпозната како средство за прочистување на крвта и зголемување на бројот на црвените крвни зрнца. Во народната медицина се користи и за други цели како регулирање на нивото на шеќер во крвта, против заболувања на јетрата, слезинката и жолчката, против грчеви и чиреви на желудникот, за белодробни заболувања, за лечење на болести предизвикани од вирузи и бактерии и т.н.

Копривата одлично делува на косата, го спречува нејзиното опаѓање и го поттикнува растот. Тинктурата од коприва посебно благотворно делува на секој тип на коса. Ако ја миете косата со чај од коприва, таа ќе биде убава и бујна, ќе го спречите паѓањето и прекумерното мрсење. 4 до 5 раце свежа или сува коприва се преливаат со 5 литра вода и се варат на тивок оган додека водата не зоврие. Се остава да стои 5 минути и потоа се користи за миење на косата. Ако се користи корен од коприва, една полна рака се остава да отстои во ладна вода преку ноќта, и наредниот ден се загрева на тивок оган додека водата не зоврие. Потоа се остава да отстои десетина минути, па се мие косата. Користете благ и квалитетен шампон и на крај убаво измијте ја косата со чајот од коприва. Исто така, одличен лек против опаѓање на косата ќе добиете и ако копривата ја смешате со жалфија и чичков корен. 25 г. коприва, 25 г. жалфија, 25 г. чичков корен се прелеваат со 3 литра вода и се варат додека водата не зоврие. Се остава да се излади, се прецедува и потоа се мие косата.

Можеби најпознатиот лек од коприва против опаѓање на косата е тинктурата од коприва и алкохол, која навистина дава одлични резултати. Се подготвува едноставно: 100 грама корен од коприва убаво се мие и се става да отстои во 1 литар ракија или 70% алкохол 8 дена. Шишето ставете го на сонце. После тоа се прецедува во друго чисто шише се додаваат неколку капки рицинусово масло. Масирајте го коренот на косата секој втор ден.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2014 во 11:23

4 совети за парфемот да трае подолго


Парфемот ќе трае подолго ако се нанесува на т.н. пулсирачки точки: зглобовите, зад ушите, на дното од грлото, од внатрешната страна на лактите...

4-soveti-parfemot-da-trae-podolgo

Еве уште неколку совети за подолго да мирисате на својот омилен парфем.

1. Држењето на парфемот подалеку од извор на светлина помага парфемот да ги задржи хемиските својства непроменети, бидејќи светлината може да го промени составот на парфемот што доведува и до промена на мирисот.

2. Нанесете го парфемот директно на кожата ако сакате неговиот мирис да трае подолго. Нанесете го парфемот на „жешките“ точки, односно на точките на телото на кои можете да го почувствувате пулсот.

3. Многумина откако ќе стават парфем на надлактицата ги тријат рацете. Ова не помага парфемот да остане постојан, напротив, така се „кршат“ молекулите на парфемот и се уништува вистинската срж на мирисот.

4. Намачкајте малку вазелин или маслиново масло на пулсирачките точки каде што планирате да нанесете парфем. Ова е одличен начин мирисот подолго време да го задржите на своето тело.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2014 во 22:37
111

Лоши навики поради кои изгледате постаро


Сите сакаме да бидеме здрави и да изгледаме убаво и младолико. Но постојат одредени навики кои често ги применуваме и не размислуваме како ни штети на нашата кожа. Применете ги овие неколку правила и подмладете се.

Пиете ли од сламка – Пиете ли често напитоци со сламка? Тоа може да придонесе правење на бори. Кожата околу усната се напрега, па обите од двете страни на устата се продлабочуваат.

Претерано чистење на лицето – Чистата кожа е убава, но пречестото миење не е ефикасно против стареење. Водата и агресивните состојки во некои производи кои ги користите можат да го спечат или намалат вашето природно масло кое ја одржува кожата хидрантна. Доколку имате сува кожа, измијте го лицето само еднаш и тоа навечер, а потоа нанесете ноќна крема. Доколку имате масна или мешовита кожа, измијте се наутро и навечер, а при тоа користите благо средство за чистење.

Главата горе – Колку често на работната маса седите со брадата наслонета на рацете? Ако тоа зачестило, болката во грбот и вратот не е единствената причина да почнете да седите исправено. Толку силно истегнување на вратот, ќе ја растегне кожата и ќе направи бори.

Нередовно или воопшто не вежбате – Вежбањето го подобрува дотокот на крвта во кожата и така таа станува поубава и поздрава. Американските експерти препорачуваат минимално 30 минутно вежбање против умерениот интензитет најмалку 5 дена во неделата, или 25 минути интензивнин аеробик вежби најмалку три пати неделни.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2014 во 22:32
1

Сокријте го целулитот: Четири начини за успешно прикривање на овој женски непријател!


Не мора целулитот секогаш да победи. Постојат дури четири начини како овој женски непријател успешно да го покриете. Пробајте барем еден.

Секоја жена мака мачи со целулитот на нозете и газот. Обично премногу доцна ќе се сетиме дека треба нешто да направиме со таа “кора од портокал“, а тогаш е веќе се изгубено и целулитот не победува. Меѓутоа, тоа не е причина да облекуваме само панталони и долга сукња.

Нашиот предлог е да пробате еден од овие четири начини со кои можете да го покриете целулитот на нозете и газот.

Потемен тен

Во текот на летните месеци, особено после годишниот одмор кожата изгледа свежа и мека но причината не е само морето и лосионот туку и потемниот пигмент на кожата ги покрива сите неправилности. Доколку планирате за некоја свечена прилика да го облечете омилениот фустан, веднаш почнете да користите крема за самопотемнување или размислете за третмани.

Мидер

Мидер за обликување на телото е во моментот многу популарен, а различните модели се прилагодени за секаков вид на облека. Мидерите во облик на кратки панталони кои се користат под гламурозните фустани ги носат и популарните лепотици како Кејти Холмс, Сара Џесика Паркер и Ева Лонгорија.

Хулахопки

Хулахопките во боја на кожа се вратија во мода, а овој практичен детаљ покрај тоа што ги покрива неправилностите, го обликува и телото. Изберете нијанса која е слична на вашиот тен и избегнувајте висок сјај. Доколку планирате да облечете кратка сукња изберете хулахопки кои немаат задебелување односно “гаќи“.

Нега на кожата

Дехидрираната кожа станува сува и ја губи еластичноста, а правилната нега може да направи чудо. Подгответе ја својата кожа така што еднаш до два пати неделно направете пилинг на целото тело. После тоа кожата нахранете ја со крем или лосион за тело и најдобро би било да го нанесувате секој ден.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2014 во 22:31
3

Продолжете ја трајноста на маскарата и тушот за очи


Квалитетните маскари не се ефтини, па затоа многу жени користат дури и кога им истече рокот на траење. За да спречите иритација на очите, обавезно придржувајте се до рокот на траење на сите козметички производи, а многу внимание обратете на маскарата. Бидејки во иднина е погодно тло за размножување на бактерии, маскарата е важно да ја менувате секои четири месеци. Нема различни правила исто и за тушот за очи.

Ако маскарата ја користите секој ден и почне да суши и пред четири месеци, трајноста можете да ја продолжите со едноставен трик. Се што ви е потребно се капки за очи. Кога ќе приметите дека маскарата почнала да се суши, во шишенцето маскара капнете три до четири капки. Сипајте ги капките така што не го допирате грлото на маскарата. Маскарата протресете ја и спремна е за употреба.

Истиот начин можете да го употребите и за тушот за очи. Бо шишенцето додајте една до две капки за исушениот туш биде повторно употреблив.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2014 во 22:30
08

Враснатите влакна можете да ги отстраните во неколку чекори


Често поради бричење или депилација на кожата имаме неугледни розевкасти или црвени красти, а тоа се случува кога влакната при депилација се прекинати во своите фоликули и затоа почнуваат да растат назад во кожата. Грозните израснати влакна можно е да се решат во неколку чекори.

1. Пилинг – Ако имате сува кожа, нежно одстранете ги мртвите станици со ракавици за пилинг. Исперете ги со туш и така кожата повторно ќе стане мека поради топлината на водата и влагата. Многу едноставно можете да го сложите пилингот дома. Во 2 децилитра стаклена чаша сипете една лажица маслиново масло и кососово масло. Добро исмешајте ги и нанесете ја течнопста на кожата.

2. Пинцета –  Додека е кожата сеуште мека, веднаш по туширање прегледајте ги нозете во бикини зоната. Доколку пронајдете по некое израснато влакно, полека извлечете го со пинцета, но немојте да го чупате бидејки повторно ке рискирате со рана. Секако пробајте да не правите мали дупки околу влакното, затоа што времето на зарастување ќе се продолжи.

3. Крема за акни – Состојките на многу креми за акни се идеални за мачкање на оштетена кожа која е предизвикана од израснати влакна. Главната причина за овој чекор е што таквата крема ја намалува опекотината која настанува кај израснати влакна. Бирајте крема која има салична киселина или бензол пероксид. Намачкајте два пати во денот неколку дена и влакната би требале да израснат на површина.

4. Влажнете ја кожата – Земете лосион за тело кој содржи алфа хидроскидна киселина (доаѓа од овошните шеќери и млекото) и обилно мачкајте. Така ќе избегнете натрупување на мртви станици па влакната ќе избиваат полесно на површината.

5. Направете пауза со бричењето – НАјлесниот чекор е едноставно да не ги бричите нозете и бикини зоната неколку дена, односно не превземајте ништо. Во тие неколку дена отоците и иритацијата ќе спласне. Кога ќе се бричите следниот пат, најважно е да користите нов жилет.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2014 во 22:29
10

Како до негувани и привлечни стапала?


Нема ништо понепривлечно од запуштени стапала. Особено кога сега доаѓа време за отворени чевли, многу е важно стапалата да сјаат како што е се останато. Ова се едноставни чекори кои ќе ви помогнат секогаш да бидат средени.

Пилинг – Кожата на петите може многу брзо да стане груба, поради типот на кожата, поради високите потпетици кои често ги носите. Мртвите ќелии одстранете ги со турпија за стапала и тоа правете го редовно како би ги одржувале нежни. Можете повремено да користите и пилинг наенет за кожата на стапалата.

Хидрирајте и нахранете ги стапалата – Што повеќе ги храните, толку помалку ќе морате да ги турпијате. Два пати во денот користете крема за нега на стапалата, а ако за тоа немате време, намачкајте ги нозете пред спиење.

Дезодоранс – Пределот под пазувите не е единствено место на кое му треба освежување. Ова е важно ако  ви се потат стапалата во текот на денот. Изберете спреј или пудра како би го спречиле правењето на непријатни мириси.

Убави нокти – Правилото е ноктите на нозете да ги третирате како и оние на рацете, секогаш треба да се средени. Обезбедете си на себе одговарачки прибор за нега на ноктите и внимавајте да не се појават пораснати нокти или гљивици каде не се работи само за естетиката туку и здравјето.

Прескокнете ги штиклите – Понекогаш на своите стапала треба да им дозволите задоволство и немојте да облекуате штикли. Пуштете го стапалото да дише во рамни чевли или патики. Така ќе го спречите настанување на плускавци.



Изменето од Valerija - 14.Јуни.2014 во 22:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2014 во 08:14

Мејкап-трикови: Како да нанесете розова сенка?


Изгледа дека во последно време сè е во знакот на розовата боја, па дури и шминката. Блоговите станаа главно одредиште при барање инспирација, како за облека така и за шминка. Мора да признаеме дека некои блогерки се вистински стручњаци во екпериментирањето со шминка, а една од нив е и Кеико Лин. 

makeup2

Во еден од своите последни мејкап-туторијали таа се фокусира на розовата боја и креира изглед што вреди да се проба во некое од следните излегувања. Она што ви е потребно за реконструкција е црвена и розова сенка и туш за очи во слична нијанса.

Трикот на Кеико што ни се допадна е користење лепливи ленти при нанесувањето туш на очите, кој би можел да нè поштеди од многу мака. Следете ги деталните чекори што блогерката ги сподели на својот блог, сигурни сме дека со испробувањето на овој впечатлив мејкап нема да имате никаков проблем.

makeup1

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2014 во 08:13

15 неопростливи грешки на една дама



Веруваме дека во секоја ситуација сакате да оставите впечаток на убаво средена и негувана дама. Прочитајте ги советите и не дозволувајте да направите банални грешки при шминкање или при нега на телото. 


ЦРВЕНА КОСА, ЦРНИ ВЕЃИ

 Ако сакате црвена коса, која е најтешка за одржување, тогаш мора да ги бојадисате и веѓите во истата нијанса. Ако не го направите тоа, автоматски си додавате барем 10 години, а воедно ќе изгледате неуредно и запуштено.

Внимание: црвената коса бара порцелански тен и светли очи.

ТЕМНО ЛИЦЕ, СВЕТЛО ТЕЛО

Ако веќе сакате да ставите потемна пудра, не прескокнувајте ги вратот и деколтето. Многу лошо изгледа кога лицето ви е темно, а вратот бел.

Внимание: главата и телото се целина, никогаш не ги гледајте одвоено!

КОРЕКТОР ПОСВЕТОЛ ЗА ТРИ НИЈАНСИ   

Со претерано светол коректор не само што нема да ги сокриете подочниците, туку и ќе ги истакнете. Притоа ќе изгледате неприродно.

Внимание: коректорот треба да биде во боја на вашата кожа или за нијанса потемен.

ПРЕДОЛГИ НОКТИ

Многу долги нокти се одлика на лош стил, бидејќи колку и да се негувани, ќе изгледаат невкусно. Уште ако ги налакирате со појак лак, ќе изгледаат евтино.

Внимание: не се дозволени до корен изгрицкани нокти и несредени кутикули.

ОГРОМНА СИЛИКОНСКА УСТА 

Се повеќе девојки се со огромни усни. Поради тоа сите тие изгледаат исто, а императив на добриот стил е индивидуалноста. Со така неумерено надувани усни ќе личите на карикатура, и тоа неуспешна.

Внимание: ако имате такви усни, со ништо не можете да го поправите впечатокот.

ПРЕТЕНКИ ВЕЃИ 

Соголената аркада и тенките веѓи во форма на полумесечина прават да изгледате постаро и вештачки. Не смеете да си дозволите да личите на глумица од јапонски театар.

Внимание: исто така не треба да ги запуштите.

БЛАНШИРАНА КОСА

Неприродно бела и од бланш исушена коса е директна асоцијација на порно-индустрија. А колку што е косата подолга, толку е пострашен впечатокот. Императив на добриот стил е здрава и негувана коса.

Внимание: особено дегутантна е комбинацијата на таква коса и на кварцан тен.


ИСПРЖЕНИ ВО СОЛАРИУМ 

Од умерената употреба на солариум тенот ги губи сјајот и свежината и добива неприродна маслинесто-сива нијанса.

Внимание: кожата испржена од солариум уште полошо изгледа со шминка.

ИЗРАСТОК ПОГОЛЕМ ОД ЕДЕН САНТИМЕТАР

Ако веќе решивте целосно да ја смените бојата, тогаш морате да ја бојадисувате редовно. Впечатливиот израсток изгледа неуредно, а жената што си дозволува да го има остава впечаток на запуштена личност.

Внимание: мајката природа ретко греши, па поубаво и полесно е да ја бојадисувате во боја слична на вашата природна.

ПРЕМНОГУ МАСКАРА

Со претерано количество маскара дефинитивно ќе изгледате како бубашваба. сосема доволен е еден слој, а за навечер евентуално два за убаво да ги истакнете очите. На тој начин ќе го избегнете ризикот да ви се појават грутки на трепките.

Внимание: речиси сите современи маскари се квалитетни и имаат добри четкички.

ИЗЕДЕН КАРМИН

Ако користите кармин во интензивна боја, редовно поправајте го. „Изедениот“ кармин на усните и темните рабови што останале изгледаат исклучително неуредно.

Внимание: не е според бонтон да го поправате карминот на јавно место, морате тоа да го правите во тоалетот.

МИРИС НА ТЕЛОТО

Не смеете да си дозволите на јавно место да мирисате на пот, чад од цигари или на мирис од кујна. Пред да излезете од дома, задолжително истуширајте се.

Внимание: сапунот, водата и дезодорансот се закон!

ПОДРАСНАТИ НАДУСНИЦИ

Недепилирани надусници, особено ако се и потемни, апсолутно не се дозволени. А кога преку нив ќе ставите и пудра, ќе ја направите најголемата грешка на вашето лице.

Внимание: лентите за депилирање не се скапи.

АКЦЕНТ И НА ОЧИ И НА УСНИ 

Истовремено нагласување на очите и на усните изгледа невкусно. Евентуално можете да изведете нешто такво за Нова година, и тоа ако сте екстравагантни. Ретки се жените што знаат да носат тешка шминка.

Внимание: на младо лице јаката шминка изгледа комично.



Изменето од Valerija - 27.Мај.2014 во 08:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2014 во 08:11

Пет најчести грешки при користење пегла за коса


Пеглата за коса стана неизоставен „алат“ за обликување на фризурата. Едноставна е за употреба и ви овозможува за кратко време да го постигнете саканиот изглед. Иако изгледа совршена, пеглата за коса има еден голем недостаток – ѝ штети на косата. За да го ублажите нејзиното штетно десјтво, ви откриваме пет најчести грешки што не треба да ги правите. 

pegla za kosu

Пеглате мокра коса 
На косата најмногу ѝ штети кога ја пеглате мокра. Задолжително исушете ја добро пред ја почнете да ја пеглате.

Пеглате со висока температура  – Косата не е препорачливо да ја преглате со висока, но ни со слаба температура бидејќи во тој случај ќе морате повеќе пати да го испеглате истиот прамен што ѝ штети исто како преголемата температура.

Го пеглате коренот 
Мнгоу жени немаат никаква потреба да ја пеглаат косата во коренот, но сепак го прават тоа. Ако косата на коренот ви е права, не ја оштетувајте без потреба.

Не ја заштитувате косата 
Пред пеглањето, на косата нанесете производ за заштита од топлина. Незаштитената коса полесно се крши, се суши и пука.

Не ја чистите пеглата 

Пеглата лесно се валка од производите за нега и за обликување на косата. Нечистотиите се лепат за плочките, а под висока температура повторно се топат и се лепат за вашата коса. Исчистете ја пеглата со влажна крпа, но кога ќе се излади. Нежно тријте ги валканите места со кружни движења додека не ги исчистите, Оставете ја пеглата сосема да се исуши пред повторна употреба.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 13:44

Многу жени сметаат дека кожата на лицето е доволно да биде исчистена и на неа да се нанесе хидратантен или дневен крем.

napravete-sami-5-maski-za-nega-na-liceto-01

Но, во денешно време кога живееме под влијание на стрес, на кожата ѝ е потребна дополнителна нега и хидратација. Тоа може да го овозможи само природната маска за лице.

Доколку не сте во можност да си дозволите маска за лице или сакате природна, направена во домашни услови, еве како се прават маските кои ќе ѝ помогнат на вашата кожа да изледа поздраво и посјајно.

Маска со јагоди         

Изгмечете неколку јагоди и додајте 2 лажици слатка павлака. Нанесете ja на лицето и оставете ja да дејствува 20 минути. Помага при сува и уморна кожа.

napravete-sami-5-maski-za-nega-na-liceto-1


Маска со компири

Испасирајте 150 гр варен компир, додадете бадемово масло и 50 гр кисело млеко. Оставете ја маската да дејствува 45 минути и ќе добиете мека и мазна кожа.

napravete-sami-5-maski-za-nega-na-liceto-2


Јајце за убавина

Оваа маска ќе го врати сјајот на вашето лице. Измешајте една жолчка и една лажица маслиново масло. Оставете да дејствува 10 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

napravete-sami-5-maski-za-nega-na-liceto-3


Лимонот го чисти вашето лице

Доволно е да исцедите еден лимон и сокот да го помешате со малку маслиново масло. Нанесувајте нежно, правејќи кружни движења сè додека не се појави благо црвенило. Потоа оставете половина час да дејствува. Ќе добиете чиста и затегната кожа.

napravete-sami-5-maski-za-nega-na-liceto-4


Маска со банана

Изгмечете една банана, нанесете ја на лицето и очните капаци. Оставете да дејствува 15 минути. Измијте со млака вода. Кожата ќе ви стане мека, свежа и затегната.

napravete-sami-5-maski-za-nega-na-liceto-5

Пред да нанесете која било од овие маски, погрижете се вашата кожа да биде темелно чиста. Отстранете ја шминката, исчистете го лицето со лосион, измасирајте ја вашата кожа и нанесете една од маските.

Не ја задржувајте на себе маската повеќе од предвиденото време. Може да постигнете контра ефект.

За крај, ставете лосион или крем за лице и оставете ја вашата кожа да дише.

Се препорачува да не легнувате со шминка, тоа ја оштетува вашата кожа и ја прави подложна на бактерии и мозолчиња.

Без разлика колку сте уморни, пред спиење доволно ќе биде да ја отстраните шминката со влажно марамче. Наутро погрижете се да ја исправите малата штета од оваа постапка со нанесување маска за лице.

napravete-sami-5-maski-za-nega-na-liceto-6

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.