|
Албанци ќе се декларираат како Грци,Македонци..... |
Внеси реплика |
Автор | |
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 05.Јуни.2010 во 23:47 |
Сеоак, претстојниот попис ќе биде добра можност Албанија еднаш засекогаш да се отргне од етикетата на земја со муслиманско мнозинство, заклучува „Осерваторио Балкани“.
|
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Та и кај нас поединци за да добијат некакви си подобности се декларираат за бугари и тие но и нивните претци!.
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу Албанци на претстојниот попис ќе се декларираат како Грци, Македонци или Срби
Воведувањато на графите за изразување на националната и верската припадност на следниот попис во Албанија, ги поттикнува стравувањата во земјата дека голем број албански граѓани ќе се декларираат како Грци, Македонци или Срби, оценува италијанското списание „Осерваторио Балкани“. Според гласилото, постои сомневање дека изразувањето на националната припадност може да е „неосновано и поттикнато од определени интереси, кои ќе ја искриват реалноста“. На прво место е стравувањето дека припадници на православното албанско и влашко население во јужните делови на Албанија ќе се декларираат како Грци, со цел полесно да добијат грчко државјанство и да си обезбедат подобри пензии и пасоши за слободно патување во Шенеген зоната, смета „Осерватрорио Балкани“. Весникот неведува дека имајќи го пред вид фактот оти Албанија е се уште далеку од либерализација на визниот режим со ЕУ, многумина на пописот може да се декларираат и како Македонци или Срби, за да си обезбедат пасоши на Макеонија или Србија, чии државјани можат слободно да патуваат во ЕУ. „Осерваторио Балкани“ потсетува дека последен пат на еден попис во Албанија графа за верска припадност имало пред Втората светска војна, а за национална припадност во „времето на Енвер Хоџа“, поради што етничкиот и верскиот состав на Албанија долго години беше предмет на различни проценки. Одлуката на Владата во Тирана да ги воведе графите за „нација“ и „религија“ на пописот, некои го нарекуваат предавство кон албанската нација, нагласувајќи дека тие нема да дадат реален приказ за населението во земјата, потенцира весникот, додавајќи дека спомените од минатото и балканските фобии, типични за една милтуетничка земја, сега излегуваат во преден план. Според гласилото, противниците на ваквата владина одлука наведуваат дека таа не е пожелна, ниту прифатлива за Албанија поради „разликите во самото албанство, но и поради односите со балканските соседи, кои од официјалната историографија се интерпетирани од позиција на истакнување на мачеништвото на албанската нација“. Сеоак, претстојниот попис ќе биде добра можност Албанија еднаш засекогаш да се отргне од етикетата на земја со муслиманско мнозинство, заклучува „Осерваторио Балкани“. Сител |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |