|
Природни заштитници на нашето здравје |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | ||||
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 23.Декември.2017 во 23:46 |
|||
Mnogu ovosje,zdrava hrana.
Imam sokovnik ,mnogu svezo ovosje pijam.Sto se odnesuva do ishranata,mislam deka se hranam super i zdravo.Redovno jadenje,dorucek,rucek,vecera. Za vitamini i minerali da ne zboram .Sekoj den pijam takvi sumlivi tableti. Jas ne pijam alhohol. |
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Кромидот го чува нашето здравјеКромидот е билка за којашто растела пред 6 000 години во Месопотамија и во Египет. Оваа луковица може да биде со црвена, бела или со виолетова обвивка, а денеска расте секаде низ светот затоа што лесно се приспособува на различна почва. Бидејќи го подобрува вкусот на голем број најразлични јадења,кромидот е застапен во сите кујни, но во текот на вековите се потврдени и неговите многубројни лековити својства. Кромидот им помага на дијабетичарите, ја подобрува функцијата на срцето, односно го подобри протокот на крв низ крвните садови, а го зголемува и нивото на добриот холестерол. Кромидот, исто така, го намалува покачениот крвен притисок, помага да се регенерираат крвни клетки, и се користи во поблаги форми на анемија. Неговите лековити својства се добро познати кога станува збор за заболувањата на дишните патишта, односно познато е дека сирупот подготвен од цел кромид, го олеснува дишењето поради тоа што ги отвора алвеолите. Изменето од Valerija - 15.Април.2014 во 19:34 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Шипка наместо аналгетициШипката има лековито својство. Токму со екстракт од шипинка, дански научници го создадоа препаратот Gopo кој ја намалува болката при остеоартритис . Болеста значително ги ограничува движењата на човекот. Gopo може да исполни 90 отсто од поставената задача. Таблетите се особено ефикасни , ако човекот страда од болки во рацете . Препаратот е направен врз основа на соединение извадено од шипинка. За прв пат за Gopo се проговори пред повеќе од 20 години. Активното соединение се изолира од исушена шипинка со помош на специјален патентиран метод . Соединението ја намалува тапата болка , со успешност во 9 од 10 случаи . Засега е испитано само врз 30 волонтери. Истражувањето , спроведено од Универзитетот во Копенхаген , овозможува да се утврди дека средството ги ублажува симптомите на остеоартритис за едно деноноќие и луѓето со оваа дијагноза користат за една третина помалку стандардни аналгетици . Познато е дека во Шипката има многу витамин Ц и ликопин , моќни антиоксиданси кои го намалуваат нивото на холестерол и воспаленијата. Изменето од Valerija - 15.Април.2014 во 18:13 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Една главица кромид - збир на сите потребни витамини за човечкото телоНад него рониме солзи, не олутува, ни мирисаат рацете по неговото чистење, често го презираме додека сме мали…. За спортистите во сурова состојба е како барутно полнење. Француските селани го грицкаат со парче леб, војвоѓаните со сланина а ние Македонците баш сакаме да го измерачиме со добра скара. Уште Хомер во своето време ги величел неговите исцелителни моќи. Помага во љубовните лудувања, го чисти тенот и ѕидовите на цревата. Потекнува од Азија, а во Месопотамија и Египет го одгледувале уште пред шест милениуми. Денес е едно од најраспространетите растенија на светот. Во нашите краишта доаѓа во средниот век преку Италија. Иако исто како и во љубовта предизвикува солзи, не ни паѓа на памет да се откажеме од него. Лупење кромид, така е наречена автобиографијата на писателот Гинтер Грас, кој преку метафора ги означува бројните периферни слоеви кои треба да се отстранат за да се дојде до суштината, но, истовремено асоцира и на плачењето кое го предизвикува кромидот. Според гастрономската литература,најмногу го сакаат Французите. Нашироко е популарна нивната супа од кромид. Присутен е во многу јадења во турската кујна, а најпознате е јадењето Соган долма со извлечени слоеви кромид полнети со мелено месо. Кај нас речиси е задолжителен во секое готвено јадење и како прилог кон месо на скара, состока во бројни салати. Македонската, шопската и компир салатата не можат да се замислат без кромид. Освен што на јадењата им дава убав вкус, тој е и многу лековит. Ги уништува цревните паразити, помага кај запекот. Тој е одличен диуретик, а делува превентивно кај инфекциите. Во народната медицина се користи и за масажа, како средство за ублажување на кашлицата а го штити и срцето. Конзумирањето на двесте грама свеж кромид дневно, ќе го намали ризик за зачепување на крвните садови. Тој е богат извор на селен, во комбинација со витаминот Е, ги чува ќелиите од штетното дејство на слободните радикали. Ги јакне нервите, го потпомага варењето на храната и делува против грчевите. Го подобрува помнењето и го штити организмот од штетните токсини. Го одложува стареењето на мозокот и е брана против Паркинсовата и Алцахмеровата болест а сирупот подготвен од кромид е одличен лек против несоница. Кромидот е одлично средство во борбата со чиревите и другите кожни инфекции. Во однос на хранливоста, во него има најмногу јаглехидрати а занемарливи количества од протеини и масти. Неговата основна биолошка вредност е во богатството на минерали и витамини со кои изобилува. Особено е богат со калиум, сулфур и различни олигоелементи, со витамините B1, B2, C, E, K, P и каротен (провитамин А1), гликозиди, етерични масла, растителни хормони слични на инсулинот, како и бактерицидни фитонициди. Изменето од Valerija - 03.Април.2014 во 08:20 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Лимон за нервоза и мигренаЛимонот содржи специјални супстанции кои дејствуваат смирувачки.. Сите болести доаѓаат од нервите. Изморен човек не може да работи ефикасно, не може целосо да ужива во одморот. Разнишаниот нервен систем предизвикува нервоза, несоница, мигрена, умор и главоболка. Сето ова може да биде ставено под контрола со помош на лимон. Лимонот содржи специјални супстанции кои дејствуваат смирувачки. Мигрената на пример може да биде атакувана со лимон. Оваа невролошка болест, која е придружена со силна главоболка и чувствителност, се манифестира со болни напади кои може да траат и по неколку дена. За да се заштитите од следниот напад пијте пијалок од половина лимонов сок, измешан со две лажици чај од мента и маточина полиен со една чаша вода. Лимоновиот сок се става во изладениот чај. Се пие по три лажици три пати дневно за време на оброкот. За мигрена користете пијалок од половина чаша сок од лимон, измешан со половина чаша сок од јаболко. Ставете во пијалокот две лажички мед. Пијалокот се пие два пати дневно по една чаша половина час по оброкот. Нервозата, која претставува функционално пореметување на нервите, се манифестира со чести промени на расположението, анксиозност и страв, нервоза, тага мигрена и мускулни грчеви. Во една чаша вода додадете сок од четвртина лимон, една лажица шеќер и една коцка мраз. Пијте по две чаши од овој пијалок кога сте нервозни. Несоницата, што е симптом на многу нервни растројства, може да биде победена со сок од еден лимон измешан со две лажички мед. Изменето од Valerija - 02.Април.2014 во 17:33 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Горчлива диња ги лечи и најопасните тумуриВо последниве четири години интензивно се истражува ефектот на ова растение врз ракот. Нова студија покажала дека сокот од горчлива диња, познато овошје во Азија и Африка значително го намалува растот на канцерогеното ткиво бидејќи го нарушува метаболизмот на гликоза во клетките од ракот, со што буквално ги изгладнува неговите клетки без шеќерот кој е основното гориво без кое не можат да преживеат. Иако растението е познато по својата лековитост, повеќето здравствени бенефити (антивирусно дејство, антиоксидант, лек против дијабетес, антикарценогено својство), дури неодамна стана актуелни во западната медицина. Оваа билка под латински назив Momordica charantia е посебно позната во Јапонија, поточно во Окинава, каде жителите се познати по својата долговечност. Во последниве четири години интензивно се истражува ефектот на ова растение врз ракот. Ефектот се забележува кај рак на дојка, простата, дебело црево, црн дроб, желудник, леукемија и др. Најновата студија покажала дека сокот од горчлива диња дејствува цитоксично и на карциномот на панкреасот. Сокот предизвикува програмирана клеточна смрт на канцерогените клетки (апоптоза) и што е уште поважно активира АМРК што е знак дека го онеспособува метаболизмот внатре во канцерогената клетка која потоа станува неспособна да се исхранува што резултира со нејзина смрт. Изменето од Valerija - 02.Април.2014 во 13:43 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Продукти што ги штитат цревата од појава на ракСе наоѓа во мешунките, лебот и житарките од цело зрно. Во стручното списание „Current Opinion in Gastroenterology“ е наведен преглед на истражувања кои што укажуваат дека резистентниот скроб придонесува за уништување на туморските клетки како и за намалување на воспалението што на крај можат да доведат до карцином. Резистентниот скроб има функција на сирови влакна така што може да набабрува. Се наоѓа во мешунките, лебот и житарките од цело зрно, зелените банани, интегралните тестенини и ориз. И покрај тоа што истражувањата се спроведени на глувци, резултатите укажуваат на тоа дека резистентниот скроб има добри антиканцерогени својства поради кои би требало да биде составен дел од секојдневната исхрана. Освен тоа, резистентниот скроб се покажал како потенцијално средство во терапијата за дијабетес, дијареа (пролив), дебелина како и во исхраната на болните. Изменето од Valerija - 02.Април.2014 во 13:44 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Урма-најздравото овошје на планетатаУрмите претставуваат природна мултивитаминска таблета. Урмите се одличен извор на природни влакна, кои му се потребни на организмот за добра работа на цревата. Природниот шеќер кој се наоѓа во урмите е совршена замена за обичниот шеќер. Ова овошје е лесно сварливо и го намалува чувството на глад. По составот, урмите претставуваат природна мултивитаминска таблета, која е добра и за децата и за возрасните. Урмата помага во безброј болести, од анемија преку холестерол, па сè до канцер. Одличен извор на железо Еден експеримент спроведен во еден универзитет за наука и технологија во Џордан, покажа дека консумирањето урми 4 недели пред породувањето може да ги олесни болките, но и да го намали крвавењето. Жените кои пред породувањето јаделе урми се породиле побрзо и полесно, за разлика од оние жени кои не консумирале овошје. Освен тоа, урмите им помагаат на жените полесно да ја поминат постпородилната депресија и да произведат доволно млеко за бебето. Ја регулира телесната тежинаПоради многуте хранливи материи, урмите предизвикуваат чувство на ситост и го олеснуваат намалувањето на телесната тежина. Ако на празен желудник земете урма, истата ќе ја регулира работата на цревата и ќе го даде потребното ниво на шеќер. Урмите не содржат холестерол, но имаат доста шеќери, па од претерано консумирање би можеле и да се здебелите. Еден килограм урми, содржи 3.000 калории. Го зајакнува срцето Луѓето со слабо срце може секојдневно да го консумираат ова моќно овошје. Преку ноќта, оставете ги урмите да отстојат во вода. Наутро сомелете ги во блендер заедно со водата. Овој лек може да го земате повеќе пати во денот. Го намалува крвниот притисоК*рмите содржат многу малку натриум, а богати се со калциум. Стандардната порција од пет или шест урми содржи околу 80мг магнезиум, есенцијален минерал, кој допринесува за ширење на крвните садови. Истражувањето покажува дека 370мг магнезиум дневно може да го намали крвниот притисок. Штити од мозочен удар Една од клучните предности на ова чудесно овошје е неговата способност да го регулира здравиот нервен систем, благодарение на богатото ниво на калиум. Истражувањата покажаа дека поголемо внесување на калиум (околу 400мг) може да го намали ризикот за мозочен удар за 40%. Изменето од Valerija - 02.Април.2014 во 13:44 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
8 тајни моќи на сокот од портокалСокот од портокал е богат извор на калиум.. Сокот од портокал е овошен сок кој најчесто се консумира во светот. Иако често се наоѓа на масата за време на појадокот, вистинските здравствени придобивки од сокот од портокал не се сосема познати. Но, сосема е сигурно дека овој сок е добар за целокупното здравје. Треба да се спомене дека станува збор за свежо цеден сок од портокал, а не фабрички прозиведен. Еве 8 предности од консумирањето сок од портокал:● Поради високата содржина на витамин „Ц“, сокот од портокал може да ви помогне да го подобрите имунитетот. ● Внесувањето намирници со висока содржина на масти и шеќери ќе поттикнат развој на воспалителни процеси во организмот. Но, истражувањата покажуваат дека пиењето сок од портокал, во комбинација со намирници богати со масти и јаглехидрати, спречува развој на воспалителни процеси во организмот, што е одлична превентивна мерка против развој на атеросклероза и инсулинска резистенција. ● Редовно консумирање сок од портокал го подобрува крвниот притисок. Истражувањата покажуваат дека сокот од портокал содржи пигмент хесперидин кој е растворлив во вода. Токму тој пигмент може да го подобри кардиоваскуларното здравје. ● Сокот од портокал е богат извор на калиум. Изменето од Valerija - 02.Април.2014 во 13:44 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Зошто се здрави крушите?
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ѓумбир: Ги топи масните наслојки и го намалува стресот
Овој зачин е многу добар антиоксиданс, има антибактериско, антисептично, седативно и антипиретично дејство и, освен тоа, се смета за добар афродизијак. Иако правилната исхрана и редовното вежбање се единствен начин да се избориме со вишокот килограми, постојат и многубројни природни додатоци во исхраната што можат да ни помогнат во процесот на слабеење. Меѓу нив е и ѓумбирот. Лековиот корен го забрзува метаболизмот, го снижува холестеролот, го помага излачувањето на плунка и варењето на скробна храна, ја намалува надуеноста и тврдата столица, а сето тоа придонесува за губење на килограмите. Се знае дека ѓумбирот ја отстранува главоболката, но е помалку познато дека придонесува и за подобро функционирање на мозокот. Ако го употребуваме во било кој облик во текот на денот, ќе бидеме посвежи и ќе имаме повеќе сила и енергија, а доколку во вечерните часови изедеме топла чорба со додаток на ѓумбир, ќе си обезбедиме добар одмор и сон. Ѓумбирот изобилува со антиоксиданс гингерола, кој помага во отстранувањето на штетните хемикалии што нашето тело ги произведува кога сме загрижени, па со самото тоа влијае и на намалување на психолошкиот стрес. Во текот на стресот се нарушува и процесот на варењето, па се јавува мачнина, а ѓумбирот е лек и за овие тегоби. Има малку лекови, и синтетички и природни, кои се дозволени во бременоста. Ѓумбирот слободно може да се употребува во помали количини – како извонредно средство за остранување на утринските мачнини. Пијте со мали голтки свеж чај од ѓумбир секогаш кога ќе почувствувате дека ви се појавува мачнина. Ако редовно употребуваме ѓумбир, кој е силен антиоксиданс, а има и антибактериски својства – можеме да ја споречиме појавата на настинки и грип, како и потенцијалните компликации од овие состојби. Ѓумбирот ќе ни го зајакне имунитетот, ќе го олесни дишењето и ќе ја ублажи главоболката. Тој поттикнува и потење, па е одличен и за снижување на температурата. Бидејќи ѓумбирот има антивоспалителни својства, ефикасен е во терапијата на ревматоиден артритис, остеоартритис и на други болести на мускулно-коскеното и сврзувачкото ткиво. Хемиските состојки што ги содржи ѓумбирот се корисни во спречувањето на биосинтезата на простагландинот, кој е одговорен за настанување на воспалението. Некои истражувања покажуваат дека во случај на артритис ѓумбирот е дури и поделотворен од конвенционалните лекови. Синдромот на студени раце и нозе повеќе не ги погодува само постарите луѓе. Ѓумбирот е силно средство за активирање на циркулацијата и неговата употреба им се советува на сите што го имаат овој проблем. Најдобри резултати се постигнуваат ако редовно се пие топол чај од овој лековит корен. Изменето од Valerija - 27.Март.2014 во 15:20 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Со храна против секојдневниот заморПостои ли нешто што спанаќот не може да го реши? Полн е со хранливи материи – влакна, витамин К (за коските), лутеин (за очите), а некои истражувања покажуваат дека им помага на мускулите при вежбањето. Во него има и многу железо, што значи дека може да ве „крене“ кога сте уморни. Витаминот Ц помага во производството на карнитин кој маснотиите ги претвора во енергија. Чашата цеден сок од портокал, плус доволно овошје и зеленчук (пиперка, брокула, јагоди) и ќе пукате од енергија. Уште една чудотворна намирница полна со хранливи материи. Бананата ќе ви даде енергија и ќе го одржи стабилно нивото на шеќерот во крвта. Протеините од јајцата, особено оние од белката ни помагаат да останеме будни и да ја одржиме концентрацијата. Кремавиот деликатес ќе ви даде двојно повеќе протеини од обичниот јогурт што ќе ви помогне во одржувањето на енергетското ниво. Оваа житарка кај нас е занемарена, а може да се набави во продавниците за здрава храна. Нејзините сложени јагленохидрати го одржуваат нивото на шеќер во крвта, што значи дека енергијата нема нагло да ви падне. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Четири најкорисни јаткасти плодовиМногубројни истражувања потврдиле дека грицкањето јаткасти плодови може да помогне во спречување кардиоваскуларни болести. Да бидеме попрецизни, комбинираните резултати на четири големи студии во кои учествувале 170.000 мажи и жени покажуваат дека грицкањето јаткасти плодови скоро секој ден го намалува ризикот од срцев удар за неверојатни 35 отсто. Но тоа не е сè , грицкањето на овие плодови е добро и од многу други причини. Ние издвоивме четири најдобри претставници на овој вид, кои можат да ви го подобрат здравјето.
Овие семки се богати со калиум, калциум, витамини Ц, А и Е, како и со фолати. Покрај ова, содржат и микроелементи: железо, цинк, бакар, манган, селен, како и витамин Ц. Тие се исклучително калорични, но и богати со јаглехидрати. Благодарение на високата калориска вредност, брзо ќе ве заситат, а притоа ќе го намалат нивото на холестерол и ќе го заштитат срцето. Од сите јаткасти плодови, пињолите имаат најголем процент на белковини – 31 отсто. Од витамини, пињолите содржат витамини А, Ц, Д, Е, тијамин, рибофлавин, нијацин, а од минерали, железо, магнезиум, фосфор, цинк и селен. Како и другите јаткасти плодови, и пињолите се ефикасни во превенцијата на кардиоваскуларните болести и го намалуваат ЛДЛ-холестеролот. Освен во превенцијата на кардиоваскуларните болести, пињолите се користат и како лековито средство против вознемиреност, туберкулоза, при нарушување на работата на бубрезите, бабулето и на системот за варење. Повеќето маснотии што ги содржат бадемите содржат мононезаситени маснотии, а тиепозитивно дејствуваат врз намалувањето на холестеролот и го намалуваат ризикот од срцевите болести. Освен тоа, бадемите ја намалуваат опасноста од настанување атеросклероза. Нутриционистите тврдат дека и покрај високата калориска вредност на бадемите, тие помагаат во губење на килограмите и спречување на дебелеењето, но и превентивно дејствуваат против дијабетес тип 2. Треба да се истакне и тоа дека содржат есенцијални минерали, тоа се магнезиум, кој е клучен во процесот на создавање енергија, но и за здравјето на коските, потоа калиум, кој ја контролира рамнотежата на течностите во телото и помага за намалување на крвниот притисок, како и калциум, кој ја чува цврстината на коските. Оревите не само што се вкусни туку се и многу здрави. За жал, кај многу луѓе консумацијата на ореви е ограничена, затоа што овие плодови се калорични и богати со маснотии. Но станува збор за незаситени масни киселини, а богати се и со витамини и минерали што помагаат да останеме здрави. Листата на нутриенти што ги содржат оревите е долга. Содржат: калиум, магнезиум, фосфор, железо, калциум, цинк, витамини Б6, Б9, Е, А. Нè снабдуваат со омега-масни киселини – еден грст ореви задоволува дури 91 отсто од дневната потреба за омега-3 есенцијални масни киселини. Изменето од Valerija - 27.Март.2014 во 15:28 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |