|
Ран капитализам или доцен феудализам? |
Внеси реплика |
Автор | |
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 02.Мај.2010 во 09:25 |
Анастеа - воодушевен сум со перцепцијата за државата ни. Но не е до транзицијата, до нашиот ментален склоп е, дефетизмот завладеал со нас, од друга страна национализам со романтичарски занес - го одвлекува народот од најбитното, вградување и почитување на вредносните критериуми кои важат во светот ( не мислам на Америка).Криминалци и малограѓани кои се добраа до капиталот стојат зад недоветниве политичари, кај кои личните интереси се над сите други.Егоизмот завладеал
и е главна одлика на голем дел од граѓаните,злото како наплив од страна се смета за кул и.т.н и т.н. Неуки и нехумани газди не може да создадат напредно стопанство и модерна работничка класа.Колку и да се ниски платите на работниците ,конк*рентноста ќе им биде слаба - не ги бива да се организира производство и се друго, најлесно им е да се исцица работникот. |
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па може и да се каже дека живуркаме во некаков феудализам, со малку модифицирани (апдејтувани) карактеристики на поредокот.
Не е ни доцен феудализам оти тој е предфаза на новото општество, преку големите буржоаски револуции и востанија кои го срушија системот на владеење на феудалците. Кај нас нема ни на повидок такво нешто. Потврда - денешниот празник на трудот: и во побогатите земји е празник, ама се протестира за поголеми работнички права, додека кај нас се слави со скара и пиво... Современите феудалци = транзициони богаташи кои преку ноќ станаа тоа од најобични пролетери, плус транзициони политичари, кои од голобради момчиња станаа премиери и претседатели на државата. Вторите во спрега со првите на самиот почеток на транзицијата ги поставија правилата на игра и до ден денешен нема кој да ги смени. Кметовите си се кметови и денеска: рмбаат, плаќаат ренти вакви, онакви, експлоатирани до максимум, за правата чекаат друг да им се избори а синдикатот спие... и така... Транзиција која трае, и трае и трае... и којзнае до кога ќе трае, крај не и се гледа... |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Se dodeka ne se napravi temelna lustracija (do deneshen den) i ne se obelodenat i raschistat rabotite, tie kje si rabotat po stariot terk, skrieni i zashtiteni, pa Makodonija i natamu kje ezgistira vo docniot feudalen sistem so pashi i pashaluci, kako i so petokolonashi vo sekakvi uniformi.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Очигледно доцнежен феудализам,со примеси на племенско однесување!
|
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Токму пред малку ги чув тие “размислувања“ на вестите наА1, дали е ова што и се случува мна Македонија е ран капитализам или пак (некаков си)феудализам?
Веќе 20 години сме во транзиција. Долго е, мачно е, жртвувани се веќе две или можеби три генерации, но ни рекоа-ќе биде. Факт е дека постојат земји кои успешно ја минаа транзицијата и каде се живее нормално и убаво. Но актуелно, сеуште нема абер од таков живот. На какво општество ви личи ова уредување кое го имаме сега? Ме интересира, што мислите, каде е Македонија во ова? Односно, дали сме навистина во некој зачетен, ран капитализам, или пак сме во регресија, во феудализам? |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |