IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Право
  Активни теми Активни теми RSS - Измени во Законот за семејството- посвојување
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Измени во Законот за семејството- посвојување

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака Обратен редослед
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Измени во Законот за семејството- посвојување
    Испратена: 27.Март.2010 во 15:30
Родителите ќе можат по електронски пат да посвојуваат деца
 
Оваа новина е дел од Предлог измените на Законот за семејство, кој треба да се усвои во собраниска процедура.

“Кога ќе има дете за посвојување ќе се избираат пет потенцијални посвоители од регистарот за посвоители. Карактеристиките на петте брачни парови под шифра ќе се доставуваат до Комисијата која што ќе донесе одлука за изборот на посвоители“, се вели во предлог законот.

За да се избегнат можностите за злоупотреби, планирани се измени и во составот на Комисијата која ќе брои 15 членови со двогодишен мандат, наместо досегашните пет члена, кои имаат мандат од пет години.

Во измените на законот се предвидува и одземање на родителското право на лица, кои што оставиле деца во домови за деца без родители, но не се откажуваат од родителското право, поради што децата не може да се дадат на посвојување.

Веќе е извршена обука на лицата коишто ќе ги спроведуваат предвидените новини, а изготвен е и специјален компјутерски софтвер. Во Македонија годишно се посвојуваат од 60 до 80 деца.
 
 
 
 
--------------------------------------------------------------------------------------
 
Промените, доколку бидат изгласани, според мене, не носат само придобивка. Независно од тоа што навистина тие ќе ја намалат можноста за злоупотреба, секако, нема да ја искоренат, затоа што сепак, компјутерот се подесува од човек, сепак, не може посвојувањето да го "роботизираме". Согласно Законот, посвојувањето, доколку е потполно (adoptio plena) доведува до воспоставување сродство, односно еднакви односи како оние меѓу крвните сродници, а несомнено меѓу сродниците постои и емоционална поврзаност. Свесни сме дека често, кога оние кои сакаат да посвојат дете, често планираат детето да биде мало, но кога ќе одат во домовите, веднаш ќе се приврзат за други дете, не со оние карактеристики кои ги сакале идните родители. Ако компјутерот автоматски ги регистрира можните посвоители, а и можните посвоеници, дали тоа значи дека по случаен избор ќе се вкрстат судбините на истите?! Колку и да треба да се трудиме да ги прочистиме законите од емоции и субјективизам, за што и јас сум поборник сепак, некогаш треба и самиот законодавец да биде свесен дека материја, каква што е посвојувањето и сродството во себе ги вклучува и овие елементи, а и самиот Закон за семејството на многу места ја нагласува грижата, помагањето како дел од карактеристиката на односите меѓу родителите и децата, што секако, не може да говориме дека се остватуваат без емоции меѓу страните.
 
 


Изменето од Македон - 27.Март.2010 во 15:54
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.