|
Си ги барам биолошките родители |
Внеси реплика |
Автор | |
vivi1
Сениор Легенда Регистриран: 20.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 18941 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 15.Ноември.2017 во 09:47 |
precustvitelno prasanje...
koga ke pomslam deka ne sme mnogu narod, moze i da dojdete do deteto...sto sme nie edna saka ljugje
Изменето од vivi1 - 15.Ноември.2017 во 09:47 |
|
vivi
|
|
anastasovi2004
Група Регистриран: 08.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 69 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми треба помош за наоѓање машко родено декември 1977 година. Мајката го оставила принудно во домот во Битола. Ја мачело цел живот тоа. Сака да го пронајде. Никогаш немала друго дете. По извесен период се омажила и сакале да го земат од домот но веќе бил посвоен. Не и кажале каде се наоѓа.
Дали некој може да ми помогне како да го најдам. |
|
LEFI
Нов член Регистриран: 16.Јуни.2012 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
toa sto go ima snapiseno e realnost no zelbata vo tebe e druga
|
|
LEFI
Нов член Регистриран: 16.Јуни.2012 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
dobro napiseno.pozdrav
|
|
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
genetsko nasledstvo.......
|
|
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
|
kokomoko81
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1363 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
i jas da ti dadam sovet, ako mozam da go storam toa -
mislam deka imas pravo da ja znaes vistinata , a najdobar nacin da go storis toa e da gi sednes na masa tvoite nebioloski roditeli i da im kazes se - vo sekoj slucaj toa e pocetnata tocka od kade sto treba da pocnes , a posle toa klopceto samo ke se odmotuva - |
|
......
|
|
kokomoko81
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1363 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
......
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Немој ... ќе чепнеш таму каде што најмногу боли ..
.. а млад си .. генерација моја ..
Млади биле, направиле што направиле. Да сакале да те изведат на прав пат, ќе го стореле тогаш. Сега веќе касно е за се. Наместо да дотураш масло во оганот, живеј си го спокојно животот со тие што те израснале. Не барај .. ќе се разочараш. Верувај ми. Најпрвин ќе наидеш на пречки во системот, после веќе ќе ти биде сеедно. Цел живот ќе мислиш само на тоа. И пак тешко дека ќе ги најдеш. И ќе се надеваш потајно .. дека можеби еден ден кога ќе ги пронајдеш .. некои работи ќе се сменат. Нема! А ти ќе се разочараш уште повеќе!
Велиш .. " се обидов со се можно за да ги порнајдам моите билошки родители ,поточно мајка ми и да знам ЗОШТО? "
Не барај ... барем не барај со оваа намена. Ќе патиш .. многу. Ќе се нервираш .. и тешко дека некогаш ќе дознаеш ... ЗОШТО?
Така требало да биде. Така сакале твоите родители. Тие што те направиле .. и што те сметале за една грешка во животот. Не им било гајле тогаш.. зошто мислиш дека нешто би се сменило ... СЕГА?
И уште нешто ...
"пред некое време дознав дека сум посвоен ,а впрочен цело врем,е го чувствував тоа во себе се чувствував поразличен од сите мои блиски роднини "
Сите се разликуваме. Ич да не ти е гајле за тоа!
Извини дечко .. и сите да ми се нафрлат на форумов .. и да ме осудат за моето мислење .. јас ќе ти речам ... Посакувам да не ги најдеш!!! Помири се со новонастанатата ситуација. Животот е суров. Биди благодарен што имаш семејство. Барањето на твоите вистински родители само ќе те однесе до работ на бездната.
И ако некогаш пак се логираш тука ... би сакала да ми одговориш на едно прашање ..
Како дозна?
|
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
V20 , mnogu dobar e sovetot e od fiks. Gi opfakja recisi site raboti so koi moze da se soocis dodeka gi baras tvoite bioloski roditeli. Nema potreba da bides voznemiren sto si posvoen, sepak tvoja vistinska familija se onie sto te posvoile i te porasnale. Ti posakuvam mnogu srekja vo potragata po svoite bioloski roditeli i ne se razocaruvaj i ne ocekuvaj premnogu ni od tvoite segasni a ni od tvoite bioloski roditeli, nikoj ne e sovrsen. Se najdobro, pozdrav ! |
|
SOLI DEO GLORIA
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако мислиш дека наоѓањето на биолошките родители ќе те смири и ќе ти покаже кој си,побарај ги,но не очекувај многу зашто како што ти кажа и Фикс наоѓањето може да ти донесе разочарување
Инаку,малото дете е пластелин Родителите било да се тоа биолошки или не ја формираат твојата личност во текот на животот.Колку и да има физички разлики меѓу тебе и сегашните родители,посматрај убаво и ќе ги најдеш сличностите И пред се, секогаш имај на ум дека овие родители кои ги имаш сега те израснале од едно парче месо до возрасна личност...немој да им нанесеш болка Раѓањето трае една минута подигањето и грижата за детето трае цел живот |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако сакаш навистина да ги најдеш своите биолошки родители и да знаеш ЗОШТО - во ред, само не ти го разбирам она што си го напишал ,Си ги сакам билошките родители ,никогаш не би се одделил од нив, па да прашам: толку ли ти било лошо со семејството каде си растел до сега, па сега единствен излез е пронаоѓањето на биолошките?
|
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Средбата со биолошките родители може да се претвори во сјаен момент на твојот живот,но може да излезе и огромно разочарување.
Последиците кои би произлегле од таа средба може да бидат катастрофални доколку нема да излезе онака како што ги замислуваш твоите биолошки родители. Немој да мислиш дека разликата помеѓу тебе и сегашните твои родители е нешто чудно,посебно кога имаш 19 години и не си сеуште оформен карактер и личност,а ќе се формираш како таков со нивно воспитување најмногу,што не мора да значи дека ќе биде така. Разликите ги прави најмногу околината,додека родителите може да делуваат но не многу според мене,од младата личност и нејзините размислувања зависи најмногу каков карактер ќе добиеш и оформиш. Побарај ги родителите но биди спремен на најлошото можно сценарио во однос на тебе како личност. Исто така треба да ги земеш во предвид и потенцијалните,културни,етнички и верски различности со твоите сегашни кои би се јавиле со таа средба со биолошките родители И друга многу важна работа,според мене најважна е односот кон твоите сегашни родители,треба и нив да ги земеш како чинител во случајот,да размислиш дека во моментов мислат дека те изгубиле од тебе. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
V20
Нов член Регистриран: 14.Февруари.2011 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Имам скоро 21 година (на 21.февруари 1990 сум роден) ,пред некое време дознав дека сум посвоен ,а впрочен цело врем,е го чувствував тоа во себе се чувствував поразличен од сите мои блиски роднини ,сосема поинаку изгледав ,размислував итн. Од моментот кога дознав па се до ден денес не можам да функционирам нормално,се обидов со се можно за да ги порнајдам моите билошки родители ,поточно мајка ми и да знам ЗОШТО? тоа ме мачи и ме остава без сон и мир.Животот како да ми застана во едно место и не можам да бидам мирен се додека не дознаам повеќе за она кој сум и што сум ,Си ги сакам билошките родители ,никогаш не би се одделил од нив ,но едноставно сакам да знам кој сум ,вака се чувствувавм како да сум го изгубил комплетно мојот идентитет.Од одредени извори дознав дека моите билошки родители биле млади ,и учеле во гимназија кога сум "се случил јас",побарав и преку социјалното но некако шансите се многу слаби,ве молам советувајте ме што и како д аправам ,дајте ми некоја конструктивна критика ,имам претчувство дека ке ги најдам но ако само стојам во место ништо од тоа нема да биде,верувам со случајност и судбина се надевам некој ке ми помогне ....искрено благодарам...
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |