Основното училиште ,,Кирил и Методиј ,, Скопје по повод денешниот празник на солунските браќа просветители Кирил и Методиј....
некогаш.....
денес.....
Најстаро училиште во градов и
едно од најстарите во Република Македонија.Во 1835 година изградена е
црквата Света Богородица , зајакнати се црковните општини и
некаде во 1836/37 година се отвара првото училиште во Скопјеи тоа
во општинската зграда во дворот на црквата .Наставата во
училиштето има црковен карактер.
Првата прослава на денот на солунските браќа Кирил и Методиј во Скопје
била одржана на 11.05 1958 година по старо , од кога започнува
именувањето на училишта и цркви по нивните имиња. По оваа
прослава училиштето го добило името по првите словенски
просветители... Првата
училишна зграда од северната страна била во употреба се до 1903
година , кога на истото место била изградена нова зграда во
која се изведувала настава се до катастрофалниот земјотрес од
26.07.1963 година. Трите објекти биле оградени со висок ѕид и
имале врата.Со текот на времето наставата постепено го губела
црковниот карактер , а од 1903 година таа била организирана
и одржувана по одделенија. Во летописните податоци се споменува
дека во таа година во него работел наставен колектив од 11
учители и две лица помошен персонал. Во состав на училиштето
имало и забавиште.
Во училишната зграда во тоа време биле
сместени Градското читалиште Развитие , црковното настојателство и
простории за училиште . Читалиштето наоѓало во горниот кат на
училишната зграда . Во голема просторија до неа се наоѓало
црковното настојателство , а една една соба била наменета за
учителите. Наставата на мајчин јазик била изведувана на долниот
кат , а големиот ходник на горниот кат бил користен за одржовање
различни училишни свечености.
-Прво училиште во Скопје основано во 1836 година
во дворот на црквата “Света Богородица” во 1831 год
кое 170 години непрекинато извршува воспитна-образовна
дејност….драмска дејност во Скопје развива преродбеникот Ј.Х.Џинот
којшто воедно изведува настава во ова училиште…..
-Првaта прослава на Денот на Солунските браќа Кирил
и Методиј во Скопје била одржана на 11 мај 1858 и оттогаш училиштето
го добива денешното име.
-Прво училиште во кое наставата се изведувала на
мајчин јазик, македонски.
-Прво училиште во кое Ј.Х.Џинот вовел одделенијa,
ги разделил учениците по одделенија.…училиште во кое
Ј.Х.Џинот поставил клупи и применувал современи наставни средства
и помагала (глобус, географски карти и др).……училиште
во кое се користат современи наставни методи.…..училиште
во кое е укината примената на физичка казна како педагошка мерка.
-Прво училште кое со гордост прослави неколку
значајни јубилеи, меѓу кои и 1100 години од смртта на Методиј.
-Прво училиште со најмногуброен училиштен колектив
според бројот на учениците и единствено училиште
кое по ослободувањето се огласило првото училишно ѕвоно и повикувајќи
ги учениците на првиот училишен час во слободна територија….народно
“ОУ.СВ.Кирил и Методиј” по Одлука за именување на
училиштата во Скопје од 10.2.1925 година.
-------------
|