|
Универзитетските професори против новиот закон... |
Внеси реплика | страница 123 5> |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 17.Ноември.2011 во 22:20 |
Ееее професори професори, исчистете си дворот од коровот.
Да го купиш мојот учебник со потпис ако сакаш да полагаш! |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
navistina:
...ima li kraj makedonskava (vekje hronichna)..........samosebebendisanost?!
...Francuzite i gi razbiram zoshto se tolku narcisoidni,...imaaat dolga i slavna istorija a i deneshnicata im e bash zavidna ,..osobeno na nekoi polinja ama,
...zoshto se be , ''novive'' makedonci takvi e,....nerazbirlivo! Изменето од brza - 28.Јуни.2011 во 15:58 |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Образованието во Македонија ...
.............
Озонска црна дупка у свемиру. Ова е држава без идентитет - кој се осмелува да разговара за образование... Срамота е да се отвори ваква тема - ова е навреда на простите и чесни граѓани од провинцијалните средини. Алооооо!!! Ако кај нас имаше некакво образование, култура, етика, (МАНУ), и сл. до сега иЛјада пати ќе имавме здрава и силна европска држава. Немаше да живееме цел живот “пубертет“ со бескрајни историски фалсификати и новоизмислена македонска социо-психолошка гранка во културната историја на светот.(впрочем тоа е и нашиот допринос на светско ниво - шизофренична социопатија и апатија од субјективна синптоматија и идентификација) И после ова некој светот го разбирал како поле за културен напредок... офффф лелееееее мори мајкоооооо... з'шчо си ме родила волку будала... Во образованието требаат да се направаат сериозни реформи почнувајќи од учебниците по историја (п.с. види плоштад “Македонија“ - Скопје и се ќе ти биде јасно), а да завршат со ... п.с. не можам да се сетам - ќе го замолам МЛАДИОТ и успешен министер за образование да ми помогне да ги “излечам“ моите комплекси |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога министерчето младо бурична во високото образование ќе го изедеа со се партали моќниците кои сметаат дека тие жарат и палат таму “во автономијата“. Сите се криви, ама тие никако. Колку министерот беше во право ( а и сите ние кои го подржавме ) зборува уште еден момент.
Денеска во Дневник читам Наставници не сакаат деца со посебни потреби Во текстот на неколку места се нагласува дека наставниците се обучени (ама не донаучени) за работа со децата со ПОП (цитирам) Добар дел од наставниците поминаа низ обука за работа со деца со пречки во развојот, но тоа не значи дека тие се оспособени да работат квалитетно со овие деца. Потребна им е поддршка од дефектолози. ***** И секој нормален човек би прашал- Ако може наставниците со некоја обука да работат со децата со ПОП зошто тогаш е потребно постоење на катедрата за дефектологија???? Зошто треба студентите да учат 4 години кога тоа може наставниците со завршена обука да го работат?Зошто тогаш на педагошките факултети не се достави уште еден предмет-Работа со деца со ПОП и завршена работа- катедрата ќе се укине, нема да профилираме непотребен кадар кој треба да биде само испомош т.е. подршка.Каква подршка ќе даваат дефектолозите????Ќе наминат да видат како тече работата на наставникот “на 5 минути“ и ќе си одат? Која контрадикторност-Од една страна се зборува за индивидуализирана настава со овие деца, а од друга страна покрај другите 20тина худини-наставниците да работат индивидуализирано Како? Што да прават другите деца додека наставникот работи со детето со ПОП? Колку време ? Море не малку, мноооогу треба да се преиспита работата (а со тоа и кадарот кој се вади) на факултетите. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најголем стратешки партнер на нашето образование подолго време е USAID. Многу проекти се финансирани токму од нив и сите новини доаѓаат токмуод таму.
Е сега човек кога ќе прочита какво е нивното образование се прашува што уствари ние можеме да научиме од некој кој и сам го бара патот. Од сабајле се зачитав и се изначудив-кој има време и нерви може да чита (бајаги е) тука а богами уште повеќе ќе се шокира кога ќе прочита дека во самата Америка имаат тешки проблеми во образованието, дека немаат наставници , едноставно бегаат, па сега си бараат чајре со разни тренинг кампови, со нудење поголема плата (барем ако новајлиите останат 4 години во настава). ТУКАИ сега некако се доаѓа до она кое се случи кај нас- незадоволство во сите степени на образование-заради промени кои и не се некои промени, заради образовната администрација (од МОН до БРО, локалната, инспектораите) кои ама токму како и во написот и немаат некоја блага веза нити ги интересира што ќе биде со образованието.Можеби и ова нашево не чини-(преголема лежерност од поединци-кој солат памет како да работат другите), ама и ова што се внесува амблок-не ќе е на арно. ОЕдно ми падна во очи-промените треба да почнат од преставниците на врвот, па на факултетите, па така надолу. Затоа можеби за некои работи се во право професорите од факултет (ама не сите) кои реагираат дека новините и не се новини-туку некако како да се наметнува недобро осмеслена стратегија (или повеке партизација и политизација на образованието) Ауууу го заборавив најинтересното (како уствари почнав да читам-што ме заинтересира) ТУКА И зошто ја ставив тука, а не во образование. Па тука уствари се изнакажаа многу тешки зборови за професорите, а професорите не смеат да зуцнат за незаинтересираноста на учениците/студентите (парите кои се нудат за оцени на факултет-не е крив тој што дава) Изменето од mamamd - 13.Март.2011 во 10:03 |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Редно е професорите да си останат професори. Оние кои сакаат да одат во политиката-нека им е со среќа, ама местото нема да им го чува асистент или демонстратор.
Колку и да се лутат, мора да се преструктуираат. |
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Океј разлики си се разлики,наука си е наука,образование такуѓаре,нека биде така,но темата...чинам беше ,да бе за професорите и уривањето на универзитетот,но добро за тоа во друга прилика,ко че се смени и напрај бербат,едино само резултатите остануваат да покажат,ама барем тогаш да беше до крај како од запад,за последиците да биде одредена личност одговорна,а не у име народа пак. Поздрав
|
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Gorazd777, не станува збор за некаква одважност. Станува збор за нешта кои или се вистинити или не се. Нема место за демагогија, философија, политика. Не можеме на нешта кои се вистинит да кажеме дека и се и не се. Или е вистина или е лага. Со тоа завршува се. Не сме политичари па да кажеме дека не е ниту вистина ниту лага кажаното. Со реформирање на образованието по пат на закон, се намалува можноста на професорите кои се спротивставуваат на реформите, истите да можат и понатаму да го прават тоа. Во однос на твоето искуство, ако станува збор за луѓе кои како тебе, своето образование го стекнале во минатиот систем, не е нешто чудно, затоа што имале и среќа што им се дозволило да полагаат диференцијални испити. А во некои случаи, како што е правото, диференцијалните испити се задолжителни, затоа што секоја земја има свое право. Твоето искуство, искуството на твојата генерација и искуството на сегашните генерации многу се разликуваат. |
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Твојата одважност се гледа дека те насочува да атакуваш на тоа дека некому не му е познато ,а на тој демек што му е познато си знае само за него и тоа е најбитното.
Но во ред почнавме од една работа ,за да завршивме на тоа што тебе ти е познато,но некако не оди со желбата за вистинска реформа,а тоа е уште од крај примена, (промена) на законот за високо,само да му се ускрателе некои работи на тие наводно лежачки професори,а како пак другите професори на признатите им факултети се добри? Без разлика на тоа колку се повторуваме, реалноста е сосема понаква,а желбите на некој да доминира се сосема друга работа,досега имам само негативни последици,а признавањето на дипломите мислам дека е далеку од вистина,кога ќе има процес на поголем број среднисти или високообразовни кадри кои ќе бидат признати за да учествуваат на другите берзи за работа и ќе можат слободно да се вработат ,тогаш ќе речам дека е нешто направено. Моето искуство ми покажува нешто друго,колку некои личности ,што одат на запад треба да приучуваат и да дополагаат испити за да можат да се вклопат во тие општества со завршената им овдешна струка. |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Gorzad777, според ова што го пишуваш, се гледа дека мошне малку си запознаен со сите процеси во високото образование. Процесот на признавање на дипломите во рамки на ЕУ не е никаков договор, ниту пак желба, туку плод на прифаќање на Болоњската декларација и адаптирање на студиите на истата. Секој факултет што ефикасно ги спровел тие реформи се здобива со можност даму биде признаена дипломата.
Засега признаени се дипломите на техничките факултети, како и на Правниот Факулет "Јустинијан Први". Таму реформите целосно се спроведени. Како што кажав погоре, во средното образование се воведоа реформи, кои истотака доведоа до тоа и тие дипломи да се признаваат во земјите кои членки на ЕУ. Затоа и неколкупати ти посочив дека нештата не ти држат вода. Со твојот последен пост самиот покажа дека сегашните состојби во средното и високото образование не ти се познати. |
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сега мислам навлегуваш во друга проблематика или ако сакаш го прошируваш проблемот,можеби повеќе си запознает,но мислам признавањето на дипломите е повќе на работа на договор,кој опфаќа повеќе сегменти,а додека самиот назив на тоа што имаш завршено и како е друг. Значи доаѓаме до некоја вистина,процес кој е подруг од комунистичкиот и сега не интересира да го смениме кај универзитетот оти не ни ги признавале дипломите(моето учење од тие години е рамно на магистер од сегашните),а всушност сите пукотници беа зашто професорите се дембелееле и земале плати( и мене ми пречи),но со тоа се поставува проблем(кој многу не ги засега)зашто не и промени во основно и средно ,(тоа е основа за понатаму),промени кои ќе ги намалат,остават суштинските предмети,а богами и многу стари ЛЕГАЧИ ќе си одат во пензија и нема да се вработуваат џабелебароши(тоа никој не му смета,е видиш мене ми смета зашто сум директно засегнат и ја гледам нон-сенс глупавоста,значи пак доаќаме на старото ако ми смета треба да се смени ,ако не добро е нека тера нема да му ја мислиме сега,така не одат работите во паметниот свет,кога ќе бидеме доблесни да ги признаеме пропустите,дури тогаш ќе се поместиме од мртвата точка. Изменето од Анастеа - 01.Март.2011 во 13:07 |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Gorazd777, мене не ми пречи Универзитетот, не ми ставај зборови во уста. Ниту пак ми пречи начинот на кој се спроведува образованието. Ми пречи тоа што голем дел од дипломите на нашите факултети во ЕУ не се признаваат. Токму затоа се прават и реформите на нивно на универзитет. Факултетот каде што јас учам има признаена диплома во рамките на ЕУ, но другите факултети немаат таква можност. Зарем треба да ги лишиме од тоа поради тоа што транзицијата и администрацијата ни се такви какви што се?
А за успесите на реформираното гимназиско образование, доволно говори што се признава дипломата во рамките на ЕУ. Изменето од Анастеа - 01.Март.2011 во 13:06 |
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Добро,ако така сакаш ќе се вртиме во круг,но основниот проблем не се признава,значи според тебе насоченото онразование(реформирано гимназиско),беше успех,само незнам во што е успехот на тоа образование и ако зборуваме за гимназиско(а тука ги нема средните стручни),во ред тогаш сте ја добиле одлично насоката за на универзитет,кој сега мислам дека ви смета , целосно го напаѓате од корен и ги генерализирате проблемите,кои секако имаат подлабоки основи.Сепак констатацијата е само реторичко контрање ,помеѓу нас и не е во ред понатаму да дозволиме,мислам дека се прикажува она што е карактерно на секоја работа во македонија тоа е инаетот,кога си ти на власт правиш што сакаш и тоа од петни жили го правдаш,а кога сум јас го правам истото сметај ќи дека тоа е исправно. Не може да се изгради систем на вредности на нормално општество и така се оди во бескрај,со последици кои евидентно се познаваат,можеби пополека ,но за жал сигурно. Изменето од Анастеа - 01.Март.2011 во 13:06 |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
aLbaneso
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 27.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 933 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во сите земји студентите се на страната на професорите А КАЈ НАС СЕ ПРОТЕСТИРАШЕ про владата а против професорите МИСЛАМ ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА СЕ НАВЛЕГУВА ВО АВТОНОМИЈАТА НА ФАКУЛТЕТИТЕ...
п.с ОД СЕГА ДРАГИ МОИ СТУДЕНТИ ПОТЕШКО КЕ ЗЕМАТЕ ЕДНА 6 МНОГУ ПОТЕШКО ОД ПОРАНО |
|
Љаеш НЕ касаш !
|
|
Внеси реплика | страница 123 5> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |