Испечати | Затвори го прозорот

Измени во Законот за семејството- посвојување

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Право
Опис на форумот: Tолкување и коментирање закони, правни совети, судска практика
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22099
Датум на принтање: 12.Декември.2024 во 00:39
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Измени во Законот за семејството- посвојување
Постирано од: Македон
Наслов: Измени во Законот за семејството- посвојување
Датум на внесување: 27.Март.2010 во 15:30
Родителите ќе можат по електронски пат да посвојуваат деца
 
Оваа новина е дел од Предлог измените на Законот за семејство, кој треба да се усвои во собраниска процедура.

“Кога ќе има дете за посвојување ќе се избираат пет потенцијални посвоители од регистарот за посвоители. Карактеристиките на петте брачни парови под шифра ќе се доставуваат до Комисијата која што ќе донесе одлука за изборот на посвоители“, се вели во предлог законот.

За да се избегнат можностите за злоупотреби, планирани се измени и во составот на Комисијата која ќе брои 15 членови со двогодишен мандат, наместо досегашните пет члена, кои имаат мандат од пет години.

Во измените на законот се предвидува и одземање на родителското право на лица, кои што оставиле деца во домови за деца без родители, но не се откажуваат од родителското право, поради што децата не може да се дадат на посвојување.

Веќе е извршена обука на лицата коишто ќе ги спроведуваат предвидените новини, а изготвен е и специјален компјутерски софтвер. Во Македонија годишно се посвојуваат од 60 до 80 деца.
 
 
http://tocka.com.mk/index12.php?ID=5856 - Извор
 
 
--------------------------------------------------------------------------------------
 
Промените, доколку бидат изгласани, според мене, не носат само придобивка. Независно од тоа што навистина тие ќе ја намалат можноста за злоупотреба, секако, нема да ја искоренат, затоа што сепак, компјутерот се подесува од човек, сепак, не може посвојувањето да го "роботизираме". Согласно Законот, посвојувањето, доколку е потполно (adoptio plena) доведува до воспоставување сродство, односно еднакви односи како оние меѓу крвните сродници, а несомнено меѓу сродниците постои и емоционална поврзаност. Свесни сме дека често, кога оние кои сакаат да посвојат дете, често планираат детето да биде мало, но кога ќе одат во домовите, веднаш ќе се приврзат за други дете, не со оние карактеристики кои ги сакале идните родители. Ако компјутерот автоматски ги регистрира можните посвоители, а и можните посвоеници, дали тоа значи дека по случаен избор ќе се вкрстат судбините на истите?! Колку и да треба да се трудиме да ги прочистиме законите од емоции и субјективизам, за што и јас сум поборник сепак, некогаш треба и самиот законодавец да биде свесен дека материја, каква што е посвојувањето и сродството во себе ги вклучува и овие елементи, а и самиот Закон за семејството на многу места ја нагласува грижата, помагањето како дел од карактеристиката на односите меѓу родителите и децата, што секако, не може да говориме дека се остватуваат без емоции меѓу страните.
http://www.pravo.org.mk/documentDetail.php?id=500 -
 
 
http://www.mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/zakon_semejstvo_osnoven.pdf - Закон за семејството ( пречистен текст )



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk