|
Брокула - bracchium |
Внеси реплика |
Автор | |||
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 17.Декември.2012 во 16:46 |
||
Не ми е баш омилено јадење...
|
|||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Време е за брокула!Брокулите се растение од фамилијата на зелки, чии цветови се консумираат како зеленчук. Самиот збор брокула доаѓа од италијанскиот збор „broccoli“ што значи „цветен врв на зелката“. Цветовите на брокулата се зелени и ги држи стебленце кое исто така се консумира. По својот изглед, брокулата е доста слична со карфиолот. Започнала да се одгледува на Медитеранот уште во 6-тиот век п.н.е. Во времето на Римската империја, брокулата се сметала за посебен и уникатен тип на зеленчук. Овој плод е полн со витамин Ц, како и диететски влакна. Има моќно анти-канцер делување. На пример, брокулата го намалува количеството на сулфарофан (канцерогена состојка) за 20–30% после само 5 минути и за цели 77% по половина час. Таа има највисоки количини на каротеноиди во целата фамилија на која ѝ припаѓа. Богата е и со лутеин, а содржи и умерени количини на бета-каротен. Постојат три основи вида на брокула. Најпозната е „калабрезе“, која ја има и на нашите пазари и во нашите продавници. „Sprouting“ брокулата има поголем број на цветови со тенки стебленца, додека „виолетовата“ брокула повеќе личи на карфиол и се продава главно во Италија, Шпанија и Британија. Лична карта *ДПК – дневна препорачана количина Брокулите може да се најдат свежи и замрзнати. Најдобро е кога се свежи и при тоа се користат како состојка во салати, супи, чорби или гарнир кон јадења од месо. Печени брокули се еден од најчесто користените рецепти. Често знае да бидат дел од оредевери, а се смета и за мошне популарен сиров зеленчук. Се приготвува со техники на варење, пржење во масло и варење на пареа. Интересни факти
|
|||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Нов вид брокула ќе делува против ракНаучници од Велика Британија успеале да добијат нов вид на „beneforte,“ брокула и ќе делува најдобро против ракот, пренесуваат од AFP. Брокула ќе биде специфична по тоа што ќе има поголема количина на состојката „glukofaraninom“, а таа е широко позната и како помагател на кардиоваскуларните заболувања. Брокулата оваа состојка ја соджи два до три пати повеќе од обичната брокула, а во контакт со црвената флора во активното соединение, „sulforafan“ ќе ги намалува хроничните воспаленија и ќе го спречува развојот на некои видови на рак. |
|||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Совети кои можат да ви користат
1.Кога одбирате брокула внимавајте да има свеш мирис,затегнат труп со темнозелена глава ,одбегнувајте глави кои имаат жолти цветчиња. 2.Брокулата може да се чува во отворена кеса во фрижидер најмногу 5 дена. 3.Подварена брокула може да се чува замрзната до една година во замрзнувач. 4.Важно е да се знае дека брокулата е многу чувствителна на етилен-гас кој го создаваат некои овошја и зеленчук,кој го забрзува процесот на стареење на брокулата ,па затоа пожелно е да не се чува во близина на јаболка ,праски ,банани,дињи,домати,киви ,манго и кајсии. И на крај брокулата нека ви биде застапена на трпезата се почесто и како главно јадење и како додаток во супи,салати затоа што содржи екстремно високи дози на витамини. |
|||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
10 интересни факти за брокулата
|
|||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Брокула - антистрес зеленчукБрокулата е најдобар антистрес зеленчук. Тој го намалува стресот, го подобрува расположението, па им се препорачува на сите лица кои се под стрес, но и на спортистите и на децата во развој, на кои им треба, во тој период на раст и развој на телото, посилна исхрана богата со витамини, минерали и соли и други корисни и неопходни нутритиенти. Брокулата ги штити очите и го зајакнува видотБрокулата го чува и видот. Секојдневното изложување на УВ зраци доведува до пегаста дегенерација на окото, која е една од главните причини за губењето на видот. Утврдено е дека брокулите можат да го заштитат окото од УВ зрачењето со јачина шест. Брокулата е корисна и за време на бременостаОсобено е важно брокулата да се внесе во исхраната за време на бременоста, кога на организмот му е потребна посилна исхрана богата со витамини, минерали и соли. Брокулата е богата со калциум и со магнезиум, кои се важни за формирање на коските, забите и ноктите на фетусот. Богата е со железо, а со редовно внесување на брокулата се спречува и слабокрвноста во организмот. Таа содржи железо и фолна киселина, која е неопходна во првите 12 недели од бременоста, а содржи и спектар од Б-витамини........ |
|||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Брокулата го одржува здравјето на белите дробовиСостојката во брокулата, сулфорапан, може да ги ограничи оштетувањата кои доведуваат до хронична опструктивна болест ...ја зголемува активноста на генот NRF2 во клетките на белите дробови и така ги штити од оштетувања предизвикани од токсините. Истражувањата од лабораториските животни сугерираат дека намалената активност на NRF2 генот е поврзана со развој на тежок облик на емфизем, една од состојбите која ги погодува луѓето со хронична опструктивна болест.Поранешни студии покажале дека сулфорапан, има заштитна улога во однос на оштетувањата на крвните садови до кои доаѓа поради дијабетот (шеќерна болест). Брокулата е добра за мозокотПовредите на мозокот ги оштетуваат споменатите протеини, а истражувањето утврдило дека брокулите го намалуваат губитокот на функциите на тие протеини.Заштитните својства му се препишуваат на сулфурафанот, состојка која ја има во брокулите, но и во други зеленчуци од таа фамилија.Брокулите освен тоа штитат и од рак, а младите брокули (стари само неколку дена) се уште подобра заштита бидејќи содржат 20 пати повеќе SGS (Сулфурофатен глукозинат), кој е задолжен за борбата против болест........ Изменето од bijonse1 - 16.Февруари.2010 во 17:08 |
|||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Брокулата има антиканцерогено дејство и е природен лек кој спречува појава на рак Според многу клинички студии, само 100 грама брокули дневно го намалуваат ризикот од рак. Таа содржи одредени количества витамини А, Ц и Е и е значаен антиоксиданс. Брокулата може да го забави процесот на оштетување на клетките, „нагризени“ од слободните радикали, кои доведуваат до стареење и појава на разни болести вклучувајќи ги тука и малигните болести. Овој зеленчук содржи речиси двапати повеќе витамин Ц, на пример од портокалот, а го зајакнува и одбранбениот механизам на организмот.SGS (Сулфурофатен глукозинат) кој го содржи брокулата ги убива туморите, ослободувајќи ензими во телото кои ги уништуваат клетките на туморот и го спречуваат неговото ширење, односно метастазирање во далечните органи и ткива.Брокулата како јак антиоксиданс е на врвот на топ-листата на исхраната со зеленчук, затоа што ја спречува апоптозата (процесот на умирање на клетките) во организмот. Содржи состојки што се нарекуваат сулфорани, природни хемиски материи што даваат препознатлив вкус и можат да го поттикнат самоуништувањето на раковите клетки. Така лекарите редовното внесување брокули во организмот го сметаат за превенција на ракот на дојката. Брокулите содржат и индоли, состојки што го забрзуваат метаболизмот на женскиот хормон естроген, кој е директно одговорен за малигните промени во структурата на клетките на дојката. Забележано е дека кај жените што внесуваат редовно брокула, а со тоа и големо количество фолна киселина, шансите да заболат од рак на грлото на матката или од рак белите дробови се помали. Брокулата е корисна и за дијабетичаритеБрокулата им се препорачува на дијабетичарите, затоа што содржи концентрат на хром, кој има функцијата да го намалува шеќерот во крвта. Дневната потреба на организмот на дијабетичарите изнесува 25 милиграми, а само во 100 грама брокула има 22 милиграми хром. Оттука дневно секој дијабетичар треба да внесува најмалку 100 грама брокула.Брокулата ја подобрува и работата на дигестивниот систем, бидејќи 100 грама брокула содржат најмалку 3,6 милиграми фибрични влакна, кои му се потребни на желудникот........ Изменето од bijonse1 - 16.Февруари.2010 во 17:09 |
|||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Леле колку е корисна брокулата!! кралица на зеленчукот..... како храна и како лек.... незаменлива... Брокулата е одлична за заштита на слузниците, а особено е корисна за заштита на цревната слузница. Таа е лесно сварлива и богата е со растителни влакна кои ја одржуваат нормалната функција на органите за варење и ја одржува нормалната цревна флора. Брокулата го одржува здравјето на срцето и крвните садовиКонсумирањето брокула го одржува здравјето на срцето и ги прави крвните садови поеластични, со што се и подобува циркулацијата на крвта во организмот. на тој начин штити од кардиоваскуларни заболувања.......Брокулата го зголемува производството на ензими кои го штитат срцето од разни оштетувања.Познато е дека пет помали порции зеленчук дневно го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести, а според резултатите од најновите истражувања, барем еден од тие оброци треба да биде со лесно сварени брокули, но брокулата може да се јаде и сирова, во вид на салата, зачинета со лимонов сок и маслиново масло.Изобилува со железо, богата е со Ц-витамин и овозможува да се елиминира вишокот на задржаната течност во организмот, а на тој начин ги елиминира токсините од организмот и го растеретува срцето. Таа ја намалува и спречува слабокрвноста, бидејќи содржи железо и фолна киселина, како и витамини од групата Б.Луѓето кои јадат брокули имаат значително пониско ниво на холестерол, кој е главна причина за развој на атеросклероза, а со тоа и за настанување на срцев и мозочен удар. Познато е дека консумацијата на брокули и слични видови зеленчук го намалува ризикот од срцев и од мозочен удар....... Изменето од bijonse1 - 16.Февруари.2010 во 17:01 |
|||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Брокулата е зелен зеленчук и ретко е застапен во нашата македонска кујна, а преставува права ризница на корисни нутиритенти, кои се многу значајни за одржувањето на здравјето на човекот. Таа содржи големи количества на витамини А, Ц и Е, минерали: калциум, магнезиум, железо, бетакаротен, фолна киселина и многу други корисни состојки. Брокулата е јак антиоксиданс, кој го штити организмот од штетното дејство на слободните радикали. Таа го детоксицира организмот. Детоксикацијата е процес на чистење на организмот од отрови (токсини), кои го намалуваат имунитетот и ја зголемуваат веројатноста од заболување. Според тоа, брокулата е одличен природен лек кој го зајакнува имунитетот. Со зајакнувањето на имунолошкиот систем во организмот, тој успешно се бори против инфекциите и другите штетни влијанија врз организмот. Брокулата го превенира настанување на многу заболувања, влучувајќи ги и малигните болести. Таа го одржува организмот во одлична психичко - физичка кондиција......................... Совети за подготвување на брокулатаБрокулата треба да се знае и да се приготви, бидејќи со нејзиното варење и приготвување можат да се загубат хранливите материи. Таа треба да биде мека, но не и да се распаѓа. Водата во која се варела брокулата е многу богата со хранливи состојки и може да се пие. Брокулата може да се искористи и во функција на разубавување, бидејќи содржи бетакаротен и витамин А. Секако, брокулата може да се јаде и свежа, приготвена како салата, било како сама, или во комбинација со друг вид на зеленчук. најдобро е салатата од брокула да се зачини со лимонов сок и со нерафинирани, ладно цедено маслиново масло. Антиоксидансите полифеноли, кои се наоѓаат во ладно цеденото маслиново масло, го намалуваат дејството на генот HER2 кој влијае на развојот на ракот на дојката.... |
|||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Броколи еволуирале од див зелка за одгледување на континентот Европа. Индикации укажуваат на зеленчук се познати од 2.000 години. Од Римската империја, броколи се смета за уникатно вредност на храната меѓу Италијаните . Броколи првпат беше воведена во САД од страна на овие имигранти, но не стане нашироко познат се до 1920-тите
Броколи е богата со витамини Ц, К и А, како и диететски влакна, тој, исто така, содржи повеќе хранливи состојки со гадна анти-рак на имот, како на пример diindolylmethane и мали количини на селен. Една служи предвидува повеќе од 30 mg се на Витамин Ц и половина чаша обезбедува 52 мг витамин Ц . Во 3,3 '-Diindolylmethane најде во броколи е потентен модулатор на вродената имунолошкиот систем на одговори со анти-вирусна, анти-бактериски и анти-рак активност. Броколи, исто така, содржи glucoraphanin соединение, кое може да биде преработено во анти-рак соединение sulforaphane, иако предностите на брокула значително се намали ако се варени зеленчук повеќе од десет минути. високо доза на броколи е резултат на намалување на ризикот од агресивниот рак на простата. Броколи потрошувачка, исто така, покажуваат дека тие се корисни во превенција на срцеви заболувања. |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |