![]() |
|
Цркви во Македонија |
Внеси реплика ![]() |
страница 123> |
Автор | |||||||||||||||
Templarius ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 14.Април.2010 во 19:19 |
||||||||||||||
Sekoj covek e crkva ....
|
|||||||||||||||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
БАРАЈ ЈА ОВАА ЦРКВА ! Иако ние сами, лично, мораме да го прифатиме спасението што ни го нуди Бог преку Христа, кога ќе станеме Христијани ние не сме повеќе сами ниту пак делуваме сами. Како органи на неговото тело, на Црквата (Ефес. 1,23), ние имаме еден заеднички идентитет со што воопшто не се нарушува нашата посебност, нашиот поединечен идентитет. Како некогаш по Адама што сме осудени на смрт, така сега по Христа имаме дел во неговиот живот (1.Кор.15,22). Бог секогаш, во сите времиња, имал свој народ што го повикувал од светот. Во старо време тоа биле децата Израелови и преку нив се изразувала Божјата милост (Дела 7,38). Во новозаветното време оваа должност ја врши Црквата. Црквата е заедница, семејство, братство. Глава на Црквата е Исус Христос, а нејзини припадници се мажите и жените што го прифатиле Христа како свој Спасител и Господ. Фалејќи го Бога беа омилени кај сите луѓе. А Господ секоја ден ја умножуваше Црквата со оние што сакаа да се спасат. (Дела 2,47). И така, вие веќе не сте туѓи и придојдени туку сте им сожители на светиите и свои на Бога, оти се утврдивте на темелите, поставени од апостолите и пророците, имајќи го како аголен камен на темелот самиот Исус Христос (Ефес. 2,19.20). Иако припадништвото на Црквата е важно и не разделно од нашето признавање на Христа како Спасител и Господ, тоа припадништво само по себе не е никаков доказ дека му припаѓаме на Бога. Тој ги испитува намерите на срцето и ги познава оние што вистински се негови, а не само негови формални следбеници. Вистинските верници се дел на родот на небесата и на Земјата (Ефес. 3,15)- на сеопштата, универзална Црква, на видливата и невидливата ( Евреите 12,18-24). Божјата Црква има многу гранки на својата дејност. Пред се таа е заедница во молитвата и во богослужението. Таа се приклонува да го признае Господа Бога на небото и Земјата, нашиот Творец, Одржувачот, нашиот Спасител. Таа се собира да се храни со Божјата Реч, заеднички да разговара со неа, трудејќи се да ги изгради своите верници во љубовта и во добрите дела (Евреите 10,23-25).Таа се собира да го слави споменот на Господовата вечера што не потсетува на Христовата смрт за нас и ја обновува во нас надежта во неговото враќање. Црквата постои да служи:да оди и во најдалечните краишта на светот носејќи ја радосната вест за спасението во Христа, правејќи ги припадниците на сите народи негови ученици а тоа што Христос е глава на Црквата , Христовото тело, Црквата има свечен авторитет (Мат. 16,13-20; Јован 20,21-22). Црквата зборува во Христово име, објаснувајќи му ја неговата волја на светот, повикувајќи ги сите луѓе на послушност на Бога, зборувајќи им на сите за правдата, за чистотата и за судот што ќе дојде (Дела 24,25). Иако во текот на минатите векови авторитетот на Црквата бил злоупотребен, денеска би било исто така погрешно да се отфрли секоја почит кон авторитетот на Црквата. Зад Црквата стои Христос и авторитетот на Писмото што го дал сам Христос за Црквата да се поучи. Бог ни оставил пример на луѓе, какви што биле Ананија и Сафира, за да не го отфрламе лекомислено авторитетот на Црквата (Дела 5,1-11). Според тоа, припадништвото на Црквата истовремено е високо предимство и свечена одговорност. Црквата е место на кое ние му припаѓаме - место на кое му пееме похвални песни на Господа, добиваме поука од неговата Реч, ја обновуваме нашата заедница со другите припадници на Божјиот народ, се собираме околу неговата трпеза, добиваме сила да одиме и да му ја објавуваме божествената радосна вест на целиот грешен свет. Црквата е поставена трпеза за гладниот свет. Бидејќи припадништвото на Црквата на живиот Бог е толку скапоцено, тоа не смее да се свати лекомислено. Црквата не е клуб во кој се собираме да се забавуваме; тоа е Христово тело. Припадништвото на Црквата не повикува радосно, активно да ја подржуваме Црквата и да учествуваме во нејзините активности. Библијата не предупредува да не се откажуваме лекомислено од спасението што еднаш сме го прифатиле толку радосно (Евреите 6,4-6; 10,26-31; 12,15-17). Припадништвото на црквата ни дава радост на заедницата и на службата денеска и надеж во славна иднина. Вие мажите, сакајте ги жените свои, како што Христос ја засака Црквата и се предаде себеси за неа, за да ја освети, очистивајќи ја со водна бања преку словото; та да ја претстави пред себе како славна Црква, која нема осквернение, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна. (Евес. 5,25-27).Црквата е Христова невеста, драгоцена во неговите очи, неговата тврдина во овој побунет свет; таа е предмет на неговата највозвишена грижа. Тој стрпливо го усовршува своржето дело во Црквата на Земјата затоа што и наменил вечна судбина - припадниците на неговата Црква треба да бидат со него во текот на целата вечност. |
|||||||||||||||
www.myspace.com/sblagoj
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
Тој динамичен превод, колку што видов со свои лични очи, се користи во „изворната“ црква, од каде и го добив лично јас како бесплатен подарок. Прости, мислев дека и ти си од таа „изворна“ црква... Всушност, цитатот што си го навел, ќе ни кажеш ли за какво Свето Писмо станува збор, односно, на кој јазик е напишан New International Version? Додека самиот ти беше тој кој рече дека НАЈДОБАР превод на македонски јазик е динамичниот (a нели на форумов се цитира од Свето Писмо на македонски јазик?):
Ти од тој динамичен превод, кој го изнафали како најдобар превод од македонско говорно подрачје, како што може да се види од погорецитираните твои коментари, се изнацитира и прецитира особено на темата за Динамичниот превод. A клеветник знаеш ли што е? Клеветник е тоа што на истата оваа тема, кога се појави брат Макариос и убаво те изребрачи, ти цело време го клеветеше дека јас се кријам зад неговиот ник. Твоите клевети можеше и погоре да ги погледнеш, со докази:
А јас не знам кој тебе ти дал право да ме судиш мене??? Клевета ти наведов погоре што е, лукавштина е кога некој лажно се представува дека е „изворен“ христијанин за да привлече што е можно повеќе души во својата „Алилуија“ рок организација, а злоба - таквиот беше посетен од мене во неговата т.н. „изворна“ црква, но упорно продолжува да лаже и лаже на форумов и другиот да го клевети, а не се гледа себеси. Каква и да сум, грешна и никаква, што не е лага, барем не се срамам од мојата вера и не се кријам зад маски!
Библиски нокдаун? Мислиш на твојот нокдаун каде што ти упорно тврдиш дека раните христијани Господ го нарекувале „Пат“, а всушност излезе дека тоа се однесувало на Неговото учење?
Делот со „Патот“ го образложи, ама искривено, а интересно е зошто не сакаш да дадеш коментар на прашањето кое ти беше поставено на првата страна од темава:
И, што мислиш за „Светата Врата Исус Христос“? Всушност, живо ме интересира зошто вашата црквичка, каде што се собирате, не е наречена со Господовото име, и ниту „И“ нема од Неговото име? Изменето од Maran Ata - 13.Април.2010 во 03:06 |
|||||||||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
1. Јас немам динамичен превод. Ниту сум издал, ниту користам. 2. Никаде не сум рекол дека тоа е мојот најдобар или пак омилен превод. Напритов, на темата: Најдобриот Библиски превод, јас јасно се изјаснив кој е мојот омилен библиски превод, цитирам...
3. На форумов имам цитирано веројатно преку 2000 библиски стихиви. Посочи ми каде тоа јас сум цитирал од тој динамичен превод? Бесрамна клеветнице. После овие клевети, срам ми е ѓаволот да го наречам клеветник, затоа што клеветиш повеќе од него. И пак ќе повторам, мора ли секогаш кога ќе се најдеш во библиски нокдаун веднаш да ја заташкуваш и пренасочуваш дисксуијата користејќи ги твоите од врв на Водно познати клевети? Мислам дека ти треба една дообра исповед под мантијата на духовникот, зашто полна си со клевети, злоба, лукавштина. |
|||||||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
Абе, златно, повторно ги правиш истите и истите грешки. Не ми е јасно како за сиве овие години не се научи дека на манипулациите (лагата), кратки и’ се нозете?! Првата ВИСТИНСКА изворна христијанска заедница „патот“ го нарекувале ХРИСТОВОТО УЧЕЊЕ и во секој цитат што си го навел, се мисли токму на учењето. Прво, во овој цитат што си го навел, ако доволно се познава македонскиот јазик и граматика, повеќе од очигледно е дека станува збор за Христовото учење кое го нарекувале ерес. Доколку овде под „патот“ се мисли на Самиот Христос, тогаш реченицата не би имала смисла, затоа што човек не може да биде ерес, туку ЕРЕТИК. Мислам дека сфаќаш, нели? И многу интересно е тоа што го користиш преводот на Константинов, а не оној твојот најдобар македонски превод во динами, затоа што таму стои: Дела 24:14 Јас овде, пред Вас, признавам дека сум следбеник на Христовото учење што тие го нарекуваат секта ...
Потоа Павле влезе во синагогата, и тука три месеци смело проповедаше и расправајќи ги уверуваше за царството Божјо.И овде во еден стих погоре се вели дека: Дела 19:8 Потоа Павле влезе во синагогата, и тука три месеци смело проповедаше и расправајќи ги уверуваше за царството Божјо. Значи, апостол Павле го ширел Христовото учење за царството Божјо, што е јасно дека и во тој твој стих од Константинов се мисли на учењето, а не на Самиот Христос. Патем, може да го провериме и твојот омилен динамичен превод што вели: Дела 19:9 Кога еден дел од нив тврдоглаво одбија да поверуваат и почнаа јавно да зборуваат лоши работи за Христовото учење...
Да не должам многу, и овде само ќе го наведам истиот цитат во твојот динамичен превод: Дела 19:23 Во тоа време во Ефес настанаа големи немири заради Христовото учење. Сега ме интересира, каде е грешката: 1. Кај Константинов, кој демек во тие стихови мислел на Христос под зборот „патот“ 2. Во баптистичкиот пастор Иван Грозданов, кој превел како „Христово учење“ 3. Или во тебе, кој си толкуваш и користиш преводи во зависност од тоа како тебе ти одговара за да излезеш прав? Изменето од Maran Ata - 12.Април.2010 во 15:59 |
|||||||||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
Да, сметам дека ништо не им фали на тие имиња на цркви. Впрочем, првата ИЗВОРНА христијанска заедница ја нарекувале токму така "Патот". Самиот апостол Павле вели за себе дека бил следбеник на Патот, цитирам... „Но тебе ти признавам: дека според Патот, кого тие го наречуваат ерес, така Му служам на Бога на нашите татковци“ (Апостол Павле во Дела на апостолите 24:14, Библијата) „Но бидејќи некои беа корави и непокорни, и зборуваа зло за Патот пред множеството, тој (апостол Павле) отстапи од нив и ги оддели учениците, и секојдневно проповедаше во училиштето на некој си Тиран“ (Дела на апостолите 19:9, Библијата) „Во тоа време се подигна голем бунт заради Патот;“ (Дела на апостолите 19:23, Библијата) ![]() ![]() ![]() ![]() Ај сега ти одговори ми зошто не може да има црква „Св. Еден Светец Исус Христос“, кога Исус е наречен Светец во Библијата, цитирам... „Зашто нема да ја оставиш мојата душа во Подземјето, ниту ќе дозволиш твојот СВЕТЕЦ (Исус) да види гниење. “ (Псалм 16:10, Библијата) ![]() |
|||||||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Орка ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
![]() ![]() |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
Охооо, повторно клеветење и тоа така гордо препишување на истото на друг. Сакав да те поштедам од брукања, ама самиот си го бараше. Јас нема потреба да отворам лажни профили за да знам како ти изгледаш, многу лесно се откриваш - твоја исповед на ИДИВИДИ за делови од твојот живот; средби со мои пријатели кои сакаше да ги вовлечеш во твојата „изворна“ црква; ти ми го кажа името на мсн, а на твојот е-маил ти го пишува и презимето, едноставно - прогуглај малку и излегуваат интересни податоци и поврзаности со соодветната „изворна“ црква (до душа, откако доста ве разобличивме пред година дена, заедно со брат Макариос и брат Ахмар, почнавте да си ги криете малку по малку тие податоци, како лисицата опашот), потоа има еден куп фотографии на твојата „изворна“ црква (ако сакаш, можам да ги приложам. Нели сепак се ставени за во јавност да се експонираат?), а што е „најпрофесионално“, ајде да ви откријам уште еден пропуст, на самите фотографии си ги ставате сопствените имиња, а потоа плачете некој ако ве открие (познати ти се Колумбо, Филип, Илија, Наде...?). А брат, знаеш што значи „извади си ја гредата“? Еве ти делумно „сликовит“ приказ: Пред извесно време тврдеше дека Маран Ата била во Македонија, а не сакала да се појави пред тебе:
Лесно ти е да клеветиш, а тешко ти беше да признаеш дека ова што го кажа беше лага (јас воопшто не сум ни била тоа време што го наведуваш во Македонија), затоа што Маран Ата кога беше во Македонија во јануари 2010, незабавно дојде до твојата „изворна“ црква (која нема ниту „И“ од името на Господ Исус Христос, а се буниш за туѓи храмови), си направи малку муабет со пасторот ти твој, се виде лично со тебе, си поразговара со тебе, си направи и по некоја фотка со тебе (само од принципиелност, затоа што ти ме замоли да не ја објавувам, нема да биде посочена како доказ)...
И јас велам - да се вратиме на темата. Те чека прашањето, не ја заташкувај дискусијата:
Изменето од Maran Ata - 12.Април.2010 во 11:55 |
|||||||||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Rita.MD ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
Повторно ескивираш да не одговориш на прашањето. ![]() Јас не се расправав. Само искоментирав нешто и ти и твоите пријатели ми се џитнавте. А што, требаше од вистиснскиот профил да те аднам? Ти си таа која ги исмејува баптистите, а воопшто сите оние кои не се православни. Треба сега да ги лепам тука линковите кои си ги копала по интернет, а што ми ги праќаше? |
|||||||||||||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
Maran Ata, ако добро се сеќавам, пред околу една година, ти ми влезе во мојот фејсбук профил (исто така преку лажен/друг профил) и потоа ми се правеше фраерка демек „ете сега знам како изгледаш“, „ова си правел, таму си бил“
![]() „Лицемере, извади ја првин гредата од твоето око, па тогаш ќе видиш јасно, како да ја извадиш раската од окото на брата си“ (Матеј 7:5, Библијата) Но да се вратиме на темата (ова морам секогаш да го пишувам после коментарите на Maran Ata) Ме интересира каде можам да ја најдам црквата Еден Светец Св. Исус Христос? Побарав на google, но не најдов ниедна таква црква во Македонија. Се надевам ќе ми помогнете. Однапред благодарам ![]() |
|||||||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
ЕвАнгелос, ако се навратиш само една страница поназад, ќе видиш дека јас прва поставив прашање:
Но нејсе, одамна е познато дека ти не одговараш на прашањата што прво тебе ти се поставени, а потоа клеветиш дека некој друг ја заташкува дискусијата (и тоа секогаш клевети БЕЗ докази). Твоето единствено прашање пред она јас што го поставив, беше:
И јас не ти останав должна, та веднаш ти одговорив:
Рита, коментари „изигрување христијанско преподобие“ од личности коишто ми се појавуваат на мојот Фејсбук профил под лажно име, за да се расправаат со сите мои пријатели, тврдејќи дека сопствените ставови се и Библиски, што нема апсолутно никаква врска со реалноста, за потоа како пијавица да ми се залепи и по лични пораки и така “христијански“ да се исмејува на се’ што не е во согласност со фантазиите кои си ги има увртено во глава, сметам дека не се вредни за реплика. Изменето од Maran Ata - 12.Април.2010 во 05:34 |
|||||||||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Rita.MD ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
Maran Ata навистина не гледам никаков проблем со тоа што Evangelos го нарече Исус Светец.
Христос секако е мноооогу посвет од било кој светец што можеш да го именуваш (сеедно дали е од 2 или 3 век). А тоа што вие немате ниту една црква во Македонија која го носи Христовото име (барем во името на католичката црква во Скопје е спомнат Исус), е за чудење. Се гледа кој на вас ви е битен. Немате проблем со тоа да ги погазите Божјите зборови за сметка на пишувањата на отците. И навистина не гледам поента во тоа што го напаѓаш Evangelos, баптистите и сите оние кои мислат поинаку од тебе. И престани да исмеваш-не е христијански. И ако не се лажам, тоа е спротивно на правилата на форумов. Ев, мило ми е што не падна на нејзино ниво. ![]() |
|||||||||||||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
Maran Ata, од огромниот текст каде што се обидуваш да ја заташкаш дисксусијата и лукаво да ја одвлечеш оф-топик не сфатив што сакаш да кажеш.
Затоа одговори кратко и јасно: Дали најсполе дојде на моето дека Исус Христос е Светец или сеуште упорно тврдиш дека се еретици оние кои Господ го нарекуваат Светец? ![]() |
|||||||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
Абе, златно, за каков ќор сокак зборуваш или за какво резилење? Случајно да не мислиш за резилењето што не ти оди математиката во историските дијалози? Или за резилењето кога беше разобличен како бесрамно манипулираш со стихови од Светото Писмо? Или за она резилење кога ни правеше реклама за „веронауката по изворно христијанство“, а всушност убаво беше разобличен дека станува збор за баптистичка веронаука? Или мислиш на резилењето кога ни правеше реклама на баптистичкиот динамичен превод на Светото Писмо, каде исто така беше изрезилен, бидејќи „преведувачот“ по своја желба си крател цели реченици од Откровението , затоа што не знаел како да ги протолкува, а ти го фураше како ептен ексклузивен и позитивно уникатен во македонското говорно подрачје? Или за резилењето кога беше разобличен дека манипулираш со цитатите од Православните Свети Отци на Црквата, со цел демек да докажеш дека тие верувале како тебе? Или твоето заглавување во ќор сокак незнаејќи да дадеш одговор според кој критерум пресметуваш дали некој е спасен? Или на ќориот сокак кој го виде затоа што не знаеше да дадеш одговор на прашањето што е разликата меѓу спасените и светите христијани? Или тешкиот резил кој ти останува до ден денеска, затоа што твојата фантазија не знае да објасни кога Господ Исус Христос ја примил Божествената природа, ако Богородица ја родила само Неговата Човечка природа? …………………. ![]()
Мислиш нешто слично на твоите навреди од типот на:
Нејсе, ајде, пак ќе ти се прогледа низ прсти како на мало дете, затоа што разумен возрасен не би си дозволил повеќе од еднаш вакви манипулации, лаги, клевети, навреди, упорни мајтапења самиот со себе и сл.
Самиот Господ Исус Христос има речено: Јован 10:9 Јас сум вратата: кој ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; и ќе влезе, и ќе излезе, и пасиште ќе најде. Јован 14:6 Исус му рече: „Јас сум Патот, Вистината и Животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку Мене. Изгледа ќе треба храмовите да почнеме да ги нарекуваме: храм на Светиот Пат Господ Исус Христос (или замисли ја скратеницата: Светиот Пат), храм на Светата Врата Господ Исус Христос (или скратеница – Светата Врата) ![]() Аххх, ЕвАнгелосе, твојава логика е онаа што го продолжува животниот век... од смеење. ![]() |
|||||||||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||||||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |