Ран капитализам или доцен феудализам?
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22401
Датум на принтање: 01.Декември.2024 во 23:42 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Ран капитализам или доцен феудализам?
Постирано од: maria_magdalena
Наслов: Ран капитализам или доцен феудализам?
Датум на внесување: 01.Мај.2010 во 17:00
Токму пред малку ги чув тие “размислувања“ на вестите наА1, дали е ова што и се случува мна Македонија е ран капитализам или пак (некаков си)феудализам?
Веќе 20 години сме во транзиција. Долго е, мачно е, жртвувани се веќе две или можеби три генерации, но ни рекоа-ќе биде.
Факт е дека постојат земји кои успешно ја минаа транзицијата и каде се живее нормално и убаво. Но актуелно, сеуште нема абер од таков живот. На какво општество ви личи ова уредување кое го имаме сега?
Ме интересира, што мислите, каде е Македонија во ова?
Односно, дали сме навистина во некој зачетен, ран капитализам, или пак сме во регресија, во феудализам?
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Коментари:
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 01.Мај.2010 во 19:03
Очигледно доцнежен феудализам,со примеси на племенско однесување!
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 01.Мај.2010 во 23:36
Se dodeka ne se napravi temelna lustracija (do deneshen den) i ne se obelodenat i raschistat rabotite, tie kje si rabotat po stariot terk, skrieni i zashtiteni, pa Makodonija i natamu kje ezgistira vo docniot feudalen sistem so pashi i pashaluci, kako i so petokolonashi vo sekakvi uniformi.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 02.Мај.2010 во 01:13
Па може и да се каже дека живуркаме во некаков феудализам, со малку модифицирани (апдејтувани) карактеристики на поредокот.
Не е ни доцен феудализам оти тој е предфаза на новото општество, преку големите буржоаски револуции и востанија кои го срушија системот на владеење на феудалците. Кај нас нема ни на повидок такво нешто. Потврда - денешниот празник на трудот: и во побогатите земји е празник, ама се протестира за поголеми работнички права, додека кај нас се слави со скара и пиво...
Современите феудалци = транзициони богаташи кои преку ноќ станаа тоа од најобични пролетери, плус транзициони политичари, кои од голобради момчиња станаа премиери и претседатели на државата. Вторите во спрега со првите на самиот почеток на транзицијата ги поставија правилата на игра и до ден денешен нема кој да ги смени.
Кметовите си се кметови и денеска: рмбаат, плаќаат ренти вакви, онакви, експлоатирани до максимум, за правата чекаат друг да им се избори а синдикатот спие... и така...
Транзиција која трае, и трае и трае... и којзнае до кога ќе трае, крај не и се гледа...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 02.Мај.2010 во 09:25
Анастеа - воодушевен сум со перцепцијата за државата ни. Но не е до транзицијата, до нашиот ментален склоп е, дефетизмот завладеал со нас, од друга страна национализам со романтичарски занес - го одвлекува народот од најбитното, вградување и почитување на вредносните критериуми кои важат во светот ( не мислам на Америка).Криминалци и малограѓани кои се добраа до капиталот стојат зад недоветниве политичари, кај кои личните интереси се над сите други.Егоизмот завладеал
и е главна одлика на голем дел од граѓаните,злото како наплив од страна се смета за кул и.т.н и т.н.
Неуки и нехумани газди не може да создадат напредно стопанство и модерна работничка класа.Колку и да се ниски платите на работниците ,конк*рентноста ќе им биде слаба - не ги бива да се организира производство и се друго, најлесно им е да се исцица работникот.
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|