Си ги барам биолошките родители
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Интима
Име на форумот: Семејство
Опис на форумот: ... до шесто колено
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24011
Датум на принтање: 04.Декември.2024 во 10:18 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Си ги барам биолошките родители
Постирано од: V20
Наслов: Си ги барам биолошките родители
Датум на внесување: 14.Февруари.2011 во 16:57
Имам скоро 21 година (на 21.февруари 1990 сум роден) ,пред некое време дознав дека сум посвоен ,а впрочен цело врем,е го чувствував тоа во себе се чувствував поразличен од сите мои блиски роднини ,сосема поинаку изгледав ,размислував итн. Од моментот кога дознав па се до ден денес не можам да функционирам нормално,се обидов со се можно за да ги порнајдам моите билошки родители ,поточно мајка ми и да знам ЗОШТО? тоа ме мачи и ме остава без сон и мир.Животот како да ми застана во едно место и не можам да бидам мирен се додека не дознаам повеќе за она кој сум и што сум ,Си ги сакам билошките родители ,никогаш не би се одделил од нив ,но едноставно сакам да знам кој сум ,вака се чувствувавм како да сум го изгубил комплетно мојот идентитет.Од одредени извори дознав дека моите билошки родители биле млади ,и учеле во гимназија кога сум "се случил јас",побарав и преку социјалното но некако шансите се многу слаби,ве молам советувајте ме што и како д аправам ,дајте ми некоја конструктивна критика ,имам претчувство дека ке ги најдам но ако само стојам во место ништо од тоа нема да биде,верувам со случајност и судбина се надевам некој ке ми помогне ....искрено благодарам...
|
Коментари:
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 14.Февруари.2011 во 17:14
Средбата со биолошките родители може да се претвори во сјаен момент на твојот живот,но може да излезе и огромно разочарување.
Последиците кои би произлегле од таа средба може да бидат катастрофални доколку нема да излезе онака како што ги замислуваш твоите биолошки родители.
Немој да мислиш дека разликата помеѓу тебе и сегашните твои родители е нешто чудно,посебно кога имаш 19 години и не си сеуште оформен карактер и личност,а ќе се формираш како таков со нивно воспитување најмногу,што не мора да значи дека ќе биде така.
Разликите ги прави најмногу околината,додека родителите може да делуваат но не многу според мене,од младата личност и нејзините размислувања зависи најмногу каков карактер ќе добиеш и оформиш.
Побарај ги родителите но биди спремен на најлошото можно сценарио во однос на тебе како личност. Исто така треба да ги земеш во предвид и потенцијалните,културни,етнички и верски различности со твоите сегашни кои би се јавиле со таа средба со биолошките родители
И друга многу важна работа,според мене најважна е односот кон твоите сегашни родители,треба и нив да ги земеш како чинител во случајот,да размислиш дека во моментов мислат дека те изгубиле од тебе.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 14.Февруари.2011 во 22:56
Ако сакаш навистина да ги најдеш своите биолошки родители и да знаеш ЗОШТО - во ред, само не ти го разбирам она што си го напишал ,Си ги сакам билошките родители ,никогаш не би се одделил од нив, па да прашам: толку ли ти било лошо со семејството каде си растел до сега, па сега единствен излез е пронаоѓањето на биолошките?
------------- You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 14.Февруари.2011 во 23:33
Ако мислиш дека наоѓањето на биолошките родители ќе те смири и ќе ти покаже кој си,побарај ги,но не очекувај многу зашто како што ти кажа и Фикс наоѓањето може да ти донесе разочарување
Инаку,малото дете е пластелин
Родителите било да се тоа биолошки или не ја формираат твојата личност во текот на животот.Колку и да има физички разлики меѓу тебе и сегашните родители,посматрај убаво и ќе ги најдеш сличностите
И пред се, секогаш имај на ум дека овие родители кои ги имаш сега те израснале од едно парче месо до возрасна личност...немој да им нанесеш болка
Раѓањето трае една минута
подигањето и грижата за детето трае цел живот
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 14.Февруари.2011 во 23:53
fiks напиша:
Средбата со биолошките родители може да се претвори во сјаен момент на твојот живот,но може да излезе и огромно разочарување.
Последиците кои би произлегле од таа средба може да бидат катастрофални доколку нема да излезе онака како што ги замислуваш твоите биолошки родители.
Немој да мислиш дека разликата помеѓу тебе и сегашните твои родители е нешто чудно,посебно кога имаш 19 години и не си сеуште оформен карактер и личност,а ќе се формираш како таков со нивно воспитување најмногу,што не мора да значи дека ќе биде така.
Разликите ги прави најмногу околината,додека родителите може да делуваат но не многу според мене,од младата личност и нејзините размислувања зависи најмногу каков карактер ќе добиеш и оформиш.
Побарај ги родителите но биди спремен на најлошото можно сценарио во однос на тебе како личност. Исто така треба да ги земеш во предвид и потенцијалните,културни,етнички и верски различности со твоите сегашни кои би се јавиле со таа средба со биолошките родители
И друга многу важна работа,според мене најважна е односот кон твоите сегашни родители,треба и нив да ги земеш како чинител во случајот,да размислиш дека во моментов мислат дека те изгубиле од тебе.
|
V20 , mnogu dobar e sovetot e od fiks. Gi opfakja recisi site raboti so koi moze da se soocis dodeka gi baras tvoite bioloski roditeli.
Nema potreba da bides voznemiren sto si posvoen, sepak tvoja vistinska familija se onie sto te posvoile i te porasnale.
Ti posakuvam mnogu srekja vo potragata po svoite bioloski roditeli i ne se razocaruvaj i ne ocekuvaj premnogu ni od tvoite segasni a ni od tvoite bioloski roditeli, nikoj ne e sovrsen.
Se najdobro, pozdrav !
------------- SOLI DEO GLORIA
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 17.Февруари.2011 во 14:25
Немој ... ќе чепнеш таму каде што најмногу боли ..
.. а млад си .. генерација моја ..
Млади биле, направиле што направиле. Да сакале да те изведат на прав пат, ќе го стореле тогаш. Сега веќе касно е за се. Наместо да дотураш масло во оганот, живеј си го спокојно животот со тие што те израснале. Не барај .. ќе се разочараш. Верувај ми. Најпрвин ќе наидеш на пречки во системот, после веќе ќе ти биде сеедно. Цел живот ќе мислиш само на тоа. И пак тешко дека ќе ги најдеш. И ќе се надеваш потајно .. дека можеби еден ден кога ќе ги пронајдеш .. некои работи ќе се сменат. Нема! А ти ќе се разочараш уште повеќе!
Велиш .. " се обидов со се можно за да ги порнајдам моите билошки родители ,поточно мајка ми и да знам ЗОШТО? "
Не барај ... барем не барај со оваа намена. Ќе патиш .. многу. Ќе се нервираш .. и тешко дека некогаш ќе дознаеш ... ЗОШТО?
Така требало да биде. Така сакале твоите родители. Тие што те направиле .. и што те сметале за една грешка во животот. Не им било гајле тогаш.. зошто мислиш дека нешто би се сменило ... СЕГА?
И уште нешто ...
"пред некое време дознав дека сум посвоен ,а впрочен цело врем,е го чувствував тоа во себе се чувствував поразличен од сите мои блиски роднини "
Сите се разликуваме. Ич да не ти е гајле за тоа!
Извини дечко .. и сите да ми се нафрлат на форумов .. и да ме осудат за моето мислење .. јас ќе ти речам ... Посакувам да не ги најдеш!!! Помири се со новонастанатата ситуација. Животот е суров. Биди благодарен што имаш семејство. Барањето на твоите вистински родители само ќе те однесе до работ на бездната.
И ако некогаш пак се логираш тука ... би сакала да ми одговориш на едно прашање ..
Како дозна?
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: kokomoko81
Датум на внесување: 17.Февруари.2011 во 15:13
Andjelina напиша:
Ако мислиш дека наоѓањето на биолошките родители ќе те смири и ќе ти покаже кој си,побарај ги,но не очекувај многу зашто како што ти кажа и Фикс наоѓањето може да ти донесе разочарување
Инаку,малото дете е пластелин
Родителите било да се тоа биолошки или не ја формираат твојата личност во текот на животот.Колку и да има физички разлики меѓу тебе и сегашните родители,посматрај убаво и ќе ги најдеш сличностите
И пред се, секогаш имај на ум дека овие родители кои ги имаш сега те израснале од едно парче месо до возрасна личност...немој да им нанесеш болка
Раѓањето трае една минута
подигањето и грижата за детето трае цел живот |
http://apps.facebook.com/apqhlwzjkxcvru/ -
------------- ......
|
Постирано од: kokomoko81
Датум на внесување: 17.Февруари.2011 во 15:16
i jas da ti dadam sovet, ako mozam da go storam toa -
mislam deka imas pravo da ja znaes vistinata , a najdobar nacin da go storis toa e da gi sednes na masa tvoite nebioloski roditeli i da im kazes se - vo sekoj slucaj toa e pocetnata tocka od kade sto treba da pocnes , a posle toa klopceto samo ke se odmotuva -
------------- ......
|
Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 01.Октомври.2011 во 22:44
genetsko nasledstvo.......
------------- Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
Постирано од: LEFI
Датум на внесување: 16.Јуни.2012 во 10:25
Постирано од: LEFI
Датум на внесување: 16.Јуни.2012 во 10:28
toa sto go ima snapiseno e realnost no zelbata vo tebe e druga
|
Постирано од: anastasovi2004
Датум на внесување: 14.Ноември.2017 во 14:58
Ми треба помош за наоѓање машко родено декември 1977 година. Мајката го оставила принудно во домот во Битола. Ја мачело цел живот тоа. Сака да го пронајде. Никогаш немала друго дете. По извесен период се омажила и сакале да го земат од домот но веќе бил посвоен. Не и кажале каде се наоѓа. Дали некој може да ми помогне како да го најдам.
|
Постирано од: vivi1
Датум на внесување: 15.Ноември.2017 во 09:47
precustvitelno prasanje... koga ke pomslam deka ne sme mnogu narod, moze i da dojdete do deteto...sto sme nie edna saka ljugje
------------- vivi
|
|