|
Тинејџери |
Внеси реплика | страница 123 12> |
Автор | |
b1ljana
Нов член Регистриран: 09.Јануари.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 20 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 17.Јануари.2011 во 23:20 |
И покрај сите случувања мислам дека тинејџерските години се едни од најубавите. Навистина е жално што дел од тинејџерите ги користат на погрешен начин. За мене како тинејџерка можам да кажам дека не им создавам некои посебни грижи за родителите (иако не делиме исто мислење). Значи нема пиење, пушење,големи проблеми на училиште и сл. Е сега не би рекла дека сум многу за фалење - значи избувливост, секојдневни расправии (најчесто со татко ми), брзо го менувам расположението, изостаноци и нешто послаб успех со оценки во текот на годината (иако на крај успевам да поправам)но сепак не се сметам за проблематична...
|
|
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
период кој веќе ми поминува ( фала богу ) и за кој немам баш убаво мислење,... не знам како мајка ми испадна на крај со моите промени на расположенија,... па комплекси еден тон,.... среќа моја ( а и нејзина ) што лицето ми остана чисто, иначе и за тоа ќе се напатеше жената
сега размислувам малку повеќе со ладна глава,... не си го комплицирам толку животот,.... станувам позрела,... и така баш ми е убаво сега за сега само,... сега јас тоа го сфаќам.... се во свое време... не брзајте од преминот дете-тинејџер и тинејџер-возрасен.... животот си тече брзо и без нашето брзање |
|
bluebell
Сениор the craziest Регистриран: 14.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 8041 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Imam eden, se nadevam se ke pomine ok zasto go obozavam!
|
|
always look on the bright side of the life!
|
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
.
Изменето од Tiggy Vicious - 17.Декември.2010 во 22:00 |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се знае дека тинејџерите се со променливо расположение, но има разлика меѓу тинејџерската лудост и биполарното пореметување, психичките пореметувања кои повеќе од половина заболени ги погодува пред 17-тата година. Додека на возрасните им се чини дека тоа се “бубачки во глава“ станува збор за голем проблем. Биполарното пореметување или манична депресија е тоа што наводно го има американската пејачка која баш секој ден е на медиумите – Бритни Спиарс. Но, кај вас тинејџерите, на кои уште мозокот ви се развива, симптомите може да се разликуваат од оние кај возрасните луѓе. Доколку патиш од тоа пореметување, можеш да имаш драматични промени во расположението во еден ден. Така во исто време можеш да биднеш во тотална беда и крајно весел. Можеш да поминеш на пример четири сата дневно во многу добро и весело, еуфорично расположение (како да си мало дете кое се радува на отворање на подарок под новогодишна елка), а после тоа четири сата во расположение од тип “не приближувај ми се “. Се однесуваш како некој да ти умрел, без волја, депресивен си и не сакаш да се дружиш со твоите пријатели. Размислуваш за тоа како би се повредил самиот себе. И така тоа може да оди од ден во ден. Тоа е затоа што биполарното пореметување означува изменување на т.н депресивни и манични ситуации Кога е во прашање депресија – тажен си, не можеш да пронајдеш задоволство во секојдневните активности, имаш проблем со спиењето и исхраната, те мачи чувство на вина и самоубиствени мисли. Што се однесува на маничниот дел, те фаќаат весели расположенија, како да се случува најубавата работа во твојот живот. Така од еднаш стануваш расположен/а за зезање, се смееш и кикотиш без некој посебен разлог. Без грижа, се знае дека тинејџерите се познати по нивното чудно однесување. Емотивни се, би спиеле полно и чувствуваат потреба да се бунтуваат против секого. Често го менуваат расположението и состојбата лесно им проаѓа од лоша во весело кикотење. Веројатно и ти си само обичен тинејџер. Но, како да станеш сигурен дека не си ова другото? Имаш ли биполарно пореметување, претеруваш во се, и тоа не на обичен начин на кој претеруваат твоите врсници (пр. Го мразам училиштето! Никогаш нема да ја поправам таа единица!) туку на начин од тип: Веќе нема да одам на училиште. И така ништо паметно нема да научам таму. Училиштето и така не ми гарантира ништо. Значи, биполарното пореметување те одалечува од стварноста и веќе не размислуваш рационално и одговорно. Слично е и со другите работи – пореметен е односот спрема сопствената сексуалност. Чувствуваш потреба да имаш дури неколку момчиња/девојки истовремено како што и на несоодветен начин да ја покажуваш својата сексуалност и потполно неодговорно се впушташ во сексуални односи. Многу тинејџери со ова пореметување имаат проблеми со алкохолот, цигарите или дрогата. Биполарното пореметување кое не се лекува може тинејџерскиот живот да го претвори во хаос – да предизвика проблеми во училиштето кои резултираат со исфрлање од наставата, неодговорно сексуално однесување со несакани последици, депресија дури и самоубиство. Затоа е важно на време да се открие и да се лечи. Шанса за да се добие поголема е кај оние семејства кај кои веќе постои некој кој болувал од тоа пореметување или од депресија. Дополнителни фактори се и земањето дрога, како на пример марихуана и кокаин.... ..Statijata prevzemena od Facebook .... |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секој петти тинејџер со оштетен слух
Според најновото истражување на американските научници, секој петти тинејџер има оштетен слух поради премногу гласната музика која што ја слуша на својот MP3 или MP4 плеер. Со цел да се изолираат од бучавата околу нив младите луѓе не ретко го пуштаат тонот на овие музички уреди до самиот крај и ги оставаат слушалките во уши подолго време, што предизвикува неминовно оштетување на самиот слух. Иако поголемиот дел оштетувањата се сметаат за слаби, односно младите не можат да слушнат звуци во распон од 16 до 24 децибели како шепотење и шушкање на лисјата, не станува збор за занемарлив проблем. Овие тинејџери можат да ги слушнат сите самогласки, но најчесто не можат да изговорат согласки како т, к и с. Освен тоа слушањето многу гласна музика го зголемува ризикот од употреба на слушни апарати во подоцнежните години од животот. |
|
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
шо паметна мама имаш... |
|
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ха... добра статијава... Ама... еве на пример ја... Си се правам наглува. -_____ отвори врата ма! -Што???? -Отвори врата викам! -Што??? -ОТВОРИ ВРАТА!!! -Не те слушам ништо... Или: -Ако уште еднаш видам дека си седнала пред компјутер без да расчистиш низ тоа кокошарникот твој, ќе те задавам, разбра!? Дембел еден. Само да се седело, јадело и спиело!Бла бла бла... и ако слушнам уште еднаш од тоа дрогирашката музика, ќе лета тоа компјутерот низ прозор. Разбра? -Мамо, не те слушнав, што збореше? -Молам??? -Ликвид Тенжн Експеримент не се дрогираши. И бегам у соба. |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Charmedgirl18
Сениор Регистриран: 17.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 868 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...од гледна точка на мајките, така е... |
|
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand We'll walk this road together, through the storm Whatever weather, cold or warm Just let you know that, you're not alone |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
мајка ми вели, да се шараш и дупчиш по телото е како да си имал нова чиста маица што си ја надополнил со дупки од цигари и дамки од манџа и кафе за да покажеш кој си.
|
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И јас едно време имав желба за пирсови, тетоважи и такви глупости ама со текот на годиниве ми помина и сеа не ми паѓа на крај памет...
|
|
Charmedgirl18
Сениор Регистриран: 17.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 868 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
да ама против тоа е сега да ставам тетоважа...освен ако не го направам тоа во тајност Изменето од Charmedgirl18 - 23.Август.2010 во 18:36 |
|
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand We'll walk this road together, through the storm Whatever weather, cold or warm Just let you know that, you're not alone |
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е, ова не го сваќам.
Како може да биде против тоа ти да ставиш тетоважа? Нема никогаш да ми биде јасно. Сепак, тоа е твое тело, твој избор нели... Плус над 18 години се става тетоважа, значи си полнолетна и нема некое големо право а ти се меша во изборот. Освен секако -ако ти не и дозволиш. |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
Внеси реплика | страница 123 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |