|
Опасни лекови, кои слободно се продаваат кај нас! |
Внеси реплика |
Автор | |
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 31.Август.2010 во 10:15 |
Токму така,Венторот не е адекватен за долготрајна употреба,тој се препорачува за поинтензивни болки,каде не помагаат послаби аналгетици. Препорачана доза е 1 до 2 таблетки на ден ,но никако подолго од 5 дена,затоа што може да направи оштетување на црниот дроб. Секој лек е меч со 2 острици,еве на пример кортикостероидите....тие се неопходни во лекувањето на одредена болест,но со подолга употреба можат да доведат до остеопороза. Значи секој лек на извесен начин е штетен,затоа постои скалило за корисност и штетност и проценката за неопходноста и времетраењето на лекување со одреден хепатотоксичен лек ја одредува лекар. |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
П.С.
Се покажа,после неколку случаи во ирска, дека лекот не е адекватен за долготрајна употреба, бидејќи во повеќе случаи после терапија од 2месеци со истиот лек дошло до оштетување на црниот дроб,со холеостатски хепатитис итн.Лекот до сеа е забранет само во ирска (италија се во процедура), а се размислува генерално да се исфрли од употреба. |
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mагичниот Вентор / Ventor (Nimesulide (http://en.wikipedia.org/wiki/Nimesulide)) ја елиминира главоболката за 20-тина минути. Но али сте се запрашале некогаш, дали тој аналгетик можно е да е опасен (токсичен)???
Наместо позитивни коментари, бев запрепастен кога прочитав дека Nimesulide (кај нас познат под името Вентор) речиси секаде е забранет поради предизвикување хепатотоксичност што доведува до оштетување на црниот дроб, кое во 50% од случаите предизвикува откажување на црниот дроб. Значи, обратете внимание. Nimesulide се наоѓа под имињата: Aulin, Ainex, Drexel, Donulide, Edrigyl, Eskaflam, Heugan, Mesulid, Minapon, Nexen, Nidolon, Nimed, Nimedex, Nimesil, Nimulid, Nimutab, Nise, Nisulid, Scaflam, Scaflan, Coxtral, Lusemin, Medicox, Nidol, Nimalox, Nimesil, Nimotas, Nimulid, Nise, Sorini, Ventor, Willgo... Ја отворам темава затоа што знам дека доста од вас го употребуваат, како ефикасен и моќен аналгетик против главоболка, менструални болки и тн. - а не ги знаат страшните контраиндикации кои ги предизвикува овој „лек“. Доколку имате информација за други лекови кои се забранети низ целиот цивилизиран свет, а кај нас слободно се продаваат - слободно наведете ги тука заедно со изворите на информацијата. Барем ние да бидеме информирани. |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |