IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Бинго!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Бинго!!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака Обратен редослед
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Бинго!!
    Испратена: 11.Ноември.2014 во 09:10

Уште едно бинго од Горан.

Вагинално селфи


 Непознати вооружени лица во црна облека се појавиле во Гостивар, во Арачиново и низ Тетовско. Заменик-министерот за внатрешни работи Земри Ќамили рече дека имало такви случаи, тие се претставиле дека се членови на некаква гарда на Илирида, ама "од полициски аспект, ситуацијата не е за вознемирување".
И јас не се вознемирувам што се појавиле вооружени во црни униформи. Особено што тоа го потврдува заменик-министер за внатрешни работи. Туку се секирам дали се под контрола.

2   Лидерот на СДСМ повторно се закани дека ќе открие афера бомба, после која Груевски ќе мора да си даде оставка за три дена. Ама аферата не ја открива. Туку го темпира времето. Значи тоа е темпирана бомба.
Првиот пат кога Заев откри бомба за време на изборите, се самоповреди со 50.000 евра на суд за клевета и навреда. Помина лесно. Што ако и вторава бомба не му успее? Особено што вика дека ако Груевски не даде оставка за три дена, тогаш тој ќе си даде оставка сосе цело раководство. Тоа му доаѓа нешто како бомбаш самоубиец.

3    Прво некое неидентификувано здружение на жени побара да му се покрие пенисот на споменикот на Прометеј, спроти Собранието. Оти жените ич К*р не виделе, па ќе се вознемиреле. И уметникот веднаш им излезе во пресрет. Преку ноќ му стави пелена на Прометеј.
Сега државата пак се возбуди од голи мажи. Агенцијата за филм побара од режисерот Столе Попов да ја скрати сцената од филмот "До Балчак", во која статистите скокаат голи и им се тресат мандалата. Оти со таа сцена филмот немало да можат да го гледаат малолетни ученици, па така ќе трпел научно-образовниот процес. И режисерот веднаш се согласи. Ќе ги исече патлаците.
Е тоа е вистинска борба за уметнички и авторски интегритет. Од една страна, полни им се устите со големи зборови за слобода на изразување, уметничка слобода и демократија. Од друга страна, уметниците сами си се кастрираат.

4   Во "До Балчак", српскиот актер Никола Којо, во улога на некој што регрутира Македонци за работа во Америка, ги тера мажите да се соблечат и да скокаат угул голи и ги зафркава дека тој што има најголем, ќе ја освои Америка. Не знам дали прекроениот филм без таа сцена ќе биде само за внатрешна употреба или и за меѓународна употреба, што би рекле Грците "ерга омнес". Или, пак, надвор ќе оди нецензурираната верзија. Така единствено македонската дијаспора ќе може да оцени со каков алат нивните претци ја освоиле Америка. А домашната публика што веќе го гледала филмот во оригиналната верзија, ќе оди на превоспитување. На бришење на деталите од меморијата.
Категоризацијата на филмовите според возраста на публиката зависи од тоа колку има насилство или експлицитни сексуални сцени. Којзнае што сè ни гледаат децата во турските серии под будното око на бабите? Сулејман кога сече глави не е страшно, нели? Тоа ли е во функција на научнообразовниот процес? Или кога мајката ги избира невестите на синовите - тоа е во духот на традицијата? Кога мажите си ги тепаат жените тоа не се сцени за кратење, оти сигурно има логично оправдување - Што повеќе ја тепам тоа повеќе ме сака. Кога малолетнички не смеат да абортираат, па раѓаат дури и по цена да умрат - и тоа не е спорна сцена оти така бара верата? И сето тоа го даваат на телевизија, преку цел ден и во ударни термини и сите можат да гледаат. Па тоа не е проблем за научнообразовниот процес. Како сега одеднаш голо тело во уметничко дело, па макар тоа било и машко, треба да се забрани?

5   Кога сме веќе кај малолетници што под присила раѓаат деца како во турските серии, завчера на вести на една од националните телевизии изгледав долг прилог со јавување во живо од Куманово дека кај нас расте бројот на малолетни мајки.
Можеби е необично, но станува логично. Прво одеше кампања за трето дете. Потоа одеше кампања за штетност на абортусот. Па со закон се искомплицира процедурата и се отежни абортусот. Па сега се размислува со закон да се натераат газдите да го плаќаат породилното отсуство, па отпосле да си бараат пари од државата.
Како последица на оваа низа владини мерки, ако жената сака ем да стане мајка ем да тера кариера, најдобро е да раѓа додека е малолетна. Па кога ќе ги израсне децата на некои 25 до 30 години, ќе има време за кариера дури и во приватна фирма. Со израснати деца и со ветување дека нема да го повтори делото, газдата сериозно ќе ја земе предвид нејзината апликација за работа.

 Министерството за здравство ги следи технолошките достигнувања во комуникациите. Како продолжение на проектот "Ало, докторе", кога пациенти на телефон им се јавуваат на специјалисти за разни болести, од пред два дена Министерството воведе Фејсбук страница "Здрава бременост".
Трудниците, покрај тоа што би требало редовно да одат кај матичниот гинеколог на преглед, сега ќе можат и на компјутер, додека седат на Фејсбук, да испраќаат прашања до гинеколозите од Државната клиника во Скопје. Интимноста е загарантирана. Освен ако некоја трудница намерно или ненамерно постави слика на објектот што вообичаено е предмет на интерес при гинеколошки преглед. Со помош на паметните телефони и самослик технологијата, се доаѓа до таканаречено "вагинално селфи" кое лесно се постира на Фејсбук и понатаму, со споделување, ќе биде предмет на разгледување на тие што се за тоа најповикани.
Па после, ако сè е во ред, специјалистот ќе кликне лајк. Исто така, може да напише и коментар под сликата и да отвори широка дебата. Согласно принципите на медицината базирана на докази.

7   Фејсбук страница за специјалист уролог во моментов не се разгледува како опција. Не се вклопува во научнообразовниот процес.



Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 23:34

Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ - Во 21 век Македонија засилено ита кон 19 век. Со ова темпо и со овој памет брзо ќе стигне и до 18-тиот

1   Државата се надмина себеси. Кај што е најголем клиент за секој бизнис, кај што е најголем огласувач, кај што е најголем лекар, кај што е најголем едукатор, кај што е најголем судија, сега стана и најголем сводник. По Општина Свети Николе, која прва одлучи да дава субвенции од 30.000 денари за мажи над 40 години што ќе си најдат невеста, и Општина Лозово ќе дава по 20.000 денари за старите ергени и за немажените моми над 35 години. Во Лозово дури и приватниот сектор ја поддржал иницијативата, оти Зегин ќе дава по 50 литри ракија и по 100 литри вино за свадба на субвенционираните ергени и моми. 
Градоначалникот на Лозово Орце Цветковски рече дека одлуката стапува во сила веднаш, и се очекува да се зголеми наталитетот во Општината. Се гледа дека Општината направила физибилити студија и опсежна економска анализа, затоа што градоначалникот открива дека тој лично веќе посредува старите ергени да добијат невести од Албанија, што чини повеќе од 700 евра. "Јас се занимавам со овој проблем веќе четири години", откри Цветковски. Вели дека кога видел какви проблеми имале неговите балдаза и прв братучед со нивните синови, одлучил да им донесе невести од Албанија. "Кога видов колку се тие среќни, си зедов обврска да бидам, на некој начин, координатор за источна Македонија", изјави Цветковски и додаде дека ќе најде невести за ергените, "па ако треба и момчиња за момите, иако се помалку". 
Имам неколку прашања за оваа длабоко промислена иницијатива: 
По кој критериуми субвенциите важат само за мажи над 40 години и за жени над 35 години? 
Кој ја одредува границата кога некој станува стар ерген, а кога стара мома?
Каде ќе си ги најдат жените и мажите за да се квалификуваат за субвенции? На пазарот на трудот, на берзата за размена на услуги, на корзо, во самопослуга, во кафеана, на пазар, на нива, на улица, во партија, или преку градоначалникот лично?
Дали невестите мора да се од Албанија или може да бидат и од Авганистан, од Сомалија, од Нигерија, од Сирија, Ирак...?
Дали на кандидатите за субвенции ќе им бара спермограм, за да не бидат парите што се собрани од граѓаните од локалната самоуправа испукани како ќорфишек? 
Со оглед дека целисходноста на овој проект е да се зголеми наталитетот, дали градоначалникот прв ќе ја проверува пратката со невести, или таа задача ќе ја сподели со советниците? 
Ако е за демографски бум, дај да ги почекаме Индијците во Џумајлија и Кинезите што ќе го градат автопатот во Свети Николе. Па преку ноќ од Овче Поле ќе направиме Индокина. Оти вака, сводништво со државни пари, во најмала рака, е еден мал етички проблем.


2   Добро, има ли Уставен суд во оваа држава? Има ли женско лоби во Парламентот? Има Народен правобранител? Има ли државата потпишано некакви меѓународни конвенции за спречување трговија со луѓе? Има ли невладини организации кои се занимаваат со заштита на човекови права? Или не добиле пари од странците да се жалат за тоа што државата станува сводник? Може има, ама изгледа дека и тие чекаат субвенции.

3   Оваа дебата која се разви за една фасада во центарот на Скопје, која не е барокна туку шарена како папагал, само уште еднаш покажува дека во 21 век Македонија засилено ита кон 19 век. 
Бидејќи веќе не е доволно да се караме дали фасадите треба да се барокни или модерни, сега ќе преминеме во караница дали се во албански или во ромски стил. Оти, нели, за едните сe што е барок е убаво, а сe што не е, е грдо. А за другите сe што е барок е кич, а се што не е барок е убаво. Па сега стиловите кои беа поделени по партиска линија, ќе се надградат со поделба и по етничка линија.

  Завчера имавме проблем да најдеме судија што ќе сака јавно да го коментира контроверзниот правилник за судски пресуди кој го предложи Владата. Од 700 судии, само неколкумина се одважија да дадат изјава за одлуката на Владата да се донесе правилник за висината на казните за кривичните дела, па макар и да го пофали. 
Не треба да си судија за да знаеш дека судската власт е власт. Независна од законодавната и од извршната власт. И рамноправна со нив. Зарем судиите не сфаќаат дека ова нема врска ни со ВМРО-ДПМНЕ ни со СДСМ? Очигледно не сфаќаат, штом така лесно се откажуваат од својата власт и отвораат простор да им ја преземе друга власт. Судиите ќе дозволат да суди партијата. Со ова темпо и со овој памет Македонија брзо ќе пројури и низ 19 век. Па ќе стигне до 18-тиот.

  Владата ги пребројува новинарите. Бара списоци од членовите на новинарските здруженија. Зошто? Да се знае кое стадо колку овци има? И кое прво ќе стигне за колење.


6   На некој чуден, магичен начин. власта го препознава, го вади и го засилува најкомформистичкото во Македонецот. Она овековечено во поговорката дека наведната глава сабја не ја сече. Најдена е формулата да се одржи спрегата со најлошата особина и мрзеливост на духот, што се одликува во она самоуништувачко мото: "Седи си мадро, свиркај си, не прашувај многу и фаќај си сеир". Важно е да има за лепче, да капне и за солца, Господ дал и салата и ракија за ручек, малку одморче на Халкидики, па и да се појавиш на еден контрапротест, нема да ти се срони бисерот, ако треба и гласачко ливче ќе сликаш, нема да уриваш ѕид со глава, имаш деца за гледање... 
Кога еднаш некому ќе успееш да му ја разбудиш и да му ја негуваш таа карактерна особина, тогаш и баба ми може да го убеди дека остварува.

Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2013 во 21:39
Во последните 3 реченици Биљали многу убаво долови - меѓу редови. Најголемо Бинго за една власт е да управува со маса на слепци.
Господата од Парти Брејкерс ова го имаат многу добро објаснато во неколку стихови ( A Long time ago in a galaxy far,far away).








Изменето од Alekxandar - 30.Декември.2013 во 21:40
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2013 во 18:40

Срцето на анакондата

  • Мерсел Биљали

  • Прочитано: 888
  • пред 2 часа






Една стара кинеска приказна почнува како некое сиромашно дете со име Сјао Ли, живеело без родители и во многу тешки услови. Со помош на добри луѓе, некако преживеало, па дури посетувало и школо. Еден ден, враќајќи се од училиште, видело големо јајце од анаконда. Го однело дома и со големо внимание се грижело, се додека од него не излегла голема змија. Ја негувал, ја хранел, ја чистел, а таа возвраќала со голема љубов. 

Поминало некое време и во царството се разгласило дека тешко се разболела ќерката на првиот министер. Дворските лекари кажале дека таа може да оздрави само ако и се направи лек од левото око на жива змија. Сјао Ли ја замолил својата љубимица да му направи животна услуга, со што тој ќе се збогува од мизеријата. Лекот успеал и Ли за кратко време стасал до трет човек во царството. Бидејќи немал повеќе време да се дружи со змијата, ја пуштил во џунглата. Штом добил голема власт, Ли станал до крај неодговорен и немилосрден кон луѓето. На замерката зошто е склон кон толку злоупотреба, тој одговорил: „Несреќата на едниот донесува среќа на другиот“. 

По некое време, умрел првиот министер. Кралот се прибрал неколку дена, за да размисли кого да стави на негово место. Но, во меѓувреме, се разболела и ќерката на кралот. Дворските лекари констатирале дека нејзиниот спас е десното око на жива анаконда. Сјао Ли тргнал накај џунглата и ја замолил змијата за да му го подари и десното око. Таа со широко срце го направила тоа. За чудо, ќерката на кралот оздравела, па дури и се омажила за Ли. 

Тој многу брзо се стекнал со големо богатство и власт, па дури не се воздржувал и јавно да ја каже својата изрека: „Несреќата на едниот донесува среќа на другиот“. Сега тој пред себе имал само една единствена пречка на патот за прв владетел на државата. И фрлил око на врвната позиција на кралството. Барал начин како побрзо да го елиминира кралот. Лекарите, кои сега веќе во целост му биле потчинети, сугерирале срце од жива змија како најделотворен отров. Ли пак се обратил до својата сакана анаконда со трета молба. Таа широко ја отворила устата, а Ли, занесен во среќата дека конечно станува крал, бил голтнат од својата пријателка змија.

Во принцип, власта на немилосрден начин ги јаде тие што најнемилосрдно ја злоупотребиле. Нашата власт го доби левото око од луѓето за да им ги реши проблемите, а таа постојано им создаваше нови; за подобра економија, а таа доведе до петта најслаба економија на светот; за поголемо вработување, а таа испрати 400 илјади млади надвор од земјата; го доби окото за да ги отплати долговите, а таа до гуша не задолжи; за да им помогне на живите души, а таа потроши милијарди за мртвите души; за да ја развие демократијата, а таа не доведе до сериозна диктатура. 

Власта го доби и десното око за европската перспектива, а добивме античка деструктива. Со години не лажеше дека до крај ќе се бориме за победата дури и да загубиме се, а нам ни се случи второто. Сега бројката на несреќните опасно се наближува до бројката на жителите. До тука не доведоа празни души со празен морал, ама полни сметки. Ја презедоа нашата иднина во свои раце и ја задавија. И сега ни станува јасно дека „љубовта“ на власта ни стана поопасна од „омразата“ на Грците. Но, изгледа дека лажната среќа ни го одзела умот, ама вистинската несреќа ни го враќа.

Ердоган се жалел дека некоја невидлива рака, или нешто како наддржава, апси синови на министри, фунционери (па и синот на премиерот се бара). Тешко му е да сфати дека таа „наддржава“ се државните институциите на системот, кои функционираат согласно законите, а не соодветно личните желби на луѓето од власта и подземјето. Тие се истите тие институции што нашата власт ги претвори во партиски штабови. Или во сервис на подземјето. Е па, светско чудо ќе биде ако никој нема да одговара за ваквата состојба. 

Изминативе години, а и оваа што поминува, треба да ги именуваме за години на молчењето. Во наредната година се очекува да ни се случи - година на викањето и урлањето. Или, пак, само уште една година на лелекањето. Па нели сиве овие години молчевме? Власта трошеше расипнички, а ние молчевме. Криминалот до гуша, а правосудните органи молчеа. Уставот се кршеше и се распоруваше, а Уставниот суд молчеше. Се случуваше ерозија на системот и на институциите во сите нивоа, а медиумите молчеа. Дури и го фалеа системот и најлошото.

Поради толкаво молчење, се очекува наредната година да се случуваат големи викања или урлања. Угледниот британски „Економист“ ни предвидува висок степен на социјални немири. Но, и тогаш владините медиуми ќе објават дека урламе од среќа. Власта цело време се фалеше со „дуинг бизнис“, а тоа е само лажна мамка, за да се покрие горката реалност дека сме најсиромашна држава во Европа, а меѓу осумте најсиромашни држави на светот. Власта сакаше да ги поткупи и светските медиумски магнати со комерцијални нарачки – Си-Ен-Ен и  „Фајненшл тајмс“ - но тие ни си ги зедоа парите и веќе следниот ден објавија дека Македонија пета во светот по лоша економија, осма по мизерија, меѓу првите по колективната несреќа. 

Е па, повелете молчете и наредната година. Со тоа ќе ја замолчиме и газењето на сегашноста и иднината наша и на нашите деца. Изгледа дека некој се спрема да оди да му го побара срцето на анакондата.

 

Објавено во „Слободен печат“.



Изменето од Andjelina - 30.Декември.2013 во 18:41
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2013 во 00:09

Професија - анти(контра)протестант.смеење

Туку Грујо со време да си го патентира изумот, оти веќе почнаа да му го крадат.
Гледам денеска и Ердоган почнал со контра-митинзи.
Само јајца немаше по кого да фрлаат турците.изненадување

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2013 во 23:57

Жен­ски гла­ви

Па­тем, сес­тро, мно­гу уба­во ви стои но­ва­та уни­фор­ма... Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ

1   Тур­ски­от пре­ми­ер Ре­џеп Та­ип Ер­до­ган вче­ра по­пуш­ти пред де­монс­тран­ти­те на плош­та­дот Так­сим во Ис­тан­бул. Ама ние во Ма­ке­до­ни­ја по­дол­го од не­го из­др­жу­ва­ме. Не по­пуш­та­ме. Тол­ку сме се спе­ци­ја­ли­зи­ра­ле во ор­га­ни­зи­ра­ње ан­типро­тес­ти, та­ка што вче­ра, во не­дос­тиг на до­маш­ни про­тес­ти на кои тре­ба да им се кон­три­ра, во Скоп­је и во Гос­ти­вар се ор­га­ни­зи­раа кон­трап­ро­тес­ти на про­тес­тот на Так­сим. И ние, ка­ко и Ер­до­ган, са­ка­ме да се гра­ди во пар­кот Ге­зи на Так­сим. 
По вче­раш­на­та под­дрш­ка до тур­ски­от пре­ми­ер да се спра­ви со де­монс­тран­ти­те на Так­сим, ре­ал­но е да оче­ку­ва­ме и наг­ра­да што сме се се­ти­ле на не­го. Во знак на бла­го­дар­ност, Ер­до­ган ќе ни ис­пра­ти по­да­рок. Бор­на ко­ла со во­ден топ и сол­за­вец. Еп­тен та­мам по­да­рок. 

2.   От­ка­ко се по­ка­жав­ме де­ка мо­же­ме да пра­ви­ме и ме­ѓу­на­род­ни кон­трап­ро­тес­ти, вре­ме е оваа ак­тив­ност да ја про­фе­си­о­на­ли­зи­ра­ме. И та­ка да пра­ви­ме из­воз на ин­те­лек­ту­а­лен труд. Тре­ба да се ре­гис­три­ра­ат аген­ции за кон­трап­ро­тес­ти. По сис­те­мот на јав­но -при­ват­но пар­тнер­ство. За да мо­же про­тес­тан­ти­те да се вра­бо­ту­ва­ат. Да зе­ма­ат днев­ни­ци, на­до­мест за пре­кув­ре­ме­на ра­бо­та и ра­бо­та на праз­ник. Да им те­че не­ка­ков стаж, да мо­же пен­зи­ја да зе­мат. Не мо­же цел жи­вот са­мо за сен­дви­чи и сок­че да ра­бо­тат. А во Аген­ци­ја­та за вра­бо­ту­ва­ње оваа про­фе­си­ја ќе се во­ди под по­себ­на шиф­ра - ан­тип­ро­тес­тант.

3   Има­ме ние уш­те еден тран­зи­ци­ски фе­но­мен. Се ви­ка вер­ник - про­тес­тант. Ама не про­тес­тант во смис­ла на прак­ти­ку­ва­ње на хрис­ти­јан­ска­та ре­ли­ги­ја ту­ку ка­ко чо­век што про­тес­ти­ра од името на ве­ра­та. 
Не­кол­ку сто­ти­ни вер­ни­ци про­тес­ти­раа пред оп­шти­на Цен­тар за да го спре­чат ури­ва­ње­то на црк­ва­та "Све­ти Кон­стан­тин и Еле­на", ко­ја е во град­ба. И за ко­ја ни­кој не ре­че де­ка ќе ја ури­ва. И ни­кој не се ни оби­де да ја ури­ва. Нап­ро­тив, си­те ви­каа, а нај­мно­гу гра­до­на­чал­ни­кот на Цен­тар Ан­дреј Жер­нов­ски, кој упор­но твр­ди де­ка ни­ко­гаш не ре­кол де­ка црк­ва­та ќе се ури­ва. И упор­но пов­то­ру­ва де­ка црк­ва­та ќе се гра­ди. 
Ама вер­ни­ци­те не му ве­ру­ва­ат на Жер­нов­ски. Ви­каа про­тив не­го, ја кр­шеа ог­ра­да­та око­лу оп­шти­на­та, кр­шеа про­зор­ци со ка­ме­ња, кол­неа и пцу­е­ја. На крај, со­вет­ни­ци­те од ВМРО-ДПМНЕ прог­ла­си­ја по­бе­да и ре­коа де­ка вер­ни­ци­те ус­пе­а­ле со про­тес­ти­те да ја спа­сат црк­ва­та. Зна­чи, они ве­ру­ва­ле во иде­ја­та де­ка црк­ва­та ќе се ури­ва и про­тес­ти­раа таа да не се ма­те­ри­ја­ли­зи­ра. До­ка­жаа де­ка пре­ми­нот од иде­ал­но во ма­те­ри­јал­но е кри­ти­чен, и ја ис­кр­ши­ја оп­шти­на­та. 
Сним­ки­те од од­бра­на­та на црк­ва­та по­ка­жаа де­ка тие што се ви­каа вер­ни­ци и кои твр­дат де­ка ате­ис­ти­те се нај­го­ле­мо­то зло на све­тот, во сво­јот ду­хо­вен за­нес и бо­го­љу­би­во бла­же­ство го из­го­во­ри­ја и след­но­во: "Гор­ни­от ќе те каз­ни, да ти­бам се, да ти­бам де­те­то". 
Ко­га ги ви­доа овие ду­хов­но ис­пол­не­ти лу­ѓе, кле­ти­те ате­ис­ти дла­бо­ко се пре­ис­пи­таа во се­бе.

4   Па и не мо­раа да пра­ќа­ат вер­ни­ци со јај­ца. За по­е­ле­ган­тно ре­ше­ние тре­ба­ше да им ги рас­и­пат лиф­то­ви­те на со­вет­ни­ци­те од СДСМ. То­гаш не ќе мо­ра­ше ни по­ли­ци­ја­та да се­ди пред оп­шти­на Цен­тар и да фа­ќа се­ир.

5   Ко­га др­жа­ва­та е пом­но­же­на со ну­ла, се нај­де еден вла­ди­ка да по­ви­ка на раз­ум и им одр­жа лек­ци­ја по де­мок­ра­ти­ја на де­мох­рис­ти­ја­ни­те. Вла­ди­ка­та Пи­мен слу­чај­но се срет­нал со пра­те­ни­кот на ВМРО-ДПМНЕ Или­ја Ди­мов­ски. Пра­те­ни­кот го уко­рил вла­ди­ка­та по­ра­ди не­го­ви­те ли­бе­рал­ни ста­во­ви и по­ви­ци на раз­ум, на што Пи­мен му од­го­во­рил: "Се­кој има пра­во на свој став, на свое мис­ле­ње".
Си­гур­но Ди­мов­ски оваа лек­ци­ја од Пи­мен ја сфа­тил ка­ко бо­го­ху­лие. Оти не­го­во­то мо­то е: "Се­кој има пра­во на мое мис­ле­ње".

6   Па­ци­ен­ти­те што се спе­ци­фич­ни слу­чаи и тре­ба под ит­но да за­ка­жат би­оп­си­ја за ис­пи­ту­ва­ње на евен­ту­ал­но ма­лиг­но за­бо­лу­ва­ње не мо­жат ни­ка­де да за­ка­жат прег­лед оти во ни­ед­на бол­ни­ца не­ма ле­кар да нап­ра­ви пун­кци­ја ни­ту, пак, та­ков што ќе го про­чи­та ре­зул­та­тот. Ми­нис­те­рот за здрав­ство Ни­ко­ла То­до­ров нај­а­ви де­ка од ја­ну­а­ри 2014 го­ди­на при­ме­ро­ци­те за би­оп­си­ја ќе тре­ба да би­дат го­то­ви за ед­на не­де­ла. 
Во ме­ѓув­ре­ме, Ми­нис­терс­тво­то за здрав­ство из­да­де про­то­кол за хос­пи­тал­на кул­ту­ра. Со не­го се ре­гу­ли­ра­ат од­но­си­те ме­ѓу па­ци­ен­ти­те и здравс­тве­ни­те ра­бот­ни­ци, ко­му­ни­ка­ци­ја­та, об­ле­ку­ва­ње­то, на­чи­нот на об­ра­ќа­ње...
До­де­ка че­ка­ме да дој­де ја­ну­а­ри 2014 го­ди­на, еве ка­ко се­га би из­гле­да­ло за­ка­жу­ва­ње­то за би­оп­си­ја. 
Љу­без­но и со нас­мев­ка ле­ка­рот ќе ти ка­же де­ка тре­ба да дој­деш на прег­лед. Љу­без­но и со нас­мев­ка сес­тра­та ќе ти ка­же де­ка тер­ми­нот ти е во ја­ну­а­ри. И де­ка ка­ко па­ци­ент си дол­жен да го по­чи­ту­ваш тер­ми­нот. И сог­лас­но про­то­ко­лот, љу­без­но и со нас­мев­ка ќе и` ка­жеш на сес­тра­та: "Мно­гу сте љу­без­ни, ви бла­го­да­рам оти ми ка­жав­те де­ка тре­ба да дој­дам во ја­ну­а­ри. Са­мо не сум си­гу­рен да­ли ќе ус­пе­ам да го фа­там тер­ми­нот. Оти во план ми е да ум­рам до но­ем­ври. Та­ка ми ре­че ле­ка­рот на пр­ви­от прег­лед. Ако мо­же со ми­нис­те­рот То­до­ров неш­то да се сре­ди, ако не, фа­ла ви на љу­без­нос­та. Па­тем, мно­гу уба­во ви стои но­ва­та уни­фор­ма. И за­тоа ве мо­лам да има­те пред­вид ако смрт­та ме спре­чи те­ле­фон­ски да го от­ка­жам тер­ми­нот за прег­лед. Се на­де­вам се­мејс­тво­то не­ма да мо­ра да пла­ќа пе­на­ли". 
И та­ка љу­без­но ќе се за­др­жиш до про­то­ко­лот за хос­пи­тал­на кул­ту­ра. А ко­га ќе ум­реш си­те ќе ви­ка­ат: "Што му ста­на на чо­ве­кот? Си ум­ре здрав, прав. Ич на ле­кар не пој­де".

7   Но­ви­от за­кон за пре­кин на бре­ме­нос­та, со кој се ог­ра­ни­чу­ва пра­во­то на абор­тус, по­ми­на во Соб­ра­ни­е­то. По скра­те­на пос­тап­ка и со мно­зин­ство гла­со­ви. 
Од 43 же­ни кои се во ак­ту­ел­ни­от сос­тав на Соб­ра­ни­е­то, 23 доб­ро­вол­но гла­саа да се ог­ра­ни­чи пра­во­то на же­на­та да од­лу­чу­ва са­ма за сво­е­то те­ло и за сво­јот мо­зок. А ос­та­на­ти­те 20 пра­те­нич­ки од­лу­чи­ја де­ка рас­пра­ва­та за ог­ра­ни­чу­ва­ње на ед­на ци­ви­ли­за­ци­ска при­до­бив­ка не е вред­на за нив­но­то при­су­ство и глас. 
Еее, жен­ски гла­ви... И ај­де се­га да збо­ру­ва­ме за пот­ре­ба­та од жен­ска кво­та во Соб­ра­ни­е­то.

Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
pillot Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 836
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pillot Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2013 во 13:52
bingo neam dozvola da kometiram vo sdk no ako.. sreken velik den makedonci...kade i da ste   
bidi sekogash onoj sto vistinski si
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2013 во 12:54
секоя чест

кай е гсподинот Ниче?
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2013 во 10:25

ГРАДОТ НА РАМБО

Сашо Тасевски 
Актер и писател 

објавено на: 05-05-2013 | сподели на:share< allowtransparency="true" border="0" scrolling="no" ="http://plat.twitter.com/widgets/tweet_.1367516458.#_=1367741811170&count=none&id=twitter-widget-0&lang=en&original_referer=http%3A%2F%2Fwww.maktel.mk%2Fajax_kolumni.php%3Fkid%3D1180&size=m&text=%D0%93%D0%A0%D0%90%D0%94%D0%9E%D0%A2%20%D0%9D%D0%90%20%D0%A0%D0%90%D0%9C%D0%91%D0%9E&=http%3A%2F%2Fmaktel.mk%2Findex.php%3Fkolunique%3D1180&via=maktel.mk" ="twitter-share- twitter-count-none" title="Twitter Tweet " -twttr-rendered="true" style="margin: 0px; padding: 0px; width: 59px; height: 20px;"> 

За празнициве, наместо за Париз запичив за Кичево да се видам со пријателите од детството. Со Сарџо, Емин, Иво, Зоки, Аце, Лука, Бобе, Чомбе... Сарџо во 2001-та беше водник во тетовската касарна, Аце, Лука и Чомбе се полицајци, еден беше командир во полициската станица во Осломеј, друг беше во специјалната полиција, трет ловеше нарко дилери од Кичево до Зајас и назад. Емин е Албанец, нашетан човек со големо срце кој ја имаше таа несреќа во бурната младост со голи раце да убие човек во самоодбрана, по што и самиот остана инвалид. Левата страна од телото му е делумно одземена поради тешката повреда на главата што ја добил кога секирата завршила во неговата глава. Се немавме видено со години, иако како дете често дружев со нив кога одев во посета на дедо ми и баба ми, кои летните месеци ги поминуваа таму заради воздухот, водата и луѓето. Зашто беа добри. Сега такви останаа само водата и воздухот, а луѓето... Еееех, луѓето, некаде се загубиле низ годините. Се загубиле меѓусебе. Го загубиле муабетот. Дружењето. Радоста.

Кичево денес е поделен град. Фали само уште ѕид за поделбата да биде комплетна. Берлин во македонска верзија. На булеварот што минува покрај хотелот Унион, само од другата страна, има една туристичка агенција брендирана на албански. Од почетокот на булеварот до таа агенција се нашите кафулиња во кои седат само Македонци, а после таа агенција, сите кафулиња се албански. Нема никакво мешање на тие етничките групи. Подобро вака! - рече еден пријател - Тие не доаѓаат кај нас, ние не одиме кај нив и нема проблем! Во воздухот се чувствува таа напнатост која рапидно се интензивираше по локалните избори пред еден месец, кога кај кичевските Македонци се распрсна илузијата дека Кичево е она старото гратче во кое се родиле, растеле и создале семејства. Во кое заедно другарувале со соседите Албанци, играле фудбал, собирале мов и печурки, оделе на река да се капат или во Охрид за викендите. Не знам што велат Албанците за Македонците во Кичево, ама Македонците за нив велат дека се ГНАСИ. За секој кој малку повеќе го посетувал тој град и луѓето во него, знае дека никогаш порано таков збор не можел да се слушне од кичевски Македонец за кичевски Албанец. За омраза како и за љубов се секогаш потребни барем двајца, затоа знам дека омразата што искреше од очите на Македонците во Кичево не е случајна и предизвикана од ништо.

Сретнав и запознав еден во градот многу почитуван човек педесетгодишник, кој во 2000-та бил во полициската станица во Осломеј која ја ракетирал лично сегашниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари. Едвај спасил жива глава во нападот. Од силната детонација неколку дена бил глув и имал силни главоболки. Човекот, сега по назначувањето на неговиот потенцијален џелат за градски татко на Кичево, го ставил целиот свој имот во Кичево на барабан. Ќе се сели кај роднини во Црна Гора со цела фамилија. За него Кичево и Македонија повеќе не постојат. Пријателот пак од АРМ кога му свикал на некој негов подреден офицер Албанец, зошто постојано доцни на работа или пак воопшто не доаѓа во некој работен ден, овој дрско му вратил да си ја гледа работата и платата зашто тој му одговарал само на Фатмир Дехари и на никој друг, зашто тој бил неговиот командант. Освен тоа, истиот тој Фатмир (сегашниот кичевски градоначалник, а бивши амнестиран припадник на ОНА) му дал и повисок чин во АРМ кога бил на местото заменик министер за одбрана. За човек да сфати во каков апсурд живеат Македонците во Кичево само нека замисли како му удира шлаканица на некој полицаец онака ненадејно додека овој минува крај него. Знаете што ќе му се случи? Кривична пријава за напад на службено лице, парична казна за нанесување повреди, а можеби и затвор. Е сега замислете го Фатмир, кичевскиот Рамбо, кој ракетира полициска станица полна со полицајци и наместо кривична пријава и обвинение за тероризам добива прво функција директор на поштата во Кичево, потоа заменик министер во одбраната која свесно ја загрозил и најпосле, градоначалничко место во општината каде ракетирал полициски станици. Лудо и откачено. Смешно и трагично во исто време. Македонски до јајца. Ако Америте ја следеа оваа наша искривоколчена логика, тогаш Чеченецот што го изврши бомбашкиот напад на маратонот во Бостон наместо да лежи мртов на плочникот, сега ќе седеше во фотељата на државниот секретар за одбрана на САД или пак ќе го направеа градоначалник на Бостон.

Секое чудо за три дена. Фатмир Рамбо игра на таа карта и добива, зашто го знае менталитетот на Македонците кои не се од Кичево. Знаеше дека брзо ќе заборават на Кичево по локалните избори, исправени пред предизвикот наречен летен одмор (како што беше и во 2001-та) и така ќе може мирно да го спроведе својот план за етничко чистење на градот или пак за негово демографско минирање кога становите во зградите што сега ги гради и оние што ќе ги гради во иднина ќе ги продава на Албанци кои ќе го полнат градот одсекаде. Тој во својата кампања, откако на новинарите им подели свои рамбо-фотки од времето кога војувал на страната на ОНА, недвосмислено порача пред албанската дијаспора во САД дека неговото Кичево кога ќе стане негов градоначалник ќе биде албанско, како што е албанска Струга, Гостивар, Тетово, Куманово и Скопје. Мангата достоја на зборот и не излажа. Стана градоначалник на Кичево. Ама дали достоја на зборот еден друг тип кој од говорницата за време на изборната кампања патриотски му порачуваше да не се надева дека ќе го добие Кичево, зашто додека он бил премиер, Кичево ќе било и ќе останело македонско. Е па, жалам господине премиер, кичево не е повеќе македонски град, како што не е Струга, Гостивар и Тетово. Како што не е голем дел од Скопје. Тоа не е тешко да се сфати. Доволно само да се запали автомобилот и да се тргне од Скопје кон Охрид. Треба човек да е луд да поверува дека покрај толку двоглави орли развеани покрај магистралата, се уште се наоѓа во Македонија.

И што е важно што кичевските Македонци ги продаваат своите имоти за да се преселат во Црна Гора, Италија или Шведска. Што е важно што таканаречениот булевар покрај хотел Унион е ист како што беше пред триесет гоини? Што е важно што кичевските села како Другово, Пополжани, Србјани, Извор, Подвис, Брждани, Вранештица и други се исто онолку неосветлини како што беа пред триесет години? Важно е само тоа во Скопје да има барок и на плоштадот да нѐ гали музиката на Штраус. Важно е Паско и чиче Ниче Домовски да ни ги дујат тестисите со приказни за нашето божествено потекло. И секако најважно е скопските, охридските, битолските, штипските, велешките и прилепските Македонци и патриоти да најдат што поповолен аранжман за Скијатос или Миконос, нели, откако пак го кренаа на раце и го доустоличија својот водач, поточно оној кој ги убедуваше дека Кичево ќе остане македонско. Ете какви сме. Ете колку сме... Ама токму не сме. Секоја чест на нашата безумност.

Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2012 во 23:45

...после нова година ќе дојдете, ама до тогаш може три пати ќе умрам не еднаш.

друг пак,по четврти пат го гаѓаат....

свашта има на овој мал простор.рамнодушност 

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2012 во 22:08
И од цел текст (кој искрено сега го читав и никојпат повеќе оти и не се разликува многу од текстовите на Латас кои одамна прекинав да ги читам) ми падна во очи една реченица
Скицата на овој текст, мили мои читатели на „Капитал“, ја пишувам заседнат во удобна фотелја во една банкарска канцеларија на Рокфелер центар во Њујорк...!
Аха...Е што бара во банкарска канцеларијазбунетост Туку јас не се разбирам од економија, банкарство, финансии, па веројатно не разбирам што бара таму.
Инаку се согласувам со него- Латасе навистина доста. Што е многу многу е, продавање магла. А таман бре брате малку се врати во старите времиња кога почна отворено да мава по Топлификација и оп замолчаизненадување Оти замолча, не разбрав!
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2012 во 18:09
Интересно...

Драгане Павловичу-Латас ... Види вака!

Љупчо Зиков
Драгане Павловичу-Латас ...  Види вака!


Не може човек да остане при здрав разум по ваква колумна на Латас... Сега, по шест години Преродба, треба да се надеваме дека „свежината на брановите на промените” ќе донесе на власт нови 150 „гладни деца”, кои ќе продолжат да ги „крчмат” државните буџети! Дали ти текнува, Драгане Павловичу, дека додека свежите бранови ве опиваат сите ВАС таму во „бегстејџ”, Македонија ја губи моралната поента на своето постоење, оти едноставно, оваа земја не го усреќува сопствениот народ. Фали само една одлука за еутаназија... од некаде однадвор (ти можеби и подобро знаеш од каде) и така освежени од промени да нe снема... Дали тоа го посакуваш, Драгане Павловичу?! Ајде да отвориме јавна дебата. Без политичари. Дебата во која искрено ќе зборуваме и ќе се гледаме во очи! Ајде... „освежен низаеден”!


 

Сакам да му се обратам лично на Латас! Најлично... Оти, Латас не е глупав човек! Напротив. Македонската дваесетгодишна јадна стварност, што денеска сите ние со „симнати гаќи” ја сведочиме, докажува дека Латас не е глупав човек. Тој секогаш бил таму каде што треба – и во времињата под Бранко, и оние под Љубчо и овие под Груевски!

Скицата на овој текст, мили мои читатели на „Капитал“, ја пишувам заседнат во удобна фотелја во една банкарска канцеларија на Рокфелер центар во Њујорк...! Рано претпладне... Се давам во убавина и шарм, адреналин раширен од позитивна енергија на луѓе кои создаваат! Америка излезе од криза... оди напред! А јас ги читам „свежите бранови во ВМРО-ДПМНЕ” и „Промените на Латас” во „Вечер“. Сега се прашувате зошто го правам тоа? Да се убиеш? Ајде де...

Со ништо не се согласив со него во текстот (инаку, редовно го читам Латас - поради прецизните пораки што власта ги испраќа преку него), освен со фактот дека и покрај сe, Груевски повторно го матира Црвенковски и е „десет минути” понапред во политичката битка за задржување на власта! Еве, и јас да додадам дека отсуството на возбуда и вознемиреност во СДСМ од најновите потези на Никола Груевски е само директна потврда колку овие луѓе „удавени во сопствената немоќ и неспособност”, овде само пусто чекаат Груевски сам да си оди, а тие да дојдат на негово место! Што ли чекаат, којзнае... Дотогаш Бранко Црвенковски е само жив штит на власта на Никола Груевски и ништо повеќе. Јадно! И тука нема ништо спорно, Латасе, драг пријателе... Колку да сме начисто дали воопшто застапувам нечии ставови во овој текст! Но, тоа не е поентата, БРЕ фраеру...

Ајде да дебатираме! Но, те молам, без „кур и п**ка”, „говно низаедно”, „курви и проститутки”, „педери и шербетлии”, „гз ваков”, „гз онаков” и „гз ти мајчин”. Извини што овде ги потсетувам термините. Го направив тоа единствено со намера да укажам на што мислам, за да не кажеш не сум дефинирал... Одважи се, брифирај се ако треба, спремај се и излези на мегдан да ДЕБАТИРАМЕ ЗА ВИСТИНСКИТЕ ТЕМИ! А тие се многу поважни од судбината на министрите и вториот и третиот ешалон... Барем да се некои ешалони!

 

Зошто ова писмо до тебе!

Претеруваш! Ај не сака човек да реагира, да спушта нивоа на комуникација, ама ти, пријателе, ги минуваш сите граници... Па боже наш, како не ти текнува бре, Латасе, кога ги „куцаш” тоа редовите на компјутерот дека колку е Бранко на власт, толку и ТИ сосе Ѕинго сте на власт! Како не ти текнува наутро кога ќе се погледнеш во огледало дека од другата страна излегува Бранко, Љубчо, Никола или Ѕинго... Како не ти текнува дека вие четири, пет, шест таканаречени „мудреци” од медиумските редови (од сите бои) со вашите „свежи селски интелигенции” му ебавте мајка на цело јавно мислење во сите години наназад. Дека ја држите во заложништво целата медиска сцена, а токму такви „полноглавци” ве сакаат по партиите!

На пример, Латас, вистинското прашање сега е дали „свежиот бран промени” ќе го зафати округот на Кратово, „задња пошта” Силекс и Министерството за земјоделство сосе Дирекцијата за субвенции! Баш ме интересира... А? Ајде и за тоа да зборуваме...

Зарем не си помислил, Латасе драги, дека Ѕинго во моментов е со Груевски не заради идеалите на Македонија, „јебо те бог”, туку заради втората етапа на приватизацијата, која е во тек... а тоа е да ја легитимира првата етапа (мое Кратово) и потоа - запоседнувањето на финансиските токови во земјата преку Буџетот! Е што, ние нафта ли пиеме?! За сево ова прилично се заинтересирани и во Брисел и во Вашингтон!

Ама Ѕинго поради тоа беше и со Бранко! И поради истите причини ти тогаш исто звучеше... Се сеќаваш ли на славниот слоган од деведесттите: „Ѕинго педер, напред Вардар...”. Па кога Ѕинго му се жалел на Бранко за поведението на Комитите-Запад на градски стадион, а Бранко му ветил дека ќе среди, па на следниот натпревар на Вардар, Комитите смениле малку и викале: „Ние сме педери, Ѕинго е наш“!!!!

Ти не си глупав човек, Латас, ама претеруваш човече... Зошто, друже, не тргнеш како треба – од позицијата дека и ТИ си истрошено дете на транзицијата како и Бранко и Ѕинго... Ајде, кажи го тоа! Родител во средни години си ти... Мислиш ли ти на иднината на своите деца? Па не е сe во кешот, пријателе!

Во која земја живееш ти?! Зошто не дебатираме за вистинските нешта, туку како „прдеж во гаќи” се вртиме околу тоа зошто Груевски се „освежувал со бран промени” деновиве...

Ја заболе јавноста за освежувањата на владејачката коалиција! Дајте бре, да зборуваме за вистинските нешта... 350.000 невработени, а 420.000 вработени! 150.000 јавна администрација! Алооооо! Трговски дефицит над 500% зголемен за дваесет години! Скоро една милијарда евра увоз на храна! За само две години позајмени се над 650 милиони евра! За што? ОВА СЕ ВИСТИНСКИТЕ ТЕМИ! Ало, фраеру!

Па не е сета вистина БРЕ во устите на Латас и уште четворица сосе „класната раководителка”! Па не читаат само тие... ако воопшто читаат нешто!? Читаме и ние...

 

Во што е проблемот Латас?! Каде вреѓаш интелигенција?

Додека јас, Драгане Павловичу-Латас, во деведесеттите години пишував големи критики за политиките на Бранко Црвенковски и заедно со „Дневник“ ја уривавме неговата влада, а јас ја градев мојата голема новинарска кариера, ТИ истата таа власт на Црвенковски слепо ја бранеше... Сосема исто како што денеска тоа го правиш со владата на Никола Груевски! Нема никаква разлика. Да, секако, тоа е истото она време кога, како што раскажуваш во својата вчерашна колумна, стариот Буш беше претседател на САД, па Бил Клинтон, па младиот Буш, до денеска Обама... Но, тоа е и ТВОЈОТ голем проблем...

Затоа, денеска, Латасе, мој драг пријателе, нас во „Капитал“, а сигурен сум и поголем дел во јавноста, воопшто не нe интересираат „вратоломиите” на министерката за внатрешни работи и каков полициски „бос“ бил Каширски... Ниту нe интересира кога ќе им почнат смените во Владата! Баш нe заболе за тоа... Како што ич не нe боли дали имаат замор на материјалот...

Ајде да не ја замајуваме јавноста! Ајде да дискутираме за ВИСТИНСКИТЕ НЕШТА! Еве кои:

Прво, кои се ефектите од 12-15 милијарди евра, колку што приближно „тежат“ сите буџети од 2006 година наваму?! Голем дел од овие пари, освен што беа „изедени” за плати на јавната администрација - партиски наредена за гласање - отидоа преку каналите наречени „капитални инвестиции” во познатите проекти низ Скопје. Колку од овие пари, во најмала мера, „се недомаќински потрошени”?! Државниот завод за ревизија има тони хартии со извештаи за ова... Запрепастен сум колку и странски влади знаат за тоа како се трошат парите во Македонија.

Второ, голем дел од парите контролирани од луѓето министри и директори на Ѕинго се „крчмеа” и преку каналите наречени субвенции за земјоделците... Со овој кеш од сите нас македонските граѓани се создаваше новата бизнис-елита.

Никој нема ништо против нагонот да работи, да инвестира и да прави пари, но денес од оваа позиција некој да ви соли памет дека многу прави и се одрекува во името на светлата патриотска иднина за Македонија е рамно на ретардација пред оние кои гледаат и разбираат и судбината на илјадници кои секој месец се иселуваат од земјата! Годишните ревизорски извештаи на Државниот завод за ревизија, секако, СЕГА нема да бидат предмет на анализа. Но, еден ден сигурно една влада ЌЕ МОРА (Брисел и Вашингтон ќе побараат) да се наврати на овие прашања... како се трошеа македонските државни буџети.

Трето, некој ќе мора „онака свежо и брановито во промени” да одговори зошто во Македонија банките не даваат кредити и не се отворени за сите компании и идеи еднакво, а парите ги чуваат во НБМ. Зошто? А во исто време милијардите преку Буџетот се распределуваат на начин како ќе каже главниот „борд”. Кој ќе плаќа за овој злочин? Зошто за ова не разговараме, Латасе, мој драг пријателе? Ајде на ова да се задржиме малку повеќе...

Четврто, или зошто не разговараме, Драгане Павловичу, за тоа кој сe има под 5% акции во македонските компании и кои ликови групирани здружно ги контролираат финансиските текови во земјата... Зошто овде немаме „свежи брановити промени”...

Петто, зошто не разговараме, Павловичу, за „многу интелигентниот” заклучок на НБМ и нејзиниот гувернер дека најголемиот резултат во Македонија за дваесет години е стабилноста на денарот и НА ЦЕНИТЕ!!!!! Да, стабилноста на цените, ама на кое „факинг” високо ниво! Па ти, Латасе, самиот пишуваше и цели вести правеше за цените на Топлификација. Стабилни цени на високо ниво – парно, нафта, струја, бензин... Удри му, Латасе, 18% (мислам дека треба да знаеш да вадиш проценти, ако не знаеш, јави се...!!!) ДДВ, па види колку е тоа приходи во Буџетот. А нашите бизниси нека „пушат”, Латасе мој драги...!? Агрокор од Загреб и Имлек од Белград да се вечни за Македонија!? Така ли?

И сега треба да се радуваме на „свежината на брановите на промените” да донесе на власт нови 150 „гладни деца” кои ќе ги крчмат така собраните даноци како производ на ВИСОКИТЕ СТАБИЛНИ ЦЕНИ! Дали ти текнува, Латасе, дека додека свежината ве опијанува сите ВАС таму во „бегстејџ”, Македонија ја губи поентата на своето постоење? Фали само една одлука за еутаназија... од некаде однадвор (ти можеби и подобро знаеш од каде) и така освежени од промени и пијани од убавини едноставно да нe снема...

Дали тоа го посакуваш, Драгане Павловичу?! Кажи... Ајде да отвориме јавна дебата. Без политичари. Дебата во која ќе зборуваме и ќе се гледаме во очи! Ајде, Латас!

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2012 во 22:25

Жрт­ви на примитивизмот

Кол­ку ли ќе одлепат кога ќе го испорачаат кокаинот? ... Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ

  Соб­ра­нис­ка­та расправа за одбележување значајни датуми помина во ду­хот на историската традиција на Македонците. Се истепаа меѓу себе. 
Пр­во Гордан Георгиев од СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека прифатила да се одбележува стогодишнината од албанското знаме, а не гласала за ше­е­сет години од првите роман и филм на македонски јазик. Тој кажа и де­ка е опасен преседан да се слават стоте години откако министер за од­бра­на на Албанија станал Мехмед-паша Дерала, кој бил од Македонија. Пра­ша дали ќе се слави и Никола Пашиќ, оти е роден во Тетово. На ова Или­ја Димовски од ВМРО-ДПМНЕ му врати на СДСМ со логично вмровско пра­ша­ње: "Нели Ѓорче Петров беше член на бугарска Влада и нели Ди­ми­тар Влахов бил пратеник во турскиот Парламент?" 
По­тоа Игор Ивановски од СДСМ обвини дека коалицијата ВМРО-ДПМНЕ - ДУИ ги сменила имињата на улиците со лица од терористичката ВМРО, ка­ко што се Тодор Александров, Ванчо Михајлов и Мара Бунева. На што ле­ген­дар­на­та Бети Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ, инаку позната по из­ја­ва­та од говорница дека е горда што е послушник на Груевски, побара да се слават 50 години од раѓањето на Бранко Црвенковски, а тој да донесе "ви­ски и малку кокаин за подобро да прославиме". Потоа Игор Ивановски по­ба­ра доктор за преглед. 
Ако пратениците вака зборуваат во Собрание без виски и кокаин, колку ли ќе одлепат кога ќе го испорачаат кокаинот? 

2   И така Македонците од СДСМ се испокараа со Македонците од ВМРО-ДПМНЕ за албанското знаме и за првиот министер за одбрана на Ал­ба­ни­ја. Што ли ќе се случеше ако ДУИ и ДПА побараа да се слави и првиот ми­нис­тер за екологија во албанската Влада? Немаше да доаѓа само соб­ра­нис­ки­от доктор. Конзилиум ќе го решаваше тој изблик на национален по­рив за соживот со Албанците и самопочитување меѓу Македонците. 
Кол­ку што е смешно кога СДСМ мора по секоја цена да биде против ВМРО-ДПМНЕ и се фура на македонски национализам, речиси исто толку е смешно и кога ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена мора да е против СДСМ, па ма­кар во таа антипротивност биле и антимакедонски. 
За­тоа и не треба да се занимаваме со минатото. Оти, очигледно, и со се­гаш­нос­та не можеме да се справиме. Ако веќе мора да гледаме назад, то­гаш најдобро да си останеме во антиката. Таму барем сите се согласуваме. И Македонците, и Грците, и Албанците, и Власите тврдат дека Александар Ве­ли­ки е нивен. А и на Александар лично тоа одамна не му пречи. 

3   Би­деј­ќи во државата меѓу Македонците има премногу кохезија, мора да се измисли нешто што ќе внесе барем малку раскол. Затоа ВМРО-ДПМНЕ, за инает на сите, поднесе нов закон за лустрација. Уште подрастичен од прет­ход­ни­от, кој падна на Уставен суд. 
Прак­тич­но, до 2006 година, кога со Груевски, конечно, пристигна де­мок­ра­ти­ја­та во Македонија, буквално секој граѓанин ќе подлежи на лустрација. А кодошите ќе бидат јавно објавувани на веб сајтот на Комисијата. 
А зошто само на тој веб сајт? Зошто прво да не се објавуваат на Фејсбук? И онака досиејата се веќе таму. 
Зош­то таа информација да се сподели само на Интернет? Сите за кои ко­ми­си­ја­та ќе изгласа дека се кодоши, нека носат црвена лента кога ќе одат на работа. Да може секој да ги истепа на улица. 

4   Со новиот ГУП на Скопје, градоначалникот Коце Трајановски смета де­ка добар дел од нелегалните градби ќе може да се легализира. 
Зна­чи, повторно ќе бидат оштетени тие што биле легални. Ќе се наградат тие што на легалните им ги узурпираа дворовите, парцелите, тротоарите, ули­ци­те, парковите... Ќе бидат наградени тие што на чесните им го ук­ра­доа квалитетот на животот. 

5   Од проектот "Скопје 2014" сe потешко може да се направи пародија. Нај­но­ви­от елемент кој излезе е конкурс за карусел со коњчиња на Плош­та­дот. Уште тие недостигаа за комплетирање на разгледницата со фон­та­ни­те, спомениците, Триумфалната капија, бродовите на Вардар, па­но­рам­ско­то тркало со кочии и плажата. Така што во Македонија, дефинитивно, ќе ги до­би­е­ме Лас Вегас и Дизниленд во едно. 
Спо­ред конкурсот, ротирачката површина на каруселот треба да има ди­ја­ме­тар од седум метри, декоративен венец и 32 фигури со пони коњчиња, ча­ши што се вртат и кочии. Вртелешката ќе биде евтина. Само 137.000 ев­ра. Малку поскапо од светилките на барокната фасада над ресторанот "Пе­лис­тер". 
По заживувањето на овој простор, таму ќе може да се одржуваат и от­во­ре­ни­те седници на Владата. Сите ќе можат премиерот и министрите да ги гле­да­ат во живо. Министрите на ВМРО-ДПМНЕ ќе седат на коњчињата, а ми­нис­три­те на ДУИ во кочиите. Ротирачките чаши се резервирани за ми­нис­три­те од помалите партии во коалицијата. Да одржуваат баланс. Ако не седат мирно, може лесно да изротираат и да испаднат од седиштето. 
Гру­ев­ски ќе јава на највисокото коњче и заедно со него цела Влада ќе се вр­ти на Плоштадот. 
Има симболика во каруселот и вртењето. Оти ние тоа го правиме цело вре­ме 20 години. Се вртиме во круг. Кај што сме се качиле, секој пат на ис­то­то место пристигнуваме. Само што, за разлика од министрите, ние од тој пус­ти карусел не можеме никако да се симнеме. 

6   По 20 години транзиција, сe повеќе станува јасна потребата на Плош­та­дот Македонија во Скопје да се изгради уште еден музеј. На жртвите на при­ми­ти­виз­мот. 
Тра­ге­ди­ја е што веќе е предоцна за таков музеј. Нема кој да го изгради.

Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 16:33
Ре­це­си­ја на умот

Све­ти Никола ќе го лустрира Дедо Мраз...Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ

 Ако те фатат на пушење во кафеана, ќе платиш казна и ти како пушач, ама и газдата на кафеаната што ти дозволил да пушиш. И ќе му ја зат­во­рат кафеаната еден месец. Ако не издадеш фискална сметка, ќе ти го зат­во­рат дуќанот на подолго. Ако ти најдат непријавен хонорарец, ќе платиш де­бе­ло. Ако не возиш со вклучени светла или со врзан ремен, исто така, ќе платиш казна.
Ама ако испратиш војници во мисија на НАТО, и тие ти загинат во мир­нов­ре­мен­ски услови во бизарна хеликоптерска несреќа, нема да платиш ни­как­ва казна. Оти виновни биле пилотите што го возеле хеликоптерот. А не би­ла виновна државата, која е сопственик на хеликоптерот, што не им пла­ти­ла задолжителна обука за летање во тешки временски услови, а ги пра­ти­ла да летаат.
Нај­лес­но е пилотите да се прогласат за виновни. Оти, од објективни при­чи­ни, не можат да се одбранат. Загинале.
Ис­та­та приказна е и со авионската несреќа на претседателот Борис Трај­ков­ски. Пилотите згрешиле во процедурата за слетување. Несреќата се слу­чи во февруари 2004 година, ама и капетанот и копилотот не биле на за­дол­жи­тел­ни тренинзи на симулатори за летање на тој тип авион со го­ди­ни наназад. И во тој случај се знае кој е сопственик на авионот, кој ги пот­пи­шал патните налози и налозите за летање, кој е одговорен за одр­жу­ва­ње на авионот и за распоредот за летање на екипажите, кој немал пари или, едноставно, не водел сметка дека пилотите мора да одат на за­дол­жи­тел­ни тренинзи.
Има­ме два идентични несреќни случаи. Во првиот, некој пуштил пилоти да во­зат Претседател на држава и цела негова екипа, а пред тоа не им ги обез­бе­дил потребните обуки. Во вториот случај, некој испратил војници во ми­си­ја на НАТО, а не ги подготвил за тоа. И во двата случаи, тие "некои" има­ат име и имаат институција која стои зад нив. Има и држава и Јавно об­ви­ни­тел­ство. Само нема обвинител за да поведе истрага.

2   Ако темата е премногу комплицирана, оти станува збор за воздушен со­об­ра­ќај, дај да ја поедноставиме.
Мо­же ли службен возач на патничко возило да вози автобус без дозвола од таа категорија? Ќе му дадат патен налог, и тој во него ќе качи два­е­се­ти­на луѓе од фирмата. И ќе ги испотепа оти тој знае да вози, ама нема по­ло­же­но за автобус.
Е па може. Затоа што ако возачот одбиел да вози, можеби ќе останел без ра­бо­та.
Но тоа што ќе останел без работа, не значи дека ако дошол друг, со иста ква­ли­фи­ка­ци­ја како неговата, несреќата немало да се случи. Кога збо­ру­ва­ме за одговорност, не бараме жртви. Бараме одговорност и одговори на пра­ша­ња, за да дознаеме што се презема за да не се случат и други нес­ре­ќи.
Е за тоа ѕвонат новинарите на мобилниот телефон на Шврговски. За овој ли лански снег зборуваше пред десетина дена јавниот обвинител, кога се жа­ле­ше дека новинарите го вознемирувале на мобилен телефон? Или за не­кој снег од пред неколку години?

3   Со­ве­тот за радиодифузија ја одложи расправата за сопствениците на те­ле­ви­зи­и­те. Новите шест членови на Советот побараа прво да се толкува За­ко­нот за семејството, за да може да се утврди дали во "Канал 5" и во "Сител" има кршење на Законот. Според Законот, носители на јавни функции и чле­но­ви на нивни семејства не смеат да бидат газди на телевизии, но не­за­вис­ни­те членови на Советот за радиодифузија не можат да утврдат да­ли таткото Борис Стојменов и синот Емил Стојменов се семејство, и дали тат­ко­то Љубисав Иванов - Ѕинго и синот Горан Ивановски се семејство.
Про­ши­ру­ва­ње­то на Советот за радиодифузија беше со шест нови членови што ги гласаа како независни. За да можат независно да ги заштитат Ѕин­го и Стојменов од Законот. Оти Ѕинго и Стојменов ги гласаа независните чле­но­ви на Советот во Собранието.

4   Пр­ви­от лустратор Томе Аџиев објасни дека се разгледуваат досиејата и ак­тив­нос­ти­те на поранешен министер за внатрешни работи, кој дал на­ред­ба за следење на некој владика за кој службите се сомневале оти се среќава со странски тајни служби. Ама ја оправда можноста од лус­тра­ци­ја, затоа што министерот тоа го правел од идеолошко-политички причини. На прашањето какви се идеолошките причини меѓу џандар и поп, тој рече де­ка едниот е атеист, а другиот е верник.
По оваа изјава на Аџиев, се загрижив и за судбината на Дедо Мраз.
Де­ца­та ми потпораснаа и се соочувам со проблемот како да им објаснам де­ка Дедо Мраз постои. Им се смееле на училиште и им викале дека Дедо Мраз не постои и оти родителите им купувале подароци и ги лажеле. А кај нас дома Дедо Мраз навистина постои. И ние, иако никогаш не сме го ви­де­ле, си веруваме во Дедо Мраз.
За да не ми се фрустрираат децата, им смислив приказна. Им реков: Кога не­кој ќе ве задева и ќе ви се смее оти верувате во Дедо Мраз, а никогаш не сте го виделе, вие прашајте ги: А постои ли свети Никола? Зошто вие до­ма верувате во свети Никола, викате гости на слава, готвите посни сар­ми, гравче и риба во негова чест... Сте го виделе ли некогаш?
Ни­кој не ги видел ни Дедо Мраз ни свети Никола. Ама секој може да си ве­ру­ва во што сака. Но, како што тргнала работава, кај нас свети Никола ќе го лустрира Дедо Мраз.

5   Кол­ку и да не сакам да ги следам кавгите меѓу новинарите, сепак, преку Ин­тер­нет ми влегуваат дома.
До­де­ка поради неликвидност, секој ден се затвораат дури и големи фирми, до­де­ка се кршат законите на сите страни и додека граѓанскиот интерес не­ма ниту кој да го чува,ниту кој да го брани, моите колеги се занимаваат со самите себеси. Кој бил измеќар на Груевски, а кој бил измеќар на Бранко. И кој колкава плата прима, и каде аплицирал за работа.
Цел свет се тресе од кризата која се најавува, а тие се занимаваат со сопс­тве­ни­те суети. И едните и другите убедени дека нивната суета ќе ги спа­си слободата и демократијата.
Ту­ку кај нас и онака нема рецесија во економска смисла. Кај нас има ре­це­си­ја на умот.
Со вакво новинарство има само една опасност за Груевски. Да пукне од сре­ќа.


Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,233 секунди.