Гледајќи го како се извива на врвот на тропскиот остров, овој хотел кој содржи 45 совршено приватни водни вили, со право го заслужи првото место.
|
Најубави хотели |
Внеси реплика | страница 123 13> |
Автор | ||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 17.Март.2019 во 20:15 |
|
Најдобрите хотели во светот за 2019-таДоколку сакате да почнете со планирањето на вашите патувања за 2019-та, сајтот TravelAdvisor има објавено листа со најдобрите хотели за оваа година според изборот на милионите нивни корисници. Овој ресорт кој се протега на површина од 33 акри има поглед на Тихиот океан, сопствена плажа, како и уникатни вили дизајнирани за парови. Просечната цена на едно ноќевање е $243. 2) Најдобар луксузен хотел: Кајакапи пештери Кападокиа во Ургуп, Турција
|
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Raffles Singapore - СингапурИзменето од Valerija - 29.Јули.2018 во 12:23 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Andaz Mayakoba – Солидаридад, МексикоИзменето од Valerija - 29.Јули.2018 во 12:22 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
10 најдобри хотели во светот, според оценките на патницитеПатувањето и спомените од новите места кои ги посетуваме речиси секогаш се поврзани и со местата каде престојуваме. Токму затоа „TripAdvisor“ секоја година составува листа на најдобри хотели согласно оценките кои ги даваат патниците. Ова се најдобрите 10 за изминатата година: 10. JA Manafaru - Haa Alif Atoll, Малдиви9. Tulemar Bungalows & Villas - провинција Пунтаренас, Костарика8. Hanoi La Siesta Hotel & Spa - Ханои, Виетнам7. Shinta Mani Resort - провинција Сием Реап, Камбоџа6. Portrait Firenze - Фиренца, Италија5. BoHo Prague Hotel - Прага, Република Чешка4. Hotel The Serras - Барселона, Шпанија3. Turin Palace Hotel - Торино, Италија2. Mandapa, A Ritz-Carlton Reserve - Убуд, Индонезија1. Aria Hotel Budapest by Library Hotel Collection - Будимпешта, УнгаријаИзменето од Valerija - 06.Февруари.2017 во 08:21 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Mriya Resort & Spa - Крим |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Одбрани најдобрите 25 хотели за 2016-та според TripAdvisorОткако TripAdvisor ги објави најубавите дестинации за 2016-та година кои треба да ги посетите, на ред се луксузните хотели во кои ќе се чувствувате како да го живеете сонот. Очекувано, повеќето се на тропски, егзотични дестинации и без сомневање секој кој ќе успее да ги посети сите 25 хотели е среќен човек. Започнете со чкрткање на листата што поскоро: 1. Umaid Bhawan Palace Jodhpur, Џодпур, Индија2. Shinta Mani Resort, Сием Рип, Камбоџа3. Bellevue Syrene, Соренто, Италија4. Hanoi La Siesta Hotel & Spa, Ханој, Виетнам5. Achtis Hotel, Афитос, Грција6. Belmond Le Manoir aux Quat'Saisons, Грејт Милтон, Велика Британија7. Mirihi Island Resort, Мирихи, Малдиви8. Bucuti & Tara Beach Resort Aruba, Палм Бич, Аруба9. Calabash Luxury Boutique Hotel & Spa, Ланс аукс Епинес, Гренада10. Hotel Ritta Hoppner, Грамадо, Бразил11. Gili Lankanfushi Maldives, Ланканфуши, Малдиви12. Canaves Oia Hotel, Оиа, Грција13. Orange County Resorts Kabini, Национален парк Нагархоле, Индија14. Hotel Estalagem St Hubertus, Грамадо, Бразил15. The Milestone Hotel, Лондон, Велика Британија16. Tokoriki Island Resort, Токорики, Фиџи17. Casa Gangotena, Кито, Еквадор18. The Singular Patagonia, Пуерто Наталес, Чиле19. The Omnia, Зермат, Швајцарија20. J.K. Place Roma, Рим, Италија21. Hotel Abadia Retuerta Le Domaine, Сардон де Дуеро, Шпанија22. The Sherry-Netherland Hotel, Њујорк23. Nayara Hotel, Spa & Gardens, Ла Фортуна де Сан Карлос, Костарика24. Al Maha, A Luxury Collection Desert Resort & Spa, Муркаб, Обединетите Арапски Емирати25. Baraza Resort & Spa, Бвеју, Танзанија |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Најубавиот хотел во светот - палатата „Umaid Bhawan“Индиска палата достојна за махараџа се најде на врвот на листата на TripAdvisor за 2016-та година според оценките од гостите кои имале можност да влезат во оваа спектакуларна палата. На 14-то издание на наградите Travelers’ Choice на TripAdvisor, палатата „Umaid Bhawan“ се најде на првото место. Оваа прекрасна градба се наоѓа во Раџастан, западна Индија. Изградбата траела цели 15 години, од 1928-та година, па се до 1943-та година. Палатата претставува комплексна градба направена од песочник и мермер на површина од 11 хектари и дополнителна земја од 6.1 хектари. Хотелскиот дел од палатата е раководен од Taj групацијата на хотели и се состои од 70 соби со декорации во арт деко стил. И додека секој нема можност да плати 1.604 евра од ноќ, постои друга можност да погледнете како изгледа оваа прекрасна градба. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Луксуз: 6-те хотели во светот кои имаат 7 ѕвездиЛуксуз е еден од термините кој сè уште се употребува не само за да се изрази вредноста на некој објект, туку и да се доловат елементите на ексклузивност и уникатност кои може да се доживеат преку задоволството кое е врзано за екстравагантните предмети и објекти. Тука не станува збор само за модната индустрија и она што се нарекува висока мода, туку и за оние места кои ретко кој може да ги посети и да ужива во нив. Таков е случајот и со хотелите кои овозможуваат едно сосема поинакво доживување на поимот хотел. Верувале или не, постојат хотели кои имаат и повеќе од 5 ѕвезди. Не 6, туку 7 ѕвезди, а такви во светот се само 6. Можете да претпоставите каде се наоѓаат?
Овој хотел отворен е од 2013-та година во палатата Пападополи од 16-иот век и во него Џорџ Клуни и Амал Клуни стапија во брак. Има само 24 соби, цената на собите започнува од 100 евра, најголемата соба чини 3500 евра од вечер.
Овој хотел изграден е на вештачки остров на оддалеченост од 280m od плажата Јумериа и е со изглед на едро веќе одамна е симбол на луксуз, поточно уште од 1999-та година кога беше изграден. Севкупно има 202 соби, а најголемата чини 9000 евра од вечер.
Овој хотел отворен е во 2005-та година, има своја приватна марина во случај да посакате да пристигнете по морски пат и место за долетување на хеликоптери, ако сакате да пристигнете по воздушен пат. Има 92 масивни соби, а најгорниот кат резервиран е за оние со сина крв. Дали некогаш сте посакале да поседувате свој сопствен остров? Постои место каде можете да го доживеете чувството да се биде сам на остров, во неверојатниот Лукала ресорт. Изнајмувањето на една вила од ноќ, тука ќе ве чини 3000 евра.
Сместен во главниот град на Пакистан, овој хотел е дел од масивниот шопинг центар чија изградба чинела 350 милиони долари, а составен е од елегантни соби во кои имате приватен батлер.
Последниот хотел која ја доби својата 7-ма ѕвезда е и престижниот Galleria Vittorio Emanuele II во Милано. Има 20 соби, а секоја од нив посветена е на најголемите мајстори од театарот Ла Скала, од Верди до Пучини. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Изменето од Valerija - 29.Јули.2018 во 12:22 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ОВА Е НАЈДОБРИОТ ХОТЕЛ ВО СВЕТОТГледајќи го како се извива на врвот на тропскиот остров, овој хотел кој содржи 45 совршено приватни водни вили, со право го заслужи првото место. Изменето од Valerija - 29.Јули.2018 во 12:07 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ОВА Е НАЈДОБРИОТ ХОТЕЛ ВО СВЕТОТГледајќи го како се извива на врвот на тропскиот остров, овој хотел кој содржи 45 совршено приватни водни вили, со право го заслужи првото место. Изменето од Valerija - 29.Јули.2018 во 12:18 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
НАЈЛУКСУЗНИОТ ХОТЕЛ ВО СВЕТОТИмено, хотелот ”Oberoi Udaivilas” изобилува со луксузни погодности, како што е на пример личната услуга од батлер, а само една ноќ во овој хотел чини околу 600 евра. Сепак, постојат огромен број на причини зошто ова е најдобриот луксузен хотел во светот. Секако, во дел до нив се вбројува и феноменалната природа која го окружува и убавината на самата градба, а тука се и бројните услуги наменети за гостите и нивниот луксузен престој. Така, гостите во овој луксузен хотел доаѓаат со приватни бродови преку езерото Пичола. По пристигнувањето на овој феноменален остров, пред нив се издигнува импресивна градба која неодоливо потсетува на традиционалните индиски палати. Градбата во која што гостите престојуваат е декорирана со беспрекорни и неверојатни архитектонски детали, а во внатрешноста гостите ги очекува атмосфера која што ќе им помогне да го пронајдат внатрешниот мир и максимално да се релаксираат. Прекрасната декорација во внатрешноста на хотелот ги остава гостите без зборови и ги носи во нов свет кој “како да е надвор од нашиот универзум и е плод на нечија разиграна фантазија”. Дел од луксузно декорираните апартмани имаат директен пристап кон приватните базени создадени за уживање. Сите апартмани се декорирани во модерен индиски стил, а исто така поседуваат и големи плазма телевизори, аудио уреди и најразлични услуги од вработените во хотелот. Секоја од бањите во апартманите се ремек-дело, кога станува збор за дизајнот на ентериерот и претставуваат вистинска оаза на мирот и уживањето. Исто така, хотелот на своите гости им нуди сесии јога со приватни инструктори, кои што ги водат посетителите до прекрасни места создадени за медитација. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
НЕВЕРОЈАТЕН ВЕЛНЕС ХОТЕЛ ВО АВСТРИЈАИзменето од Valerija - 29.Јули.2018 во 12:17 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Овој неверојатен хотел ќе ве остави без зборовиИталија важи за една од најубавите земји во светот и истата е најпосакувана дестинација за огромен број на туристи. Токму затоа, оваа земја изобилува со неверојатно уредени хотели, а еден од нив е и прекрасниот “The Santa Rosa” хотел. Хотелот “The Santa Rosa” е еден од најубавите хотели во прекрасната Италија. Како што и во самиот опис на овој неверојатен сместувачки капацитет, станува збор за хотел кој што е совршено место за престој, со екстремно богата историја и неверојатна топлина. И самата местоположба на овој хотел го прави истиот неверојатно атрактивен. Така, издигнувајќи се на врвот од карпа, хотелот “The Santa Rosa” ги привлекува своите гости со одличната понуда, шарените бајковити градини во неколку нивоа, “бесконечниот базен” и погледот кон заливот Салерно кој остава без здив. Хотелот “The Santa Rosa” се смета и за еден од само 39-те хотели во Италија кои што се изградени во замоци. Така, овој хотел во 1924 година бил сместен во градба која дотогаш претставувала манастир и истиот цели три генерации бил под водство на еден од најуспешните римски хотелиери, г-динот Маркучи. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Внеси реплика | страница 123 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |