|
Убаво е да се знае за моето училиште... |
Внеси реплика |
Автор | |||||
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 09.Април.2012 во 20:52 |
||||
O.U.Kuzman Sapkarev.....Naj ubavoto uciliste vo najubavata naselba
|
|||||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|||||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Панче Арсовски? Немам појма ништо за моено училиште... само знам дека ми беше навстина тешко да станувам кога бев прва смена така што некогаш и не идев
|
|||||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|||||
Aleksandra923
Нов член Регистриран: 10.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 15 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Објектот на оу. „Јохан Хајнрих Песталоци“ е подарок од Швајцарија, откако претходниот објект на оу. „Петар Петровиќ Његош“ бил разрушен во катастрофалниот земјотрес. Самата зграда е сеизмички отпорна, благодарејќи на гумените кугли вградени во неговите ѕидини. Песталоци е Швајцарски педагог и реформатор, Романтичар кој чувствувал дека образованието мора да биде радикално лично, апелирајќи на интуицијата на секој ученик. Тој нагласил дека секој аспект на животот на детето придонесува за формирање на личноста, карактерот, и разумот. Образовните методи на Песталоци биле дете-центрирани и врз основа на индивидуалните разлики, сетилна перцепција, и на самостојната активност на ученикот. Филозофијата на Песталоци за образованието се заосновала на четири сфери концепти на животот и на премисата дека човечката природа е добра. Сфери на првите три 'екстериери "- дом-семејство, стручно и индивидуално самоопределување, и државата-нацијата - водат кон почитување на семејството, полезноста на индивидуалноста, и применливоста на односот родител-дете за општеството како целина во развојот на карактерот на детето, став кон учењето, и чувство на должност. Сферата на последен 'екстериер "- внатрешната смисла - претпоставува дека образованието, кое дало средства за задоволување на основните потреби води кон внатрешен мир и голема верба во Бога.
Со почит кон професорите, кои што го изградија имиџот на Песталоци, потковувајчи ги учениците со квалитетно образование: Василе, Даница, Радован и многу други. Изменето од Aleksandra923 - 09.Април.2012 во 10:04 |
|||||
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
ГО ПРЕНАМЕНИЈА ЗА РЕКТОРАТ НА УГД... ИНАКУ, ПРВО РАБОТНО МЕСТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ КАКО ДАСКАЛ И ПОЈДОВНА СТАНИЦА НА НЕГОВАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ДЕЈНОСТ КАКО ОРГАНИЗАТОР НА ДВИЖЕЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА...
|
|||||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|||||
annaja
Сениор Регистриран: 21.Април.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 531 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Mоето ОУ.Кочо Рацин во Скопје,се надевам дека е сега добро,како што беше во мое време.
Искрено да ви кажам бев горда во тоа време,што учев, баш во Кочо Рацин. |
|||||
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Исто толку колку што е иста со св.Климент Охридски школото во ПП
|
|||||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ова е идентична зграда како О.У. Коле Канински - Битола, колку е иста неможам да ти опишам. Изменето од Ninja 35 - 25.Мај.2011 во 21:22 |
|||||
op12eh
Сениор Регистриран: 17.Април.2011 Статус: Офлајн Поени: 242 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Моето е за црни срамови и поарно да не се знае ништо
|
|||||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Моето прво училиште
Какво-такво вршеше работа ... се сменија многу директори, многу наставнички.... и кога си заминав од таму решија да го реновираат Како нашата претерано бесна генерација да чекаа да заврши..па да реновираат По реновирањето им летна покривот..од квалитетната рачна изработка ..или невремето беше криво... додека јас учев, немаше нормален кабинет по ОТП, наставничките беа крајно нетолерантни и форсираа свои маалски деца Час по физичко не се одржа ниту еднаш од 1 до 4 одделение, часовите по физичко се заменуваа со математика. Затоа излегоа од таму многу солидни ученици, добри историчари на чело со Милка, математичари на чело со Димитар, само ние по кратки (ракави) останавме...со Виолета Одлични студенти на биологија и хемија (Мира тенк ју) ... се наоѓа денес по некое директорче излезено од школово, и по 50тина пропалици од секоја генерација... Се на се...школо во кое се запоставуваа обичните предмети, а се даваше предност на географија, математика и слични работи кои ни служеа во средно па и понатаму. На времето имавме и солидни резултати на натпреварите ... одевме, се натпреварувавме, се враќавме со по некоја награда... Пехари еден куп, се надевам дека уште ги чуваат И така.. еве што пишува за школово... П.С...не ставам слики за да не се ..исплашите ОУ ,,Наум Наумовски – Борче"
|
|||||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
ehh,...na vremeto ...JBT,..edna od najstarite a,.....beshe i
"najpamnetnata" gimnazija u
skopje,...ama , sega slusham ,...mnogu i opadnalа inteligencijata.............
|
|||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Основното училиште ,,Кирил и Методиј ,, Скопје по повод денешниот празник на солунските браќа просветители Кирил и Методиј.... некогаш..... денес..... Најстаро училиште во градов и едно од најстарите во Република Македонија.Во 1835 година изградена е црквата Света Богородица , зајакнати се црковните општини и некаде во 1836/37 година се отвара првото училиште во Скопјеи тоа во општинската зграда во дворот на црквата .Наставата во училиштето има црковен карактер. Првата прослава на денот на солунските браќа Кирил и Методиј во Скопје била одржана на 11.05 1958 година по старо , од кога започнува именувањето на училишта и цркви по нивните имиња. По оваа прослава училиштето го добило името по првите словенски просветители... Првата училишна зграда од северната страна била во употреба се до 1903 година , кога на истото место била изградена нова зграда во која се изведувала настава се до катастрофалниот земјотрес од 26.07.1963 година. Трите објекти биле оградени со висок ѕид и имале врата.Со текот на времето наставата постепено го губела црковниот карактер , а од 1903 година таа била организирана и одржувана по одделенија. Во летописните податоци се споменува дека во таа година во него работел наставен колектив од 11 учители и две лица помошен персонал. Во состав на училиштето имало и забавиште. Во училишната зграда во тоа време биле сместени Градското читалиште Развитие , црковното настојателство и простории за училиште . Читалиштето наоѓало во горниот кат на училишната зграда . Во голема просторија до неа се наоѓало црковното настојателство , а една една соба била наменета за учителите. Наставата на мајчин јазик била изведувана на долниот кат , а големиот ходник на горниот кат бил користен за одржовање различни училишни свечености. -Прво училиште во Скопје основано во 1836 година во дворот на црквата “Света Богородица” во 1831 год кое 170 години непрекинато извршува воспитна-образовна дејност….драмска дејност во Скопје развива преродбеникот Ј.Х.Џинот којшто воедно изведува настава во ова училиште….. -Првaта прослава на Денот на Солунските браќа Кирил и Методиј во Скопје била одржана на 11 мај 1858 и оттогаш училиштето го добива денешното име. -Прво училиште во кое наставата се изведувала на мајчин јазик, македонски.
-Прво училиште во кое Ј.Х.Џинот вовел одделенијa, ги разделил учениците по одделенија.…училиште во кое Ј.Х.Џинот поставил клупи и применувал современи наставни средства и помагала (глобус, географски карти и др).……училиште во кое се користат современи наставни методи.…..училиште во кое е укината примената на физичка казна како педагошка мерка. -Прво училште кое со гордост прослави неколку значајни јубилеи, меѓу кои и 1100 години од смртта на Методиј. -Прво училиште со најмногуброен училиштен колектив според бројот на учениците и единствено училиште кое по ослободувањето се огласило првото училишно ѕвоно и повикувајќи ги учениците на првиот училишен час во слободна територија….народно “ОУ.СВ.Кирил и Методиј” по Одлука за именување на училиштата во Скопје од 10.2.1925 година. Изменето од bijonse1 - 30.Септември.2010 во 21:17 |
|||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Место каде ке постирате нешто што знаете за историскиот развој на вашето училиште или едноставно општо образовање во него....
каде се ноаѓа , со што располага просторно ..... по што е познато вашето училиште...... или едноставно вашето сеќавање на училишните денови во вашето училиште или било кое училиште што ви остави трага.... доколку имате слики .......постирајте.... Изменето од bijonse1 - 24.Мај.2010 во 11:28 |
|||||
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |