Работата ...
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22399
Датум на принтање: 27.Ноември.2024 во 14:47 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Работата ...
Постирано од: spiros
Наслов: Работата ...
Датум на внесување: 01.Мај.2010 во 15:11
Денес - 1ви Мај 2010 - тука на форумов вероисповест, би сакал да ја отворам оваа тема и да ве поканам со своето мислење и гледање да учествувате во неа.
* Колку е важна работата во Царството БОЖЈЕ, во животот на светиите и човекот воопшто?
* Зошто Св. Апостоли советуваат - нагласувајќи - да работиме со сопствени раце ... ?
* Зошто и слоганот на (можеби) најпознатиот западен монах - Св. Бенедикт од Нурсиа - е баш >> моли и работи << ?
* Каква е улогата на работата во однос на просветлувањето?
* Зошто баш во т.н. западен свет денот на трудот посебно се слави?
* Дали и зошто ...?
Поздрав до сите!
... да живеете мирно, да си ја извршувате сопствената работа и да работите со свои раце ... 1 Солун. 4:11
п.с. После првите 7 тешки години во мојот работен век - пред 15 години - ГОСПОД на чудесен начин ми го дари денешново работно место. Јас требаше да почнам на 1ви Мај, но бидејќи 1ви Мај е неработен ден јас почнав на 2ри мај (вторник).
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Коментари:
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 01.Мај.2010 во 17:12
Спирос, многу убава тема си отворил, а уште поубава слика си ставил на занаетчии, тишлери.
Исус Христос пред да ја започне својата земна мисија, пред да дојде Неговото време за тоа, му помагаше на преподобниот Јосиф токму во дрводелската работа.
Првите ученици биле рибари, и како гледаме низ евангелијата, рибата им била главна храна. Сами фрлале мрежи и ловеле...
Апостолот Петар се издржувал самиот (иако по потеколо од богат род) правејќи шатори (ех каде етаа доблест на денешните мисионери кои плаќаат кирја по 2000 евра и имаат домашни помошнички)...
Сето тоа ни кажува дека на човек му е дадено од Бога да работи.
И тоа, посебно на мажот. Кога Бог ги истерал Адам и Ева од рајот, на Адама му рекол дека со теруд и пот ќе го заработува својот леб, затоа не случајно мажите многу потешко го доживуваат губитокот на работното место.
Апостол Павле во едно од посланијата ни порачува да ја работиме својата работа не како за себе туку како за Господ, односно, да го даваме најдоброто од себе во својата професија.
Значи, секако Бог знаел дека работата води до продуховување (не ми е мил зборот просветлување, тој за мене има сосем друго значење) и затоа на секого му дал талент за нешто. Не постои човек без дарба, талент, но како што кажа во друга тема, кому му е многу дадено-и многу ќе се бара од него. Значи од нас зависи и што не направиме до довереното (параболата за талантите и слугите)-дали ќе ги умножиме или ќе ги скриеме под земја?
Толку за сега, поздрав
Толку за сега
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Niko777
Датум на внесување: 01.Мај.2010 во 22:44
По моето мислење, како што секој родител се радува на цртежите, креациите од пластелин, итн, на своето дете, така можеби и Таткото на небото се радува на креациите на Своите деца.
Таткото ја создаде креацијата со слободна воља, со цел Неговата креација "да ја наследи" креативноста од Него, и да понатаму да креира со своите раце. И Таткото да може со љубов да ликува на креативноста на своите деца.
За оваква продуктивна креативност Таткото и ја создаде креацијата, но таткото НЕ ја создаде креацијата за да ги крши Неговите свети закони, и низ такво беззаконие да се повредуваат самите себе, и меѓусебно да се мразат, завидуваат, лажат, убиваат, сеат смрт, си нанесуваат болка едни на други.
Но бидете без грижа ---- планот на Таткото се одвива совршено, како и Тој што Е совршен, и Неговата милост совршена за оние кои ќе се покајат и ќе го повикаат името на Живиот Господ Бог Исус Христос.
-------------------------------------------------
31 Туку барајте го Неговото Царство, а тоа ќе ви се придаде!
32 Не бој се мало стадо, зашто вашиот Татко благоволи да ви го даде Царството. (Лука 12:31-32)
16 ”Ова е заветот, кој ќе го склучам со нив по оние денови, вели Господ, ќе ги положам Своите закони на нивните срца и ќе ги напишам на нивниот ум,
17 и за нивните гревови и за нивните беззаконија нема веќе да си спомнувам.” (Евреите 10:16-17)
3 И чув силен глас од небото, велејќи: „Еве го Божјиот Шатор меѓу луѓето; и Тој ќе живее со нив, и тие ќе бидат Негов народ, и Самиот Бог ќе биде со нив,
4 и ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач, ниту болка, зашто првото помина.
5 И Оној, Кој седи на престолот рече: „Ете, правам сè ново.” Уште рече: „Напиши, зашто овие зборови се верни и вистинити!” (Откровение 21:3-5)
-------------------------------------------------
Поздрав,
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 05.Мај.2010 во 19:37
Еве ги и моите убедувања...
spiros напиша:
* Колку е важна работата во Царството БОЖЈЕ, во животот на светиите и човекот воопшто? | Царството Божјо врие од мали и големи активности бидејќи Божјото совршенство нема крај, па така и Царството Божјо е во постојана хармонична динамика. Духовните битија не чувствуваат замор, напротив тие дарувајќи несебична служба за сите добиваат многу повеќе енергија и радост. Тие не работат за да заработат пари или храна, тие автоматски енергијата ја имаат во неограничени количини бидејќи немаат блокади кои би пречеле Божјата сила да ги прострујува.
За разлика од Небесното Царство каде живеат бестелесни и совршени духовни битија, планетата Земја е материјална и ја населуваат материјални битија кои потпаѓаат под природните закони и минливоста на материјата. Во материјата важат други правила отколку во Духот кога станува збор за одр=ување на животот. Затоа за човекот важи заповедта: „Моли и работи!„
spiros напиша:
* Зошто Св. Апостоли советуваат - нагласувајќи - да работиме со сопствени раце ... ? | Мануелната работа(што не ја исклучува помошта на машини и сл.) е најпотребна. Замислете сите да се книжевници, социолози и филозофи... Кој ќе ги одгледа морковите и доматите, житото и овесот, кој ќе ги одржува пумпите или бунарите за вода?
За материјалната егзистенција најнеопходни се токму водата, храната, облеката, личната хигиена и кров над глава. А тие со филозофирање или пеење или шутирање топки не се обезбедуваат директно. И кога фудбалерот или филозофот од својата плата ги обезбедува купувајќи ги, одново треба да има некој кој тоа ќе го засади, изгради, исчисти, среди...
spiros напиша:
* Зошто и слоганот на (можеби) најпознатиот западен монах - Св. Бенедикт од Нурсиа - е баш >> моли и работи << ? | Тоа тој си знае. Но слоганот сам по себе е навистина добар.
spiros напиша:
* Каква е улогата на работата во однос на просветлувањето? | Просветлениот човек не бега од работа. Оние „просветлени„ кои седат во широки фотелји и цело време се смешкаат држејчи предавања за тоа како и што треба, а при тоа дозволувајќи континуирано другите да трчкаат околу нив, да ги служат и услужуваат без тие самите да работат(веќе според сопствените таленти и можности) даваат јасно видлив знак колку се навистина „просветлени„.
spiros напиша:
* Зошто баш во т.н. западен свет денот на трудот посебно се слави? | Не само во западниот свет. Се слави и во Јордан, Бангладеш, Кина, Уганда, Виетнам, Кенија, Индија, Либан, Пакистан, Јемен... и тоа како државен празник.
Во САД, Канада и Бермудските острови се слави во септември, во Иран до седумдесетите години се славеше исто во септември, но после исламската револуција во Иран се слави на 1 Мај.
|
|