|
Најдобри македонски патриотски песни |
Внеси реплика |
Автор | |
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 29.Декември.2010 во 21:47 |
портрет
Група Регистриран: 11.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 88 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МАКЕДОНИЈА ТЕ ВИКА
По тебе газам земјо света каменот чекам да проговори тишина, молк занемел некој ни збор да гатне а толку сакам глас да чујам глас на непокор македонски. Стојам овде кај сум роден кај сум израснал гледам народ глава веднал в земи погледнал ќе те прашам мој народе, не ми се лути што си сторил ти за себе, што си направил ќе те прашам мој народе, не ми се лути зошто раце ти си кренал, си ги оставил. Гледам колку туѓи раце сонце покриле дел по дел од твојта снага в џебој ставиле ќе те турнат таму негде меѓу бездните никој рака тебе нема да ти подаде ќе те турнат таму долу во длабините вистината твоја нема да се дознае. Македонија, Македонија те вика да ја станеш, простум исправиш еден збор, еден здив, само капка пот ти треба да ја утешиш Македонија, Македонија те вика, да ја вратиш меѓу силните еден збор, еден здив, само капка пот ти треба да ја воскреснеш, да ја издигнеш. Искрено, подобар текст на новосоздадена песна за Македонија немам слушнато. Често ја слушам на радио Роса, а ја пее Мишко Талески. |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПОСЛУШАЈТЕ ПАТРИОТИ
Послушајте патриоти да ви кажам словото. на Ѓурѓовден бев затворен в црни темни зандани. Во зандани бев предаден од проклети шпиони. Од проклетите шпиони и неразбрани трговци. Во зандани бев измачен ниту вода ниту леб, телото ми потемнело, долга риза до земја. Ах немојте ме мачејте, јас сум невин како цвет. Сум се борел за слобода, за човечки правдини. Ах да знае мојта мајка гробот да ми ископа. Гробот да ми го ископа спрема јасното сонце. И на гробот да напише: -"Тук' полчива маченик, Тук' почива Александро Караѓуле Охридски". Жими најмило,жими најдраго Жими крст и кандило, Жими верата,жими душата, Жими крв Македонска. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НАРОДЕ МАКЕДОНСKИ
Народе Македонски со какви идеи си ти? Доста беше,разбуди се, свести се не спиј ти. Ти не знаеш кој си,што си, други те знаат, срам голем е за тебе сам да се не знаеш. Не сакаме богатство, на сакаме пари. Туку сакаме слобода и човечки правдини. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗЕМЈО МАКЕДОНСkА
Земјо Македонска поздравјавам те земјо Македонска земјо турско-ропска Македонијо уважавам те. Уважавам твоите Македонијо гори високи горите висојте и во тебе херојте Македонијо што ги раѓаш ти. По теб се белејат Македонијо безбројни стада стадата белејат,а гроздови зрејат Македонио по твои ридови. Ништо не те плаши Македонијо на овој бели свет кој душман ќе влезе жив не ќе излезе Македонијо ти го ставаш в гроб. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КОГА ПАДНА НА ПИРИНА
Кога падна на Пирина ранет Јане Сандански, полетеја три сокола и на Јане збореја: Ајде Јане со нас дојди,ние лек ќе најдиме. Мајка Македонија за таков јунак лек ќе најдеш. Први сокол ќе те носи долу крај Вардарот втори сокол ќе те носи дур' на Белото Море трети сокол ќе те носи горе в Пирин Планина. Белким ти ќе оздравиш Македонија да ослободиш. Ој бре вие три сокола в срце луто сум ранет, остајте ме тук да умрам мене лек не лекува. Македонија други ќе роди ќе ја ослободат. Мајко Македонијо други да раѓаш да те ослободат. Изменето од Calipso - 11.Октомври.2010 во 14:31 |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За македонски, јасно!! Е вакви на пример, за партизаните, од добрите стари Бапчорки: Голем мерак имам мамо
Голем мерак имам мамо, |
|
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
samo za makedonski pesni li e ili principialno?
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Го фанале клети Турци Го фанале едно моме, едно моме најубаво, го фанале едно моме, најубаво, најубаво во селото. Му врзале двете раце, двете раце наопакo, му врзале двете раце, двете раце, двете раце наопакo. Кажи, кажи лично моме кај се крие Гоце Делчев? Кажи, кажи лично моме, најубаво кај се крие Гоце Делчев? И да умрам, да загинам, јас за Гоце не кажувам! И да умрам, да загинам, да загинам јас за Гоце не кажувам! |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А бре Македонче А бре Македонче, леле каде се спремаш? Борба те чека, борба за слобода. Борба за слобода, за Македонија, за Македонија, земја поробена. Момци наредени, моми накитени, борба ќе одат, борба за слобода. Борба за слобода, за Македонија, за Македонија, земја поробена. Нека разберат, клетите фашисти, Македонско име нема да загине! Честит празник! |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оваа ми е многу убава, од Ѓорѓи Робев: Колку векови во темнина си била колку темни сказни знаеш земјо мила колку страдања на рамена си збрала колку жртви ти за слобода си дала. Знае сводот вечен, знае сиот свет кога Вардар течел, миел ропска клет колку света сила в гори твои се зби колку биваш мила, земјо мајко ти. |
|
портрет
Група Регистриран: 11.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 88 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најдобри македонски патриотски песни...
.................... Гоце Николовски - Бисер балкански Војо Стојановски - Една мисла имаме Јонче Христовски - Едно име имаме Сузана Спасовска - Гордо Македонијо Гоце Арнаудов - Проклети да се предавниците Мишко Талески - Дрво рисјанско Славка Младеновска - Горда Македонка .................... Што мислите вие ? Веројатно има уште неколку. |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |