Испечати | Затвори го прозорот

Најдобри македонски патриотски песни

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Забава
Име на форумот: Музика
Опис на форумот: Жанрови, спотови, групи, награди, концерти...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23235
Датум на принтање: 25.Ноември.2024 во 03:03
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Најдобри македонски патриотски песни
Постирано од: портрет
Наслов: Најдобри македонски патриотски песни
Датум на внесување: 21.Септември.2010 во 14:28
Најдобри македонски патриотски песни...
....................
Гоце Николовски - Бисер балкански
Војо Стојановски - Една мисла имаме
Јонче Христовски - Едно име имаме
Сузана Спасовска - Гордо Македонијо
Гоце Арнаудов - Проклети да се предавниците
Мишко Талески - Дрво рисјанско
Славка Младеновска - Горда Македонка
....................
Што мислите вие ? Веројатно има уште неколку.



Коментари:
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 21.Септември.2010 во 15:00


Оваа ми е многу убава, од Ѓорѓи Робев: љубов

http://www.youtube.com/watch?v=-N1hHI5BSQs -
Колку векови во темнина си била

колку темни сказни знаеш земјо мила
колку страдања на рамена си збрала
колку жртви ти за слобода си дала.

Знае сводот вечен, знае сиот свет
кога Вардар течел, миел ропска клет
колку света сила в гори твои се зби
колку биваш мила, земјо мајко ти.





-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 11.Октомври.2010 во 10:09


http://www.youtube.com/watch?v=8mCwn_ZVjNo&feature=related - А бре Македонче, леле каде се спремаш?
Борба те чека, борба за слобода.
Борба за слобода, за Македонија,
за Македонија, земја поробена.

Момци наредени, моми накитени,
борба ќе одат, борба за слобода.
Борба за слобода, за Македонија,
за Македонија, земја поробена.

Нека разберат, клетите фашисти,
Македонско име нема да загине!

Честит празник! големо%20гушкање




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 11.Октомври.2010 во 11:16

http://www.youtube.com/watch?v=Kh6a6qb85Dw -


Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 11.Октомври.2010 во 12:17
samo za makedonski pesni li e ili principialno?

-------------
Go ahed be! Mejk maj dej!


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 11.Октомври.2010 во 13:52


изненадување

За македонски, јасно!!

Е вакви на пример, за партизаните, од добрите стари Бапчорки: да

Голем мерак имам мамо

Голем мерак имам мамо,
партизан да одам,
партизан да одам мамо,
на Вичо планина.

Тамо ќе си најдам, мамо,
мојте верни браќа,
мојте верни браќа мамо,
мојте верни сестри.

Јаска ќе се борам мамо,
за Македонија,
за Македонија, мамо,
земја измачена,
земја измачена мамо,
од клети фашисти.

Прва пушка пукна мамо,
мене ме погоди,
мене ме погоди мамо,
на левата страна,
на левата страна мамо,
близу до срцето.




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 11.Октомври.2010 во 14:12
КОГА ПАДНА НА ПИРИНА

Кога падна на Пирина
ранет Јане Сандански,
полетеја три сокола
и на Јане збореја:
Ајде Јане со нас дојди,ние лек ќе најдиме.

Мајка Македонија
за таков јунак лек ќе најдеш.

Први сокол ќе те носи
долу крај Вардарот
втори сокол ќе те носи
дур' на Белото Море
трети сокол ќе те носи
горе в Пирин Планина.

Белким ти ќе оздравиш
Македонија да ослободиш.

Ој бре вие три сокола
в срце луто сум ранет,
остајте ме тук да умрам
мене лек не лекува.
Македонија други ќе роди
ќе ја ослободат.

Мајко Македонијо
други да раѓаш да те ослободат.



-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 11.Октомври.2010 во 14:23
ЗЕМЈО МАКЕДОНСkА

Земјо Македонска поздравјавам те
земјо Македонска
земјо турско-ропска Македонијо
уважавам те.

Уважавам твоите Македонијо
гори високи
горите висојте
и во тебе херојте Македонијо
што ги раѓаш ти.

По теб се белејат Македонијо
безбројни стада
стадата белејат,а гроздови зрејат Македонио
по твои ридови.

Ништо не те плаши Македонијо
на овој бели свет
кој душман ќе влезе
жив не ќе излезе Македонијо
ти го ставаш в гроб.

-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 11.Октомври.2010 во 14:30
     НАРОДЕ МАКЕДОНСKИ

Народе Македонски
со какви идеи си ти?
Доста беше,разбуди се,
свести се не спиј ти.

Ти не знаеш кој си,што си,
други те знаат,
срам голем е за тебе
сам да се не знаеш.

Не сакаме богатство,
на сакаме пари.
Туку сакаме слобода и човечки правдини.

-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 11.Октомври.2010 во 16:25
ПОСЛУШАЈТЕ ПАТРИОТИ

Послушајте патриоти
да ви кажам словото.
на Ѓурѓовден бев затворен
в црни темни зандани.

Во зандани бев предаден
од проклети шпиони.
Од проклетите шпиони
и неразбрани трговци.

Во зандани бев измачен
ниту вода ниту леб,
телото ми потемнело,
долга риза до земја.

Ах немојте ме мачејте,
јас сум невин како цвет.
Сум се борел за слобода,
за човечки правдини.

Ах да знае мојта мајка
гробот да ми ископа.
Гробот да ми го ископа
спрема јасното сонце.

И на гробот да напише:
-"Тук' полчива маченик,
Тук' почива Александро
Караѓуле Охридски".

Жими најмило,жими најдраго
Жими крст и кандило,
Жими верата,жими душата,
Жими крв Македонска.

-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: портрет
Датум на внесување: 12.Октомври.2010 во 23:05
МАКЕДОНИЈА ТЕ ВИКА

По тебе газам земјо света
каменот чекам да проговори
тишина, молк
занемел некој ни збор да гатне
а толку сакам глас да чујам
глас на непокор македонски.

Стојам овде кај сум роден
кај сум израснал
гледам народ глава веднал
в земи погледнал
ќе те прашам мој народе, не ми се лути
што си сторил ти за себе, што си направил
ќе те прашам мој народе, не ми се лути
зошто раце ти си кренал, си ги оставил.

Гледам колку туѓи раце сонце покриле
дел по дел од твојта снага в џебој ставиле
ќе те турнат таму негде меѓу бездните
никој рака тебе нема да ти подаде
ќе те турнат таму долу во длабините
вистината твоја нема да се дознае.

Македонија, Македонија те вика
да ја станеш, простум исправиш
еден збор, еден здив, само капка пот ти треба
да ја утешиш
Македонија, Македонија те вика, да ја вратиш меѓу силните
еден збор, еден здив, само капка пот ти треба
да ја воскреснеш, да ја издигнеш.

Искрено, подобар текст на новосоздадена песна за Македонија немам слушнато. Често ја слушам на радио Роса, а ја пее Мишко Талески.


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 29.Декември.2010 во 21:47
http://www.youtube.com/watch?v=_YqbANC_XyI&feature=related - Црно му било пишано



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk