|
Традиционални занаети |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | |
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 07.Октомври.2011 во 13:32 |
pa, od prashina moze i moze,ama od grncharija teshko....barem tuka!
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
само тој што има памет... денес и од прашина, (да не кажам од ништо), може пари да правиш |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a,koj ushte moze da (pre)zivee od toa,...so glina da se bavi?!
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТАПАН
Тапанот е Македонски народен иструмент направен од буково,оревово или костеново дрво и покриен со штавена овча или козја кожа од двете страни. Кожите се оптегнати преку два обрача и се затегнати со јажиња кои дијагонално одат од едниот до другиот обрач.
Тапанот се свири со две посебни палки:кукуда и прачка. Кукудата се прави од оревово дрво и по облик е нешто налик на луле. Прачката пак е тенка, и обично се прави од дрен или врба. Тапанџијата го чува тапанот нарамен со ремен во малку наведната положба за да може да удира со кукудата од едната страна, а со прачката од другата. Овој начин на свирење резултира во мешавина од длабоки и високи звуци, со комплексен ритам и непредвидлив ритмички израз. Тапанот ретко се користи како соло инструмент. Обично се свири заедно со други инструменти, особено со зурли. Тапанот е предвиден да ја издржи тежината на возрасен човек при изведбата на народни игри и ора. Кожите се затегаат со нагорно повлекување на јажињата, едно по едно. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Икони на ќерамиди Во село Смолани, оддалечено 30-на километри од Прилеп, необичен уметник се занимава со необична уметност - цртање икони на ќерамиди. А приказната да биде уште понеобична, неговиот изложбен простор не е луксузен салон, туку селското гумно, каде иконите се „изложени" на стариот, 200 годишен даб.Можеби залепени фотографии од светец, но сликање икони на ќерамиди ретко кој изработува - барем така вели 50-годишниот пензиониран пилот Љупчо Колевски, кој за себе вели дека е можеби единствен во создавањето на овие необични уметнички творби. Ќерамидата е „дива" за обработка, па потребни се 40 часа за изготвување на една икона, раскажува Љупчо: -„Затоа што морате да ја припитомите ќерамидата. Морате да ја подготвите да ги прима боите. Ќерамидата знае да биде непослушна. Колку и да се трудите, не ги прима боите и не сака да ги прикаже оние нијанси кои вие ги сакате. Премногу труд имам вложено. Една грешка е катастрофална. Ова е филигранска работа. Една грешка и овде нема исправка.“ Температа е основната боја што ја користи уметникот, иако ќерамидата тешко ја прима, а најобработен лик му е Мајката Божја: Неговиот изложбен салон, верувале или не, е стариот 200 годишен даб и околните дрва на кои се прикачени иконите: Тој се надева дека неговата изложбата на отворено кај гумното на село Смолани ќе ја видат многу очи а не само неговите шест соселани. Таа останува тука и на дожд и на сонце: -„Јас давам гаранција сто години. И лани беа оставени иконите и на дожд и на сонце и гајле нема. Иден ангажман да творам, творам и само да творам се’ додека ме држат очите" - посака Љупчо Колевски и продолжи со сликање икона на ќерамида......................... |
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ликовно-естетски особености
Техничко-технолошките
новини, кои во текот на развојниот пат на струшката керамика биле
прифаќани, не ги гаснеле постојните новини или пак тоа се одвивало
континуирано. Како резулатат на овој долг процес е заедничкото
егзистирање едни покрај други - и постарите и поновите форми и техники
на ликовна" обработка. Во тој контекст би кажале дека сите елементи,
што се наследени или низ долг временски период преземувани од други
култури, трпеле селекција и трансформација, така што, по ликовниот
израз, не се разликуваат битно од другите гранки на материјалната
култура што се развила на овие наши простори. _________________________________________ 10. Вера Кличкова, Грнчарството во Македонија, каталог за изложба, во Титов Велес, Етнолошки музеј, Скопје 1968. Текстот е преземен од списанието за наука и култура "ИЗВОРНИК" - 1997, Струга |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За струшкото грнчарство
На
струшките етнички простори до неодамна егзистирале две техники, односно
два начини на изработка на земјени садови, и тоа: садови работени
рачно, без колце - "черепни" (црепни) - масивни земјени садови од
непечена земја, за печење леб и за подготвување на други посни јадења
под "сач" - (вршник), на отворено огниште. Нив ги изработувале жените
за сопствена употреба, а понекогаш и за продавање1. Во науката тие се познати како "женска керамика"2.
Другиот вид керамика, што е во сферата на нашиот интерес во рамките на
оваа тема, е "занаетчиската керамика", што е работена на ножно грнчарско колце и егзистира како занаетчиски производ на струшките мајстори грнчари - "стомнари". Литературните податоци3
со кои рашолагаме укажуваат дека струшките грнчари со своите производи,
за кои се мисли дека по својот квалитет, трајност и убавина не
заостануваат многу зад велешките и ресенските, го снабдувале градот
Струга и околијата, Дебарскиот4
и Охридскиот регион, Корча и Елбасан, како и други места надвор од
македонските етнички простори. Меѓу познатите грнчарски фамилии, кои
имале долга традиција во изработка на земјени садови и за кои
грнчарскиот занает е семејна традиција, се Миладиновци и Голабовци.
Според податоците од М. Савиќ5 и д-р Павле Митрески6 Миладиновци го напуштиле занаетот, а само Голабовци, од почетокот на 20 век до денешни денови, се занимавале со грнчарство7.
Во тој контекст истиот автор дава уште еден податок од 1923, каде што
се наведени имињата на грнчарите од оваа фамилија, кои имале свои регистрирани
работилници: Ристо, Јован, Илија, Ламбе, Наум, Разме и Јован Голабоски.
Оваа бројка се до 1941 година останала непроменета. По Втората светска
војна занаетот е во опаѓање од познатите причини - воведувањето
индустриски садови во современо уредените домови, така што до 1964
година во Струга работеле само 4 грнчари "стомнари",чија старост се
движела од 62-72 години8. Денес во Струга овој занает е сосема напуштен. _________________________________________ 1.
"Черепни" правеле жените во с. Ташморуништа, Делогожди и Мислодежда -
информатор Тасе Тасески, роден 1923 г. Според информаторот Илија
Трцоски од с. Долна Белица, роден 1928 г., во ова село "черепни" за
продавање носеле Македонци муслимани од селата Октиси и Лабуништа.
"Черепни" правеле и во с. Јабланица, а најдобри
"черепнарки" биле Божана Петроска, родена 1907 г., и Лимбија
Домазетовска, родена 1911 год. - информатор Петко Домазетовски, писател
од Струга. "Черепни" биле изработувани и употребувани и во с. Боровец и
Пискупштина, информатор д-р Јован Атанасовски, стоматолог од Скопје. На
сите информатори им должам посебна благодарност - авторот. |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
LAZAROPOLE VO MINATOTO. NARODNA NOSIJA. MIJACKO NARECJE
*MIJACIJA* REKANSKIOT PREDEL I MALA REKA Recnata
dolina vo zapadna Makedonija, koja so nejzinata severna strana se
granici so Sar Planina, na zapad so planinata Korab, Desat i Krcin, od
istok so Bistra i Stogovo, a na jug so Debarskata kotlina, se vika
REKA. Niz ovaa dolina tece rekata Radika desna pritoka na Crn Drim.
Rekata Radika nastanuva od dve reki: Gorna ili Golema Reka i Mala Reka.
Gorna Reka-Golema izvira od Koerab Planina, a Mala Reka od ogranocite
na Bistra, vo blizinata na seloto Tresonce. Nekoi uceni smetaat deka
izvorot na Mala Reka nemoze da bide samo izvorot vo blizinata na Tresonce
tuku deka taa se formira od Tresonecka Reka i od Garska Reka (izvira od
Stogovo vo blizina na selo Gari) koi vo svoite korita nizvodno se do
nivnoto zdruzuvanje prifakjaat i drugi pomali reki, koi zaedno ja
formiraat Mala Reka se do nejzinoto vlevanje vo reka Radika, vo
blizinata na Boskov Most. Naselbite
vo ova podracje R E K A, - slobodno mozeme da go nareceme MIJACIJA, i
so toa slobodno da se otrgneme od dosegasnata nasa kratkovidnost (ces
na poedinci) na imenuvanje samo na naselbite i naselenieto od Mala Reka
so imeto Mijacija (vo nekoja literatura Mala Reka se imenuva kako "cista mijacka sredina"-zasto?!;
kako toa drugite delovi od Reka se pretvorile vo NECISTI?!) i MIJACI;
nadolu vo tekstot (vo sekoj tekst) koga ke staneuva zbor za podracjeto
Reka jas voedno ke mislam na Mijacija/ta (a ne samo na Mala Reka), a
ako stanuva zbor za Mijacija/ta toa znaci deka zboruvam za Reka (a ne
samo za Mala Reka), i za kraj ako pisuvam za Mijaci jas mislam za
Rekanci i obratno, odnosno za seto naselenie od toj kraj bidejkjki ako
na nekogo mu e bitna verata taa za mene i za drugi (drugi mislam na tie
sto pogore za niv upotrebiv ces na isklucoci-moi
istomislenici) prestavuva privatna samosvest i custvo koe nikako ne
smee da vlijae i da ja zamati nasata makedonska krv - se delat na
nekolku sostavni celini koi pripagjaat na predelot Reka, da ve pojasnam
za kraj povtorno, se delat na nekolku sostavni celini koi go formiraat
edinstvenoto celo a toa e Mijacija/ta odnosno Reka: 1. Gorna Reka, koja se prostira po gorniot teka na Radika; 2. Dolna Reka, po sredniot tek na Radika; 3. Golema Reka, od ustieto na rekata Mala Reka vo Radika do ustirto na Radika vo Crn Drim (Debarsko Ezero); 4. MALA REKA, PO TEKOT I SLIVOT NA ISTOIMENATA REKA, OD KADE I OVOJ DEL OD REKA GO DOBIL SEGASNOTO IME M A L A R E K A. Mala Reka, kako leva pritoka na Radika, izvira vo blizina na spomenatoto selo Tresonce (vidi pogore za polemikata okolu izvorot na Mala Reka), gi pribira vo svoeto korito Selecka, Rosocka, Lozorovska, Garska i nekoi pomali rekicki, kako sto se Osojskata i Susickata. Vo malorekanskio del od Reka se naogjaat slednive sela: LAZAROPOLE (Glavno Selo), Galicnik (Golemo Selo) ; (prv pat se spomenuva vo XIV vek, isto taka vazi za staro selo), Tresonce (Staro Selo) ; (najtaro spomenuvanje na Tresonce vo Tahir defter No 4 od 1474/76g. derven selo), Gari, Osoj, Mogorce (edinstveno selo od malorekanskiot predel so postojani ziteli a voedno i najbrojno vo ovoj del od Reka), Rosoki, Selce i Susica (prvoto selo od malorekanskiot del od Reka sto uste vo 1953 godina bese zafateno od "fenomenot selo grad" i sosema napusteno od negovite ziteli. Susica zaedno so Tresonce e najstaroto selo za koe sto srekjavame pisani dokumenti od malorekanskiot del na Reka-za Susica srekjavame podatok vo Timar-defter No 508 koj datira od vtorata polovina na XV vek-selo derven so 9 kukji). Osven ovie sela, vo podalecnoto minato, postoele i drugi sela koi denes ne postojat vo Mala Reka: Glavino Selo, Lopusnik i Staro Selo. LAZAROPOLE, GLAVINO SELO I LOPUSNIK, NO I EDNI PODZABORAVENI ARHEOLOSKI NAODI - JAORSKA VODA Lazaropole
vo minatoto (pobliskoto minato se do 60 godini od XX vek) prestavuvase
vtoro po golemina malorekansko selo. Se naogja na 5 casa od Debar (bez
avtomobil se razbira na konj) i na nadmorska visocina od 1350 m..
Seloto Lazaropole vo najstarite dokumenti kade sto za prvpat srekjavame
pisani informacii za selata od malorekanskiot del na Reka ne go
srekjavame. Vo najstarite dokumenti gi srekjavame selata Tresonce,
Susica i Galicnik, no nivnata lokacija ne bila kao denesnata. Taka za
seloto Tresonce utvrdena e prvicnata lokacija i se znae deka se
naogjalo vo podnozjeto na vrvot Brzovec, na eden cas od Lazaropole.
Seloto Galicnik se veruva deka nastanalo od nekogasnoto Staro Selo koe
sto se naogjalo pomegju denesnite sela Susica I Galicnik. Istoto
stojaliste se upotrebuva i za Susica i se smeta deka i toa selo
nastanalo od nekogasnata naselba Staro Selo. Naselbata Staro Selo,
spored tradicijata, se veruva deka bilo golemo selo, no za negova
nesrekja se naogjalo na patot koj minuval preku Bistra i gi povrzuvl
Debar i Gostivar. Poradi zulumite seloto se raselilo. Vidovme deka
Lazaropole vo ovie dokumenti, pred se turski popisni defteri, ne go
srekjavame i poradi toa nekoi uceni zaklucile deka Lazaropole, od
pogore spomenative sela, e pomlado selo. No vidovme deka ovie sela ja
menuvale svojata lokacija niz vremeto i samo zatoa sto tie se
spomenuvaat vo znacajnite turski popisni tefteri se zakiteni so nazivot
STARI, nebare si mislis stanuva zbor, ako ne e toa sela, za
eden vodac-drzavnik od edna bivsa nasa zaednicka ni drzava, (mukles go
nemat onea druze). No iako lazaropole navistina ne go srekjavame vo
drustvo na gore spomenative sela realnosta e poinakva. Ke vidime podolu
vo tekstot deka osnovata na Lazaropole e poinakva. Ke vidime deka
Lazaropole ima edna lokacija a toa e Glavino Selo i Lopusnik. Glavino
selo ako se gleda dalecinski od Lazaropole e odaleceno... sami
izgradete mislenje, mislam deka ne e mnogu nitu pak malku vremenskata
odalecenost kava sto ja imale Staro Selo od Susica i Galicnik ili pak
lokacijata na Tresonce pod Brzovec. Ke recete ugornina e od Glavino do
Lazaropole. Vo pravo ste. No ima eden fakt koj sto na pocituvaniot d-r.
Gligor Todorovski (negovata kniga mnogu mi pomogna) iako go imal pred
oci vo negovata studija "Malorekanskiot predel" (Skpje 1970g.) iako go
spomenuva no samo povrsno izgleda deka nenamerno ne mu dal pogolemo
znacenje. Na strana 15 od knigata pisuva "... seloto Lazaropole za razlika od pogore spomenative sela, e pomlado selo.".
Kako toa pomlado selo, a potoa vo knigata na strana 22 i 23 pisuva
odnosno se sluzi so dokumentirani arheoloski fakti koi davaat rezultat
citiram: "D-r Blaga Aleksova, proucuvajki gi ovie naodi, dojde do zaklucok... datiraat od IX-XII vek..."
(str.23). Za naodite sega zasega tolku, podolu poopsirno za da mozete
sami da dojdete do zaklucok. Ako e precka takanareceniot KONTINUITET
(na kogo mora da se povikame) na ziveenje, na naselenieto vo blizina na
denesnata lokacija na Lazaropole mislam deka e mnogu grubo da se zeme
kako opravduvanje deka taa precka e nepremosliva. Jasno e deka denesno
Lazaropole svojot kntinuitet go vlece od Glavino Selo, no nejasno mi e
zasto dosega sme go stavale nastrana faktot za grobovite od Jaorska
(Javorska) Voda koi se datirani vo periodot od negde najrano IX vek i
najdocna XII vek. I za kraj (sakam da se navrakjam na nesto sto sum go
kazal iako za toa ne sum ni zavrsil - prostete) vo samata blizina na
Lazaropole se pronajdeni edinstvenite arheoloski ostatoci na
"teritorija" od Mala Reka i tie ostatoci, tie fakti govorat deka
Lazaropole mozebi e pomlado selo od selata spomenati vo
turskite popisni defteri no e mnogu POSTSTARO bidejki negoviot atar go
gazele lugje, eve da ne preteruvam nega bidat 200 do 300 godini pred da
se pojavat defterite. Ova neznaci deka toa se odnesuva samo na
Lazaropole, deka samo vo Lazaropole se pronajdeni arheoloski ostatoci i
tolku-kraj, (pronajdeni se po greska, nenamerno - od lozjeto ke da e) i
deka na nitu edno drugo mesto vo Reka i Mala Reka nema takvi nesta.
Naprotiv. Ako i zemjata kako i knigite stari kazuvaat za nas, za nasite
koreni tolku podobro za site onie koi se rodile vo tie kraista na
Makedonia i za site onie
koi se rodeni-za site nas koi sme rodeni po nasata Makedonija, no ne
tamu vo Reka rodeni, ubavo ke bide za site no najubavo za nasata
idnina, za nas. Zamislet duri vo 1952 godina i toa po greska od Skopje
go fatila patot edna arheoloska ekipa da vidi sto toa na Lazorovci im
se poprecilo vo motikite. Ej, uste od 1952 godina nikoj, ama bas niko
ne se zaprasa, eve neka e pak po grekska, abre da vidite vo ona
defterine na primer pisit za nekoe si Glavino Selo, za nekoe si Staro
Selo, pa tak po greska da im rece na kopacine ama na vistinskine
kopaci-ne onie divine-arheolozi pojdete bre do Glavino, do Staro Selo
videte sto se slucuvalo pred da se pojavat onie koi gi pisele
defterine. Odete, po greska taka, videte ima li tamu nesto, zivele li
lugje tamu od koga se grobovite, ako ziveele lugje treba i da
zakopuvale, pa kazete koi se tie lugje, kavi se, sto rabotale, od koga
se tamu i .... Mozebi ke se stavi kraj na onaa kvazi dramaturgija koja
sto ja pravi istorijata edna obicna tragedija bez uvoden i zavrsen del,
mozebi ke zavrsat pretpostavkite deka tie edni MILJACI, pazete MILJACI
ne Mijaci, toa edno pleme Miljaci-slavjansko pleme koe se naselilo dolu
na Pelopenez poradi splet na istoriski okolnosti od Peloponez (kade sto
od VII vek se naselile) zapocnale da se razdvizuvaat kon Makedonija
odnosno kon denesna Reka. I pretpostavuvate koi se tie Miljaci sega, a.
Dobro imate um vo toa crpkite, dobro e. Da ne gi cepkame Miljacite, da
gi ostavime tamu kade sto zasednale, zosto ednostavno (no za nas
slatko) zasednale na Peloponez. Zasednalo toa pleme slavjansko Miljaci
zaedno so edno drugo pleme slavjansko Ezeriti, vo srceto na togasnata
Morea, vo srceto na h/elinskat zemja. Da gi ostavime tamu ni
trebaat da dokazat-imaat dokazano-deka nemaat nisto so nas ovde vo
Makedonija (sosila si gi prisvojuvame-ne sme nie delo od niv ili tie
del od nas), da gi ostavime tie se del od eden nov narod, narod koj se
formiral so mesavina pomegju niv i staroto naselenie vo
Morea-Peloponez. Da ne se razvrzuvame povekje, dosta e za ova. Da prodolzime so ona sto nas ni e tema. Lazaropole za prv pat vo istoriskite izvori se spomenuva vo vtorata polovina od XV vek i toa vo Kodikata na manastirot vo selo Slepce. Podatoci za seloto srekjavame i vo popisnite turski defteri od XV do XVI vek, kade sto pisuva: Lazaropole, derven, hristijansko selo istocno od Debar, vo nahijata Reka. Vo 1536-1539 godina imalo 84 semejstva i 16 nezeneti; vo 1583 godina 60 semejstva i 44 nezeneti. Podocna se zabelezuva i vo XVII vek.Vo 1952 godina, vo mesnosta narecena Javorska Voda, zapadno od Lazaropole, se otkopani okolu 60 grobovi koi bile ogradeni i pokrieni so kamenja. Samata mesnost, kade sto se otkopani ovie grobovi, se naogja vo podnozjeto na Bistra i dominira vo ovoj kraj. Otkopanite grobovi vo 1952 godina prestavuvaat edinstveni arheoloski ukazuvanja deka vo ovie visoki planinski kraevi treba da se baraat ostatoci od dalecnoto minato. Iznajdenite grobovi se od halstetskiot period kako i od slovenskiot period. D-r Blaga Aleksova, proucuvajki gi ovie naodi dojde do zaklucok deka tie se slicni so najdenite grobovi vo Demir Kapija. Ova ukazuva, spored Aleksova, deka i grobovite od Lazaropole moze da se datiraat od IX - XII vek, zemajkji gi vpredvid samite gobovi, keramikata pronajdena vo niv deka na ova mesto postoela slovenska naselba, vo cija sto blizina se naogjala i samata naselba. Za
postanokot na seloto Lazaropole vo malorekanskiot predel, a posebno vo
Lazaropole, postoi edno predeanie koe govori, deka seloto Lazaropole
nastanalo od opustosenite sela Glavino Selo i Lopusnin. Ova predanie se
potvrduva (ako mozeme taka da receme-bidejkji e predanie ne e nesto
opiplivo na koe vo celost mozeme da mu veruvame), ne nasocuva kon edna
pestera koja se vika Kalina Dupka. Taa pestera, koja se naogja
severozapadno od selkoto Lazaropole, odnosno vo samata blizina na
nekogasnoto selo Glavino Selo, pod Sokolica, ne vodi vo predanieto,
otrivajki ja ludata devojka Kalina od Glavino Selo, koja ja izgovorila
sudbonosnata recenica "Site Turci pominae Kalina moma ne ja vidoe",
recenica sudbonosna koja ako ne bi bila izgovorena ne bi postoelo dene
ona za koe sto pisuvame. Dali treba vinata da i ja prepisuvame na
Kalina za gibelot na skoro celoto naselenie od Glavino Selo za toa
prasanje ke zboruvame vo delot koj e namenet za celata legenda, za
celoto predanie. Sto se odnesuva pak do seloto Lopusnik za nego imame
po opiplivi informacii. Seloto Lopusnik se naogjalo na patot za Kicevo.
Od nego denes ostanalo samo imeto na edna mesnost vo Jama, kade
verojatno i postoelo, kako i spomenot na Lopusnik od nasata ponova
istorija povrzan so likot na Kosta Solev Racin. Za seloto Lopusnik se
zabelezuva deka se naogjalo istocno od denesnoto lazaropole kako
dervencisko selo i bilo sostaven del na timarot na eden od clenovite na
vojnickata tvrdina Kocacik vo Gorna Zupa, Debarsko. Kako posledica na
sekojdnevnite napadi od strana na turskata vojska, koja minuvala po
patot Kicevo-Debar, seloto Lopusnik, sto se naogjalo vo blizina na
patot, cesto pati bilo goreno i na krajot sosema opustoseno. Pokraj
ovoj podatok, kako i za Glavino Selo taka i za seloto Lopusnik
naiduvame na edno predanie, koe zboruva deka vo seloto cesto pati
navleguvala turska vojska macejki gi lugjeto i barajkji vo seloto
ajduti. Ne mozejkjki da gi trpat tie maki, selanite resile da go
napustat seloto. Ovie sela postoele i podatoci za niv naogjame vo pogore spomenatite turski popisni defteri, taka za seloto Glavino Selo go srekjavame sledniov podatok: Glavino Selo, isceznato hristijansko selo istocno od Debar, vo nahijata Reka. Vo 1467 godina seloto bilo pusto (nenaseleno). NE SE JAVUVA VO PODOCNEZNITE POPISI; za seloto Lopusnik go srekjavame sledniov podatok vo turskite popisni defteri: Lopisnik, derven, isceznato hristijansko selo zapadno od Kicevo, vo Kicevskata nahija. Vo 1467-1468 godina imalo 18 semejstva i 2 nezeneti; vo 1519 godina 51 semejstvo, 1 nezenet i 1 vdovec; vo 1528-1529 godina 15 semejstva, 3 nezeneti i 2 vdovci; 1544-1545 godina 33 semejstva i 2 nezeneti; vo 1568-1569 godina 28 semejstva i 12 nezeneti, NE SE JAVUVA VO PODOCNEZNITE POPISI. Za
da go zavrsam ovoj uvoden del, kako za kraj smetam deka treba da gi
prikazam i statistickite podatoci za Lazaropole koi datiraat od XIX i
XX vek. Ovde Lazaropole e prikazano zaedno so drugite malorekanski sela
no nivnite statisticki podatoci nema da bidat prikazani. Lazaropole od
statisticka gledna tocka spored vkupniot brojot na
dimakjinstvata-semejstvata-kukjite-naselenieto sekogas e na vtoro mesto
po svojata golemina. 1.
Edno od prvite spomenuvanja za brojnata polozba na malorekanskite sela
e od nasiot prerodbenik i opstestvenik Jordan Xaci Konstantinov-Cinot.
Od podatocite dadeni od Cinot se gleda deka malorekanskite sela vekje
vo polovinata na XIX vek bile prilicno golemi, taka: Galicnik broelo
500 kukji, LAZAROPOLE 250, Tresonce 120, Gari 85, Rosoki 65, Selce 50,
Osoj 35 i Susica 25. 2.
Stefan Verkovic vo svojata statistika od 1889 godina belezi deka
vkupniot broj na domovi vo Lazaropole iznesuva 200, vkupniot broj na
semejstvata e 286, brojot na maskoto naselenie iznesuva 645 a na
zenskoto 633. 3. Vo edno selmane-godisnik na Bitolskiot vilaet od 1894 godina (napomena turskata statistika predimno go zabelezuva brojot na kukjite), vo koj spagja i malorekanskiot predel, za Lazaropole ni e prestavena edna informacija deka seloto bori vkupno 249 kukji. 4. Statistikata na Vasil K^ncov od 1900 godina ni ja dava informacijata deka Lazaropole broi vkupno 2640 ziteli. 5.
Tocni podatoci za brojnata sostojba na malorekanskite sela postojat od
1915/16 godina. Ovie izvori se srpski i bugarski popisni statistiki.
Spored srpskite izvori se gleda deka Lazaropole vo 1915 godina broelo
vkupno 2287 ziteli. Spored bugarskite izvori od 1916 godina Lazaropole
broelo vkupno 398 kukji i 2330 ziteli. 6.
I za kraj ke gi prestavam statistickite podatoci za brojot na
naselenieto i domakjinstvata vo Lazaropole izraboteni od 1948, 1953,
1961, 1971 i 1981 godina od strana na Repiblika Makedonija. - 1948 godina: naselenie-ziteli 792; domakinstva 168; - 1953 godina: naselenie-ziteli 962; domakinstva 200; - 1961 godina: naselenie-ziteli 720; domakinstva 190; - 1971 godina: naselenie-ziteli 180; domakinstva 46; - 1981 godina: naselenie-ziteli 9; domakinstva 5; Vo narednite popisi-statisticki podatoci-pokraj imeto na Lazaropole stoi brojot 0 (ili 1 do 2). Lazaropole denes e nenaselono, PUSTO, ili ednostavno zivee sezonski vo proletnite i letnite meseci no i vikendaski. Zamislete, da ne vi se veruva. Literatura: -"Makedonija kato prirodno i stopansko cjalo", Sofija, 1945, str.173. -Belic A., Galicki dijalekat, Srpski dialektoloski zbornik, SKA, knj. VII, Beograd-Sremski Karlovac, 1935g.,str. 77. -Stanojevic St., Narodna enciklopedija srpsko-hrvatska-slovenacka, II knj., Zagreb *pojam Mijaci*, str.754 ; Grigorov M., Govrt na malorekancit (mijacite) vv Debrsko, Sofija, 1907g., str. 203. -Aleksova Blaga, Arheoloski naodi kaj selo Lazaropole kaj Debar, sp. "Razgledi", god. II, serija III. br.1, 1959, str.84. -D-r. Gligor Todorovski, "Malorekankiot predel", INI, Skopje 1970g., str.22-23. -A. Stojanovski i D. Gjeorgiev, "Naselbi i naselenie vo Makedonija - XV i XVI vek", INI, Skopje 2001g, str. 125. НАРОДНА НОСИЈА Мијачката
народна носија е застапена не само во мијачката етничка целост, туку
таа е распространета и надвор од неа во други етнички предели и ги
опфаќа овие населби: Смилево (Битолско), Папрадиште и Ореше (Велешко),
Ехловец (Кичевско) и Крушево. Главна одлика на оваа носија е особено богатиот алов и "кинат" - ажуриран вез, кој главно е застапен на женската носија, и тоа претежно распореден на ракавите и предниците - "партите" од кошулата. Покрај тоа, уште се одликува со изобилство на реси распоредени речиси низ целата носија, како и со метален накит, кои на оваа облека & придаваат достоинствен и господарствен изглед. Носијата на Мијаците укажува за нивното болјарско (царско) потекло. Особено со такви богати украси на вез, накит и друго, се одликува невестинската носија. Белите клашнени облеки, украсени со црни гајтани, се главни одлики на машката мијачка носија. Ова е условено од климатските и стопанските услови во кои тие живееле (живеат) како сточари во планинските предели на планината Бистра, Стогово, Крчин и Кораб. Мијачката женска народна носија изобилува со голем број детали: 1.
Минтан - долна облека од клашна, украсен на предниците и ракавите со
кадифе, згора извезен со срмено "букме" и гајтани. Вез - "лоза" се
закопчува со сребрени филигрански петлици. 2. Кошула "тнока" - од домашно дебело платно, целосно извезени ракави. Го добила името по главниот орнамент застапен на ракавите и кошулата. 3. Елек - од домашно платно, предниците потплатени со "свита" - чова и згора украсени со срмени гајтани и позлатени петлици. 4. "Клашненик гувеалски" - горна облека, од домашна бела клашна. Предниците - "свитките" богато извезени со срмени и "алосани" гајтани, "букме" и позлатени "петлици". Долу клашеникот е украсен со гајтани и бикме. Наместо ракави има "паткавици" - "рокави" (украсни парчиња што се спуштаат низ плеќите). 5. Појас - ткаен четворно од "чиста" црвена волна. По краиштата богато украсен со "киски" - реси. 6."Препашка" - појас, лито ткаена од алова преѓа со прави шарки, по краиштата украсена со "китови" - реси и "поплети". 7. "Ризинче" - свилено шамивче, индустриски производ. 8. "Фута стамболска" - скутина, цариградска копринена, украсена со "колца". 9. Шамија - свилена со "киски" - реси, индустриски производ. 10. "Чапрази" - со "трепетушки" - пафти со срмен колан. 11. "Низалка" - накит за потпојас, со три реда синџири поткитени со сребрени пари, кувенџиска обработка. 12. Ѓердан поткитен со "дубли" - златни пари. 13. Чорапи "гувеалски" - плетени од волна, ишарани со шарбите "петнаесет игли" и "девет игли". 14. "Врзаници" - невестински чевли, направени од жолта и црвена кожа "сафтијан", ишарани со "з'мба". 15. "Калемќар" - волнена шамија за на глава, индустриски производ. 16. "Игла" од сребро - накит за на глава со четири реда синџири, а на средина со чапрасчиња, кувенџиска изработка. 17. Ушници со трепетулки - накит за над уши. 18. "Плетеници" - украс за на коса, направени од волнени "алосани киски" - рески, украсени со плетеници и "жапки". 19. "Сокај" - украс за на глава, направена од алова "свита" - чова и платно. Долниот дел украсен со срмени ширити и китки. Мијачката машка народна носија: 1. Кошула - од тенко домашно памучно платно. 2. "Жамадан" - минтан од "свита" - чова, со капаци околу рабовите опточени со машински "тегели" од жолт и црвен конец од макара. Предниците и ракавите украсени со купечки "петлици" - копчиња. 3. "Бечви" - од бела клашна насекаде по рабовите украсени со црни гајтани, од страните имаат по два "жеба" - џеба, а напред кај "кутелецот" има два цепа за полесно облекување на бечвите. 4. Појас - исткаен од "чиста" - вишна волна, четворна ткаенина со прави шарки. 5. "Зобанче зетовско" - од темна или црна клашна. Горна облека долга до појас со "ќулавка" - широка јака која се употребува како засолница од лошо време, дожд, ветер и друго и куси "рокави" - ракави, терзиска изработка. 6. "Кече" - капа од црн сатен, украсено со "машински тегели", занаетчиска изработка. 7. "Чипили" - чевли од црна кожа. Чевларска изработка. 8. Чорапи - "ластиклии", плетени од црна волна. Во
овој дел користени со материјали од публикацијата "Македонски народни
носии", во издание на Етнолошки музеј на Македонија, од 1963 година. Изменето од Tetratka - 08.Јануари.2010 во 21:31 |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |