![]() |
|
УЕФА Европско првенство |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 6> |
Автор | |
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 23.Февруари.2014 во 17:46 |
Па немаме некоја тешка група според мене,али дали ќе направиме нешто повеќе е голем знак прашалник?
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
LiDivio ![]() Модератор ![]() Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
МАКЕДОНИЈА ВО ГРУПА СО ШПАНИЈА!
Состави на групите во квалификациите за ЕП во Франција 2016: Група А: Холандија, Казахстан, Исланд, Летонија, Турција, Чешка Група Б: БиХ, Андора, Кипар, Велс, Израел, Белгија Група Ц: Шпанија, Луксембург, Македонија, Белорусија, Словачка, Украина Група Д: Германија, Гиблартар, Грузија, Шкотска, Полска, Република Ирска Група Е: Англија, Сан Марино, Литванија, Естонија, Словенија, Швајцарија Група Ф: Грција, Фарски Острви, Северна Ирска, Финска, Романија, Унгарија Група Г: Русија, Линхенштајн, Молдавија, Црна Гора, Австрија, Шведска Група Х: Италија, Малта, Азербејџан, Бугарија, Норвешка, Хрватска Група И: Португалија, Албанија, Ерменија, Србија, Данска |
|
![]() |
|
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
каде е логиката а каде разумот
Откако на клупата на шпанската селекција дојде Висенте дел Боске, тие играат многу понеатрактивен фудбал отколку со неговиот претходник Луис Арагонес, со кој го освоија Европското првенство во 2008 година. Со Дел Боске, шпанската игра е многу позатворена и посигурна во одбраната, за што говори и самиот факт дека во нокаут-натпревар немаат примено гол уште од 2006 година. предходникот от 2008 ама со Дел Боске од 2006 ![]() Изменето од d4 b3 - 02.Јули.2012 во 23:36 |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
па четири гола за Панчев се скромни, со него у репрезентација имаме примано многу повеќе
![]() |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
![]() |
|
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
да бе
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ги разбира работиве Даре
![]() |
|
![]() |
|
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=629122127531&id=19&prilog=0&setIzdanie=22618
Дарко Панчев, македонски фудбалер на векот |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ГОЛЕМАТА ШПАНИЈА СТАНА ВЕЧНА - ШПАНИЈА НЕМИЛОСРДНО ЈА СОВЛАДА ИТАЛИЈА ЗА ОДБРАНА НА ЕВРОПСКАТА КРУНАШпанците немилосрдно ја совладаа Италија со 4:0 (2:0) и ја одбранија титулата шампион на Европа! Стрелци Давид Силва, Жорди Алба, Фернандо Торес и Хуан Мата!Шпанија и официјално стана најдоминантна фудбалска сила во историјата на играта! Европската титула од 2008 година и светската од 2010 додадена е уште една шампион на стариот континент, со победа од 4:0 над Италија во финалниот натпревар на Европското првенство на Олимпискиот стадион во Киев. Потврда за непогрешливата тактика и изведба на најголемиот европски виртуоз, донесе убедлива победа на избраниците на Винсет дел Боске. Најубедлива во финалињата на европските првенства! Головите ги постигнаа Давид Силва и Жорди Алба (во првото полувреме), Фернандо Торес и Хуан Мата (во второто). Убедлив резултат на финален натпревар, сепак не оддаде вистинска слика за квалитетот на нивните ривали. Италијаните докажаа дека со право обезбедија пласман во финалето. Андреа Пирло, Рикардо Монтоливо и Даниеле Де Роси пробуваа да ја пробијат шпанската одбрана по левата и десната страна, низ средината и со додавања од втор план, но Икер Касиљас последната линија на одбранта на голот на Фуријата секој пат ги корегираше ситните пропусти на своите играчи од дефанзивната линија. Азурите сепак доживеаа голем хендикеп во 60 минута кога Тијаго Мота поради повреда на задната ложа мораше да ја напушти играта, а селекторот Прандели немаше право на уште една измена. Во првото полувреме од терен поради исти причини излезе Кјелини. На втората клупа, шпанската, последниот свиреж на судијата Проенса означи почеток на големо славје. Селекторот Дел Боске стана втор тренер кој ги обединил светската и европската титула. Пред него тоа му успеа на Хелмут Шон, селекторот на Западна Германија на Европското првенство во 1972 и светското во 1974 година. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ма Италија е .... шампион
![]() |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
![]() |
|
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Италијанските навивачи ја „погребаа“ Шпанија Растат тензиите пред вечерашниот финален дуел од Европското фудбалско првенство, каде што ќе се сретнат Италија и Шпанија. Навивачите на Италија изработија некролози кои ги лепат пред стадионот во Киев, каде што вечерва ќе се дознае новиор европски фудбалски владетел. Истиот начин на „провоцирање“ на противникот имаа и пред полуфиналниот дуел со Германија, кога тоа им донесе успех, а вечерва ќе видиме дали овој рецепт ќе се покаже добар и за завршниот меч. ![]() Двете селекции имаа веќе еден дуел на Евро во Полска и Украина, кога во првото коло ремизираа 1-1. Италија не беше меѓу фаворитите за освојување на круната, но избраниците на селекторот Чезаре Прандели ги изненадија сите и заслужено се во финалето.
|
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
КАСИЉАС ПРЕД НОВ РЕКОРДГолманот на Шпанија, Икер Касиљас во недела во финалето на Евро 2012 во Полска и Украина ќе има можнсот да постави нов рекорд за најмногу победи во дресот на националниот тим во историјата на фудбалот. Ако Шпанија ја победи Италија во финалето на Евро 2012, Касиљас ќе ја прослави својата 100-тта победа во националниот тим. Касиљас и во актуелниот момент има најмногу победи на национално ниво. Во мај оваа година, тој ја забележа својата 95-та победа во пријателскиот натпревар со Република Кореја, кој заврши со резултат 4:1 во корист на Шпанија. Со оваа победа, тој ги надмина дотогашните рекордери - Французинот Лилиан Торам и Ахмед Хасан (Египет).Потоа Шпанија ја победи Кина, а во рамките на Евро 2012 забележа победи и над Ирска, Хрватска и Франција. Портпаролот на холандската компанија,"Инфострада" прогласи дека натпреварите завршени со победа на пенали не се сметаат во оваа смисла за победи. Со Касиљас во својот стостав, Шпанија има остварено три победи на пенали. 31-годишниот голман на Шпанија беше капитен на тимот при освојување на титулите од Евро 2008 и Светското првентство во 2010 година.Листа топ 10:1.Икер Касиљас (Шпанија) - 99 победи,2.Ахмед Хасан (Египет) - 94 победи,3.Лилиан Торам (Франција)4.Мохамед Ал-Деаје (Саудиска Арабија) - 89 победи ,5.Али Деији (Иран),6.Кафу (Бразил) - 88 победи,7.Клаудио Суарез (Мексико) - 87 победи,8.Лотар Матеус (Германија) - 85 победи,9.Хавиер Занети (Аргентина) - 83 победи,10.Роберто Карлос (Бразил). |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ДЕЛ БОСКЕ ПИШУВА ИСТОРИЈАШпанскиот селектор, Винсенте Дел Боске, во недела може да влезе во историјата на фудбалската игра. Имено, Дел Боске, може да стане првиот тренер, кој во кариерата освоил пехари на Светско и Европско првенство, како и во Лигата на шампиони. Првите големи трофеи во кариерата Дел Боске ги освои во 2000 и 2002 годдина кога како тренер на Реал победуваше во Лигата на шампиони. Искусниот тренер во 2010 година со „Црвената фурија“ ја освои светската титула на шампионатот во Јужна Африка. Единствен тренер на кого му успеало да ја освои светската и европската круна е Хелмут Шен, тој со Германија победи на ЕП во 1972 и СП во 1974 година. Во друштво на Дел Боске и Шен може да се приклучи и Марчело Липи, кој со Јувентус ја освои Лигата на шампиони, а со Италија титулата на СП во 2006 година. Финалниот натпревар на Еуро 2012 ќе се одигра на 1. јули, во Киев, со почеток во 20:45 часот |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
„ФУРИЈАТА“ ОД БЕЛАТА ТОЧКА ДО ФИНАЛЕТО![]() На Донбас Арената во Доњецк одлука за првиот финалист на Европското првенство падна после изведување на пенали. Во натпревар од кој повеќе се очекуваше после 120 минути игра беше 0:0, за да после пенал-серијата Шпанија сепак ја оправда улогата на фаворит! Во регуларните 90 минути нешто подобар впечаток остави Португалија, за да во продолженијата Шпанија ги створи своите најдобри шанси. Првата шанса на овој натпревар видена е веќе во деветата минута кога Арбелоа изненадно се најде во изгледна ситуација, но од некои дванаесет метри топката ја прати преку голот. Шпанците во првите петнаесет минут во свој стил ја контролираа ситуацијата на теренот имаа поголем посед на топката, но како времето минуваше се почесто топката ја гледавме на нивната половина. Нани за разлика од некои претходни натпревари делуваше значително подобро во екипата на Португалија, расположен беше и Роналдо кој после дваесетина минути почна и со ефективни додавања со пета... Сепак до нова шанса повторно дојдоа Шпанците во 27 минута кога Иниеста од ивицата на казнетиот простор проба да го лобува Патрисио но замалку беше непрецизен. Четири минути покасно возвраќа Роналдо истотака од ивицата на казнетиот простор, покрај Пике и Рамос, но топката поминува покрај левата статива. После само осум минути во вториот дел Винсет Дел Боске се откажа од „експериментот“ со Негредо во нападот. Секс Фабрегас доби шанса, шпанците сакаат повторно да воспостават препознатлива доминација на средината на теренот, но Роналдо и другарите многу брзо покажуваат дека овој пат тоа нема да оди така лесно. Во 56 минута брз напад на Португалија, го завршува Алмеида со шут од преку дваесет метри, а топката оди преку голот. Две минути покасно нова акција на Роналдо и Алмеида кој повторно шутира кон голот на Касиљас и повторно непрецизно. Конечно во 68 минута шпанците пробиваат низ средината, на Чави му се отвара простор шутира од некои осумнаесет метри но право во голманот Патрисио. Четири минути покасно Роналдо изнуди слободен удар на триесет метри од голот на Касиљас, потоа и шутира- силно но топката завршува над пречката. Во 76 мниута се отвара простор за Мутињо и Нани пред шеснаесетникот на Шпанија, но прво Мутињо можеше побрзо да реагира, за да потоа „успаниот“ Нани дозволи дефанзивците на Шпанија да го изблокираат. И во следните минути Португалија е блиску до голот воглавно од прекини, а најизгледна позиција беше за Роналдо во 83 минута кога од нешто повеќе од 20 метри повторно шутира преку голот. НО каква прилика пропушти Роналдо во 90 минута! Контра на Португалија четири на три, Велосо повлече, потоа Меирелеш ја праќа топката на лева страна кон Роналдо кој шутира покрај Пике но непрецизно - топката завршува покрај голот. Најдобра шанса во досегашниот тек на натпреварот. Следеа продолжетоци, а во нив најдобра шанса за Шпанците од почетокот на натпреварот! Алба одлично го запосли Иниеста кој од неколку метри од голот не успева да го совлада Патрисио. Голманот на Португалија одлично реагираше. Во 110 минута уште една одлична интервенција на Руи Патрисио ја спасува Португалија. Овој пат Навас се проби по десната страна, влезе во казнетиот простор, шутираше по земја во спротивниот агол, но голманот на ПОртугалија со помош на Пепе успеа да ја сочува својата мрежа. Во 114 минута резервистот Пепе и побегна на одбраната на Португалија, но Конетрао го стигна и со одлична интервенција спречи водство на „Фуријата„ Беше тоа и последната шанса на овој натпервар, остана 0:0 и за финалистот ќе одлучуваат пенали! Чаби Алонсо шутира прв - брани Руи Патрисио! Мутињо за Португалија - брани Касиљас! Втора серија: Иниеста - 1:0 за Шпанија. Пепе шутира - 1:1! И Пике е сигурен - 2:1! Нани под пречката 2:2! Серхио Рамос маестрално 3:2 за Шпанија! Бруно Алвеш ја погодува пречката, а Фабрегас погодува за пласман на Шпанија во финалето - 4:2! ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
МАМА МИА! ИТАЛИЈА Е ВО ПОЛУФИНАЛЕТО![]() По највозбудливиот натпревар на Европското првенство, репрезентацијата на Италија е последниот патник во полуфиналето на Европското првенство во фудбал, откако ја совлада Англија по изведувањето на пенали во четвртфиналето со 4:2. По 120 минути одличен меч, во кој тимот на Чезаре Прандели доминираше, напаѓаше и имаше стоотстотни шанси, Во регуларниот дел на натпреварот Балотели најмногу шутираше, но среќата не го сакаше, па два пати погоди статива, а другите удари одеа над голот. Резултатот остана 0:0, што ги одведе овие европски гиганти до решение на пенали. Пенал рулетот го отвори Балотели со погодок, веднаш по него погоди и Жерард за Англија. Втората серија ја отвори Монтоливо и го промаши целиот гол, Руни погоди за водство на Англија по две серии. Во третата серија Пирло мајсторски ја поткопа топката, а Ешли Јанг ја погоди пречката и така Италија се врати резултатски, за во четвртата серија Ночерино да ја доведе и во водство кое Ешли Кол не го анулираше, Буфон му го одбрани ударот. Во последната серија Диаманти погоди за огромна радост на „Аѕурите“ и славје на Олимпискиот стадион во Киев. Следуваат два дена пауза, во среда во украински Доњецк се игра првото полуфинале помеѓу Шпанија и Португалија, додека во четврток во полската престолнина Варшава за влез во финалето ќе се борат Германија и Италија. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |