Испечати | Затвори го прозорот

Албанци ќе се декларираат како Грци,Македонци.....

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Свет
Опис на форумот: Масони, Рокфелер, Ирак, Иран, Балкан Експрес...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21805
Датум на принтање: 18.Декември.2024 во 05:51
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Албанци ќе се декларираат како Грци,Македонци.....
Постирано од: kultuzin
Наслов: Албанци ќе се декларираат како Грци,Македонци.....
Датум на внесување: 19.Февруари.2010 во 22:04
Многу Албанци на претстојниот попис ќе се декларираат како Грци, Македонци или Срби

Воведувањато на графите за изразување на националната и верската припадност на следниот попис во Албанија, ги поттикнува стравувањата во земјата дека голем број албански граѓани ќе се декларираат како Грци, Македонци или Срби, оценува италијанското списание „Осерваторио Балкани“.


Според гласилото, постои сомневање дека изразувањето на националната припадност може да е „неосновано и поттикнато од определени интереси, кои ќе ја искриват реалноста“.

На прво место е стравувањето дека припадници на православното албанско и влашко население во јужните делови на Албанија ќе се декларираат како Грци, со цел полесно да добијат грчко државјанство и да си обезбедат подобри пензии и пасоши за слободно патување во Шенеген зоната, смета „Осерватрорио Балкани“.

Весникот неведува дека имајќи го пред вид фактот оти Албанија е се уште далеку од либерализација на визниот режим со ЕУ, многумина на пописот може да се декларираат и како Македонци или Срби, за да си обезбедат пасоши на Макеонија или Србија, чии државјани можат слободно да патуваат во ЕУ.

„Осерваторио Балкани“ потсетува дека последен пат на еден попис во Албанија графа за верска припадност имало пред Втората светска војна, а за национална припадност во „времето на Енвер Хоџа“, поради што етничкиот и верскиот состав на Албанија долго години беше предмет на различни проценки.

Одлуката на Владата во Тирана да ги воведе графите за „нација“ и „религија“ на пописот, некои го нарекуваат предавство кон албанската нација, нагласувајќи дека тие нема да дадат реален приказ за населението во земјата, потенцира весникот, додавајќи дека спомените од минатото и балканските фобии, типични за една милтуетничка земја, сега излегуваат во преден план.

Според гласилото, противниците на ваквата владина одлука наведуваат дека таа не е пожелна, ниту прифатлива за Албанија поради „разликите во самото албанство, но и поради односите со балканските соседи, кои од официјалната историографија се интерпетирани од позиција на истакнување на мачеништвото на албанската нација“.

Сеоак, претстојниот попис ќе биде добра можност Албанија еднаш засекогаш да се отргне од етикетата на земја со муслиманско мнозинство, заклучува „Осерваторио Балкани“.


Сител



Коментари:
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 19.Април.2010 во 08:07
Та и кај нас поединци за да добијат некакви си подобности се декларираат за бугари и тие но и нивните претци!.


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 05.Јуни.2010 во 23:47
Сеоак, претстојниот попис ќе биде добра можност Албанија еднаш засекогаш да се отргне од етикетата на земја со муслиманско мнозинство, заклучува „Осерваторио Балкани“.
 
 
дадада


-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk