|
Работата ... |
Внеси реплика |
Автор | |||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 05.Мај.2010 во 19:37 |
||||
Еве ги и моите убедувања...
За разлика од Небесното Царство каде живеат бестелесни и совршени духовни битија, планетата Земја е материјална и ја населуваат материјални битија кои потпаѓаат под природните закони и минливоста на материјата. Во материјата важат други правила отколку во Духот кога станува збор за одр=ување на животот. Затоа за човекот важи заповедта: „Моли и работи!„
За материјалната егзистенција најнеопходни се токму водата, храната, облеката, личната хигиена и кров над глава. А тие со филозофирање или пеење или шутирање топки не се обезбедуваат директно. И кога фудбалерот или филозофот од својата плата ги обезбедува купувајќи ги, одново треба да има некој кој тоа ќе го засади, изгради, исчисти, среди...
Во САД, Канада и Бермудските острови се слави во септември, во Иран до седумдесетите години се славеше исто во септември, но после исламската револуција во Иран се слави на 1 Мај. |
|||||
Niko777
Сениор Регистриран: 12.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 170 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
По моето мислење, како што секој родител се радува на цртежите, креациите од пластелин, итн, на своето дете, така можеби и Таткото на небото се радува на креациите на Своите деца.
Таткото ја создаде креацијата со слободна воља, со цел Неговата креација "да ја наследи" креативноста од Него, и да понатаму да креира со своите раце. И Таткото да може со љубов да ликува на креативноста на своите деца. За оваква продуктивна креативност Таткото и ја создаде креацијата, но таткото НЕ ја создаде креацијата за да ги крши Неговите свети закони, и низ такво беззаконие да се повредуваат самите себе, и меѓусебно да се мразат, завидуваат, лажат, убиваат, сеат смрт, си нанесуваат болка едни на други. Но бидете без грижа ---- планот на Таткото се одвива совршено, како и Тој што Е совршен, и Неговата милост совршена за оние кои ќе се покајат и ќе го повикаат името на Живиот Господ Бог Исус Христос. ------------------------------------------------- 31 Туку барајте го Неговото Царство, а тоа ќе ви се придаде! 32 Не бој се мало стадо, зашто вашиот Татко благоволи да ви го даде Царството. (Лука 12:31-32) 16 ”Ова е заветот, кој ќе го склучам со нив по оние денови, вели Господ, ќе ги положам Своите закони на нивните срца и ќе ги напишам на нивниот ум, 17 и за нивните гревови и за нивните беззаконија нема веќе да си спомнувам.” (Евреите 10:16-17) 3 И чув силен глас од небото, велејќи: „Еве го Божјиот Шатор меѓу луѓето; и Тој ќе живее со нив, и тие ќе бидат Негов народ, и Самиот Бог ќе биде со нив, 4 и ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач, ниту болка, зашто првото помина. 5 И Оној, Кој седи на престолот рече: „Ете, правам сè ново.” Уште рече: „Напиши, зашто овие зборови се верни и вистинити!” (Откровение 21:3-5) ------------------------------------------------- Поздрав, Изменето од Niko777 - 01.Мај.2010 во 22:45 |
|||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Спирос, многу убава тема си отворил, а уште поубава слика си ставил на занаетчии, тишлери.
Исус Христос пред да ја започне својата земна мисија, пред да дојде Неговото време за тоа, му помагаше на преподобниот Јосиф токму во дрводелската работа. Првите ученици биле рибари, и како гледаме низ евангелијата, рибата им била главна храна. Сами фрлале мрежи и ловеле... Апостолот Петар се издржувал самиот (иако по потеколо од богат род) правејќи шатори (ех каде етаа доблест на денешните мисионери кои плаќаат кирја по 2000 евра и имаат домашни помошнички)... Сето тоа ни кажува дека на човек му е дадено од Бога да работи. И тоа, посебно на мажот. Кога Бог ги истерал Адам и Ева од рајот, на Адама му рекол дека со теруд и пот ќе го заработува својот леб, затоа не случајно мажите многу потешко го доживуваат губитокот на работното место. Апостол Павле во едно од посланијата ни порачува да ја работиме својата работа не како за себе туку како за Господ, односно, да го даваме најдоброто од себе во својата професија. Значи, секако Бог знаел дека работата води до продуховување (не ми е мил зборот просветлување, тој за мене има сосем друго значење) и затоа на секого му дал талент за нешто. Не постои човек без дарба, талент, но како што кажа во друга тема, кому му е многу дадено-и многу ќе се бара од него. Значи од нас зависи и што не направиме до довереното (параболата за талантите и слугите)-дали ќе ги умножиме или ќе ги скриеме под земја? Толку за сега, поздрав Толку за сега Изменето од maria_magdalena - 01.Мај.2010 во 17:13 |
|||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Денес - 1ви Мај 2010 - тука на форумов вероисповест, би сакал да ја отворам оваа тема и да ве поканам со своето мислење и гледање да учествувате во неа. * Колку е важна работата во Царството БОЖЈЕ, во животот на светиите и човекот воопшто? * Зошто Св. Апостоли советуваат - нагласувајќи - да работиме со сопствени раце ... ? * Зошто и слоганот на (можеби) најпознатиот западен монах - Св. Бенедикт од Нурсиа - е баш >> моли и работи << ? * Каква е улогата на работата во однос на просветлувањето? * Зошто баш во т.н. западен свет денот на трудот посебно се слави? * Дали и зошто ...? Поздрав до сите! ... да живеете мирно, да си ја извршувате сопствената работа и да работите со свои раце ... 1 Солун. 4:11 п.с. После првите 7 тешки години во мојот работен век - пред 15 години - ГОСПОД на чудесен начин ми го дари денешново работно место. Јас требаше да почнам на 1ви Мај, но бидејќи 1ви Мај е неработен ден јас почнав на 2ри мај (вторник). |
|||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |