|
Мaкедонски комплекс нa понискa вредност |
Внеси реплика | страница 123 7> |
Автор | ||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 14.Февруари.2011 во 00:43 |
|
и само да знаете, не е комплекс на пониска вредност доколку ги увидиш проблемите и ги нагласуваш, комплекс е ако ги нема и ги нагласуваш
наместо некој да работи на решавањето на проблемите, тој работи на начинот на кој луѓето размислуваат |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Добро,мошеби имам и грешка во говорот,па со зборот (збуни) се нарушува контекстот,но мислата ми беше, да се побуни,односно да се организира или искаже своето размислување како човек кој има право,а не да се повлекува или да биде користен за манипулација. |
||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Е да си ми жива и здрава Тоа е начин на живеење кој ни се наметна -Или си со нас или си предавник. И најстрашното е што најубаво минуваат тие што се и со едните и со другите. Користат и од едните и од другите, ги подбуцнуваат едни против други, за да си тераат лезет, да не мора да работат, а да бидат пофалувани, наградувани. Оние кои сакаат да ја кажат вистината- и да пофалат ама и да искритикуваат не виреат на ова тло, веднаш стануваат предавници, антипатриди, антимакедонисти, комуњари, бугарофили. Прашувам- До кога? |
||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Така не се гради демократија и демократска држава....
Но кога партиите ќе се демократизираат и за државата ќе биде подобро...и таа ќе се демократизира...
Вака однадвор ќе не подучуваат на демократија...
|
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
stigma04
Сениор Регистриран: 29.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2661 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
interesno razmisluvanje mozam da recam deka se slozuvam |
||
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мене само не ми е јасно, како се случи да КРИТИКАТА за политиката, за власта, за државата, за било што, се сфати како НЕСАКАЊЕ на својата земја????
Дали се смета дека ако искритикуваш нешто, ти не си ја сакаш земјата ни народот? Еве јас насетувам таков став низ форумов. И се чудам, од каде такво мислење...? По мене, конструктивна критика е СЕКОГАШ добредојдена, и предуслов за напредување на една земја. Значи, тоа е од љубов за земјата и народот, а не обратно! Или тоа е влијанието на политиката на ВМРО и Грујо, и дел од неговата програма на владеење. Ако кажеш нешто против него, ти не си патриот и не си ја сакаш земјата. Боже Господе. Па после нема да бидеме лесни за манипулација, и ќе имаме самодоверба како народ и земја. Како, кога некој те убедува дека е погрешно да искритикуваш, и да повисиш глас. |
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Te podrzavam za se so zboris so napisot, ama ova poslednoto za zbunuvanjeto ne go razbiram, koj toa da se zbuni, za sto da se zbuni, vo kakva situacija.... |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не постои комплекс на ниска вредност,секој има право на НОРМАЛЕН ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ,ПРАВО НА СЛОБОДА и ПРАВО НА РЕВОЛТ, односно да се збуни во дадена ситуација, човек тоа треба да го искористи и да се спротивстави.
Кај нас има само угнетување од тие што се на власт и угнетени - народот. Најинтересното е што сето се спроведува на најболно,перфиден начин и обичниот човек во одрдена ситуација ги губи по дел од гореспоменатите карактеристики,зависно од ситуацијата,затоа кај Македонецот секогаш секогаш,се случуваат последно-крајно,битните работи.Самосвсет,дека некој го користи,можност да одлучува,односно казнува ако нешто му е сторено и храброста да сето тоа го произнесе без помисла на последиците. |
||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Секако дека ке имаме комплекс на ниска вреност.
Започни од детството, - Детето е слабо на училиште, родителот “око ќе му извади“ на учителот/ата зошто детето добило единица! - Во осмолетка се носат разни подароци на “наставниците“ или на класната која подоцна “се ќе направи“ детето да го заврши основното со одличен успех. - Детето се запишува во средно образование, знае дека родителот “има врски“ и ќе го запише во најдоброто училиште. - Средното училиште го завршува со успех поради “дебелите“ врски или поради “ај да не остане на улица“. - Се запишува на факултет, 800 евра чини 6 на факсот, тато и мама му ја исполнуваат желбата.... - Се соочува со вистинскиот живот, треба да се бори за подобро работно место, да креира, да создаде нешто.... .... тато и мама се веќе во пензија, ги нема крвните врски кој биле на функција во минатото, сите што некогаш биле на позиции добиено не од знаење туку поради црвената членска книшка и “големите галамџии“.. ГИ НЕМА....дојдени се нови времиња, време на нови “црвени“ книшки, време на нови големи галамџии, крвни врски, фамилијарни.... ... “тој“ станува безвреден, загубен помеѓу идните безвредни кој моментално пливаат на сцена... до кога? Сите вредни избегаа, кој на марс, кој на јупитер, кој на сатурн... останавме ние, “највредните“! Изменето од Buggyman - 11.Февруари.2011 во 18:07 |
||
Homo homini lupus est...
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Еве уште еден доказ дека ние побајаги страдаме од “комплекс на неодговорност“ отколку од комплекс на пониска вредност оти таа сами си ја симнуваме. Најстрашното е што за нашиот “комплекс на неодговорност“ страда некој кој е подолу во хиерархијата.
Дали е ова нижа вредност или комплекс на “ништо не ми можете“.Не ми е јасно што треба да направи некој за да одговара за своите постапки, па веројатно ќе почнеме да не мислиме дека се ние сме жртви, а другите не жртуваат. Прочитај што потпишуваш! Пред да потпишеш, прочитај! Ваква парола итно мора да биде закачена на ѕидот во кабинетот на генералниот секретар во Собранието, Жарко Денковски. Така постојано ќе се потсетува дека пред да потпише каков било документ, задолжително ќе мора да го прочита. Паролата не само што ќе му помогне на Денковски во иднина поодговорно да си ја врши работата, туку ќе ги спаси и службениците кои поради неговото невнимание страдаат. Тој јавно призна дека потпишува документи без да ги прочита, па затоа службениците во Собранието толку лесно успеале да му го подметнат патниот налог за патувањето на Владо Бучковски во Израел. Веќе е сигурно дека поради неговото невнимание и неодговорно вршење на функцијата, „к*рбан“ ќе отиде раководителката на Секторот за меѓународна соработка на Собранието, која нема никаква вина, освен што ја вршела работата на истиот начин на кој со години го правела тоа. Но, затоа на секретарот нема ни влакно од главата да му фали, а тоа што не знае што потпишува како воопшто да не е важно. Не е важно ни што за тројцата пратеници, меѓу кои и за Бучковски, лично тој барал логистичка поддршка од македонските амбасади во Истанбул и во Тел Авив. Не е важно ни тоа што пред формално да биде одобрено службеното патување, точно ја знаел и сатницата на нивните авионски летови и каде ќе прават трансфер. Во големи политички игри страдаат невините и оние кои се најмалку заштитени. ****** Живо ме интересира што би кажало марето од нашава тема за овој настан Другиот дел е уште појак, ама тој не е за тука, за кај опозицијата е |
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Македонците имаат многу гаден проблем со самите себе со тоа што се угледуваат на погрешни идоли, најчесто се тоа бескруполозни фаци, простаци, реномирани лопови и обични пробисветови пред кои бескомпромисно ја виткаат кичмата.
Кога ќе се научат луѓето да си го ценат и почитуваат интегритетот, достоинството и сопствениот труд а и туѓиот тогаш ќе исчезне комплексот на пониска вредност.
Воопшто не се држам ниту ги почитувам пословиците како -Трпение-Спасение и Ќути има полошо или Ќути, арно е и ова што ти го даваат!
Како прво никој ништо не ти дава на поклон, туку го заработуваш со сопствен труд и пот и плата за тоа ти следува според сите прописи и закони. Значи тоа не е милостиња .
Ми пречи што луѓето повеќе се силни на зборови отколку на дела. Не знам откаде толкав страв да им се спротистваи на тиранијата и експлоатацијата и откаде толкава желба да им се подлегнува на насилниците кои секојдневно вршат ментална тортура.
Сиромаштијата знае да создаде психолошки ѕид-несомнено, но тоа не значи дека треба да се однесуваш како бедник и да се ставаш во улога на жртва и роб доброволно, само затоа што се чувствуваш несигурен во себе.
Воопшто никогаш не сум имала проблем со тоа што сум ниту се ставам во подредена позиција затоа што на некој тоа му чини или го сака од мене. Луѓето се насекаде по светот многу слични, полни со предрасуди и незнаење но ќе те ценат според тоа како се однесуваш и за што се залагаш.
Ако си бескичмењак, никој нема да те почитува ниту дома а ниту надвор.
|
||
Beauty fades, dumb is forever
|
||
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Државата одамна ни е пропадната, јас не знам со кој памет сме се одделиле од Југославија ? Ништо не сме постигнале до сега во никое поле |
||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...Се прашувам, ова нашиов начин на СИТЕЊЕ на туѓата мака, и просто
крвожедна потреба за уништување на другиот - дали е партија или
телевизија, не е битно: од кој синдром потекнува?
Секако дека правдата и личната и колективна одговорност се најбитни и тоа треба да се негува, тоа е тоа, просто и едноставно. Но, што правиме со сеирџискиов момент, и потребата другиот не да се казни за делото, туку да ПАТИ...баш се прашувам за ова....? Значи.... толку долго време чмае овој народ и ги бута фрустрациите и маките под тепих.... па кога ќе се појави малку нешто на површина- излегуваат цели слонови Изменето од Kali - 03.Февруари.2011 во 14:49 |
||
Внеси реплика | страница 123 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |