|
Цркви или амбасади? |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | ||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 19.Ноември.2009 во 15:49 |
|
Апсолутно. Особено уште ако Бог “умеша“ прсти.
Чест на исклучоци навистина, ама да ми каже некој дека е мисионер некој си американец кој плаќа кирја по 2000 евра и се расфрла со пари, и пере нечии пари преку разноразни цркви, никако не ми оди во глава. И двојни служби-една за “обичен“ народ друга за “американци“ за да се пуни кошницата со евра..море ај... Во оваа криза врбуваат луѓе за разноразни “проекти“ за мали пари и кутии помош со истечен рок, навистина е жално тоа. |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Vernici se vrbuvaat na razni nachini. Najchesto na ekonomski.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тешко на таа протестантска деноминација со такви "кариеристи". |
||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Само по себе не мислам дека е лошо ако некоја верска заедница му помогне некому материјално или да замине во странство доколку таму му биде навистина подобро а со тоа дојде во можност да им помага на своите ближни тука, во смисла да им праќа парична помош на оние кои имаат реална потреба од истата на пр. (доколку е веќе самиот ситуиран). Но ако посетувањето на некоја верска заедница се сфати само како извор на материјална благодат или можност да се остварат своите политички цели, тоа за мене е веќе злоупотреба на името Божјо.
Верската заедница која јас ја посетувам - Универзален Живот - (нема никаква врска со протестантизмот, учењето драстично се разликува) нема вработени ниту има материјални услови да вработува. Едно време нe` посетуваа неколку лица кои мислеа дека преку нас ќе можат да отидат во странство или да ги вработиме тука, но кога видоа дека дури и нашиот преведувач работи чисто волонтерски(со години) сфатиа дека нема шанси и едноставно престанаа да доаѓаат. Едната особа од нив чув дека посетува некоја протестантска деноминација и дека преку не адобила работа. Не го осудувам тоа, напротив ме радува ако тој/таа нашол работа, но претходната адреса едноставно не беше за тоа. |
||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Паметни луѓе, не можеш да им замериш. Зашто да целиваат икони кога можат да го слават со песни вистинскиот Бог? |
||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Доста интересна тема...
Нема да зборам од памет него ќе кажам од мое искуство. Пред 7-8 години еден колега на брат ми во тимот во кој играа беше Американец со кој имав прилика и тоа доста добро да се запознаам. Навистина ќе грешам душа ко кажам дека беше некаков си трговец туку навистина ептен беше онака пријателски расположен и не криеше дека е доста активен читател на библијат и слично. Идеше у некоја си "црква" у Ново Лисиче у која има американци и еден куп македонци. На моето прашање од која групација потекнува ми го кажа она вообичано америчконо non-denominational. Се гледаше дека имаше во него доста мисионерски дух,не лицемереше туку нависта веруваше у тоа. Е сега е друг проблем е што НЕМАШЕ ПОЈМА за православието.Тоа нешто ко римокатолиците сме му личеле.Па ме канеше мене и брат ми на предавањата за толкување на декалогот. Па морав да му објаснувам дека на православните не им дозволено ниту во приватен дом со не-правсолавни да се молат а камоли па од предавање со гитара госпел да пееме!! Значи дечкото како човек беше супер(со сопругата и со мајка му беше тука),мислам немам лош збор. Но кога почнав да правам муабет со него за ставот на православието беше ама навистина изненаден, и одма ми рече..ама доста македонци доаѓаат во нашата црква?!.. Е тука сме сега кај тоа нашите(условно кажано). Еден многу мал дел од нив се навистина искрени верници на тие здруженија(ја би ги нарекол така). Е сега што никој дома не им ја објаснил верата во која се крстени, е тоа е веќе проблем на тоа проклето номинално "право"славие кај мнозинство од популацијата. Која е мислам дека е главен проблем на оваа каша попара во религизоноста кај нас. Додека еден дел се навистина луѓе во потрага по кариера пари и некао да киднат во туѓина.Ова се тоа да ги наречам најкористољубивите членово од тие групи. Но најголем дел од тие групи сепак се млади луѓе кои уствари се Боготрагачи. Ништо подобро не видел,не ги задоволува материјалното и сувопарно битисување на секојдневието. За верата немат никаво предзнаење(па како и би имале кога родителите им се само номинални "право"славни или атеисти) И сега идат тука енергични луѓе со порака за вечен живот,млади луѓе,дружба,(биљард имаат у тоа "црквата")и ете ти нов член у секта. Но Бог е Голем и искрените трагачи кои го бараат Него и ќе го најдат. Проблем само прават некои од тоа прват група кои се како ем шуто ем боде.Кој место да евангелизираат(што и да подрзабират под тоа) само плукаат по нивната (погрешна)престава на православието и упорствуваат на Вистината. Но Бог не за џабе ни дал слодобна воља. или како што вели светиот апостол Павле 1 Коринтјаните 6:12 „Се ми е допуштено!” Но не е се полезно: „Се ми е допуштено!” Но ништо не сакам да завладее над мене. Изменето од ahmar1 - 19.Ноември.2009 во 12:52 |
||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ни ти немаш право да го навредуваш малцинството, па сепак го правиш тоа. Никакво цвеќе за мирисање не си. |
||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
||
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Abe vo veles crkvata e vo BUGARSKA AMBASADA pa sea
|
||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Господине Евангелос слободно ќе се осмелам да ве прашам: Дали вие го познавате Уставот на Држава во Која живеете... (Р. Македонија) Дали сте свесни дека за изјави како вашата, г. Јован Вранишковски лежеше у затвор и беше обвинет за ширење на верска и национална омраза... свесни ли сте вие колку пати го направивте тоа јавно на форум... немате никакво право да го навредувате мнозинството во оваа Држава, за тоа кривично се одговара!!! Изменето од Tetratka - 19.Ноември.2009 во 04:23 |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Заборави да пишеш која е таа локална црква што ја посетуваш, за да не’ увериш во тоа што го велиш. Вака испаѓа - живеам во шупа, ама на другите им велам: Да видите каква е мојата палата... Е ајде, покажи која е таа твоја црква што не е амбасада. Има ли адреса? Пастор? Изменето од Maran Ata - 19.Ноември.2009 во 04:08 |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Рече Патар: Со тебе Господи до смрт ... и уште петел не пропеа, а тој (Петар) трипати се одрече од Христос!!!! |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Бидејќи бев предизвикан по лична порака од членот Nya да одговорам на прашањето овде, со задоволство ќе го направам тоа.
Прво, јас немам своја црква, но посетувам и член сум на туѓа - Христова црква. Локалната црква каде што јас си ја негувам мојата христијанска вера слободно и одговорно можам да кажам дека не е амбасада, ниту пак има услови некој да ја третира/злоупотребува како таква. Јас лично сум имал услови да останам на запад (каде што не сум бил по верска основа), но не сум го направил тоа, ниту ќе го направам. Читај ми од усни Nya: EvAngelos нема да ја напушти земјава наша додека не ја види истата реформирана Животна желба и цел на ЕвАнгелос му е да го види нашиов народ ослободен од прангите на православието, да го види разбуден од длабокиот сон, од длабоката хипноза на православието, суеверноста и атеизмот. Не планирам да се преселувам никаде се додека Христовото евангелие не биде лесно и јасно достапно до секој жител на нашата земја, затоа што посакувам секој жител на нашата земја да го видам во Царството Небесно. Секој роднина, сите комшии, сите пријатели, сите оние што ги гледам во автобус, сите оние со кои се разминувам на плоштад, во ГТЦ, во парк, на Водно, на кеј, на плажите на Охридското езеро, Радовиш, Битола, Прилеп итн. што е можно повеќе, па ако е можно и цела Македонија да ја доведеме до Христос, до Божјото Царство, до вистинската ветена земја
Со ова 99% се согласувам, а 100% лично. Гледано од перспектива на мисиската потреба за евангелизација, Македонија навистина претставува еден вид духовна пустина и секое изворче на животодавна вода е драгоцено и повеќе од потребно тука. Затоа се сложувам со тебе дека христијаните кои сакаат да му служат на Бог му се потребни Нему повеќе тука, отколку во Америка. Но тоа е моето и твоето мислење. Некои можеби мислат поинаку. Само Бог може да проникне во мотивите на христијаните и да види кој, како, каде, зошто и дали Му служи. А што се однесува до американките на „белиот коњ“, ноу тенкју! Ниту нив, ниту коњот Ев сака македонско девојче, китка шарена, мала селанка, на росна ледина.. Задоволна? Повели сега, откако беше удостоена со одговор, тебе ти е редот да се произнесеш по ова прашање. Или пак ти само отвараш теми и џом да те нема? |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Toкму така Маре, не во секоја, ама во некои е така, па не само како амбасади, туку и како трговски претставништва ( намерно го употребив овој термин, ме потсетуваат на разно-разните трговски претставништва кои порано тргуваа со судбината на македонскиот народ ) , а сега тргуваат со пари и слично. Не си ја грешам душата, не спомнувам никого ама во многу градови во Македонија, точно се знае, колку се добива, како, каде и слично. |
||
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Nva pa vo sekoja edna religija od vernicite se nekoj ISKRENI NEKOJ SO DRUGA CEL MU SLUZAT NA BOG a i so e tolku loso ako imas drugar hristianin od amerika i ti pomogne da otides tamu nemoj da SUDI,SKAPO KE BIDES SUDEN
|
||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
||
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |