|
Патување под хаубата.... |
Внеси реплика |
Автор | |
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 08.Декември.2009 во 21:13 |
Малку општи информации во врска со моторот и неговото одржување не се на одмет и пожелно е секој да ги знае -ремени: На моторот се наоѓаат запчести ремени на брегастото вратило и клинест или ребраст каиш на агрегатот, алтернаторот, компресотор на климата. Клинестиот каиш може да го самени скоро секој хоби мајстор, додека ребрастите е најдобро да се препуштат на професионалци
-моторно масло: Маслото има повеќе функции ( подмачкува, разладува, чисти...) - менувајте го според упатствата на производителот. Со секоја промена масло сменувајте го и дихтунгот на навртката, а гумените дихтунзи на филтерот за масло треба да се подмачкаат пред да се постават.
-сопирачки: Ако го снемува глицеринот од сопирачките тогаш или пропаднале плочките или од некаде истекува. Во секој случај работата најдобро е да се довери на професионалци
-Осигурувачи:Кога некој електричен потрошувач ќе откаже , проверете ги осигурачите. Секогаш заменете ги со осигурачи со иста јачина. Никогаш не преместувајте ги осигурачите бидеќи можете да направите поголема штета. Ако и со тоа не се среди ситуацијата, проверете го струјното коло.
-Акомулатор: Ако акомулаторот има чепови , добро е од време-на време да се проверува нивото на течноста во него. Оловните плочки треба да се прекриени најмалку 1см. Одвоените ќелии да се надополнат со дестилирана вода.
-палење: ако каблите на палење се оштетени или свеќичките се истрошени , нивната замена е лесна. Свеќичките прво заштрафете ги рачно, па пристегнете ги со клуч, но не премногу за да не се оштети навојот во главата на цилиндерот чија поправка може да биде и прескапа.
-филтер за воздух: Стариот и нечист филтер за воздух го попречува дотурот на воздух во моторот. Последица: силата се повеќе се намалува. При замената се препорачува лежиштето добро да се исчисти , да се внимава при монтирањето правилно да легне во деловите на лежиштето, како и површината за затегнување
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |