|
Ѓорѓи Сугарев |
Внеси реплика |
Автор | ||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 18.Април.2012 во 18:11 |
|||
|
||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ВЕЧНА ТИ СЛАВА ДРАГ БИТОЛЧАНЕЦ
|
||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Сугарев го убија врховистите
Наум Крстевски, Оклахома, САД Ви го пишувам ова писмо со цел да исправам една голема историска неправда. Поточно, станува збор за смртта на Ѓорѓија Сугарев. Големата вистина закопана во македонската почва е дека тој не беше убиен од Турците, туку од врховистите. Ве молам, доколку ја почитувате вистината, обрнете внимание и прочитајте го! Верувам, многумина ја слушале песната „Заплакало е Мариово“ каде што се зборува како загинал Ѓорѓи Сугарев, наводно предаден од параловци( Паралово место во Мариовско). Но, сепак, народната песна не ја открива вистината за овој чесен војвода, херој во очите на народот. Вистината е следна: Сугарев добива писмо од страна на четник во кое се вели дека треба да дојде во Јени Маало на разговор околу тоа како да се среди ситуацијата таму поради тоа што не можат да одлучат кој да биде војвода. Се моли да дојде и поради дејствувањето на грчките андарти, кои го напаѓаат населението. Писмото е напишано и испратено од Петар Лигушев. Сугарев како задолжен за тие работи, се упатува кон тој реон. Во меѓувреме, Лигушев (на некои познат како Легушев) преку селскиот поп ќе му каже на Сугарев дека ќе го чека кај манастирот, а во исто време им дава до знаење на Турците дека четата на Сугарев е во него. Сугарев оди на местото и е пресретнат од неброен аскер. Четата на Сугарев брои 25 луѓе, кои ги раководи тој. Нападнати од Турците и немајќи можност за бегање, почнуваат долга борба која траела цела вечер. Утредента на местото на настанот се пронајдени 24 тела, а едно не е таму. Токму телото на Ѓорѓи Сугарев! Овој бил тешко ранет, но не и мртов. Како што знаеме сите и како што, верувам, сме учеле по книгите, Сугарев се самоубива. Вистината е дека Сугарев вечерта успева да избега, доаѓа во селото кога паѓа мрак и се обидува да најде медицинска помош. Тогаш е пресретнат од Лигушев или од Црни Петар кои го докрајчуваат. Телото на Сугарев ниту пак неговата пушка не се најдени до ден денешен. |
||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ѓорѓи Сугаре е роден во Битола, станува член на Тморо во 1901 година.
Активно зема учество во Битолскиот регион за време на Илиднен каде што мобилизира огрмони војски, скоро секое село од Битолско зема учество. Спред кажувањата на војводата Славејко Арсов огромен број на Комити за време на Илинден биле од Битола и во Битолскиот реон 96% од населението земало активно учество во Револуцијата. По катастрофалните порази, многу од војводите заминуваат за Бугарија со цел да се спасат од теророт и апсењата кои ги вршеле Турците. Но Сугарев наместо да ја напушти Македонија, почнува со возобновување на организацијата, кој треба да работи под Команда на Даме Груев за да се рехабилитира организацијата и да се стават нови војводи и управители на месните комитети. Сугарев токму тоа и почнува да го прави. Верувам многумина ја слушале песната "Заплакало е Мариово"каде што се збори како загинува Ѓорги Сугарев, наводно предаден од Параловци(т.е Паралово место во Мариовско). Но сепак народната песна не ја открива правилната вистина за овој чесен војвода, херој во очите на народот, човек кој никогаш не го ставал индивидуализмот пред Македонија, човек кој секогаш бил тука за народот. Вистината е следнава: Сугарев добива писмо од страна на четник во кое се вели дека треба да дојде во Јени мало на разговор околу тоа како да се среди ситуацијата таму поради тоа што неможат да одлучат кој да биде месен војвода, исто поради причината за да се пресмета со грчките андарти кои почнуваат сериозно да го повредуваат населението. Писмото е напишано и испратено од Петар Лигушев. Сугарев како задолжен за тие работи се упатува кој тој реон. Во меѓувреме Лигушев(на некои познат како Легушев) го набедува селскиот поп(кој бил пијаница и неранимајко, не зборат за отецот Мирабо бидејќи како што знаеме тој е поданик на Даме Груев и се смета за еден од најчесните луѓе во организацијата) да му каже на Сугарев кога ќе дојде дека Лигушев ќе го чека кај манастриот, а во исто време им дава дознаење на турците дека четата на Сугарев со самиот Сугаре на чело ќе биде дојдена на тоа место. Сугарев оди на местото и е пресретнат не од Лигушев него од неброен Аскер. Четата на Сугарев брои 25 луѓе кои тој ги раководи. Нападнати од Турците и немајќи можност за бегање, почнуваат долга борба која траела цела вечер. Утредента на местото на настанот се пронајдени 24тела, а едно не е таму. Токму телото на Ѓорѓи Сугарев. Е сега прашањето е како Сарафов го уби Сугарев? Сарафов и Сугарев двајцата биле под Даме Груев и имале колку толку исти привилегии, Лигушев работел за Сарафов и верувам дека добил наредба од него да го намести Сугарев. Ѓорги Сугарев по тешката борба со Аскерот, е тешко ранет, но не и мртов. Како што знаеме сите и како што верувам сме учеле по книгите е дека Сугарев се самоубива, а некои други дека Сугарев е убиен од страна на Турците. Вистината е дека Сугарев вечерта успева да избега, смрторанет доаѓа во селото кога паѓа мрак и се обидува да најде медицинска помош. Тогаш е пресретнат од Лигушев или од Црни Петар кои го докрајчуваат. Телото на Сугарев ниту пак неговата пушка се најдени до ден денешен. Ниту пак по долго долго пребарување на планинските места е пронајден трупот негов од страна на Турците. Месното население во реонот почнува да се прашува каде е Сугарев и дали сеуште е жив. Една вечер Петар Лигушев му дава писмо на извесен селанец нарачен Стојан да го однесе кај Ѓаконот(војвода од тоа место) и му кажува дека аскерот го бара и веќе се во неговата куќа. Стојан се упатува кон Ресенско, но почнува облен дожд по што писмото се наводенува, Стојан пробувајќи да го стави во својата капа решава да го отвори и да го стави само без плико, притоа откако го прочитал писмото увидува дека Лигушев му наредува на Ѓаконот да го убие Стојана поради тоа што се сомнева дека тој ја знае вистината за Сугарев. Стојан се враќа во селото и живее во плевната на еден Албанец, кој притоа му кажува на Стојан дека Лигушев им предал листа со имиња на членови на Мро на аскерот. Сакал сите да ги убие поради тоа што се сомневал дека ја знаат вистината за Сугарев и сакал да ги заќути во нивното константно интересирање каде е Ѓорѓи. По 3дена Стојан го пронаоѓа Петар и го пука од зад грб, но притоа Лигушев не умира, само е тешко ранет. Овој текст го напишав со цел да се запознаеме со вистината затоа како умре Ѓорѓи Сугарев, да му одадеме помен на големиот војвода и борец на Македонскиот народ кој беше жртва на врховизмот и на предавниците. |
||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Песна за Ѓорѓи Сугарев
Заплакало е Мариово, заплакало за тој ми Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугарев каде си Ѓорѓи сега да дојдиш леле да стигниш од душманите да не к*ртулиш. Извикна Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугарев, подвикна од Демир Хисарските балкани Слушам ве народ, народ поробен, леле измачен слушам ви гласој, гласој жалосни Сега за скоро јас ќе дојдам, ќе пристигнам со триесет одбрани момчина сите со куси манлихери, манлихери сите со наган револвери. Кога пристигна Ѓорѓи Сугарев, пристигна во тоа село Паралово Бог да ги бие шпиуните, Параловци Сугарев што го предадоја Слушај бре ваму Ѓорѓи Сугарев, послушај ако сакаш жив да к*ртулиш накачи горе кај чукарите, кај манастирот ако да сакаш жив да се спасиш Тогаш се Ѓорѓи, Ѓорѓи излага, се прелага накачи горе кај чукарите кога ќе види, што ќе види, Ѓорѓи Сугарев од сите страни Ѓорѓи сардисан. Тогаш извикна Ѓорѓи Сугаре, провикна на неговата верна дружина фрлајте гуни и пусија, леле пусија живи на душман не се давајте. Згрмеја пушки, пушки аскерски, во залпови цела дружина му ја избија Тогаш извади наган револвер, Ѓорѓи Сугарев самиот крвта си ја пролеа самиот крвта си ја пролеа, Ѓорѓи Сугарев жив на душмани не се предаде. Со новите истражување докажано е дека не биле параловци шпиуни туку дека други го предадоа Ѓорѓи Сугарев |
||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ѓорѓи Сугарев (Георги Сугарев) е македонски револуционер и битолски окружен војвода на ВМОРО
Ѓорѓи Сугарев роден во град Битола во 1876 година во семејство од крајно сиромашни родители. Преживеаната мизерија во него раѓа омраза спрема несправедливоста и нееднаквоста. Уште во детските години тој ја почувствувал омразата и кон поробителот, а во младинските години таа добива се поголем и поголем размер. Не успевајќи да заврши IV. клас во Битолската гимназија, поради големите семејни оскудици, тој ја напушта гимназијата и ѝ се оддава на учителската кариера, преку којашто успева да го прави тоа што најмногу му лежи на срце: да го буди народот и да го учи, како да се бори и умира за својата слобода. Тој учителствува во градот Битола, Битолската и Кичевска околија. Во 1901 година, незадоволен од легалната дејност, Сугарев станува четник во Демир Хисарската чета на војводата Никола Русински. Истата година, тој е избран за член на раководното тело на битолската револуционерна организација, и за да може да ја исполнува дадената организациска должност, пак станува учител во Битола. Но шумниот град и арогантните чорбаџии создаваат презир во душата на Сугарев. Градскиот живот не ја задоволувал возвишената боречка душа на овој пламенит борец. Тој ја напушта Битола и со неколкумина другари започнува нелегална дејност во Битолската околија. Тој го челичи револуционерното сознание сред своите четници и, следствено, мнозина од нив стануваат војводи. Сугарев оди секаде, каде што се чувствува потреба од неговата смела организаторска вештина. Тој го преминува цело Демир-Хисарско, Кичевско, Ресенско, Крушевско и Поречјето. Сугарев ги сака селаните и по цели ноќи да води разговори со нив за револуционерните, селските и домаќинските работи. Тој е извонредно тивок, спокоен и прагматичен: сака да ислушува и секогаш е справедлив во својата проценка по какво и да е прашање. Тој има тврд карактер и силна воља, крајно упорен во расудувањето и никогаш не отстапува од еднаш земеното решение на дадено прашање. Тој ги поседувал сите квалитети за еден добар организационен раководител. До Илинденското востание Сугарев го организира населението за борба и агитира. Сугарев учествува како делегат во Смилевскиот конгрес во 1903 година кога се зема решение за дигање на вооружено востание во Македонија, и е назначен за горски началник во Битолско. Илинденската епопеја го затекнува Сугарев во селата околу Битола. Уште од самиот почеток на востанието на 2 август 1903 (20 јули стар стил), војводата Сугарев учествува во завземањето на селата околу Битола. Цели 3 месеци здружените чети под негова команда војуваат против многуилјадниот противник. Водејќи десетици ожесточени битки против Осмалиската војска, тивкиот, скромниот и секогаш молчеливиот челичен борец создава легенди за него сред местното население. Тој се претвора во легенда за време на битката кај село Ѓавато, каде што со својата храброст и себеотрекување тој на востанатиот народ му дава пример како се војува за својата земја. По крајот на Илинденското Востание, во коешто мнозина смели борци беззаветно ги ставаат своите животи пред олтарот на слободата — малцина од раководителите остануваат во нивните реони. Во Битола и Битолско раководните лица на организацијата се наоѓаат во ужасна состојба. Мнозина се очајани - Но Сугарев е еден од првите следбеници на Даме Груев, којшто со стоицизам ја преживеа страшната катастрофа. Тој ги гледа и ги чувствува болките народни, но не плаче, туку со својата непринудена блага насмевка, почнува да утешува и ободрува: „Ако турците сега успеаа да го задушат востанието, при друг случај не ќе можат да го сторат тоа и ќе дојде ден голем, во којшто ќе изгрее, како ѕвезда зорица, саканата слобода на Македонскиот народ”. После востанието, Сугарев најмногу работи на борбата против Грчката и Српската вооружена пропаганда. По неколку успешни акции против гркомански и грчки чети во Битолско, по барање на Велешката организација, Даме Груев го испраќа Сугарев во Велешко, за да внесе една поинтензивна борба против Српската вооружена пропаганда. Ѓорѓи Сугарев пристигнува во Велешко на 25. август 1905 година. Тука се сретнува со војводите Јован Алабакот и Панчо Константинов, кои во тој момент се во меѓусебен конфликт. Сугарев ги седнува на една маса, и со својот благ тон успева да ги смири и да ги убеди дека само со заеднички сили ќе можат да се справат со српските четници инфилтрирани во Поречјето (Прилепско) и Азот (селата околу Богомила - Велешко). Следните неколку месеца здружените чети на Константинов, Алабакот и Сугарев, под команда на Ѓорѓи Сугарев постојано ги обиколуваат селата во Поречјето и Велешко во потрага по србоманските чети на Глигор Соколовиќ. Сугарев во секое село држи говор и ја цементира вољата на народот за борба и издржливост во тие тешки времиња. Српските четници, согледувајќи ја моќта на таа здружена чета на ВМОРО под команда на Сугарев, ја избегнуваат секоја средба со неа. Сугарев е немилосрден кон платените агенти на српската пропаганда. Додека е во Велешко и Прилепско, тој ликвидира десетина српски агенти - меѓу кои и неговиот сопствен чичко, којшто ја предава здружената чета на турките власти. Два пати четата има судир со турки аскер. По наредба на Сугарев се убиени и братот и внукот на Јован Бабунски (водичот на Српските четници во Велешко) затоа што ја предаваат четата. Само еднаш се стигнува до поголема битка меѓу четите на ВМОРО водени од Сугарев, и четите на Србите водени од Соколовиќ - на 25 Септемврии 1905 година во село Ореше. Во разгорот на битката пристигнува аскер, и четите се приморани да се повлечат од битката. Значењето на престојот на Сугарев во Поречјето и Азот, е во тоа што успева да ги капсулира српските четници, и не им дозволува да излезат од Поречјето - затоа што целта на СЧП (Српски четнички покрет) е да го пробие фронтот на ВМОРО, и да стигне е до јужна Битола, каде што да стапи во контакт со Грчките андарти, и со тоа ВМОРО да биде парализирано. Во зимата на 1906 година, една српска чета од Поречјето успева да го пробие обрачот на ВМОРО и да се инфилтрира во Кичевско, со коешто се загрозува Крушевско, Демир Хисарско, Охридско и Струшко. Сугарев веднаш го напушта Велес и се преместува во Кичевско, каде што успешно ја разбива локалната српска чета, и го ослободува Кичевско од четниците на Српската пропаганда. Пролетта на 1906 година, поради појавувањето на грчки андарти во Мариовско, Битолското окружно тело му наредува на Ѓорѓи Сугарев да оди во Мариово и да се пресмета со непријателските грчки андарти таму. Во тоа време, Петар Лигушев, началникот на Битолската окружна организација заради лични интереси станува предавник, и започнува на Битолскиот валија да му предава тајни на комитетот. Така, тој на Битолскиот валија му ја кажува маршутата на четата на Сугарев која е на пат кон Мариово за пресметка со андартите. Точно кога на утрото на 24 март 1906 година Сугарев пристига во село Паралово, кон селото се испраќа илјадна војска која го опколува селото. Се започнува битка која трае до пладне. Жртвите на турците се големи, но четата нема возможност да го скрши обрачот. Гледајќи дека нема излез, Ѓорѓи Сугарев ги испукува сите к*ршуми, а со последниот се самоубива. Со него умира и целата негова чета од 21 души. Ѓорѓи Сугарев е еден од мнозината скромни и предани дејци на македонското ослободително дело кои што умреле со оружје в рака сред виорот на нерамната борба против непријателите на потиснатиот македонски роб. Има уште една непотврдена верзија за смртта на Ѓорѓи Сугарев,која е пренесена од колено на колено и врти помеѓу Битолчани. Сугарев добива писмо од страна на четник во кое се вели дека треба да дојде во Јени Мале во Битола на разговор околу тоа како да се среди ситуацијата таму поради тоа што не можат да одлучат кој да биде месен војвода, исто така и за да се пресмета со грчките андарти кои почнуваат сериозно да го повредуваат населението. Писмото е напишано и испратено од Петар Лигушев. Сугарев како задолжен за тие работи се упатува кој тој реон. Во меѓувреме Лигушев го набедува селскиот поп(кој бил пијаница и неранимајко) да му каже на Сугарев кога ќе дојде дека Лигушев ќе го чека кај манастриот, а во исто време им дава до знаење на турците дека четата на Сугарев со самиот Сугаре на чело ќе биде дојдена на тоа место. Сугарев оди на местото и е пресретнат не од Лигушев туку од неброен Аскер. Четата на Сугарев брои 25 луѓе кои тој ги раководи. Нападнати од Турците и не мајќи можност за бегање, почнуваат долга борба која траела цела вечер. Утредента на местото на настанот се пронајдени 24тела, а едно не е таму. Токму телото на Ѓорѓи Сугарев. Е сега прашањето е како Сарафов го уби Сугарев? Сарафов и Сугарев двајцата биле под Даме Груев и имале колку толку исти привилегии, Лигушев работел за Сарафов и се верува дека добил наредба од него да го намести Сугарев. Ѓорги Сугарев по тешката борба со Аскерот, е тешко ранет, но не и мртов. Како што знаеме сите и како што верувам сме учеле по книгите е дека Сугарев се самоубива, а некои други дека Сугарев е убиен од страна на Турците. Вистината е дека Сугарев вечерта успева да избега, смрто ранет доаѓа во селото кога паѓа мрак и се обидува да најде медицинска помош. Тогаш е пресретнат од Лигушев или од Црни Петар кои го докрајчуваат. Телото на Сугарев ниту пак неговата пушка се најдени до ден денешен. Ниту пак по долго долго пребарување на планинските места е пронајден трупот негов од страна на Турците. Месното население во реонот почнува да се прашува каде е Сугарев и дали сѐ уште е жив. |
||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |