|
Закопано богатство |
Внеси реплика |
Автор | |
MAKEDONCISTE
Нов член Регистриран: 29.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 15 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 26.Февруари.2010 во 17:24 |
|
|
MAKEDONCISTE
Нов член Регистриран: 29.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 15 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
so se cudis mladen
|
|
pmmladen
Сениор Регистриран: 21.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 333 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мариово станува магнет за дивите копачи и трагачи по закопано богаство....
Државата нема национална стратегија за археолошки ископувања и нема план за истражување на Мариово........ Битолскиот дел на Мариово станува магнет за дивите копачи. Државата не само што нема национална стратегија за археолошки ископувања, туку воопшто нема план за истражување на овој дел од Мариово. Археолозите потврдиле дека постојат остатоци од антички и од средновековни градови и оти Мариовскиот регион е ризница на артефакти. Наспроти тоа, дивите копачи се најчестите непоканети гости во опустошените мариовски села. Облечени како туристи, со замаскирани метални детектори тие ги прекопуваат селата и задоволни, со полни џебови, заминуваат од Мариово, тврдат мештаните. Вистина е дека само мал дел од надри археолозите и' паднале в раце на полицијата. Инспектори по организиран криминал во домот на битолчанец запленија осум бронзени монети од времето на кралот Аминта Трети, дедо на Александар Велики, како и од периодот на владеењето на Филип Втори. Битолчанецот го ископал ова археолошко богатство во Мариово каде што раката на овдешните археолози се' уште не допрела. Од битолскиот Завод и музеј потврдуваат дека последните години е присутна појавата странски државјани за одреден надоместок да ангажираат македонски граѓани диво да ископуваат. И тоа на одредени локации каде што на таканаречените стари карти постојат податоци дека има културно богатство. Потоа пронајдените предмети заминуваат за странство. Сознанијата на музејот се дека токму грчки државјани се најголеми откупувачи, особено на археолошки предмети, кои го потврдуваат постоењето на античките Македонци. „Мештаните воопшто не се едуцирани. Доколку најдат нешто додека ги извршуваат земјоделските работи или градежните прекопувања тие тоа ќе го зафрлат или ќе го искршат. Исто како пред некоја година, кога пронајдоа вино закопано од Првата светска војна, од пред 100 години, па ги искршија шишињата“..... Археолозите со сигурност тврдат дека Мариово лежи врз темелите на антички и средновековни градби. Каде и да се копна ќе се најдат археолошки предмети, без оглед на нивната вредност. Археологот Гордана Филиповска-Лазаревска од Завод и музеј Битола, како експерт за средновековна култура, вели дека во Мариово е особено позната средновековната населба Лениште кај селото Зович. Таму своевремено се пронајдени сребрени монети од 13 век, од времето кога трговци од Венеција тргувале низ Мариово. Наспроти ваквите состојби и предупредувања, надлежните од Завод и музеј Битола се категорични дека државата нема ниту пари, ниту кадри за да почне со археолошко ископување на Мариово. Во информацијата што Завод и музеј Битола ја достави до Советот на Општината околу заштитата на културното наследство на подрачјето на Битола на некој начин признава дека дивите ископувања стануваат се' почести. Во отсуство на национална стратегија за археолошки ископувања вредните археолошки предмети илегално патуваат за странство, се вели во информацијата на Завод и музеј Битола. Изменето од bijonse1 - 15.Февруари.2010 во 17:25 |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
poekonomisti ,..zdravje!....duri i do den denes se takvi....
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
бијонсе напиша : Македонија спие врз закопано злато
При налетите на турскиот аскер, народот ги закопувал вредните работи во лозјата, нивите, шталите и под самите куќи, но и на непристапни места Неколку години по Првата светска војна, во месноста Дива леска, Демирхисарско, биле пронајдени две кожени торби со злато, кое го закопале македонските војводи во текот на Илинденското востание.
злато со товари а нашите сепак правеле топови од дрво ........ тоа се нарекува штедливост и економија .............
|
|
MAKEDONCISTE
Нов член Регистриран: 29.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 15 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
na mnogu mesta niz zemjava nasa uba najuba na svet kade kilce kade dve tri se sobira od segde po malce veruvajmi
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
сабота, 18 март 2006 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бионсе од коj датум е ова статиja?
Веруваj ми злато во земjaва нема .Се е ископано од многу време насам...........
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија спие врз закопано злато
При налетите на турскиот аскер, народот ги закопувал вредните работи во лозјата, нивите, шталите и под самите куќи, но и на непристапни места Неколку години по Првата светска војна, во месноста Дива леска,
Демирхисарско, биле пронајдени две кожени торби со злато, кое го закопале
македонските војводи во текот на Илинденското востание.
Покрај златото имало и мапи со прецизни локации низ цела Македонија каде што биле закопани златниците со кои требало да се купи оружје за потребите на востанието. Човекот што го ископал златото точно знаел каде да копа. Војводите го скриле златото на точката каде што паѓа првиот сончев зрак на 2 август. Токму на тоа место и било најдено. Пронаоѓачот на богатството во дваесеттите години ја купил половина Битола, раскажуваат битолчани. ............... Трагачите по богатство велат: - Македонија е полна со злато и со вредни предмети. Спиеме на злато. Што крие македонската земја? Златни, сребрени и бронзени монети од времето на Александар Македонски и татко му Филип Втори. Монети со ликот на Касандер, генерал на Александровата војска - Фалангата. Илјадници години старите тетра драхми, пела монети, златни статери, римски пари од Августовото време. Земјата крие и монети со голема буква М, која денес е ставена на книжната монета од 50 денари. Пронајдени се многу златни парички со ликот на Наполеон Бонапарта, неброени турски лири со арапско писмо... Во педесеттите години на минатиот век во едно Мариовско село дошол Бугарин. На селаните им рекол дека бара некоја чешма над селото покрај која бил убиен неговиот брат во Втората светска војна. Гостопримливите селани го однеле на чешмата. Бугаринот почнал да плаче по брата си и ги замолил другите да го остават сам. Додека селаните го чекале во селото да го нагостат, гостинот откопал злато од под една камена плоча и избегал. Мариовци велат дека тој бил истиот војник што го закопал златото во текот на војната, но го заборавил местото. За време на турското владеење, при налетите на аскерот, народот ги закопувал вредните работи зашто сметал дека во земја е најсигурно. Закопувале во лозјата, нивите, шталите и под самите куќи. Но, и на непристапни места. Пример за тоа е една карпа над превојот Плетвар, каде што било закопано бесценето богатство. Местото било обележано со цртеж издлабен во карпа на кој бил претставен римски кантар (паланѕа) со еден тас на бројката од 150 ока. Токму толку злато и било извадено, раскажуваат легендите. Слична карпа постои и во Паланечко, во близина на селото Псача. Во карпата е издлабен петел, кој гледа во мали пилиња. Во правецот на неговиот поглед било закопано богатството. Странските војски што војувале на фронтовите во земјава, криеле злато и пари во земјени бункери и пештери. Интересно е тоа дека француската војска закопувала и сандаци со вино. Ако се пронајде тоа вино денес, би достигнало цена од 10.000 евра по шише на странскиот пазар - велат трагачите по злато и муабетот го продолжуваат со уште една случка. Пред петнаесет години, на тромеѓето помеѓу Скочивир, Македонски Брод и Живојно дошла неколкучлена француска експедиција со објаснување дека ќе ги испитува скакулците во тој регион. Со прецизни мапи во рацете, поставиле шатор на шест чекори од единствената круша покрај патот. Копале цела вечер под шаторот и утрото си заминале со злато тешко неколку килограми. Техниката за барање злато отиде многу далеку.Трагачите употребуваат софистицирани апарати, кои со голема веројатност лоцираат богатство. Битолчанецот Б.Д. поседува фирма за продажба на детектори за злато, а и тој самиот врши истражувања. За себе тврди дека ја има најсовремената и најскапата опрема на Балканот за потрага по закопани богатства. Уште од дете се интересирал за овие авантуристички потфати, растејќи со "златната треска" на дедо си Трајко. Вели дека од него ја наследил желбата за трагање по богатство. - Имам далечински локатор, кој може со стопроцентна сигурност да лоцира 50 килограми злато на далечина од пет километри, без разлика дали се работи за рамничарски и планински предел. Еден таков апарат кај нас чини 50.000 евра. Иако е безгрешен, сепак, потребно е и искуство за да се ракува со него. Поради зрачењето на магнетните полиња на металите во земјата, неопходни се огромна концентрација и напор - вели битолскиот авантурист. ............. Трагачите веќе со години имаат неостварена желба - да го пронајдат златото што било украдено од отоманската банка во Битола. Според кажувањата, богатството е закопано некаде по течението на реката Црна................. така да кој има среќа .......ако посади некое дрвце во дворот не е чудо да најде некое грне со злато....... |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каде е?
|
|
MAKEDONCISTE
Нов член Регистриран: 29.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 15 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ima makedonija zlato
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во каков смисл прашаш?Како културни находки или делви со злато?
Според мени од првото нешто да ,а второто не.
|
|
swift
Нов член Регистриран: 02.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
sto mislite dali uste ima nesto vo makedonija ili nema
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |