![]() |
|
ЈАС ЗНАМ , НАУЧИ И ТИ..... |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 9> |
Автор | |
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 16.Април.2016 во 07:17 |
10 кујнски трикови со кои готвењето ќе биде полесно и побрзоПаметните и успешни готвачи немаат „златни раце“ како што многумина велат, туку само ги имаат научено триковите кои им ја олеснуваат работата. Со помош на овие неколку мали тајни, сега и вие ќе готвите многу полесно, побрзо, а крајниот резултат ќе биде многу повкусен. 1. Како тортата да биде мека подолго?На местата каде е исечена, со чепкалки ставете парчиња леб. Така лебот ќе се суши, наместо внатрешноста на тортата. 2. Како да печете риба на скара без да се залепи?Едноставно - ставете неколку парчиња лимон под неа. Плус, вкусот ќе биде многу подобар. 3. Како брзо да исечете компир?Користете метално сечило за јаболка. 4. Како да излупите ѓумбир без мачење?Наместо со нож, направете го тоа со мала лажичка. 5. Како јајцата да останат свежи подолго?Пред да ги ставите во фрижидер, премачкајте ги со малку масло, па потоа наредете ги како и вообичаено. 6. Како да го спречите скапувањето на бананите?Бананите со покриен врв со пластична фолија траат 3-4 дена подолго. 7. Како да стопите смрзнат путер?Ако ви треба путер за мачкање, а е стврднат, загрејте една чаша во микробранова, па поклопете го парчето путер со неа. Почекајте неколку минути и потоа слободно мачкајте. 8. Како кексите да останат крцкави?За да не впијат влага и да станат меки, ставете парче јаболко во садот кој ги чувате. 9. Како да лупите цреши и вишни?Ви треба само обично стаклено шише и цевка. Трикот изгледа вака: 10. Што да правите со кристализираниот мед?Ставете ја теглата во топла вода, само внимавајте водата да не навлезе во неа. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Зошто е здраво да грицкате леблебија?Леблебијата е вид мешунка која претставува одличен извор на протеини, витамини и минерали. Од минерали, леблебијата содржи големи количини железо. Дури и варената леблебија содржи двапати повеќе железо од истата количина на месо. Големата количина на железо ја прави леблебијата погодна за исхрана на слабокрвните (анемични) лица. Во оваа мешунка се содржат и големи количини на калциум, кој ги јакне коските, магнезиум кој е добар за регулирање на притисокот, манган, фосфор, цинк, витамини од Б групата и други корисни состојки. Истражувањата покажаа дека со редовното консумирање на овие мешунки мошне бргу можат да се намали нивото на холестерол во крвта. Леблебијата лесно се вари и благотворно делува на органите за варење. Се препорачува на луѓето кои страдаат од синдром на иритабилни црева. Таа има и низок гликемски индекс, поради што може да помогне во стабилизација на нивото на шеќери во крвта. Леблебијата е нискокалоричен продукт, па затоа често се препорачува при диети, бидејќи долго време дава чувство на ситост. Леблебијата има уште едно корисно дејство, односно помага од организмот да се исфрлат сулфатите (кои често се користат како конзерванси). Американската управа за храна и лекови (ФДА) во извештајот наведува дека еден од 100 луѓе е пречувствителен на сулфати. Оваа чувствителност може да се јави во кој било период од животот, а симптомите се слабост, мачнина, дијареа (пролив), исип на кожата и тешко дишење. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
КраставицаПериодов, нашите маркети и зелени пазари се преплавени со краставици. Овој зеленчук спаѓа во групата на најздрави продукти на светот. Покрај тоа, краставицата е вкусна и може да се комбинира со многу други продукти и јадења. Основни карактеристики Краставицата е богата со хранливи материи, брзо заситува и има многу малку калории. Претставува одличен начин за слабеење. Покрај тоа, таа содржи и фитонутритиенти, кои помагаат во смирување на надразнетата кожа и смирување на отоци. По својот состав, краставицата е многу слична на силициум диоксид, минерал кој е составен дел на колагенот. Токму затоа се препорачува сокот од краставица за освежување на тенот и за здрава кожа. Содржи и високо ниво на вода, што ја прави природен извор на хидратација. Одлична е за подочници и како лек против изгореници. Краставицата е добар извор на калиум, магнезиум и диететски влакна. Во неа има и фолна киселина и витамин Б — сѐ што е неопходно за здраво срце. Ако ги споменеме и манганот и витаминот А, кој ги уништуваат слободните радикали — добиваме комплетна слика. Совет при купување |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
КУЛИНАРСКИ РЕЧНИК Понекогаш и искусните домаќинки се збунети со упатствата во готварските книги. Затоа, еве кратки објаснувања на некои појмови... Аспик: пивтија или желатинозна маса. Бардирање: продукт завиткан или прекриен со парчиња сланина. Бланширање: преливање на храната со врела вода или кратко обарување. Гратинирање: запечување на јадењето во рерна, посипано со рендано сирење или пармезан, или прелиено со јајца и павлака. Динстање: омекнување на месо или зеленчук со масло или течност, најчесто во покриен сад. Дресирање: врзување на крилцата на живината пред печењето. Дресинг: маринада (прелив) за салати. Жилиен: продукт исечен на тенки долгнавести парчиња. Желирање: печен или варен продукт, прелиен со желатинозна маса. Карамелизирање: овошје, ореви, лешници и сл.натопен во растопен шеќер. Конкасе: домат, излупен, исчистен од семки и исечен на коцкички. Легирање: чорба или сос, згуснат со брашно, скроб, жолчка или павлака. Маринирање: месо оставено извесно време да одлежи во течност со зачини. Панирање: парчиња месо или зеленчук, извалкани во брашно, матени јајца и презла, пред пржење. Поширање: обарен продукт до граница на вриење, но без да зоврие. Пешт: ситно сечкана сланина, со лук и магдонос. Ројал маса: млеко или павлака со изматени јајца. Сотирање: месо, пилешки дропчиња и сл.исечкани на долгнавести парчиња или на коцки, нагло пропржени за да поруменат, а потоа да се динстаат додека не омекнат. Тимбал: Садови со различни облици за сервирање на јадење. Филирање: печеното или варено месо, да се исчисти од коски, да се исечка на парчиња и да се сложи во првобитен облик пред служење или исечено месо и риба, во форма на филети (шницли). Фламбирање: преливање на јадењето со некој жесток пијалок и запалување. Шпикување: кога низ месото се провлекуваат парчиња сланина, лук или зачин. Шофродирање: преливање на подфотвеното месо со желиран сос.
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
10 практични кујнски трикови![]()
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Идеално тврдо варено јајце
Секој може да направи тврдо варено јајце, чија жолчка се распаѓа и се лепи на јазикот како прав. Но, за да сварите јајце кое ќе има убав изглед и вкус треба да бидете добро темпирани. Совршеното тврдо варено јајце треба да има мек центар. Жолчката не треба да има бледо жолта боја и задолжително да нема зелени траги помеѓу жолчката и белката. Ако ги има тие знаци, тогаш е преварено. Како да го приготвите?![]() Независно од тоа колку јајца ќе варите, секогаш употребувајте тенџере кое ќе ги собере сите јајца, без тие да се допираат. Но, тоа не значи да користите преголемо тенџере низ кое што јајцата би се движеле слободно. Наполнете го тенџерето со онолку вода, колку што е потребно за јајцата да бидат потопени кога ќе ги додадете. Оставете ја водата да зоврие. Откако ќе започне да врие, започнете да ги ставате јајцата едно по едно со помош на лажица. Внимавајте да не ги скршите. Варете ги јајцата точно 8 минути. Потоа тргнете ги од ринглата и пуштете студена вода да тече врз нив. На тој начин ќе го прекратите процесот на нивното готвење. Толку брзо, толку едноставно, а неверојатно вкусно! Изменето од Valerija - 02.Ноември.2011 во 16:33 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
10 кујнски трикови што мора да ги знаете1. Како да изберете сочен лимон и да го исцедите максимално?Кога ќе го земете лимонот во раката, тој треба да е цврст и тежок за својата големина. Кората треба да му е светложолта, без зелени дамки. Најсочни се лимоните кои имаат тенка кора. Како по правило, лимоните со дебела кора имаат помалку сок. Лимоните со мазна површина обично имаат тенка кора и се сочни. Прескокнете ги лимоните со изразито релјефна површина. ![]() За максимално да го исцедите сокот од еден лимон, најпрво поставете го лимонот на рамна површина, ставете ја дланката над него и создавајќи мал притисок, потркалајте го напред-назад неколку пати. Потоа ставете го лимонот во микробранова печка 15-20 секунди. На крајот, исцедете го. 2. Како да не ви потонат парчињата овошје на дното на тортата или кексот?Кога ќе направите сè како што треба според рецептот, воопшто не е забавно на крајот да добиете торта или колач во којшто сите вишни, цреши или јагоди се на дното. За да не потонат парчињата овошни плодови, пред да ги ставите во тестото, испрпелкајте ги во малку брашно. Кога нивната површина ќе биде прекриена со тенок слој брашно, ставете ги во тестото. 3. Како полесно да го исчистите загореното тавче или тенџере?Загореното тавче или тенџере предизвикува нервоза кај секоја домаќинка. Но, постои трик кој може значително да ви го олесни досадното напорно триење. Посипете сода бикарбона по целото дно на садот и налејте малку вода, колку да се покрие дното. Оставете го да стои така неколку часа. Чистењето ќе ви биде многу полесно. 4. Како поточно да го измерите медот?Многу е тешко да се измери точното количество мед кое го бара одреден рецепт, затоа што медот се лепи на површината на лажицата или шолјата. За да го решите овој проблем, премачкајте ја лажицата или шолјата со малку маслиново масло. Така, медот ќе се лизга и ќе можете да го употребите целото количество што ќе го измерите. Исто така, можете прво да ја потопите лажицата во жешка вода, а потоа да нацрпите мед. 5. Како полесно да напишете порака на тортата?Декорирањето на тортата може да биде многу напорно, особено ако треба да напишете порака како „Среќен роденден“ со интересни букви или пак ако сакате да нацртате некоја форма. Не се затрчувајте веднаш да испишувате со шприцот. Земете чепкалка за заби и напишете ги зборовите без многу да притискате. На тој начин лесно ќе можете да ги распределите буквите така што да има исто растојание меѓу нив, а потоа и да коригирате таму каде што е потребно. На крајот многу полесно е со шприцот само да ги пратите линиите. 6. Кој е најдобриот начин да скршите јајце?Кога кршат јајце, најголем дел од луѓето го потчукнуваат на работ на чинијата. Но, во таков случај лушпата се раздробува на ситни парчиња и често некое парче завршува во јајцето (а не е баш лесно да се улови малата лушпа во белката). За да го избегнете тоа, кога кршите јајце, внимателно потчукнете го на рамна површина. 7. Како да го спречите потемнувањето на излупените и исечените компири?Ако спремате голем ручек или вечера и немате време да ги лупите и сечкате компирите непосредно пред да ги готвите, може да го направите тоа многу порано, а сепак тие да ја зачуваат својата светложолта боја. За да не потемнат компирите, потопете ги во сад со ладна вода и ставете го садот во фрижидер. Доколку компирите се целосно потопени, нема потреба да се грижите дека ќе потемнат. 8. Како полесно да излупите чешне лук?Со помош на нож отсечете го долниот крај на чешнето. Поставете го рамниот дел од голем нож врз чешнето и притиснете одгоре. Лушпите веднаш ќе се одделат и ќе можете без проблем да го излупите. 9. Како штицата за сечкање да не ви мириса на лук?Не, не треба да ја фрлите штицата за сечкање ако се замириса од лук. Посолете ја со ситна сол, пресечете еден лимон на 4 полумесечини и со парчињата започнете да ја триете солта по површината на кујнската штица. Од време на време исцедувајте по малку сок од лимонот. Оставете ја штицата да стои неколку часа прекриена со сок од лимон и сол, а потоа избришете ја. 10. Како е најдобро да замрзнете свеж магдонос или нане?Исечкајте го магдоносот (онака како што сакате да го употребувате) и распоредете го во пластичен додаток за правење коцки мраз. Потоа потурете го со малку течност со коцка за супа и ставете го во замрзнувачот. Кога ќе се замрзнат коцките, соберете ги во кеса која добро се затвора за да не примат миризба. Вака замрзнатите коцки ќе ви послужат за зачинување на супа, манџа или сосови. Нането, наместо со течност со коцка за супа, потурете го со вода и замрзнете го. Замрзнатите коцки со нане можат да ви послужат за коктели или за ладен чај. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Невообичаени ефективни домашни лековиНе можете да престанете да икате? Стапалата ве убиваат од болка? Ве нервира ‘рчењето на сопругот? Ве измачува главоболка? Еве неколку невообичаени домашни лекови кои медицинските експерти ги оценуваат како ефективни и полезни: Проблем: тврдоглаво икање ![]() Проблем: миризливи нозе Проблем: главоболка Проблем: уморни стапала Проблем: ‘рчење Проблем: плускавици Проблем: исеченица Проблем: мачнина при патување |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
12 трикови и совети за здравјето кои треба да ги знаете![]()
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сокот од вишни е магичен пијалакЗа се е залужен мелатонинот, антиоксиданс кој го има во големи концентрации во вишните, а кој е неопходен за добар сон.
Милиони луѓе во светот имаат проблеми со спиењето. Некои тешко заспиваат, а други, пак, често пати се будат во текот на ноќта. Тоа резултира со хроничен замор, депресија, безволност но и со сериозни здравствни проблеми. Резултатите од истражувањето покажале дека киселкастиот сок од вишни им помогнал на испитаниците полесно да заспијат и помалку да се будат во текот на ноќта. Научниците се уверени дека за ова е заслужна високата концентрација на мелатонин која ја содржат вишните. Мелатонинот е природен антиоксиданс кој го поттикнува сонот навечер и будноста во текот на денот. Изменето од емил - 25.Октомври.2011 во 08:15 |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Џвакајте по 100 грама црвен кромид дневно
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Оцетот ги елиминира отровите од овошјето
|
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Научи да направиш уметнички сендвичи ... Sandwich art !!!
![]() ![]() ![]() ![]() доколку во вашето семејство имате некој што ете со сила јаде …едноставно на ваква уметност од храна нема да одолее или едноставно си го правите јадењето забавно … лапни голтни на уметнички дела…
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() инаку знаете како е правило?? која храна е здрава ?? или ај вака поинаку….која храна треба да ја внесуваме почесто како здрава??паааа, за сите различно е таа добрата храна… и верувајте сите имаат некое објаснување и верувајте баш сите се во право…оти све треба да се јаде во умерени колични…но сепак има едно правило…на вашата маса без разлика дали е доручек , ручек значи било кој оброк… правилна да не речам здрава храна имате колку се боите на храната поотворени и разноврсни…колку имате присуство на темни бои да не речам кафеаво , бордо тогаш имате опасност од тешка непожелна како секојдневна храна…значи колку повеќе жолта , зелена , црвена боја, портокалева, бела …толку поздраво…
![]() Изменето од bijonse1 - 28.Февруари.2011 во 19:29 |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 9> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |